афера леонардо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Dec 2020 09:44:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png афера леонардо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството го ослободи од вина Рашковски за снимката во која се нагласува кој ќе победи на тендерот за опрема вредна 7 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-oslobodi-od-vina-rashkovski-za-snimkata-vo-koja-se-naglasuva-koj-kje-pobedi-na-tenderot-za-oprema-vredna-7-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-oslobodi-od-vina-rashkovski-za-snimkata-vo-koja-se-naglasuva-koj-kje-pobedi-na-tenderot-za-oprema-vredna-7-milioni-evra/#respond Wed, 16 Dec 2020 09:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=443849

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи дека нема основа за гонење на ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски во предметот за спорниот тендер за набавка на радарски систем за М-НАВ, државна компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија. Од Обвинителството за МКД.мк потврдија дека надлежен јавен обвинител утврдил дека нема место за јавнообвинителско постапување и со решение ја отфрли пријавата. Постапувајќи по предметот во врска со правното лице М-НАВ, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција утврдил дека правното лице М – НАВ АД Скопје склучило Договор за заем без државна гаранција со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а не постапка за јавна набавка за набавување на АТМ систем. Проектот, велат од Обвинителството е во тек и не се изминати предвидените рокови за реализација. „Секоја фаза предвидена во Договорот за заем се реализира согласно политиките и правилата за набавка на ЕБОР, односно се анализира и претходно одобрува од страна на ЕБОР. Враќањето на средствата го врши правното лице М-НАВ АД Скопје, од сопствената сметка, иако станува збор за акционерско друштво во државна сопственост, согласно Законот за трговски друштва, акционерските друштва во правниот промет настапуваат со сметка на самото друштво, поради што во никој случај не може да стане збор за штета на Буџетот на РС Македонија. Оттука, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција утврди дека нема место за јавнообвинителско постапување и со решение ја отфрли пријавата“, велат во одговорот од ОЈО ГОК за МКД.мк. Предметот за Рашковски и за тендерот за набавка на радарска опрема беше отворен по допрен глас по објавувањето на аудио снимка на една руска социјална мрежа на која се слуша и гласот на генералниот секретар на Владата како разговара со претставници на италијанската компанија „Леонардо". „По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудиоснимка е отворен предмет по допрен глас. Кон предметот е споена и кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а во август јавен обвинител издаде наредба до МВР за прибирање на севкупната документација за предметот. По извршената темелна анализа ќе се донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката", соопштија од Обвинителството во септември, минатата година. На 5 август, лани Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Скандалот изби откако беше објавена снимка на која се слуша како генералниот секретар Рашковски договара детали за проектот вреден над 7 милиони евра и изборот на италијанската фирма „Леонардо". Во целиот овој случај е интересно тоа што целокупната постапка во врска со овој тендер била завршена од претходната влада. Изборот на компанијата „Леонардо“ бил завршен, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) која го финансира овој проект дала согласност, сите документи биле потпишани и градбата и инсталирањето на опремата требаше да почне уште во 2017 година. И тогаш и сега претседател на УО на М-НАВ беше Николче Тасески. Никој ништо не зборува за неговата улога кога веќе беше потпишан договорот со „Леонардо“, и потоа кога истиот човек се согласил да биде оспорен тој договор. По оваа одлука на обвинителството на јавноста се повеќе и е јасно дека во нашата земја не се одговара за сторен криминал, а доказ за жал не е само овој случај на власта, туку и десетици претходни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-oslobodi-od-vina-rashkovski-za-snimkata-vo-koja-se-naglasuva-koj-kje-pobedi-na-tenderot-za-oprema-vredna-7-milioni-evra/feed/ 0
Стоилковски: Помина цела година од аферата Леонардо тешка 7 милиони евра во која беше вклучен Драги Рашковски, а епилог нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-pomina-cela-godina-od-aferata-leonardo-teshka-7-milioni-evra-vo-koja-beshe-vkluchen-dragi-rashkovski-a-epilog-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-pomina-cela-godina-od-aferata-leonardo-teshka-7-milioni-evra-vo-koja-beshe-vkluchen-dragi-rashkovski-a-epilog-nema/#respond Wed, 02 Sep 2020 11:08:55 +0000 https://kurir.mk/?p=398217

-"Leonardo will win“. Леонардо ќе победи и очигледно- победи! Случајот се забошоти, за Рашковски уште нема процес! Драги Рашковски, генерален секретар на влада, јасен и гласен на снимката објавена во домашните и странските медиуми и вели: „Leonardo will win“ односно Леонардо ќе победи. Апла местење кој треба да добие тендерот. И цела година помина откако излезе аферата Леонардо тешка 7 милиони евра, а нема епилог! Драги Рашковски му заврши секретарувањето во Владата без правен епилог за местење тендер! Лани на 4 јули постапка отвори ДКСК, а на 19 септември постапка отвори ЈО! И нема епилог, мандатот му заврши, случајот се забошоти, а Драги Рашковски може да се врати пред студентите на Правниот факултет Јустинијан први! Каква фарса, каков дебакл на правниот систем, каков апсурд за сите студенти на право, изјави денес за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека од аудиото кое предизвика и потрес во Италија, јасно е дека Рашковски преговарал задолжен од Зоран Заев кој што стои зад нарачката на скандалозниот тендер. ЈО на Јовески и Рускоска остана на содржински празно соопштение дека е почната постапка, внимавајте „по реакциите во јавноста”!“ И толку! Во оваа правната фарса, фактите се овие: Рашковски не беше и не е приведен, ниту притворен, до крај остана Генерален секретар на влада, до сега имаше над позиција да влијае врз сведоци и докази, скандалот е меѓународен, му се остави простор тој да се заканува и гони медиуми, новинари и опозициски функционери. И тоа се случи! -Му се остави до крај можности за повторување на делото, особено што беше задолжен и за решавање на спорните моменти со дел од ваучерите- изборниот поткуп среде епидемијата! И со сето тоа се сокри кој му дал наредба да го мести тендерот? ДКСК го сокри Рашковски зад некакви ревизорски извештаи, како што ја сокри и Ангеловска со некакви изговори за неетичност, а ЈО е главниот кочничар на правдата во овој случај! Да потсетам: -Според информациите Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со воздушен простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, тоа е спротивно на заклучок на влада, како и спротивно на одредени законски решенија, за кои како што вели во снимките треба да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кој се предвидува затворска казна од најмалку 5 години, посочи Стоилковски. И тоа и овој предмет се уште стои во место. Џабе што предвидува, кога никој не смее да спроведува, ако се работи за луѓе блиски и кадри на Зоран Заев! Јовески и Рускоска требаше до сега да имаат барем одговорено: 1.Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација? 2.Како и дали Рашковски го повлекол заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ укажува дека е спорен? 3.Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требало да се смени за да можат да го доделат тендерот на договорената фирма? 4.Што вели наодот од Бирото за судски вештачења кој што се крие од компаниите учеснички на тендерот? 5. Зошто Рашковски беше оставен во позиција со простор да го повтори делото и да влијае врз сведоци и докази? Правната фарсата од Обвинителството и водењето на истрагата за Леонардо се доказ за постоење на можно криминално здружување на власта и сиот правнообвинителски систем, за уцени, рекет и неказнивост за криминал и висока корупција. Со ваква иста власт сега, Македонија само повеќе и повеќе ќе тоне. Каква борба со корупција, каков министер за борба со корупција- се е тоа фарса, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-pomina-cela-godina-od-aferata-leonardo-teshka-7-milioni-evra-vo-koja-beshe-vkluchen-dragi-rashkovski-a-epilog-nema/feed/ 0