аерозагадување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 14:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аерозагадување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Екстремно лош воздух во три градови во Македонија, ИЈЗ со препораки до граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-losh-vozduh-vo-tri-gradovi-vo-makedonija-ijz-so-preporaki-do-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-losh-vozduh-vo-tri-gradovi-vo-makedonija-ijz-so-preporaki-do-gragjanite/#respond Tue, 03 Jan 2023 14:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=783548

Институтот за јавно здравје објавува дека според Европскиот Индекс за квалитет на воздух моменталниот Индекс за квалитет на воздух се категоризира како “Екстремно лош (сиромашен)” на мерните станици во Берово, Гостивар и Тетово заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Во Скопје (Лисиче и Центар), Неготино и Прилеп како “лош” заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Кочани и Гевгелија заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Што значи тоа по здравјето на луѓето? Некои поединци од пошироката јавност може да доживеат здравствени ефекти, додека поединци кои припаѓаат на чувствителните групи, може да доживеат посериозни здравствени ефекти. Кои се најчувствителни и под ризик? Кои се чувствителните групи на население? Деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик. Иако помладите лица и децата над 5 годишна возраст не спаѓаат во високоризичните групи на население, тоа не значи дека и нивното здравје не може да биде афектирано при краткотрајни изложености на високи концентрации на загадувачки материи. Оттаму, заради превенција на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички) кои во моментов драстично се зголемени, Институтот за јавно здравје препорачува: За градовите со “Екстремно лош (сиромашен)” индекс на квалитет на воздух Останете дома ако не треба да излегувате. Останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми како што се кашлица или болки во грлото. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност. Бремените жени треба да останат дома. Луѓето со астма може да откријат дека треба да користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност. Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница. Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација). Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено. Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено. Ефектот е двоен, и како заштита од суспендираните (лебдечки) честички и од сезонските вируси (на грип, настинки, вклучително и SARS-CoV). Не ги отворајте прозорците во вашиот дом. Користете прочистувач на воздух без јонизатор (за особено чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца и бремени жени). За градовите со “Лош” индекс на квалитет на воздух Секој што чувствува непријатности како што се зацрвенување или печење на очите, кашлица или болки во грлото треба да размисли за намалување на активноста, особено на отворено. Зајакнете го имунолошкиот систем. Конзумирајте здрава храна со многу овошје и зеленчук. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако не се чувствувате добро и искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот. Останете дома ако не треба да излегувате. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, и возрасните со проблеми со срцето, треба да ја намалат напорната физичка активност, особено на отворено, а особено ако искусат симптоми. Бремените жени треба да останат во затворен простор. Луѓето со астма може да откријат дека треба почесто да ги користат нивните инхалатори. Постарите луѓе исто така треба да го намалат физичкиот напор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност. За сите групи на население Имајте во предвид дека доколку во вашиот дом се загревате на дрва или некое фосилно гориво, вашата изложеност ќе биде значително повисока заради веројатно влошениот квалитет на воздухот во затворената просторија во која престојувате. Конзумирајте храна богата со витамини (антиоксиданси – витамин А, витамин Ц и Е, бета-каротен, ликопен, лутеин, селен, манган и други), главно присутни во овошјето и зеленчукот. Консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-losh-vozduh-vo-tri-gradovi-vo-makedonija-ijz-so-preporaki-do-gragjanite/feed/ 0
МЖСПП вели расчистен воздухот во Гостивар, Кичево и Кавадарци – мерките се укинуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/#respond Mon, 26 Dec 2022 13:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=780605

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека од денеска во градовите Гостивар, Кичево и Кавадарци се укинуваат мерките и препораките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри, согласно измерените вредности. Имено, поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар. Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, откако на мерните места во овие градови во текот на два последователни дена беше надмината вредноста на ПМ10 честичките од 150 микрограми на метар кубен. Во Скопје и Струмица се уште се во сила донесените мерки и препораки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/feed/ 0
Скопје, Кичево, Кавадарци, Струмица и Гостивар под мерки поради загадување на воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kichevo-kavadarci-strumica-i-gostivar-pod-merki-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kichevo-kavadarci-strumica-i-gostivar-pod-merki-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/#respond Mon, 26 Dec 2022 06:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=780408

Поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар. Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, откако на мерните места во овие градови во текот на два последователни дена беше надмината вредоста на ПМ10 честичките од 150 микрограми на метар кубен. Согласно оваа Одлука, Владата ги информира надлежните институции и соодветните локални самоуправи дека е потребно да постапат согласно заклучоците од 40-та владина седница одржана на 28 ноември 2017 година, според кои, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лица на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, здравствените дом и единиците за локална самоуправа, треба да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомници и да даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети. Од Владата информираат дека согласно заклучоците, Министерството за здравство треба да ја ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина) за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа, се до незино завршување и една недела по тоа. Државниот инспекторат за животна средина, пак, треба да почне со вршење зачестена контрола на инсталациите што поседуваат А–ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови и мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. Министерството за животна средина и просторно планирање треба да подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А–ИСКЗ дозвола за намалување на капацитетот на производство до 50 отсто, при што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите што произведуваат топлинска или електрична енергија. Според владините заклучоци, единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините. Истовремено, Владата ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила и се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките. Министерството за животна средина и просторно планирање во саботата информира дека на мерното место во Скопје во Центар во четвртокот се измерени концентрации на ПМ10 честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а во петокот 248,51 микрограми на кубен метар, а во Лисиче во четвртокот 189,94 микрограми на кубен метар, додека во петокот – 259,01 микрограми на кубен метар. Во Кичево се измерени концентрации на загадувачки честички од 178,04 микрограми на кубен метар во четвртокот и 171.13 микрограми на кубен метар во петокот, во Кавадарци 155,28 микрограми на кубен метар (четврток) и 154,80 микрограми на кубен метар (петок), а во Струмица 188,51 микрограми на кубен метар (четврток) и 244,12 микрограми на кубен метар (петок). Во Гостивар, пак, во петокот се измерени ПМ 10 честички од 182,02 микрограми на кубен метар, а во саботата од 168,65 микрограми на кубен метар.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kichevo-kavadarci-strumica-i-gostivar-pod-merki-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/feed/ 0
МЖСПП: Сите мерни станици за квалитет на амбиентниот воздух се во функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/#respond Fri, 23 Dec 2022 15:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=779737

Сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Поради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка на нова опрема. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во моментот новата серверска опрема е набавена и инсталирана и во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема. Додека се врши миграцијата, како што се наведува, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што посочуват дека навремено ја известиле јавноста преку веб-страницата и социјалните мрежи на МЖСПП. Дополнително се спроведува и процесот на подесување на системот и заштита од надворешни упади преку интернет конекцијата. Од МЖСПП информираат дека се прават напори да се забрза постапката и во најскоро време сите сервиси да бидат достапни. Напоменуваат дека податоците од сите мерни станици се достапни за МЖСПП и се следат, а доколку бидат надминати праговите на информирање или алармирање јавноста/општините ќе бидат навремено информирани и на сила ќе стапат соодветните мерки. Најавуваат дека сите податоци што не биле достапни на јавноста со ставањето во функција на новата серверска опрема ќе бидат ретроактивно достапни/видливи. Заради транспарентност МЖСПП најави дека ќе објавуваат податоци за среднодневни концентрации од извршените мерења за РМ10 и РМ2,5 од претходниот ден. Повлечени се податоци од извршените мерења, со далечински онлајн пристап до логерите за податоци, од следните автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух: Миладиновци, Лисиче, Ректорат, Кичево, Велес 2, Центар, Лазарополе, Битола 1, Ѓорче Петров. Во моментот не е возможен пристап до податоците од мерните станици Карпош, Тетово, Струмица и Гевгелија. -Во моментот врз основа на добиените и анализираните податоци за концентрациите на РМ10 евидентно се забележува зголемување на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност од 50 микрограми на метар кубен на повеќе мерни места. Прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 μg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Скопје на мерните места Центар и Лисиче и на мерните места во Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево и Велес.Податоците се следат од страна на Министерството и доколку има услови за надминување на прагот на алармирање на РМ10 и стапувањето на сила на мерките, граѓаните ќе бидат навремено информирани, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/feed/ 0
Училиштата во Техеран се затвораат поради висока загаденост на воздухот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/#respond Wed, 23 Nov 2022 09:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=765216

Сите училишта во главниот град на Иран, Техеран, денеска ќе бидат затворени поради лошиот квалитет на воздухот кој се смета за опасен, јави државната телевизија. Основните училишта беа затворени во последните два дена во Техеран, кој има повеќе од 10 милиони жители, но поради зголеменото загадување денеска ќе бидат затворени сите училишта. Часовите ќе се одржуваат онлајн. Слични мерки се најавени и за соседната провинција Алборз. Училишната недела во Иран трае од сабота до среда. Надлежните ги повикаа и постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост. Воздухот во Техеран е меѓу најзагадените во светот, а училиштата редовно се затвораат поради лошиот квалитет. Смогот е предизвикан од густиот сообраќај, како и од фабричко загадување и обично се влошува во зимскиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/feed/ 0
Белград повторно е најзагадениот град, на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од домовите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-povtorno-e-najzagadeniot-grad-na-gragjanite-im-se-preporachuva-da-ne-izleguvaat-od-domovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-povtorno-e-najzagadeniot-grad-na-gragjanite-im-se-preporachuva-da-ne-izleguvaat-od-domovite/#respond Wed, 16 Nov 2022 12:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=761654

Граѓаните на Белград повторно го дишат најзагадениот воздух во светот, а нивото на загаденост во главниот град на Србија се карактеризира како опасно по здравјето на жителите, јави дописникот на МИА од Белград. Предизвикувачот за енормното загадување на воздухот во Белград, но и во другите градови во Србија, секако е грејната сезона со голем број индивидуални ложишта, а мерните станици кои го бележат квалитетот на воздухот покажуваат драстично зголемено присуство на ПМ честичките-171 US AQI. Белград минатата година неколку пати беше најзагаден град во светот. -Високото ниво на загаденост на воздухот може да биде опасно за сите луѓе, особено за чувствителните категории на населението како што се децата, трудниците, хроничните пациенти. Акутни проблеми предизвикани од аерозагадувањето се иритација на очите и носот, чешање, кашлање, чувство на задушување и недостиг на воздух. Поради ова, пациентите со знаци на бронхитис, влошување на хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ и бронхијална астма се меѓу првите кои доаѓаат кај лекарите, изјави за порталот Н1 прим. д-р Славица Плавшиќ, специјалист по белодробни заболувања. Според податоците на Светската здравствена организација, поради лошиот воздух во Србија предвреме годишно умираат околу шест илјади луѓе, што Србија ја носи на неславното прво место во Европа и десетто во светот. Тие бројки се високи и во земјите во регионот бидејќи загадениот воздух не познава национални граници. Најчист воздух дишат жителите на скандинавските земји, каде просечниот животен век е дури десет години подолг од Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-povtorno-e-najzagadeniot-grad-na-gragjanite-im-se-preporachuva-da-ne-izleguvaat-od-domovite/feed/ 0
Франција треба да плати 20 милиони евра казни за лош квалитет на воздухот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-treba-da-plati-20-milioni-evra-kazni-za-losh-kvalitet-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-treba-da-plati-20-milioni-evra-kazni-za-losh-kvalitet-na-vozduhot/#respond Tue, 18 Oct 2022 05:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=746808

Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА. Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот диоксид беа надминати во Париз, Лион и Марсеј. Државата е осудена да исплати 20 милиони евра како казна кон еколошки организации. Државниот совет веќе ја казни Франција со 10 милиони евра во 2021 година кога еколошките организации се пожалија на државата за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, повикувајќи се на европските правила за квалитет на воздухот. Следната година судот повторно ќе го оценува квалитетот на воздухот во Франција.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-treba-da-plati-20-milioni-evra-kazni-za-losh-kvalitet-na-vozduhot/feed/ 0
Драган Ѓоргев: 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragan-gjorgev-15-otsto-od-smrtnosta-kaj-naselenieto-se-dolzi-na-aerozagaduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragan-gjorgev-15-otsto-od-smrtnosta-kaj-naselenieto-se-dolzi-na-aerozagaduvanjeto/#respond Fri, 08 Jul 2022 11:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=702274

Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето, изјави професорот д-р Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје на меѓународна конференција во Битола. Според Ѓоргев, потребни се конкретни мерки затоа што новите препораки за заштита од аерозагадување на Светската здравствена организација се построги. -Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето. Тоа значи 15 отсто надминување на лимитот кој го дава Светската здравствена организација-СЗО, додека нешто помал е лимитот што се надминува утврден од Европската унија. Мерењето на овие проценти се врши затоа што тоа се случаи кои може да се спречат. Со акции можеме да спасиме животи и затоа потребна е мотивација за еко акции кои не треба да ги организираат само политичарите, туку и граѓаните, стопанските објекти, интерскторско организирање на акции кои ги има во планот на овој проект, треба да се знае дека новите препораки на СЗО се уште построги и затоа аерозагадувањето треба да биде приоритет број еден што треба да се решава, без оглед на други проблеми во заедницата, посочи Ѓоргиев. На завршната конференција во Битола, професорот Ѓоргев предочи дека со аерозагадувањето најмногу се напаѓаат белите дробови и затоа има респираторни болести, но студиите покажуваат дека скоро и да нема орган кај човекот кој не страда од аерозагадување. -Влегувајќи во крвотокот честичките ги оштетуваат крвните садови, предизвикуваат исхемични болести, срцев удар, дијабет…односно аерозагадувањето предизвикува пореметување на регулаторните механизми во организмот, а со тоа страда цел организам. Најчест извор на загадување, рече Ѓоргев и понатаму е греењето кое мора сериозно да се ресетира без крпење-лепење и хаотичниот сообраќај да се стабилизира со што аерозагадувањето може да се намали до 50 отсто. Резултатите од проектот ги следеше и Христина Оџаклиеска, заменик министер во Министерството за животна средина и просторно планирање и најави активности за подобрување на капацитетите на општините и јакнење на институционалната соработка на локално и централно ниво. -Загадувањето на воздухот претставува сериозен проблем со кој посебно се соочуваат поголемите градови во земјава. Непоходна е координирана соработка меѓу сите релевантни фактори во општеството за да може да се видат промени на состојбите на терен. Очекувам од овој проект подобрување на состојбите во животната средина, посебно на квалитетот на воздухот, а оваа активност треба да биде континуирана за да со тек на време видиме и подобри резултати. Подобрувањето на капацитетите на општините и соработката на локално и централно ниво несомнено треба да даде резултати, нагласи заменик министерката во МЖСПП, Оџаклиеска. На меѓународната конференција се обратија замениците градоначалници на Битола и Лерин, Филип Стојановски од Центарот за климатски промени, универзитетскиот професор Дејан Мираковски и други експерти вклучени во проектот поддржан од ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragan-gjorgev-15-otsto-od-smrtnosta-kaj-naselenieto-se-dolzi-na-aerozagaduvanjeto/feed/ 0
Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-golemo-aerozagaduvanje-vo-tetovo-shtetata-od-pozarot-12-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-golemo-aerozagaduvanje-vo-tetovo-shtetata-od-pozarot-12-milioni-evra/#respond Tue, 31 May 2022 12:25:03 +0000 https://kurir.mk/?p=684248

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска беа на локацијата на поранешната зграда на „Македонија Табак“, каде сега свои простории има компанијата „Пофикс“ што изгореа во вчерашниот пожар. Министрите се сретнаа со сопствениците на компанијата и разговараа за потребните мерки и поддршка за санација на штетите. –Сега засега битно е дека се е над контрола. Но уште очекуваме извештаи да знаеме што гори, од тие податоци што ги имаме од мерна станица во Тетово укажува дека се зголемуваат тие загадувања, но за голема среќа ние сме во контакт со градоначалникот на Тетово и ги кооординираме сите мерки. Битно е дека нема големо загадување во Тетово, ние споделуваме секој час податоци на фејсбук страна и се координираме со општината и други институции, изјави Нуредини. Вицепремиерот Битиќи за време на посетата рече дека материјалната штета од пожарот за жал е голема, но оти е најважно што нема човечки жртви. -Секоја материјална штета ќе се надокнади заеднички, како што заеднички си помагаме кога треба компаниите да прават инвестиција. Ќе треба заеднички да изнајдеме начин како да се помогне во надомест на материјалната штета, затоа што сметам дека вака треба да се грижи државата, изјави Битиќи. Градоначалникот Касами информираше дека учениците може да одат на училиште со оглед на нормалните вредности кои ги покажува станицата за мерење на квалитетот на амбинетниот воздух. -И јас сум родител. Ми се јавија од дома и ме прашаа дали да го пуштат детето на школо. Дозволете ми да им препорачам на сите родители дека децата треба денес да одат на школо, тоа и го кажав на мојата сопруга од сабајле, параметрите, еве кажа и министерот се во рамките на нормала. Имаше многу губење на наставата, не треба, тоа да продолжи така. Јас ги замолувам сите родители, сите наставници од денеска да продолжи нормално наставниот процес, изјави Касами. Од компанијата „Пофикс“ информираа дека штетата предизвикана од пожарот во нивните складиште првично изнесува над 12 милиони евра. Според нив, причината се обилните дождови кои предизвикаа поплави во одредени делови на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-golemo-aerozagaduvanje-vo-tetovo-shtetata-od-pozarot-12-milioni-evra/feed/ 0
ВИДЕО: Шилегов 4 години не направи ништо за загадувањето, а сега се жали – граѓаните му порачаа да се засрами бидејќи до вчера тој бил градоначалник https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-shilegov-4-godini-ne-napravi-nishto-za-zagaduvanjeto-a-sega-se-zali-gragjanite-mu-porachaa-da-se-zasrami-bidejkji-do-vchera-toj-bil-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-shilegov-4-godini-ne-napravi-nishto-za-zagaduvanjeto-a-sega-se-zali-gragjanite-mu-porachaa-da-se-zasrami-bidejkji-do-vchera-toj-bil-gradonachalnik/#respond Sun, 26 Dec 2021 14:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=613371

Кратка е очигледно меморија на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Откако четири години ништо во главниот град не се подобри на поле на борбата со загадениот воздух, денеска тој реши да ја нападне градоначалничката Данела Арсовска, која на функција се уште не е ниту два месеци, за проблемот со загадениот воздух. Токму Шилегов кој на стартот на својот мандат пред четири години, самиот велеше дека проблемот со загадениот воздух не може да се реши за краток период, сега реши својот неуспех да го насочи кон новата градска администрација. Имено, самиот Шилегов на стартот на својот мандат самиот Шилегов говореше дека битката за почист воздух мора да ја има. -Не постои брзо решение на проблемот со амбиенталниот воздух, мора да имаме една сеопфатна борба против загаденоста, на сите фронтови како причинители, каде што се јавуваат причинителите на загаденоста. Тоа ви е затоа ви е затоплувањето на домовите, автомобилскиот сообраќај, градежната или урбаната прашина која се јавува и тука нема простор за импровизација. Тоа го зборував во кампањата, го повторувам и сега, спектакуларен брз резултат не може да има, велеше Шилегов тогаш истакнувајќи дека токму заради тоа и добар дел од кампањата и добар дел од активностите во првите 40-50 дена како што е градоначалник ги презема во таа насока. Меѓутоа од овие зборови, по својот четиригодишен мандат денеска Шилегов реши да се жали на загадениот воздух преку објава на Фејсбук. Човекот кој четири години имаше шанса да се справи со овој голем проблем на скопјани, денеска реши преку социјалните мрежи да нападне и како да не бил на функција да се загрижи за загадениот воздух. Реакција за овие ставови на Шилегов пристигна од Град Скопје. Од таму велат дека срамно е поранешниот градоначалник да говори за овој проблем, за кој според резултатите изгледа не презел ништо. Од таму велат дека Шилегов четири години имал шанса да стори нешто на ова поле, но наместо конкретни решенија Скопје влезе на врвот на најзагадените градови во светот. -Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните. Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на континуирано загаден воздух во Скопје, информираат од Град Скопје. Кога се во прашање проектите за справување со овој голем проблем, Град Скопје веќе започна со целосно чистење на дивите депонии, каде се согорува отпад штетен за здравјето и животот на граѓаните. И скопјани не му останаа должни на Шилегов па преку коментари го потсетија дека и тој можел нешто да направи како градски татко. Му порачаа да се засрами и му покажаа дека не ми ги заборавиле изјавите за алпскиот воздух. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-shilegov-4-godini-ne-napravi-nishto-za-zagaduvanjeto-a-sega-se-zali-gragjanite-mu-porachaa-da-se-zasrami-bidejkji-do-vchera-toj-bil-gradonachalnik/feed/ 0