афазија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 13:48:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png афазија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промовирано здружението „Хоуп“ за помош и поддршка на лица со афазија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirano-zdruzhenieto-houp-za-pomosh-i-poddrshka-na-litsa-so-afazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirano-zdruzhenieto-houp-za-pomosh-i-poddrshka-na-litsa-so-afazija/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=891296

Да се подигне свеста за постоењето на афазија, заштита и зајакнување на правата на лицата со афазија, е целта на Здружението за помош и поддршка на лица со афазија „Хоуп“, што денеска беше промовирано во Скопје. Афазија е пореметување на говорот, кое може да биде различно. Тешко изговарање на зборови или неразбирање на туѓ говор, или пак глобална афазија кога се засегнати сите сегменти на зборувањето. Здружението ќе се залага и за формирање регистар на лица кои се борат со оваа состојба. На промоцијата се проговори за состојбата на афазија, причините, како се лекува. Тоа е многу тешка состојба за лицата кои се соочуваат со неа, но и за нивните семејства. Професор доктор Иван Барбов, невролог од Клиниката за неврологија, изрази задоволство што е дел од кампањата за подигнување на свеста кон здравствената состојба на афазија, за која рече дека е комплексна. Тој нагласи дека клучна е улогата на неврологот и оти многу се важни правилната дијагноза и третманот на заболувањето во што мора да учествува мултидисциплинарен тим. - Афазијата не е посебна болест, туку симптом на повеќе заболувања, подвлече тој, информирајќи дека се јавува кај повозрасната популација, но, може, иако поретко, да се јави и кај помлади лица и деца. Магистер доктор Станислава Антевска, како логопед со долгогодишно искуство, информираше дека најмалиот пациент е на седум години. Таа сподели и позитивен пример на момче кое после третманите, успешно завршило средно образование. - Многу е важна соработката со семејството, нагласи Антевска, појаснувајќи дека пациентите немаат проблем само со говорот, туку и со самоприфаќањето, прифаќањето од средината, промена во емоциите, релацијата кон другите луѓе, отуѓени се едноставно од светот. Затоа, додаде, дека освен во говорот, им помагаат и на психички план, да се снајдат во околината. Таа изрази среќа што голем број од нејзините пациенти се вратиле на својот нормален живот. Адвокатот Ѓорги Павлов информираше дека имаат канал на „Јутјуб“, каде се прикачуваат видеа со вежби, како што појасни, целосно подобни и корисни за сите засегнати лица. - Активно работиме на воспоставување сериозни соработки со субјекти што нудат помош и поддршка на лицата засегнати од афазија или други состојби како последица на повреди или нарушувања на мозочните функции, кои ќе пружаат адекватни и оптимизирани услуги за овие лица, како и на обезбедување средства од донации за набавка на специјализирана опрема за подобрување на состојбата на лицата со афазија, меѓу другото, додаде Павлов. Адвокатката Мирјана Марковска - Андревски сподели дека три години се соочува со овој проблем. Запрашана каде наоѓа сила, за да оди напред, одговори, работа, работа и само работа, вежби со стручни лица, дружење со лица со исти проблеми, мал е бројот, но, ги има повеќе и повеќе, со кои си се помош едни на други. Нејзината пријателка Ирена Апостолова рече дека нема класична афазија, на моменти го губи говорот, но, се враќа. Проблемите почнале од пред 13 години. - Во ниту еден момент не сум кажала тешко ми е, откажување нема, позитивниот став е многу важен, во меѓувреме станав инструктор по јога, работам колку што можам, откри таа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirano-zdruzhenieto-houp-za-pomosh-i-poddrshka-na-litsa-so-afazija/feed/ 0
Семејството соопшти: Влошена состојбата на Брус Вилис, нема лек https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-soopshti-vloshena-sostojbata-na-brus-vilis-nema-lek/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-soopshti-vloshena-sostojbata-na-brus-vilis-nema-lek/#respond Thu, 16 Feb 2023 22:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=801497

Семејството на Брус Вилис кон крајот на март минатата година потврди дека актерот боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Сега се огласи неговата поранешна сопруга Деми Мур и ја откри моменталната состојба на актерот. - Најпрво сакаме да ја изразиме нашата најдлабока благодарност за неверојатната љубов, поддршка и убави зборови што сите ги добивме откако ја споделивме дијагнозата на Брус. Во тој дух, сакавме да ви дадеме ажурирање за нашиот сакан сопруг, татко и пријател, бидејќи сега имаме подлабоко разбирање низ што поминува. Откако ја објавивме дијагнозата на афазија на Брус во пролетта 2022 година, неговата состојба се влошуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD)“, напиша Деми. Додава дека за жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се соочува Брус. -Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза. ФТД е сурова болест за која многумина од нас никогаш не слушнале, а може да заболи секого. За луѓето помлади од 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција, и бидејќи дијагнозата може да трае со години, ФТД е веројатно пораспространета отколку што знаеме.  Денес нема лекови за оваа болест, која е реалност која се надеваме дека ќе се промени во годините што доаѓаат. Како што се менува состојбата на Брус, се надеваме дека целото медиумско внимание може да се насочи кон расветлување на оваа болест која бара многу поголема свест и истражување. - Брус секогаш наоѓаше радост во животот - и им помагаше на сите што ги знаеше да го направат истото. Многу значи да се види како тоа чувство на грижа се враќа кај него и кај сите нас. Толку сме трогнати од љубовта што сите ја упативте кон нашиот драг сопруг, татко и пријател во ова тешко време. Вашето континуирано сочувство, разбирање и почит може да ни овозможи да му помогнеме на Брус да живее што е можно поцелосно - заклучи семејството на актерот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-soopshti-vloshena-sostojbata-na-brus-vilis-nema-lek/feed/ 0
ФОТО: Брус Вилис фотографиран првпат во јавност откако објави дека поради болест ја завршува кариерата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-brus-vilis-fotografiran-prvpat-vo-javnost-otkako-objavi-deka-poradi-bolest-ja-zavrshuva-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-brus-vilis-fotografiran-prvpat-vo-javnost-otkako-objavi-deka-poradi-bolest-ja-zavrshuva-karierata/#respond Wed, 18 May 2022 07:13:46 +0000 https://kurir.mk/?p=678169

Актерот Брус Вилис е снимен во еден ресторан заедно со пријател со кој ручале, првпат во јавноста откако неговото семејство објави дека тој се повлекува од глумата поради здравјето. Вилис има афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности. За неговото нарушено здравје се шпекулираше подолго време, пред семејството официјално да објави. Гласините почнаа откако актерот почна да прифаќа улоги во нискобуџетни филмови. -Режирав неколку филмови со него, па знам од прва рака. Тажно е да се гледа легенда како Брус Вилис како пропаѓа пред вашите очи. Го видов тоа додека работев со него изминативе години, одговорил на коментар на ЈуТјуб Мат Ескандри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-brus-vilis-fotografiran-prvpat-vo-javnost-otkako-objavi-deka-poradi-bolest-ja-zavrshuva-karierata/feed/ 0
Брус Вилис ја завршува актерската кариера поради болест https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/brus-vilis-ja-zavrshuva-akterkata-kariera-poradi-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/brus-vilis-ja-zavrshuva-akterkata-kariera-poradi-bolest/#respond Thu, 31 Mar 2022 05:56:43 +0000 https://kurir.mk/?p=656014

Човекот кој беше на листата 100 највлијателни луѓе во филмот, Брус Вилис одлучи да ја заврши актерската кариера поради болест, потврди неговото семејство. Холивудскиот актер Вилис (65) имал потешкотии со памтењето на текстовите, односно дијалозите. Иако првично многу негови обожаватели состојбата ја опишуваа како резултат на мрзеливост, актерот всушност има афазија. На почеток од месец во медиумите се шпекулираше дека Вилис се бори со деменција и дека тоа е причината зошто прифатил многу улоги во помали филмови бидејќи не е сигурен уште колку долго ќе може да игра. Сега се е јасно. Во официјалното обраќање до јавноста, семејството потврди дека Брус боледува од афазија која влијае на неговите когнитивни способности. -На нашиот сакан Брус му е дијагностицирана афзија. Поради ова тој се повлекува од кариерата која толку многу ми значи. Ова е предизивик за него и за целото семејство. Благодарни сме за вашата поддршка и љубов. Заедно продолжуваме како семејство, стои во објавата. Афазија се одразува на губење или пореметување на веќе стекнатите јазични способности, а предизивикана поради повреда на мозокот. Повредите на мозокот често знаат да се јават како последица на мозочен удар, но и по физичка повреда, тумор и други помалку чести причини. Освен со јазичните проблеми, во афазијата може да се јават и проблеми со доживување на опкружувањето, концентрација, помнење, свесно делување. Лицата со афазија не можат да извршуваат две работи во исто време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/brus-vilis-ja-zavrshuva-akterkata-kariera-poradi-bolest/feed/ 0