афера мафија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 May 2021 07:50:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png афера мафија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Пекер за средби со Заев го откри театарот на власта за скандалот „Мафија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izjavata-na-peker-za-sredbi-so-zaev-go-otkri-teatarot-na-vlasta-za-skandalot-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izjavata-na-peker-za-sredbi-so-zaev-go-otkri-teatarot-na-vlasta-za-skandalot-mafija/#respond Wed, 12 May 2021 07:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=509283

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изјавата на Седат Пекер дека го познава македонскиот премиер, дека се пријатели и дека бил кај него дома, го разоткри целиот театар на власта околу скандалот Мафија. -Оваа изјава го потврдува ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека власта на Заев во паника од излегувањето на аферата со 214 македонски пасоши доделени на светски криминалци со крадење на идентитети, организираше апсење на ситни риби и чиновници во МВР со цел да ја сокрие вмешаноста на високи функционери во власта. Имено изјавата на Пекер, кој е баран со потерници и посочуван за бос на туркста мафија, покажува дека Зоран Заев не само што знаел за неговиот престој во Македонија, туку и го примал на гости дома, а веројатно и самиот помагал тој да добие официјални македонски исправи под лажен идентитет Џадин Амедовски. Зоран Заев два дена молчи и не одговара, а со тоа сето ова го потврдува, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека уште од самиот старт на јавноста и било јасно дека ваква операција за делење на 214 македонски пасоши на светски нарко босови, криминалци, мафијаши, убијци и терористи, не може да го направат обични чиновници, кои патем од страна на власта на Заев беа експресно осудени на смешни казни и условно. -Повторно ја прашуваме власта: Кога имал Заев средба со Седат Пекер надвор од Скопјеи што тие двајца разговарале? Второто прашање до Заев е, колку од советниците на Зоран Заев во неговиот кабинет оствариле средба со Седат Пекер? И нашето трето прашање е, со кои високи функционери од МВР октомври 2020 година, Седат Пекер имал средба во хотелот „Буши“ за што е известена и Агенцијата за национална безбедност?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izjavata-na-peker-za-sredbi-so-zaev-go-otkri-teatarot-na-vlasta-za-skandalot-mafija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот „Мафија“ е само доказ плус дека Заев е заштитник на мафијата, а дека за Спасовски не важат законите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-skandalot-mafija-e-samo-dokaz-plus-deka-zaev-e-zashtitnik-na-mafijata-a-deka-za-spasovski-ne-vazat-zakonite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-skandalot-mafija-e-samo-dokaz-plus-deka-zaev-e-zashtitnik-na-mafijata-a-deka-za-spasovski-ne-vazat-zakonite/#respond Mon, 10 May 2021 07:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=508246

Зоран Заев од една страна зборува за европска агенда, од друга на дело покажува се само не постапки според европски вредности. Неговата агенда е секаква, само не е европска, Зошто? Затоа што Заев ја штити мафијата, а го угнетува и пљaчка народот. Скандалот „Мафија“ и третманот од страна на надлежните на истиот покажува дека во Македонија правда нема. Оваа власт предводена од Заев и СДСМ не знае што се европски вредности. Граѓаните гледаат дека правда според СДСМ е заштита на криминалци, мафијаши и оти за лица блиски до власта не важи законот. Правда за Заев е кога одговараат службеници со смешни казни, а за вистинските виновници како Оливер Спасовски не важи законот. Овој случај, како и сите кримнали на СДСМ ќе имаат разрешница според сите меѓународни норми!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-skandalot-mafija-e-samo-dokaz-plus-deka-zaev-e-zashtitnik-na-mafijata-a-deka-za-spasovski-ne-vazat-zakonite/feed/ 0
„Осудените за аферата Мафија добија само 2 години казна и не беа обвинети за другите сторени дела затоа што така се договорени со вистинските нарачатели да се делат пасошите“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudenite-za-aferata-mafija-dobija-samo-2-godini-kazna-i-ne-bea-obvineti-za-drugite-storeni-dela-zatoa-shto-taka-se-dogovoreni-so-vistinskite-narachateli-da-se-delat-pasoshite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudenite-za-aferata-mafija-dobija-samo-2-godini-kazna-i-ne-bea-obvineti-za-drugite-storeni-dela-zatoa-shto-taka-se-dogovoreni-so-vistinskite-narachateli-da-se-delat-pasoshite/#respond Fri, 07 May 2021 15:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=507262

Осудените за лажните пасоши добија само по две години и не беа осудени и за другите дела ко ги сториле затоа што така се договорени со вистинските сторители и налогодавачи да патните исправи се делат на криминалци кои се дел од мафиите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со Пендаровски. Мицкоски вели дека осудените ја добија казната само за злоупотреба на службена положба, но не и за другите дела како фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде. - Вчера имавме судска пресуда на лица кои издавале пасоши на пола балканско подземје, на албанска мафија, на црногорска мафија, италијанска мафија, турска мафија и така натаму, а беа осудени само на 2 години затвор затоа што го признале делото злоупотреба на службена должност согласно КЗ член 353 став 3. Фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде, зошто неа беа обвинети и по овие три члена согласно КЗ, затоа што така се договорија со вистинските сторители и вистинските налогодавачи да тие патни исправи се делат на овие луѓе и зошто до ден денеска сите тие патни исправи се уште важечки, потенцираше Мицкоски. Тој посочи дека време е во Македонија политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и судските одлуки и да се ослободат обвинителството и судството од било каков политички притисок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudenite-za-aferata-mafija-dobija-samo-2-godini-kazna-i-ne-bea-obvineti-za-drugite-storeni-dela-zatoa-shto-taka-se-dogovoreni-so-vistinskite-narachateli-da-se-delat-pasoshite/feed/ 0
„Заев да каже со кои лица имал тајни средби мафијашот Седат Пекер во зградата на Владата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-da-kaze-so-koi-lica-imal-tajni-sredbi-mafijashot-sedat-peker-vo-zgradata-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-da-kaze-so-koi-lica-imal-tajni-sredbi-mafijashot-sedat-peker-vo-zgradata-na-vladata/#respond Sat, 17 Apr 2021 07:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=498397

Седат Пекер алијас Џадин Ахмедоски имал лична карта со украден идентитет. Воедно видовме дека Џадин Ахмедовски имал и втор матичен број на име Џеладин Ахмедовски. Значи Седат Пекер ги обединува аферите Мафија 1 и Мафија 2, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Зошто Седат Пекер го бара Турција, а Спасовски не? Дали е точно дека турскиот мафијаш Седат Пекер имал средби со официјални лица во Владата на Заев? Зоран Заев да каже со кои луѓе во зградата на Владата имал средби, на кои теми разговарале и како се случи по наводното негово протерување од земјава тој во полициска станица да се слика за лична карта?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат и какви бизниси договарал Заев во Владата и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-da-kaze-so-koi-lica-imal-tajni-sredbi-mafijashot-sedat-peker-vo-zgradata-na-vladata/feed/ 0
Поднесено обвинение против 11 лица за злоупотреби при издавањето пасоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-11-lica-za-zloupotrebi-pri-izdavanjeto-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-11-lica-za-zloupotrebi-pri-izdavanjeto-pasoshi/#respond Wed, 14 Apr 2021 15:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=497170

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи. Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело. Обвинетите, како службени лица вработени на различни позиции во МВР – Одделение за управни работи Скопје, поттикнати од обвинетиот Раиф Мифтари, кој е недостапен на органите на прогон, во период од средината на месец јуни 2017 година до крајот на 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности. -Со искористување на својата службена положба и овластување, тие прибавиле за себе материјална корист, правејќи лажни јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Притоа употребиле податоци за идентитети на лица, државјани на РСМ, кои до сега не побарале и не се стекнале со македонска биометриска патна исправа, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство, кои немаат остварено влез во РСМ, но поседуваат македонско државјанство. Потоа обвинетите ги користеле податоците на овие лица за изработка на патни исправи, со вметнување на фотографии од баратели на патни исправи кои заради криминални активности се бараат со меѓународни потерници. Тие баратели потоа имале намера да ги употребат нелегалните македонски пасоши при премин на државни граници, легитимирајќи се со македонската патна исправа и прикривајќи го својот вистински идентитет, велат од Обвинителството. Со тоа обвинетите овозможиле на незаконски начин 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на РСМ под туѓ идентитет. Пасошите биле издавани заобиколувајќи ја постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција од Законот за патни исправи на државјаните на РМ, спротивно на Упатството за начините на спроведување на постапката за издавање на патна исправа, во најголем број случаи без закажан термин за фотографирање преку систем „Симболико“, без проверка на идентитетот на подносителот на барањето со постоечките податоци во централниот систем, спротивно на Упатството за земање на биометриски податоци и приложени докази и соодветност на податоците кон барањето, без почитување на предвидените рокови за изработка и издавање на патни исправи и утврдување на идентитетот на подносителот на барањето. Јавниот обвинител за седуммина обвинети, меѓу кои и лицето недостапно на органите на прогонот побара продолжување на претходно определената мерка притвор. Едно лице од претходно е во притвор во постапка за друго кривично дело. За тројца пак на сила се определени мерки на претпазливост. Обвинителството продолжува да истражува за вмешаност и на други лица во издавањето на нелегалните патни исправи. Па така, надлежниот јавен обвинител до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за да се утврди кои лица во организационите единици на МВР за издавање пасоши, според хиерархиска поставеност, биле обврзани да вршат надзор врз издавањето на пасошите, вклучувајќи ги и наведените спорни пaсоши, во целиот критичен период. Ќе треба да се утврди кои вработени во МВР, освен сега обвинетите, имаат пристап до личните податоци (имиња, ЕМБГ и адреси) на државјани на Република Северна Македонија кои немаат извадено патни исправи. Понатаму, МВР е задолжено преку своите инструменти во државата и во странство да провери дали и кога спорните пасоши биле употребувани на домашни и странски гранични премини, а воедно да направи и други проверки и се ова да го документира со писмени докази. Исто така, и Јавното обвинителство интензивно ќе обезбедува докази со испитување лица кои имаат податоци околу издавањето на спорните пасоши.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-11-lica-za-zloupotrebi-pri-izdavanjeto-pasoshi/feed/ 0
„Високи функционери од власта се директно инволвирани во аферата “Мафија”“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visoki-funkcioneri-od-vlasta-se-direktno-involvirani-vo-aferata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visoki-funkcioneri-od-vlasta-se-direktno-involvirani-vo-aferata-mafija/#respond Wed, 14 Apr 2021 13:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=497109

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претставниците на МАСИТ а веднаш по средбата даде изјава за медиумите каде што даде одговор на неколку прашања, меѓу кои и во однос на фалсификуваните пасоши и вмешаноста на највисоките функционери од власта во случајот. Мицкоски потенцираше дека е јасно како ден дека високи функционери од власта се директно инволвирани и директно раководеле со операцијата делење и фалсификување пасоши, бидејќи вработените службеници во МВР кои фотографираат и ги изготвуваат документите сигурно не се запознале со голем дел од криминалците, меѓу кои Седат Пекер, Вукотиќ и останатите. Службениците ја вршеле својата работа како и со сите други имаат потреба да извадат одредена документација, додека пак акцијата ја координирале луѓе од власта. Несериозно за една земја е криминалци како Седат Пекер по три месеци да престојуваат во Република Македонија, да се забавува и фотографира со коалиционите партнери на СДСМ, а во меѓувреме да не е приведен или уапсен за она што го правел тука во однос на неговиот пасош. Фактите говорат дека штом тој лесно се движел низ земјата и функционирал нормално, тогаш зад него стоеле високи функционери на власта кои директно му помагале и го штителе во тек на неговиот престој, вели Мицкоски. Јован Вукотиќ неколку пати полетувал од аеродромот "Петровец", бил уредно легитимиран и проверен, по што отпатувал од земјата. Тој самиот вели дека неговиот пасош не бил изваден по нелегален пат, туку дека сите податоци се точни, освен неговото име. После ваквите случаи, ниту МВР, ниту пак премиерот излезе со јавна осуда за овој чин, а дополнително на тоа не се повлечени и уништени тие пасоши, што дополнително ја разбиструва сликата за тоа кој е креаторот на целата оваа афера, истакна претседателот Мицкоски. Фактот што Владата се уште молчи и не се произнесува со информации дали се поништени овие патни исправи и дали некој воопшто одговара за овој случај, говори за тоа дека овие матни зделки и афери се случуваат секојдневно и тие не знаат од каде да започнат. Додека тие молчат, овие луѓе се уште во своја сопственост имаат фалсификуван пасош, кој никој од властите не им го поништува. Тоа е сликата за власта во Република Македонија и за безбедносниот систем, кој е повеќе од разрушен, објасни Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visoki-funkcioneri-od-vlasta-se-direktno-involvirani-vo-aferata-mafija/feed/ 0
Најмалку тројца криминалци со лажните македонските пасоши поминале и на скопскиот аеродром и Деве баир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmalku-trojca-kriminalci-so-laznite-makedonskite-pasoshi-pominale-i-na-skopskiot-aerodrom-i-deve-bair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmalku-trojca-kriminalci-so-laznite-makedonskite-pasoshi-pominale-i-na-skopskiot-aerodrom-i-deve-bair/#respond Tue, 13 Apr 2021 14:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=496599

На крајот на јануари 2020-та го добил пасошот на име Ѓерѓи Каце, а педесет дена подоцна преку Деве Баир излегол од државата со истиот тој оригинален македонски пасош, но со украдени лични податоци од македонски државјанин од Пустец, па во мај учествувал во атентат на српско-црногорски криминалец од ривалскиот клан во Украина. Ова патешествие на Црногорецот Стефан Ѓукиќ заврши со апсење уште пред 11 месеци, а истрагата Двојник ја тера втората недела под двојно име, покрај регуларното опозицијата го нарекува случајот Мафија, пренесува Телма. На македонско-бугарскиот премин, според документ во кој имаше увид Телма, стои дека Каце, алиас Ѓукиќ на 10-ти март 2020-та поминал преку Деве Баир со Албанец од Македонија, возач од Албанија ама со бугарски пасош и бугарска кола и со уште сопатничка од Албанија. Меѓународното друштво ја минало границата и оставило трага во системот. Според информации на Телма уште двајца со меѓународни потерници ама и со новонабавен македонски идентитет поминувале низ македонските гранични премини. Јован Вукотиќ и јорданскиот бразилец Иса на трипати ја минале пасошката контрола на скопскиот аеродром со нови пасоши. И по двајцат аимало распишано меѓународна потерница кога ги минувале границите. Голем дел од македонските пасоши, 215 на број, а издадени во нелегална процедура воопѓшто не биле активирани и не биле земени од носителите во пасошкото одделение. Така се воделе официјално, но потоа е утврдено дека пасошите се земени од некој од учесниците во криминалната зделка. Други пасоши пак се појавуваат како активирани и корситени односно употребени и на македонски гранични премини. Истрагата засега не дева други детали повикувајќи се на тековни активности. 9-мина вработени во управните служби се обезбедени и со кривични пријави, а еден осомничен кој важи за посредник е во бегство и тој доби меѓуанорнда потерница како и неговите клиенти на кои им обезбедувал чисти и невини македонски пасоши. Освен една контролорка и шалтерски службеници нема никој друг осомничен во истрагата, ниту во повисоката хиерархија во МВР, ниту на повисоки позиции во полициските служби ниту пак од сродните институции кои издаваат документи на граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmalku-trojca-kriminalci-so-laznite-makedonskite-pasoshi-pominale-i-na-skopskiot-aerodrom-i-deve-bair/feed/ 0
Илиевски: Аферата со пасоши може да влијае на безвизниот режим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-aferata-so-pasoshi-moze-da-vlijae-na-bezvizniot-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-aferata-so-pasoshi-moze-da-vlijae-na-bezvizniot-rezim/#respond Mon, 12 Apr 2021 18:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=496147

Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за аферата со пасоши кој ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена и посочи дека оваа афера може да влијае на безвизниот режим. -Оваа афера, јас искрено како граѓанин на Република Македонија се надевам дека нема да доведе до никакво нарушување на безвизниот режим бидејќи тоа е една од посветлите работи кои што ни се случија изминатите 10 години. Но, морам да забележам дека за жал и самото ставање во контекст на оваа можност денеска е за жал уште еден доказ за огромната неспособност и лошо менаџирање на сите процеси во Македонија од страна на оваа власт. Ова не го зборувам јас со задоволство, на ден има по 5 работи кои ја скандализираат јавноста, од нив 1-2 жестоко ја скандализираат не само јавноста во Македонија, туку и регионот и уште пошироко. Надвор од умот е како успеавме да дојдеме во ваква ситуација да испадне дека на сликарот на пасоши во Бутел најдобри другари му се пола наркомафијаши од Европа. И на крај акцијата на МВР следи, еден ден по објавата, а нели истрагата траела еден месец, година, па две години веројатно и во времето кога вие најавивте дека ќе го издигнувате МВР, веројатно и тогаш се издавале пасоши на овој начин. Ако некој знаел и не превземал ништо е сериозен криминал, но ако не знаел, а се случувало е доказ за неспосбност, рече Илиевски. Илиевски во своето гостување го потсети својот соговорник Стојанче Ангелов кој е владин функционер дека кога е на власт не бара одговорност за вакви скандали кои се случуваат во државата. -Едно време вие господине Ангелов баравте одговорност, ама денес не барате одговорност, денес барате комисии и сега службениците биле криви во Бутел. За кратовскиот случај некој службеник испаѓа крив. И јас не можам да го разберам ова, додаде Илиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-aferata-so-pasoshi-moze-da-vlijae-na-bezvizniot-rezim/feed/ 0
Диневски: Со аферата околу издавање на пасоши покажа ранливост на целиот систем, особено на институцијата МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dinevski-so-aferata-okolu-izdavanje-na-pasoshi-pokaza-ranlivost-na-celiot-sistem-osobeno-na-institucijata-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dinevski-so-aferata-okolu-izdavanje-na-pasoshi-pokaza-ranlivost-na-celiot-sistem-osobeno-na-institucijata-mvr/#respond Mon, 12 Apr 2021 17:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=496144

Проблемот во скандалот со издавање на пасоши е што државен орган е вклучен во фалсификатот, без оглед на тоа што го правеле несовесни поединци за лични, материјални и не знам се какви мотиви. Но, пасошите кои што се издадени се оргинал, тие минуваат и го решаваат најголемиот проблем што го имаат сите фалсификатори. Тие пасоши се внесени во базата на податоци, на министерството за внатрешни работи, истакна Александар Диневски, поранешен разузнувач во емисијата „24 Анализа“. Диневски додаде дека е направен тежок упад во државниот систем. И ваквата афера покажува единствено ранливост на целиот систем, особено на институцијата МВР. „Пасошот има добиено легимитет со внесување во базата на податоци. Исто така се фалсификувало и државјанство, за да добиете вие пасош прво треба да имате Уверение за државјанство. Истрагата мора да се прошири и во тој правец“, нагласи Диневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dinevski-so-aferata-okolu-izdavanje-na-pasoshi-pokaza-ranlivost-na-celiot-sistem-osobeno-na-institucijata-mvr/feed/ 0
Нелоски: Смешната ситна акција на МВР беше покрената за да се фатат малите риби, а да се сокријат покрупните риби кои се во позадина со скандалот „Мафија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-smeshnata-sitna-akcija-na-mvr-beshe-pokrenata-za-da-se-fatat-malite-ribi-a-da-se-sokrijat-pokrupnite-ribi-koi-se-vo-pozadina-so-skandalot-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-smeshnata-sitna-akcija-na-mvr-beshe-pokrenata-za-da-se-fatat-malite-ribi-a-da-se-sokrijat-pokrupnite-ribi-koi-se-vo-pozadina-so-skandalot-mafija/#respond Mon, 12 Apr 2021 17:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=496140

„За мене лично чудно е да обвинителството во низа наврати досега за евидентни криминални дејанија и криминални отстапки за власта да не покрене никаква самоиницијативност за да види до кај се тие случувања, пто се случило, дали имало криминал или не. Мора да го разберете и нашето неверување на обвинителството како институција, бидејќи ова не е прв пример на скандал што сме го обзнаниле,а се уште да нема никаква постапка покренато и обвинителството, па се разбира и министерството за внатрешни работи“, рече Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Анализа“. Нелоски додаде дека онаа смешна ситна акција на МВР беше покрената само за да се фатат малите риби, а да не одговараат покрупните риби кои се во позадина на овој скандал со издавање на пасоши. „Она што ни дава нас причина да се сомневаме со целата ова, да речам на еден начин спрега помеѓу државата и мафијата е тоа што јас како граѓанин не можам да поверувам дека еден обичен службеник техничар кој што работи во министерството или пак човекот кој што е вработен на шалтер може да внесе во државата криминалци. Значи да не заборавиме ова не се ниту обични криминалци, не се луѓе кои што направиле само еден обичен прекршо, значи говориме за луѓе кои што се од италијанската мафија, од албанската мафија, од турската мафија, се разбира црногорските кланови, црногорската мафија и еден од луѓето кои што го извадивме,а тоа е и од терористичката отганизација ИСИС. Ова се луѓе кои што не можат туку така да влезат на граничен премин во државата и да отидат во некоја државна институција и да извадат патен или било каков документ“, нагласи Нелоски. Нелоски посочи дека дури и Спасовски има фотографии со неко луѓе кои што се обвинети. Значи досега имаше само пратеници и коалициони партнери на власта фотографирани со ваков тип на криминалци кои што извадиле пасоши. „И тука не говорам за фотографија случајно на улица најдени, како министре да се сликаме. Говорам за фотографија која што е дел од одередена највереојатно семејна или интимна прослава, и тука доаѓа прашањето како е можно баш министерот да се најде на талва прослава кај еден од обвинитетите“, појасни Нелоски. Нелоски додаде дека таквата поврзаност на Спасовски со еден од осомничените го носи овој скандал до самиот врв на власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-smeshnata-sitna-akcija-na-mvr-beshe-pokrenata-za-da-se-fatat-malite-ribi-a-da-se-sokrijat-pokrupnite-ribi-koi-se-vo-pozadina-so-skandalot-mafija/feed/ 0