афери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Oct 2021 05:20:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png афери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Афера „Пандорини документи“: Протекоа 11 милиони документи, откриени финансиски тајни на светската елита https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afera-pandorini-dokumenti-protekoa-11-milioni-dokumenti-otkrieni-finansiski-tajni-na-svetskata-elita/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afera-pandorini-dokumenti-protekoa-11-milioni-dokumenti-otkrieni-finansiski-tajni-na-svetskata-elita/#respond Tue, 05 Oct 2021 05:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=573065

Тајното богатство и бизнисите на светските лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски документи. Околу 35 сегашни и поранешни лидери и повеќе од 300 функционери се поврзани со документи од офшор компании наречени „Пандорини документи“. Бројни лидери, вклучувајќи го и чешкиот премиер, кралот на Јордан и претседателите на Кенија и Еквадор, сокриле средства во офшор компании за да избегнат данок, покажа истрагата објавена во неделата од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ). Истрагата во која беа вклучени 600 новинари, наречена „Пандорини документи“, врз основа на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги, откри повеќе од 29.000 офшор компании. ИЦИЈ откри врски меѓу офшор средства и 336 лидери и политички претставници кои формирале 1.000 компании, од кои повеќе од две третини се на Британските Девствени Острови. Според овие документи, јорданскиот крал Абдула Втори основал најмалку триесет такви компании во даночни оази и преку нив купил 14 луксузни имоти во САД и Велика Британија за повеќе од 106 милиони долари. Кралот на Јордан веднаш демантираше дека направил каков било престап при купување на луксузни куќи во странство, истакнувајќи дека за трансакциите во висина од околу 100 милиони долари од безбедносни причини и оти не се користени јавни фондови. Објавените детали се удар за кралот Абдула Втори, бидејќи Владата на Јордан се соочи со скандал оваа година, откако полубратот на кралот, поранешен престолонаследник, принцот Хамза, го обвини владејачкиот систем за корупција и неспособност. „Пандорините документи“, исто така, покажуваат дека поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра со затајување данок на имот кога купиле канцеларија во Лондон со купување на офшор компанија која ја поседувала зградата. Документите го поврзуваат рускиот претседател Владимир Путин со недвижен имот во Монако и откриваат дека чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој следната недела учествува во изборна трка, не пријавил офшор инвестициска компанија преку која купил две вили во јужна Франција за 22 милиони евра. Премиерот на Чешка го оцени овој истражувачки проект како заговор смислен за тој да не победи на парламентарните избори, кои се закажани на 8 и 9 октомври. Тој негира дека направил нешто незаконско при купување на луксузен недвижен имот во Франција преку наменски формирани компании во таканаречените даночни оази. – Чекав да видам што ќе извлечат непосредно пред избори да ми нанесат штета и да влијаат врз чешките избори. Сега се работи за случај стар 12 години. Во него е јасно дека не направив ништо противзаконски ниту лошо, но тоа не ги спречува да ме плукаат и така да влијаат врз чешките избори, истакна Бабиш. Во документите го има и поранешниот француски министер и некогашен директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо инвестирал во два фонда со седиште во Јужна Дакота. Како што пренесува РТЦГ, меѓу документите е и името на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и членови на неговото семејство. Вања Чаловиќ Марковиќ и Дејан Миловац пишуваат дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар. Синот на претседателот на Црна Гора ја искористил оваа структура за да формира две скриени компании со фирми-ќерки во Лондон и Црна Гора. Меѓу документите што ги проучуваа истражувачките новинари на МАНС, пронајдени се заверени копии од договорот за собирање средства што Мило и Блажо Ѓукановиќ го склучиле на 21 јуни 2012 година со CM Skye 2 (PTC) Limited, регистриран на Британските Девствени Острови. Од договорот може да се види дека Ѓукановиќ го формирал Victoria Trust, а неговиот син Capecastel Trust. Тие наведуваат минимален основачки влог и прецизираат дека во фондовите, во кој било момент можат да бидат внесени имоти од самите основачи и од други лица. Фондовите се воспоставени за период од 80 години, а компанијата што управува со нив е овластена да купува и продава недвижен имот и компании во име на Ѓукановиќ, да отвора нови компании и жиро сметки, да дава и зема заеми и да извршува разни други задачи. Дека навистина станува збор за претседателот на Црна Гора и неговиот син покажува и заверената документација што била приложена при формирањето на фондовите – дипломатскиот пасош на Мило Ѓукановиќ и сметката за вода од неговата адреса во Подгорица, која служела како доказ за престој. Неговиот син доставил црногорска лична карта и фактура за изнајмување стан во Лондон, пишува МАНС. Во документите е и името на актуелниот министер за финансии на Србија и поранешен градоначалник на Белград, Синиша Мали. Новинарите од КРИК и мрежата OCCRP во 2015 година открија дека Синиша Мали, купил 24 луксузни апартмани во бугарското летувалиште Свети Никола на Црното Море. Вредноста на становите била околу пет милиони евра. Мали ги обвини дека лажат и призна дека купил еден стан, оној што бил регистриран на негово име. Српскиот претседател Александар Вучиќ со години го брани својот близок соработник од сомненија за вмешаност во корупција, исто така, тврдејќи дека КРИК лаже. – Имам апсолутна доверба во министерот Синиша Мали, рече Вучиќ претходно оваа година. Но, како што пишува КРИК, „Пандорините документи“ докажаа дека Синиша Мали бил сопственик на станови и две офшор компании. Мали ги купил становите во 2012 и 2013 година, во време кога беше економски и финансиски советник на тогашниот прв вицепремиер на Србија, Александар Вучиќ. Мали купил 24 апартмани во Бугарија од компанија на Срѓан Дабиќ, поранешен кошаркар и директор на српската филијала на познатата руска нафтена компанија Лукоил. Мали не одговорил на повикот на новинарите на КРИК за интервју или на деталните прашања што му ги испратиле. Други звучни имиња се колумбиската пејачка Шакира, германската манекенка Клаудија Шифер и индискиот играч на крикет Сачин Тендулкар. Најбогатите луѓе во светот, политичари, олигарси, бизнисмени или криминалци имаат скриени богатства во таканаречените „даночни оази“ како Бахамите или Белизе, но еден таква дестинација од неодамна станаа и САД, пишува Вашингтон пост. Како што се наведува во објавата на „Пандорините документи“, најновото и многу пообено новинарско истражување од „Панама документите“ пред неколку години, затаената готовина на светската елита и на супер-богатите е во вкупна вредност од 32 трилиони американски долари. Овие пари се неоданочени или мошне малку оданочени, и не вклучуваат недвижности, уметнички дела или скапоцен накит. Сумата е поголема од вкупниот БДП на САД за 2020 година Истражувањето е спроведено од тим на репортери од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, весникот Вашингтон пост и стотици други репортери низ целиот свет. – САД со своиите прилично либерали закони во места како Алјаска, Јужна Дакота, Невада или Делавер, воопшто станаа примамлив даночен рај за многу глобални клиенти, наведува весникот. Такво место во изминатите години станало соузната држава Јужна Дакота. – Даночен рај може да се смета земја или јурисдикција каде можеш да ги ставиш своите пари и да избегнеш плаќање данок на оние пари таму каде си ги заработил, вели новинарот Крег Милер. Речиси 12 милиони документи го откриваат сопствеништвото на моќни странски актери, како и на една жена која иако работела ниско платени работи, станала милионерка откако родила дете, наводно по долгогодишна врска со рускиот претседател Владмир Путин. Затоа Светлана Кривоногих, во Русија позната и како љубовницата на Путин, добила милионско сопствеништво, меѓудругото и стан во Монако вреден над шест милиони евра. Весникот наведува дека кога американските законодавци го дале правото на Јужна Дакота да стане даночен рај, тие сметале дека тоа ќе донесе економски бум и нови работни места во малку развиенета сојузна држава. Новинарите дознале дека државата сепак не постигнала таков развој, а Јужна Дакота станала една од ретките држави во светот со толку либерална регулатива за офшор компании. Бизнис центарот на градот Суикс Фалс, посебно една зграда, станала адреса на траст компании што менаџираат сметки, многу од нив сомнителни, во вредност од речиси 100 милијарди долари. -Тоа се странски милионери и милијардери меѓу кои има и такви кои во своите земји се обвинети за махинации, поткупи, експлоатација на работници или нарушување човекови права, наведува весникот. Такви како производителот на сок од портокали Хорс Хапел од Бразил, или Карлос Моралес Тронкосо, поранешен потпретседател на Доминиканска Република, кој упраувал со компанија за производство на шеќер. Се наведува дека иако американските политичари до неодамна ги критикуваа даночните оази во малите држави поради перење на пари и други криминални дејности, тоа сега всушност се прави и во средиштето на САД. „Пандорините документи“ откриват и како американски државјани вршат преместување на пари на странски сметки додека се под кривична истрага. Весникот го наведуа случајот на Глен Годфри кој оснавал траст компанија за еден наводен убиец, за еден познат педофил, за член на колумбиската мафија од Њујорк, како за конституционалист кој нарачал убиство на судија, на обвинител и на даночен агент. Во своето истражување, весникот утврдува дека за обвинителите е мошне тешко да ги следат парите на офшор компаниите. Даночната служба на Австралија (АТО) соопшти дека ќе ги анализира податоците од Пандорините документи и оти ќе ги идентификува сите можни австралиски врски. АТО соопшти дека има меѓународна соработка, договори и соработка и оти редовно добива информации од различни извори во своите напори за борба против затајување данок и криминал. Претставник на АТО, Вил Деј истакна дека постојат голем број легитимни причини за некој да има офшор банкарска сметка или структура, но има и такви кои се обидуваат да ги сокријат сопствените интереси или финансиски грешки преку офшор трансакции. Тоа е најновото во серијата тајни документи што протекоа во последните седум години, по фајловите FinCen, Рајските документи, Панамските документи и Лукс Ликс. Во повеќето земји, ваквите постапки не можат да се гонат, но ИЦИЈ ги спореди говорите на политичарите против корупција со нивната инвестиција во даночни оази. Кенискиот претседател Ухуру Кенијата во неколку наврати изјави дека е подготвен да се бори против корупцијата и ги обврза државните службеници да бидат транспарентни во врска со нивниот имот. Но, „Пандорините документи“ откриваат дека кенискиот претседател поседува фондација во Панама, а неколку членови на неговото семејство имаат над 30 милиони долари на офшор сметки. Американскиот центар за јавен интегритет во 1997 година го основаше ИЦИЈ, кој стана независен ентитет во 2017 година. Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари е независна меѓународна мрежа со седиште во Вашингтон, со повеќе од 200 новинари и 100 медиумски организации во повеќе од 70 земји. ИЦИЈ стана познат во април 2016 година, по објавувањето на „Панамските документи“, истрага базирана на околу 11,5 милиони документи од панамска адвокатска фирма. Тогаш ги открија скриените средства на илјадници клиенти на Мосак Фонсека, вклучувајќи и некои познати личности. Документите предизвикаа оставки на исландскиот премиер Сигмундур Давид Ганлаугсон и пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Во ноември 2017 година, ИЦИЈ ги објави Рајските документи врз основа на нов сет документи од друга финансиска компанија, Appleby. Меѓу познатите имиња и истраги за потези за криење на имотот и затајување даноци се принцот Чарлс, шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон и компанијата Најки. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afera-pandorini-dokumenti-protekoa-11-milioni-dokumenti-otkrieni-finansiski-tajni-na-svetskata-elita/feed/ 0
Мицкоски секојдневно го демонтира Заев: Опозицијата открива безброј скандали и афери додека државата тоне во корупција и скандали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sekojdnevno-go-demontira-zaev-opozicijata-otkriva-bezbroj-skandali-i-aferi-dodeka-drzavata-tone-vo-korupcija-i-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sekojdnevno-go-demontira-zaev-opozicijata-otkriva-bezbroj-skandali-i-aferi-dodeka-drzavata-tone-vo-korupcija-i-skandali/#respond Sat, 05 Jun 2021 12:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=519337

Речиси да нема ден да не се обелодени скандал во јавноста поврзан со власта предводена од СДСМ и Зоран Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе со месеци ја информира јавноста за криминалите кои ги прави власта, додека институциите молчат. Крупните афери кои ги објавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ поврзани со фалсификуваните пасоши давани на криминалци, аферата Рекет, злоупотребата на матичните броеви, аферата за националното предавство на Заев и многу други се само спој на гневот насобран во граѓаните кои ќе кулминира со протести во иднина. На сите овие афери алудираат од опозицијата речиси секојдневно. АФЕРА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО Последната афера која ја откри Мицкоски беше за националното предавство на Заев во врска со договорот со Бугарија. Имено Мицкоски преку статус на Фејсбук пред неколку дена објави дека новото предавство го подготвувале Заев и Бучковски. -АЛАРМАНТНИ се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски. Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија. Заев се колнеше дека не прифаќа преговори за идентитетот и јазикот, а со прифаќањето бугарската Декларација да биде дел од преговарачката рамка на ЕУ, директно нѐ става во позиција да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е потег еднаков на предавство на македонскиот народ. Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија. Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот иденитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е неболуза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија. Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии! Не за уште еден национален пораз! Не во наше име и не за нашата Македонија! П.С. Воедно да го споменам и следново, Заев изјавува дека ми бил даден на рака португалскиот предлог во однос на спорот Бугарија-Македонија. Само политички аматер како Зоран Заев гради дебата околу предлог кој беше експресно одбиен од бугарската страна, што подразбира дека секој следен би бил драматично полош и поштетен предлог споредено со претходниот, стои во неговиот пост на Фејсбук. АФЕРА МАФИЈА Опозицијата исто така пред два месеци откри нов скандал засега од невидени размери со издавањето на македонските патни исправи на меѓународни трговци со дрога. Од партијата тогаш тврдеа дека се работи за организирана шема на поединци од власта кои досега издале такви документи, со лажен идентитет, на најмалку 200 лица од подземјето во регионот, но имало и лица од држави на азискиот континент и од Јужна Америка. Деновиве сите овие документи ќе бидат предадени на Јавното обвинителство, брифираа денеска од партијата. „Се работи за афера за силна поврзаност на највисоките структури на власта со највисоките структури на организираниот криминал на Балканот и пошироко. Практично може да се каже дека носителите на власта во државата, премиерот Зоран Заев и првоповиканиот за борба против криминалот Оливер Спасовски, на располагање ја ставиле целокупната државна апаратура на организираниот криминал и на балканските криминални структури кои важат за најсилни во Источна Европа. Аферата Мафија потврдува дека државата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските наркобосови, барани поради организиран кримина, наркотици, убиства, насилства“, изјавија на денешниот брифинг претставници на партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ, поседувал македонски пасош, со негова слика, но на име Ѓорги Андонов, издаден во полициската станица во Драчево. Второто лице е водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, се фотографирал со политичари од власта и откако бил протеран од државата повторно влегол и добил лична карта, исто така во полициската станица во Драчево. Се работи за украдени или измислени идентитети. Од украдените идентитети, најчесто се користат лица од македонското национално малцинство од соседните држави. Ги крадат идентитетите од соседни држави и издаваат оригинални пасоши во редовна постапка, ги фотографираат и им земаат отисоци. На пример новиот идентитет на Вуковиќ, Ѓорги Андонов, бил земен од Македонец од Пиринска Македонија, а уште еден припадник од истиот клан добил идентитет од Македонец од Корча. Со македонскиот пасош Вукотиќ лесно патувал во Турција, Србија, Шпанија, Грција, Украина, Полска… Инаку Вукотиќ деновиве е во Црна Гора и чека да почнат неколку судски процеси против него за убиство и други кривични дела. За време на претрес во еден судски процес во Белград, Вукотиќ признава дека има македонски пасош, дека документот е регуларен, дека тој не го познава лицедо Ѓорги Андонов и дека пасошот е издаден на место каде што се издаваат патни исправи. И вештачењето покажало дека се работи за автентичен македонски пасош, но лажен идентитет. Пекер, четири дена откако бил протеран од Македонија во Косово (поседува косовски документи) се вратил во Македонија, и на 21 јануари 2021 година во полициската станица Драчево добива лична карта на име Џадин Амедовски. Медиумите во Турција Седат Пекер го опишуваат како водач на турска мафија, осуден за убиства, баран за рекет, принуда и потикнување убиство во Романија, и е дел од аферата за соборување на Ердоган. „Овој скандал покажува дека постои организирана мрежа на изработка и издавање на патни исправи на високи мафијашки структури. Се работи за легални пасоши, одобрени изработени и издадени од МВР и полициски структури, но со украден идентитет од внимателно одбрани лица кои подолго време не користат пасоши, по што најголемите балкански мафијашки босови добиваат документи низ легална постапка – влегуваат во полициска станица, се сликаат, оставаат отисок и добиваат пасош. Оваа афера има сериозни импликации и од регионален карактер затоа што Владата на Заев и Спасовски овозможиле закрила, безбеден обрач на балканските мафијашки босови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. АФЕРА МАФИЈА 2 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите неодамна исто така откри нов мега скандал на власта. Имено, станува збор за нова афера „Мафија 2“,каде што повеќе од 20 илијади граѓани имаат дупликат матични броеви, а во исто време истите ги има на избирачкиот список на повеќе од едно место. Во продолжениее од фотографиите ќе се уверите дека станува збор за голем скандал, со што власта е ставена во мат позиција, затоа што можеби овие лица се користеле за како гласачка машинерија на истата.     Инаку да потсетиме дека и аферата Рекет ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ како и лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Во неа се обвинети Бојан Јовановски алијас Боки 13, заедно со поранешната обвинителка Катица Јанева како и Зоран Милески – Кичеец кои се товарат дека рекетирале бизнисмени злоупотребувајќи ја својата моќ и поврзаноста со власта предводена од СДСМ. АФЕРА РЕК БИТОЛА Аферата која денес ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопствениците на компанијата. Таа по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК, го контактира сопственикот на компанијата добитник, го принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон, да го предаде на компанијата СВ Инвест на Столе Чифлигароски. Како што беше кажано на брифингот, сопственикот на Рубитон вели дека нема правна можност за тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк, но средбата се откажува, а Вице Заев ги комнтактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Кстев од Тотал Инжинеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за „Глобал“, за да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев како кеш, а таа сума била многу поголема од можната заработка. Сопствениците на Рубитон на повиците на Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СВ Инвест во комбинатот. -Воедно и предупредувавме на фамозната Вила парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот. Случајот оштетените го пријавуваат во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски. Мистериозно, на веќе еднаш потпишана изјава, исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Што е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Рускоска, МВР и Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, брифираше денес Мицкоски. Во пријавата недостасува овој дел: Потоа, сопственикот Василев, гледајќи дека Рубитон не добива одобрение за влез на механизација и покрај договорната обврска да му биде овозможено од страна на РЕК Битола, преку стар познаник од Струмица Иљо Н. викан Рамбо, несакајќи директно да го бара по делефон лицето Вице Н. кое му го посочил Ковачевски, побарал доколку е можно да му организира средба со посоченото лице, која му била закажана на 3-ти или 4-ти септември 2018-та година. Според информациите, тие отишле во „Вила Парк“ Струмица. Сопствениците Василев и Радичев дошле на договорената средба, ги пречекал пријателот на Василев и бидејќи веќе изминувало 09:00 часот, Иљо му се јавил на Вице да му каже дека се дојдени луѓето на кои икм договорил средба, на што Вице му кажал дека средбата била закажана за 9 часот навечер, а не наутро, по што тие си заминале. Остатокот од делот кој е избришан од првичната пријава, кој завршува и со директни закани, можете да го погледнете од документот: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sekojdnevno-go-demontira-zaev-opozicijata-otkriva-bezbroj-skandali-i-aferi-dodeka-drzavata-tone-vo-korupcija-i-skandali/feed/ 0
Николоски: Со лажни вести за дефокус од големите афери на СДСМ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-lazni-vesti-za-defokus-od-golemite-aferi-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-lazni-vesti-za-defokus-od-golemite-aferi-na-sdsm/#respond Tue, 13 Apr 2021 12:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=496492

ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ДЕФОКУС ОД ГОЛЕМИТЕ АФЕРИ НА СДСМ! Во паника од аферите кои на дневна основа и се случуваат на власта на СДСМ се обидуваат да измислуваат и подметнуваат со цел да дефокусираат ама тоа нема да им успее! Минатата недела требаше да имаме соочување со Зоран Зев во суд на кое требаше да одговори на многу непријатни прашања поврзани со случајот Рекет. За негова среќа се одложи, но ќе се видиме на 2ри Јуни. Во паника се обидоа да измислат афера за мене. Одговорив веднаш дека се тоа глупости и дека нема никаква вистина, еве денес повторно одат со истите тези. Повторно ќе одговорам и мислам дека е доволно, стои во Фејсбук статусот на Александар Николоски. - Јас бев Потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа што е највисока позиција која македонски пратеник било кога ја имал. Бев и потпретседател на бројни тела на ПССЕ како и член на мониторинг мисии, а бев и на чело на оценската ад хок мисија за референдумот во Азербејџан во 2016 година, исто така највисока позиција што било кој македонски пратеник ја имал. За мојата работа сум добил бројни признанија во Стразбур. Во однос на оценската мисија за референдумот во 2016 г можам да кажам дека ја заврши својата работа успешно, мисијата беше ограничена само на изборниот ден и кампањата, затоа што се друго е работа на мониторинг дијалогот помеѓу ПССЕ и конкретната држава. Извештајот беше критичен и покрај другото повика Азербејџан да го почитува мислењето на Венецијанската комисија, а реагираше и за притворањето на неколку активисти кои потоа и заради притисокот на мисијата беа ослободени. За својата работа мисијата која ја водев изработи извештај кој беше усвоен од цело ПС на Совет на Европа, а извештајот беше цитиран и од Европската унија. Дел од таа мисија беа пратеници од Шпанија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Австрија, но не и пратеникот кој го споменува СДСМ. Во ПССЕ има 315 пратеници од 47 земји, ако некој нешто направил не значи дека се однесува на сите. Бројни пратеници од СДСМ биле во ПССЕ дали ова се однесува и на нив? Или еве сега шеф на македонската делегација во ПССЕ е токму Костадин Костадинов по истава аналогија и тој треба да биде одговорен за било која активност на било кој од тие 315 пратеници од 47 држави. Смешно и очајно! Гнасно е да бидам обвинуван за нешто за кое не сум ни помислил, а камо ли да го направам, јас имам политичка кариера која е без дамка. Јас не возам мотори, немам вили на море, нити десетици фирми, тоа го има Зоран Заев, јас не барам „евро за братот евро за црквата“, пишува тој. - И уште ова - знам дека голема желба на СДСМ е јас да не го водам Националниот Совет за евроинтеграции затоа што знаат дека со мојата активност и контакти нема да може да манипулираат со јавноста во делот на интеграција во ЕУ. Затоа и го одлагаа мојот избор дури до Декември иако Собранието е во функција уште од Август. Тој филм нема да го гледаат. Ќе треба да дадат отчет за се, а пред се конечно да кажат на македонската јавност КОЈ Е ДАТУМОТ на кој Македонија ќе почне преговори со ЕУ? КОЈ Е ДАТУМОТ?, прашува Николоски во својата Фејсбук објава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-lazni-vesti-za-defokus-od-golemite-aferi-na-sdsm/feed/ 0
“СЕ за 99 денари”, Голема Распродажба на Државјанства, Пасоши, Име… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-za-99-denari-golema-rasprodazba-na-drzavjanstva-pasoshi-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-za-99-denari-golema-rasprodazba-na-drzavjanstva-pasoshi-ime/#respond Tue, 13 Apr 2021 11:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=496194

Буквално се во државава е на распродажба, почнавме од името, продолживме со државјанствата, потоа пасоши, а за жал како сме тргнале на крај ќе си ја продадеме државата. Повеќе од 25 години, никој, ама баш никој не се дрзна да го промени името на државата, а што убаво име си имевме, бидејќи формално-правно веќе го немаме, Република Македонија. Од Глигоров до Црвенковски и Георгиевски, од Бучковски и Костов до Груевски и Иванов, никој од овие не се дрзна да го промени името, до душа некои од овие го променија знамето... Нудени беа куферчиња со милиони долари, бисери, дијаманти, цели богатства беа нудени, но немаше таков “маж“ кој ќе го стави потписот на ваков срамен документ, се до пред некоја година. Оние кои пред да дојдат на власт се колнеа во најсветите работи во животот, децата, го ставија потписот и без око да им трепне сменија име, ни го сменија она за кое во минатото луѓе животи даваа. Го продадоа името онака како во оние продавниците низ Скопје, „Се за 99 денари“, влегуваш, купуваш и си одиш, толку лесно го направија тоа. Потоа, како ова со името да беше домашна задача по математика за прво одделение, решија да „шиткаат“ државјанства како петарди на Бит Пазар. Просто, доаѓа лице кое можеби ни на карта не знае каде се наоѓа Македонија, со него носи три лица и тие потврдуваат дека тој треба да земе македонско државјанство, институциите во ситуацијата се тотално не битни, ама тотално. Се појавуваат некои си Зијадин Села и Африм Гаши, и двајцата по се изгледа тотално неписмени во овој случај, сакајќи да добијат гласови кај Албанците, па со радикални закони седнаа на преговори со Заев. Ни помалку, ни повеќе, државјанство да се добива со тројца сведоци, па така кој сака може да добие македонско државајнство, навали народе, ако ви е малку едно земете уште едно, или „Акција 1+1 гратис“, за секој случај да не го изгубите ова првото. И како последна фингерајка, скандалов со пасошите... „Двојник“ или „Мафија“, како сакаш кажи го, некој решил да ни уринира по пасошот, но и дебело да заработи. Нели мафијашиве имаат многу пари, само потребни им се двојници за да не ги фатат, а сето тоа со македонски пасош. Водачи на мафијашки кланови, атентатори или платени убијци, сеедно, нарко босови, сиот џган на балканов речиси има македонски пасош и слободно шета по светов, убива, извршува нечии нечисти задачи, со амин на македонската влада, да не беше трагично ќе беше комично, но овде ѓаволот одамна ја однел шегата. Ова со пасошите го гледавме само на филмовите, оние со тајните агенти, а сега Македонија издава исти такви пасоши, само не на агенти, туку на џган. Се додека државата ни ја водат “моторџии“ црпнати од некоја нива, кои со 4 часа дневно во училиште станале премиери на држава, ние ќе тонеме, а ќе дојде некој и буквално ќе ни купи СЕ за 99 денари!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-za-99-denari-golema-rasprodazba-na-drzavjanstva-pasoshi-ime/feed/ 0
Муцунски: СДСМ се четири години на власт, а се некој друг е крив за нивните скандали и афери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/#respond Fri, 09 Apr 2021 18:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=495057

Пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во тема на денот во централниот Дневник на ТВ Сител, рече дека обидите на власта да ја обвинат опозицијата за случајот „Мафија“ е само обид на власта за политички де фокус и бегање од фактот дека овој скандал негативно влијае врз имиџот на државата. -Фактот дека е потребно институциите на системот посебно правосудството да направат темелна истрага и веројатно ќе дојдат до вистинските одговори. Но, фактот дека се прави во овој момент обид да се обвини главната опозициска партија, која притоа нема никаков удел во раководењето во овој момент на МВР и во најголемиот дел во овој период дури се случувале овие дејствија е само политички де фокус и бегање од фактот дека скандалот, односно овие случувања поврзани со скандалот Мафија се огромен срам за имиџот на Република Македонија и треба да дојдеме до вистинска и темелна истрага која што ќе го даде одговорот, бидејќи прво ова не смееме да дозволиме да се повтори никогаш повеќе, но истовремено треба да знаеме дали некој профитирал од ова и како е дозволено на стотици ваквите поединци да им се вадат македонски патни исправи, смета Муцунски. -Тоа што наши меѓународни партнери помогнале да откријат што се случувало во Република Македонија уште повеќе говори за неспособноста на институциите на системот сами да идентификуваат кога имаме вакви случувања. Што е проблемот во Македонија? Во последните 4 години се култивира еден систем на неодговорност, нетранспарентност, систем каде што вие гледате дека институциите погрешиле, дека институциите не функционираат, но никако политичките чинители кои раководат со тие институции во чие што време се случувале сите овие појави да преземат конкретна одговорност. Се некој друг е крив, се заради некој друг дошло до вакви случувања, а четири години СДСМ и ДУИ се на власт, рече Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/feed/ 0
Мицкоски: За случајот „Глобал“ деновиве ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обелодени сите афери со докази, одговорност за ова мора да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/#respond Wed, 06 Jan 2021 13:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=452416

Во денешното интервју за Нетпрес, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на актуелната тема околу ТЦ „Глобал“ во Струмица. Мицкоски најави дека во деновите коишто следат јавноста ќе биде сведок на она што таму се случи, трагедијата за луѓето коишто ги загубија сите свои стоки и она што го поседуваа во тие дуќани кои изгореа. Дел од нив се таму под кирија, помал дел од нив се сопственици, но кога јавноста ќе дознае кои се вистинските сопственици на тие комерцијални дуќани, и што се случувало со „Глобал“, како практично е настаната ова градба, тогаш многу појасно на сите граѓани ќе им биде. „Виновни се тие коишто го изградија „Глобал“ и тие коишто дозволија потоа ова да се случи. Како е изграден „Глобал“? Изграден е со локациски услови коишто се добиени околу 15 или 16 мај 2008 година и тоа се издадени локациски услови за реконструкција и надградба на пазариште. Еден месец потоа, на 18 јуни 2008 година, „Глобал“ добива одобрение да се изгради односно, практично да се реконструира и награди пазариштето кое што во тој момент постои. Замислете, за еден месец добивате локациски услови, правите истраги, тие истраги потоа ви се влез во основен проект, работите основен проект, потоа тој основен проект некој ви го ревидира, завршувате со ревизијата и потоа одите во општината аплицирате и општината за еден месец ви дава одобрение за реконструкција и надградба на тоа пазариште. Има голем број градежни компании еве една видовме дека бега од Македонија деновиве прашајте ги за искуство дали е тоа возможно за еден месец. Тука не застанува чудото, чудото продолжува, ако на 18 јуни 2008 година е издадено одобрението за градење веќе на 22 или 23 јуни е дадено одобрението за употреба. Замислете за само пет дена Глобал е изграден. И веќе на 23 јуни е издадено одобрението за употреба на реконструираниот и надградениот пазар“, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека ако се погледне детално солеминизираниот договор на содружништво ќе се увиди дека е помеѓу две трговски друштва Јавното претпријатие за комунални услуги Комуналец Струмица во тоа време раководено од Панче Орцев, и Зоран Заев како тогашен градоначалник на Струмица. Од другата страна содружници се две правни лица претставувани од Цикарски и Брндевски. Сашко Брндевски е ликот којшто пред Нова година купуваше илјадници метри квадратни земјиште во една локација во Струмица и подоцна тие десетици илјади метри квадратни ги замени со една од фирмите во којашто има сопственички удел семејството Заеви за станот од 50-ина, 60 метни квадратни. Сета оваа работа за да биде уште поинтересна завршува во 2014 година кога е пишана во Катастар, а во Катастар се впишува врз основа на акт и каде што магично исчезнува сега реконструираниот или надграден пазар во трговски центар. „Прашањето е дали при добивањето на одобрение за градење и тогашниот Закон за градење е испочитуван условот да биде изработен елаборат за противпожарна заштита. Затоа што секој што денеска се занимава со градби треба да приложи елаборат за противпожарна заштита и елаборат кој што е дел од електро проектот за громобранска инсталација. Дали условниот проект е приложен таков елаборат за противпожарна заштита и громобранска инсталација. Второ, кој вршел тестирање на апаратите коишто во случајот ги користиме за гаснење на пожарот, противпожарните апарати? И дали е тоа тестирање направено? И која компанија тоа го направила“, запраша Мицкоски. Мицкоски најави дека голем дел од прашања во врска со ТЦ „Глобал“деновиве коишто следат практично ВМРО-ДПМНЕ ќе ги елаборира со докази и ќе даде одговор на тие прашања. Ќе се поднесат и одреден број на пријави. „Но истовремено можно е како пратеничка група во рамките на Парламентот да побараме, и јавна расправа со сите овие докази кои ВМРО-ДПМНЕ ги поседува да бидат таму презентирани. Така што оваа несреќа би ја поделил во два дела. Првиот е хуманитарно, да им се помогне на луѓето кои загубија во оваа несреќа поради несовесната градба на објектот и несовесното негово одржување. Тие луѓе навистина не се виновни за она што се случувало во минатото, ниту, пак, за тоа што некој не го одржувал овој објект според прописите. Но истовремено бараме одговорност од самиот почеток, па сѐ до денес“, посочи Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/feed/ 0
„Се слушаме ли обвинителке Вилма“ ечеше пред Обвинителството: „Еве за кои афери не започнавте истрага“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slushame-li-obvinitelke-vilma-echeshe-pred-obvinitelstvoto-eve-za-koi-aferi-ne-zapochnavte-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slushame-li-obvinitelke-vilma-echeshe-pred-obvinitelstvoto-eve-za-koi-aferi-ne-zapochnavte-istraga/#respond Sat, 03 Oct 2020 18:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=412025

„Се слушаме ли обвинителке Вилма“ ечеше пред Обвинителството на вечерашниот протест. Народот испрати пораки дека во државата не владее правда. Пред обвинителството за време на протестот се слушаа аферите во кои се вмешани високи владини функционери и партиски членови на СДСМ, а за истите обвинителството на Вилма Русковска не покрена истрага. Истите беа испишани на посебно пано кое граѓаните го оставија пред обвинителството. Еве за кои афери народот испрати порака дека треба да се покрене истрага:
  •   АФЕРА ДАКА – СО ПАНАМСКИ ПАРИ ЗАЕВ МУ ОВОЗМОЖИ НА АНТИ-НАТО БИЗНИСМЕНОТ ДАКА ДА СТИГНЕ ДО БИЗНИС ОД 200 МИЛИОНИ ЕВРА
  •   АФЕРА МИЛИОНИ ЗА СЈО - 4,6 МИЛИОНИ ЕВРА ПОКРАЈ РЕДОВНАТА ПЛАТА СИ ПОДЕЛИЛЕ НЕЗАКОНСКИ КАКО БОНУС ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД РЕКЕТАРСКОТО СЈО
  •   АФЕРА КРИМИНАЛНИ ПОЛИЊА СО МАРИХУАНА – ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ВЛАДАТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ ПОДЕЛИ 20 ЛИЦЕНЦИ ЗА МАРИХУАНА, БИЗНИС ПО КОЈ Е ПОЗНАТ КЛАНОТ ЗАЕВИ
  •   АФЕРА ПОЛЧЕ ЗА ПАВЛЕ – НЕМАШЕ ИСТРАГА ЗА ПРАТЕНИКОТ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ КОЈ ПРИЗНА ДЕКА НАРАЧУВАЛ НАРКОТИЦИ
  •   АФЕРА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ ПРЕКУ ТЕТО – КРАДЕЊЕ И ПЕРЕЊЕ НА ДРЖАВНИ ПАРИ ОД НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА
  •   АФЕРА САРХЕМС – МЕСТЕЊЕ НА ТЕНДЕР ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УСЛУГИТЕ НА 2 ХЕЛИКОПТЕРИ
  •   АФЕРА ЛЕОНАРДО – МЕСТЕЊЕ НА ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РАДАРСКИ СИСТЕМ ВО М-НАВ
  •   АФЕРА РЕКЕТ 2 – РЕКЕТИРАН БИЗНИСМЕН ОД ФИЛИПЧЕ И ДЕН ДОНЧЕВ
  •   АФЕРА ГЛАВАТА НА РЕКЕТ 1 – ПАРИТЕ ОД РЕКЕТОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗАВРШИЈА КАЈ ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ
  • АФЕРА ТРАС-ТРАС ОДЛУКИ – ЗОРАН ЗАЕВ НАРАЧУВА ОБВИНЕНИЈА И ПРЕСУДИ ПРОТИВ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ
  • АФЕРА ТЕРОРОТ НА ЗАЕВИ – ВИЦЕ ПАЛИ КОЛИ, ТРАЈЧЕ ДЕЛИ ТЕНДЕРИ
  • АФЕРА ВОЗИЛА ЗА 8 МИЛИОНИ – ПОТРОШЕНИ 8 МИЛИОНИ НАРОДНИ ПАРИ ЗА НАБАВКА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ОД ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
  • АФЕРА БРЗИ ПРСТИ – ГЛАСАЊЕ ЗА 4 СЕКУНДИ НА НЕУСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ ВО 2018 ГОДИНА
  •  АФЕРА РЕК – ВИЦЕ – КОВАЧЕВСКИ – МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ОД РЕК ЗА ФИРМИТЕ НА ЗАЕВИ
  • АФЕРА ТАЛИБАНСКИ ПОТКУП – ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ И ПОТКУП ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ
  • АФЕРА ХАЦИЕНДА НА ФИЛИПЧЕ – ЗАЕДНИЧКО ГРАДЕЊЕ ХАЦИЕНДИ НА ФИЛИПЧЕ СО ЧОВЕК КОЈ ЗЕМА МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО
  • АФЕРА КРВАВИ ТЕНДЕРИ – 35 МИЛИОНИ ЕВРА КРИМИНАЛ СО НАБАВКА НА РЕАГЕНСИ ВО ЗДРАВСТВОТО
  •  АФЕРА ДИМИШКОВИ И КАЦАРСКА – ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНИ ПОЗИЦИИ ЗА НЕЗАКОНСКО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СУДСКИ ОДЛУКИ
Видеото можете да го погледнете во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slushame-li-obvinitelke-vilma-echeshe-pred-obvinitelstvoto-eve-za-koi-aferi-ne-zapochnavte-istraga/feed/ 0
Јавноста сведок на многуте скандали поврзани со носителите и членовите на листите на СДСМ во ИЕ1 и ИЕ5 (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-svedok-na-mnogute-skandali-povrzani-so-nositelite-i-chlenovite-na-listite-na-sdsm-vo-ie1-i-ie5-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-svedok-na-mnogute-skandali-povrzani-so-nositelite-i-chlenovite-na-listite-na-sdsm-vo-ie1-i-ie5-foto/#respond Tue, 10 Mar 2020 08:39:45 +0000 https://kurir.mk/?p=314377

СДСМ вчера ги претстави своите кандидатски листи со кои ќе се претстави пред граѓаните на претстојните парламентарни избори на 12 април. Во првата изборна единица листата ќе ја предводи носителот на срамниот договор со Грција Никола Димитров како и Мила Царовска. Јавноста со името и презимето на Никола Димитров поврзуваат и многу останати скандали освен срамниот договор. Во минатото јавноста беше сведок на скандалот поврзан со ќерката на министерот Димитров која доби 40 илјади долари стипендија од Владата. Имено на 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерката за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт. Порталот „НетПрес“ неодамна пишуваше за имотот на Димитров проценет на 800 илјади евра, а за школување на ќерка му плаќа државата. Имено министерот Никола Димитров пријавил дека има стан во Скопје вреден 89.431 евра, едно моторно возило „мерцедес Б180 2011/2011“ вредно 13.008 евра, месечна кирија од околу 500 евра, две девизни книшки од 6.144 односно 10.888 евра. Добива и надоместок од 1.789 евра за побарување по основ на извршена работа. Заедно со сопругата имаат стан во Хаг, Холандија вреден 315.973 евра, две девизни штедни книшки од 13.984,  односно 56.675 евра и кредит од 280.865 евра. Како имот на неговите деца е пријавен еден стан во Скопје вреден 40.650 евра. Вредноста на имотниот лист на Никола Димитров изнесува 829.908 евра и е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција. ВМРО-ДПМНЕ пак неодамна обелодини во јавноста дека министерот Димитров е вмешан во аферата „Рекет“. -Никола Димитров е вмешан во аферата „Рекет“. Сведок во процесот кажа дека информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, кој подоцна го известил Димитров за криминалот и рекетирањето од страна на омилените медиумско-обвинителски партнери на Заев. Наместо веднаш да го пријави криминалот за кој бил информиран, Димитров го прикрива и премолчува. Кои се мотивите за ваквото однесување, треба да утврди некоја идна истрага. Самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да испитаат дали причините се лукративни или на тој начин си ја обезбедувал љубовта и довербата на Заев, потенцираа од партијата неодамна. Од таму додадоа дека Димитров пред неколку месеци прво излажа дека не бил запознаен со рекетирањето, а подоцна рече дека постои белешка за разговорот со амбасадорот. Доколку службен документ постои јавноста има право да знае што има во него. Јавноста исто така беше сведок на првиот скандал во 2019 година поврзан со неформалниот сопруг на министерката Царовска кој добивал набавки во четири очи. Вкрстената проверка на порталот Лидер во Управата за јавни приходи и Централниот регистар, лани покажа дека Горан Георгиевски е единствен сопственик на компанијата „ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ“ – Скопје. Компанијата е основана во 2015 година а од тогаш па наваму во три набрати добила пари од државата. Последниот договор, Георгиевски го склучил со АД МЕПСО на 10.04.2018. Според него, „ФЛАЈ КЕМ“ за потребите на МЕПСО обезбедила некакви  „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“, вкупната вредност на договорот 779.980 денари. Според договорот кој е склучен без тендер туку во четири очи помеѓу директорот на МЕПСО и неформалниот сопруг на Царовска, „ФЛАЈ КЕМ“ се должни да обезбедат и обука за вработените во МЕПСО кои ќе оперираат со дроновите. Јавноста неодамна е сведок и дека министерката за труд и социјална политика од таа позиција стана вицепремиерка, наместо да си даде оставка поради неодговорноста и неработата, а за сето тоа таа беше дури наградена од Заев. За Дамјан Манчевски кој исто така се најде на листата на изборната единица еден се поврзани исто така скандали кој јавноста не ги заборава. Имено ВМРО-ДПМНЕ неодамна објави непотизам и искористување на роднинските врски при поставување на директорски позиции. „Ново поставената директорка на градинката „Буба Мара“ во Аеродром, Елена Устамитова, е во тесна роднинска врска со Министерот за информатичко општество и администрација, како и потпретседател на СДСМ – Дамјан Манчевски, поточно негова братучетка, обвинија неодамна од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром. За вмешаноста на Манчевски во меѓународен скандал поврзан со дигиталниот самит на западен Балкан кој се одржа во Скопје минатиот април пишуваше порталот Лидер. Според документите и податоците до кои стигна „Лидер“, под изговор за наводна крајна итност (иако настанот е најавен од ноември минатата година) Министерството за информатичко општество и администрација без тендер, во четири очи, доделило 12.724.632 денари без ДДВ или приближно 245.000 евра со ДДВ на скопската компании Панекс, ДВД 5 и Дигитал Центар. Компании ги добиле овие 245.000 евра за Техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен балкан 6, 2018 во Скопје. За набавки од ваков карактер според законот предвидена е тендерска процедура, во која ќе се пријават повеќе компании и ќе се изберат најповолните понуди, но, министерот Дамјан Манчевски одлучил во четири очи да им ги даде парите на овие три компании. Инаку скандали има речиси за сите членови на СДСМ кои се најдоа на вчерашните листи за пратеници, но речиси најмногу има за носителот на изборната единица пет Радмила Шекеринска. Шекеринска во јавноста се поврзува од доделување на тендери, набавување на луксузно возило за Шекеринска додека војниците немаат униформи, па се до кумашинот на Бобо и Шекеринска кој станал главен дистрибутер и застапник на „Лотарија на Македонија“, па се до скандалот за кој пишуваше Си-Ен-Ен поврзан со „Дајнерс“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-svedok-na-mnogute-skandali-povrzani-so-nositelite-i-chlenovite-na-listite-na-sdsm-vo-ie1-i-ie5-foto/feed/ 0
Жените се повеќе имаат афери – зошто? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zenite-se-povekje-imaat-aferi-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zenite-se-povekje-imaat-aferi-zoshto/#respond Sat, 06 Oct 2018 10:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=111520

Американската писателка Венсдеј Мартин во својата најнова книга се занимава со темата машко-женски односи… Таа истражува неверства и причини за развод. Зошто дамите се повеќе влегуваат во афери? Таа тврди дека неверствата кај женската популација е во постојан раст, а тоа затоа што има недостаток од интимност, но и каков тип на маж бираат за авантура. Значи таа како главна причина за неверство го издвојува недостатокот на интимност со партнерот или желбата за сексуална различност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zenite-se-povekje-imaat-aferi-zoshto/feed/ 0