Аеросмит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 08:28:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аеросмит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Аеросмит“ го најави својот крај со прошталната турнеја https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-go-najavi-svojot-kraj-so-proshtalnata-turneja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-go-najavi-svojot-kraj-so-proshtalnata-turneja/#respond Tue, 02 May 2023 06:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=829563

Американскиот рок-состав „Аеросмит“ објави повлекување од сцената со турнејата „Peace Out“, којашто, се чини, е и проштална. Групата вчера соопшти дека претстојат нивни 40 настапи низ Северна Америка, со специјалните гости „Блек кроус“. Во известувањето се вели и дека тапанарот Џои Крејмер нема да ѝ се придружи на групата. „Додека Џои Крејмер останува сакан основачки член на 'Аеросмит,' тој донесе одлука да ги одложи настапите на тековната турнеја за да се сосредоточи на неговото семејство и здравјето. Многу ќе ни недостига непогрешливото и легендарно присуство на Џои на тапаните“, соопшти бендот. Инаку, во 2020 година, Крејмер го тужеше рок-составот за прекршување на договор, велејќи дека му било забрането да настапува откако претрпел „лесни повреди“ претходната пролет. Тој побара забрана за настапи на цела група откако планираа да свират без него на доделувањето на „Музикерс“ личност на годината и „Греми“ наградите за 2020 година, но го изгуби случајот. Составот „Аеросмит“ е основан во Бостон, Масачусетс, САД, 1970 година и има продадено 150 милиони плочи ширум светот, како и освоно четири „Греми“ признанија. Познати по нивниот хедонистички, див начин на живот, исто како и нивните „рифови“, впрочем, групата беше примена во „Рокенрол-куќата на славните“ во 2001 година. Истата таа година настапија и на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби. Новата турнеја ќе биде продуцирана од „Лајв нејшн“ и ќе почне во Филаделфија, САД, на 2 септември, а ќе продолжи во Лос Анџелес, Њујорк, Остин, Сиетл, Чикаго, како и во Торонто и Монтреал, Канада. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-go-najavi-svojot-kraj-so-proshtalnata-turneja/feed/ 0
Аеросмит ги откажа концертите, Стивен Тајлер оди на одвикнување https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-gi-otkaza-koncertite-stiven-tajler-odi-na-odviknuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-gi-otkaza-koncertite-stiven-tajler-odi-na-odviknuvanje/#respond Thu, 26 May 2022 12:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=681888

Рок групата Аеросмит откажа неколку концерти во Лас Вегас бидејќи пејачот Стивен Тајлер (74) се пријави на лекување од наркотици. Пејачот повеќе од една деценија не користел наркотици, но им се вратил по земањето лекови против болки поради операција на стапалата. Самоиницијативно се пријавил на програма за лекување и сега е посветен на здравјето и заздравувањето, се наведува во соопштението на бендот. Аеросмит требаше да почне серија концерти на 17 јуни. Сите датуми за концертите во јуни и јули се откажани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aerosmit-gi-otkaza-koncertite-stiven-tajler-odi-na-odviknuvanje/feed/ 0
Пејачот на Аеросмит стана свештеник https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachot-na-aerosmit-stana-sveshtenik/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachot-na-aerosmit-stana-sveshtenik/#respond Tue, 06 Nov 2018 08:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=124005

Пејачот на Аеросмит, Стивен Тајлер платил 80 долари за да стане свештеник на Универзалната црква на животот, и сега може легално да венчава двојки ва САД. Првиот брак се склучил викендов, а новопечениот свештеник ги венчал синот и неговата избраничка. Тајлер титулата свештеник ја добил откако го завршил интернет курсот организиран од црквата, за којшто платил 80 долари. А пак, минималната цена за неговите услуги изнесува 200.000 долари, наведува изворот. Рок ветеранот потоа се понудил да ги венча и Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин. Неодамна и тапанарот Мик Флитвуд го мина курсот за свештеници. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachot-na-aerosmit-stana-sveshtenik/feed/ 0