африка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 10:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png африка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гутереш повика светот да ја направи Африка „суперсила за обновлива енергија“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-svetot-da-ja-napravi-afrika-supersila-za-obnovliva-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-svetot-da-ja-napravi-afrika-supersila-za-obnovliva-energija/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=874736

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска апелираше до светот да ја направи Африка „суперсила за обновлива енергија“. - Обновливите извори на енергија би можеле да бидат африканското чудо, изјави генералниот секретар на ОН, кој се обрати на африканскиот климатски самит во кенискиот главен град Најроби. Тој нагласи дека „мора да работиме заедно за да ја направиме Африка суперсила на обновливи извори на енергија“. Гутереш апелираше до лидерите на Г-20, кои се состануваат овој викенд во Индија, да преземат одговорност во борбата против климатските промени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-svetot-da-ja-napravi-afrika-supersila-za-obnovliva-energija/feed/ 0
ЕУ има голем проблем во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ima-golem-problem-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ima-golem-problem-vo-afrika/#respond Sat, 02 Sep 2023 07:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=873633

Министрите за надворешни работи и одбрана на Европската унија, кои по летната пауза се состанаа во шпанскиот град Толедо, преокупирани се и со низата државни удари во западна Африка. Првенствено во пространиот Нигер, но и со последното доаѓање на власт на воена хунта во Габон. Тоа го покажува и слабеењето на влијанието и политичките неуспеси на Европската унија во африканскиот регион Сахели пошироко. „Јасно е дека пучот во Нигер отвора нова ера на нестабилност во регионот кој и онака веќе беше кревок“, изјави во Толедо претставникот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел. Иако истакна дека воените удари никогаш не се решение, Борел сепак направи разлика меѓу Нигер иГабон. Во Габон исто семејство владееше пет децении и постоеја сомневања во правилноста на одржаните последни избори, додаде Борел. Од друга страна, пучот во Нигер е  вистински проблем за ЕУ, која во оваа африканска земја гледаше клучен сојузник во борбата против ширењето на регионални исламистички групи, кои се силни во соседните Нигерија и Мали. Во Нигер војската во јули го собори претседателот Мохамед Базум, а многу граѓани на улиците на главниот град Нијамеј го поздрави пучот, а некои од нив носеа руски знамиња. Ќе има ли војна? На дводневниот собир европските министри договорија воспоставување законски рамки за санкции против водачите на пучот во Нигер, слични на санкциите кои ги воведе ЕКОВАС, економскиот блок држави на западна Африка. Всушност, на состанокот во Толедо присуствуваа и претставници на таа африканска организација, како и шефот на дипломатјата на Нигерија. ЕКОВАС досега не постигна сосгласност околу воена интервенција во Нигер,  иако некои држави ја споменуваат таа опција. Борел не сакаше да се истрчува, изјави дека ЕУ, во поглед на евентуална интервенција, прво ќе сочека да види што предлага ЕКОВАС. „Африкански решенија за африкански проблеми. Ние сме во фаза на слушање и исчекување“, изјави шпанскиот дипломат. Појасен беше италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани: „Ние се залагаме за дипломатски решенија, а не за воена акција против Нигер.“ Загриженост поради Вагнер Со Нигер Европската унија го загуби последниот битен партнер во зоната Сахел, во последните три години пучеви се изведени и во Буркина Фасо, Гвинеја и Мали. ЕУ е загрижена поради очигледното јакнење на анти-француска атмосфера во набројаните држави кои порано беа француски колонии. Друга причина за загриженост во Брисел е што руската платеничка паравојска Вагнер го зајакнува присуството во Мали, Буркина Фасо и Централноафриканската Република. „Зад пучот во Нигер не стојат Русите,но ќе ја искористат ситуацијата и нестабилноста за нова колонизација. Кина ќе го направи истото, но и Русите во овој момент се многу опасни поради Вагнер“, изјави Тајани. Никој на состанокот во Толедо немаше волшебен одговор на овие проблеми. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека е важно демократиите да ги поддржуваат загрозените демократии. Нејзиниот ирски колега Мајкл Мартин повика во Африка, освен од безбедносен аспект, да се зборува и за постојани „вложувања во луѓе, во хуманитарна и развојна димензија.“ Дали Французите си заминуваат? Додека тоа се подолгорочни прашања, поитно е она дали француските единици ќе останат во Нигер.Неодамна целосно се повлекоа од Мали по заострувањето на односите меѓу двете земји. И воената хунта во Нигер ги повикува да се повлечат. Мартин Ронкереј, експерт од Европскиот центар за управување со развојна политика, смета дека на Французите не им е паметно да одржуваат воено присуство по секоја цена. „Многумина сега велат дека Французите треба целосно да се повлечат и практично да заборават на сите свои интереси во Африка. Тоа посебно важи за Нигер“, вели тој за ДВ. Аналитичарот додава дека не би требало да има залажување дека анти-француските чувства се само реторика на воените хунти, а не исостојба на јавното мислење. „Сметам дека е логично таму да се шират хоризонтите, наместо потпирање само на Франција.“ (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ima-golem-problem-vo-afrika/feed/ 0
Чадот од шумскиот пожар во Грција стигнал до Северна Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chadot-od-shumskiot-pozhar-vo-grtsija-stignal-do-severna-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chadot-od-shumskiot-pozhar-vo-grtsija-stignal-do-severna-afrika/#respond Tue, 18 Jul 2023 12:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=857759

Поради силниот ветер, чадот од пожарот во близина на Атина поминал речиси 700 километри и рано утрово стигнал до крајбрежјето на Северна Африка, пишува грчкиот портал Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот објави сателитска снимка обработена од Националната опсерваторија во Атина на која се гледа чадот од шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, што речиси стигнува до Северна Африка. Чадот, според порталот, поради силниот североисточен ветер поминал речиси 700 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chadot-od-shumskiot-pozhar-vo-grtsija-stignal-do-severna-afrika/feed/ 0
Сушата на Рогот на Африка е комбинација од недостиг на дожд и високите температури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-na-rogot-na-afrika-e-kombinatsija-od-nedostig-na-dozhd-i-visokite-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-na-rogot-na-afrika-e-kombinatsija-od-nedostig-na-dozhd-i-visokite-temperaturi/#respond Thu, 27 Apr 2023 07:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=828146

Сушата што го зафати Рогот на Африка е резултат на комбинација од недостиг на дожд и високите температури до кои не можеше да дојде без човечкото влијание. „Климатските промени предизвикани од човечки активности ги направија сушите на земјоделските култури на Рогот на Африка за околу 100 пати поверојатни. Истражувањето го објавија група научници од World Weather Attribution (WWA). Од крајот на 2020 година, земјите од Рогот на Африка (Етиопија, Еритреја, Сомалија, Џибути, Кенија и Судан) доживуваат суша од катастрофални размери што не се забележани во претходните 40 години. Според наодите на 19-те научници кои работеле на извештајот, климатските промени имале „мало влијание врз неодамнешните годишни врнежи во регионот“. Меѓутоа, тие силно влијаеле врз зголемувањето на температурата, што е одговорна за наглото зголемување на транспирацијата кај растенијата, што доведе до рекордно сушење на почвата и сушење на растителните видови. Следејќи неколку параметри, научниците заклучија дека е „јасно“ дека климатските промени се неопходен услов за да се случи толку голема суша.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushata-na-rogot-na-afrika-e-kombinatsija-od-nedostig-na-dozhd-i-visokite-temperaturi/feed/ 0
ОН: Во Африка идната година ќе има 48 милиони гладни, најмногу во Мали, Буркина Фасо и Нигерија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-vo-afrika-idnata-godina-kje-ima-48-milioni-gladni-najmnogu-vo-mali-burkina-faso-i-nigerija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-vo-afrika-idnata-godina-kje-ima-48-milioni-gladni-najmnogu-vo-mali-burkina-faso-i-nigerija/#respond Fri, 16 Dec 2022 17:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=776778

Бројот луѓе кои се борат за да се прехранат во Западна и Централна Африка се очекува да се зголеми на рекордни 48 милиони до средината на 2023 година, соопштија денеска ОН. Околу 35 милиони луѓе или околу осум отсто од населението, се соочени со несигурност во обезбедувањето храна во тој дел од континентот, покажуваат податоците на ОН. Многу земји се засегнати од комбинација на конфликти, климатски промени и раст на цените. Чад и Нигерија беа особено погодени од поплавите оваа година. Според Светската програма за храна, земјите во кои е најзразена заканата од глад се Мали, Буркина Фасо и Нигерија. Трите држави водат војна против радикалните исламистички бунтовници, што доведе до раселување милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-vo-afrika-idnata-godina-kje-ima-48-milioni-gladni-najmnogu-vo-mali-burkina-faso-i-nigerija/feed/ 0
САД најавија помош од 2,5 милијарди долари за безбедност на храната во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najavija-pomosh-od-2-5-milijardi-dolari-za-bezbednost-na-hranata-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najavija-pomosh-od-2-5-milijardi-dolari-za-bezbednost-na-hranata-vo-afrika/#respond Fri, 16 Dec 2022 06:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=776279

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа најави нова американска помош од 2,5 милијарди долари за безбедност на храната во Африка, за време на самитот во Вашингтон на кој се собраа околу 50 африкански лидери. Американскиот претседател и Африканската унија исто така одлучија да воспостават „стратешко партнерство“ за да го решат проблемот со несигурноста на храната во светот, влошен со војната во Украина, се вели во заедничкото соопштение од самитот. Бајден претходно се залагаше за подобра застапеност на Африка во светските институции, вклучително и во Советот за безбедност и во Г20, група која ги обединува најголемите светски економски сили. – САД се целосно за Африка и со Африка, нагласи американскиот претседател.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najavija-pomosh-od-2-5-milijardi-dolari-za-bezbednost-na-hranata-vo-afrika/feed/ 0
Бајден најави милијарди американски долари помош и инвестиции во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-najavi-milijardi-amerikanski-dolari-pomosh-i-investicii-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-najavi-milijardi-amerikanski-dolari-pomosh-i-investicii-vo-afrika/#respond Thu, 15 Dec 2022 12:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=776116

Американскиот претседател Џо Бајден на Самитот со африканските лидери во Вашингтон најави милијарди американски долари помош и инвестиции во Африка, пренесува денеска Би-Би-Си. – САД ставија сè на коцка за иднината на Африка, рече Бајден на Самитот со 49 африкански лидери. Тоа е прв таков состанок во организација на Вашингтон во последните осум години. Со него, САД сакаат да го зајакнат своето влијание во Африка и да го сузбијат влијанието на Кина. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги залади односите со многу африкански лидери со своите политички одлуки и навредливи коментари. Бајден зазеде сосема поинаков пристап, зборувајќи оптимистички за подобри односи со Африка и порачувајќи на собирот дека „кога Африка е успешна, САД се успешни“. – Искрено говорејќи, успешен е и целиот свет, рече Бајден. Тој рече дека на кризите со кои се соочува светот им треба африканско лидерство, идеи и иновации и вети дека ќе продолжи градењето на „виталните“ инвестиции во Африка на претходните американски влади. За таа цел, пред тридневниот самит што завршува денеска, советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека САД ќе доделат 55 милијарди американски долари за Африка во следните три години. Во говорот во средата, Бајден рече дека ќе инвестира 500 милиони американски долари за намалување на транспортните трошоци во клучното западно-африканско пристаниште во Бенин. Тој ги спомена и 350-те милиони долари што ќе се одвојат за зајакнување на дигиталната економија и рече дека на американско-африканскиот бизнис форум се склучени договори во вредност од 15 милијарди долари. САД, исто така, ќе потпишат меморандум со африканската континентална зона за слободна троговија, една од најголемите во светот, што ќе „создаде нови можности за трговија и инвестиции“ меѓу САД и Африка. На маргините на Самитот вчера Бајден одвоено се сретна со шест африкански лидери кои во 2023 година ги очекуваат избори, повикувајќи ги изборите да бидат слободни. Пред крајот на Самитот, Бајден би требало да го поддржи приемот на Африканската унија во постојано членство на групата Г20. Се очекува, тој да најави посета на тој континент идната година.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-najavi-milijardi-amerikanski-dolari-pomosh-i-investicii-vo-afrika/feed/ 0
САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-i-dadat-55-milijardi-dolari-na-afrika-vo-slednite-tri-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-i-dadat-55-milijardi-dolari-na-afrika-vo-slednite-tri-godini/#respond Tue, 13 Dec 2022 06:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=774675

САД ќе и доделат 55 милијарди долари за Африка во следните три години, соопшти Белата куќа додека американскиот претседател Џо Бајден се подготвува за американско-африканскиот самит оваа недела во Вашингтон. На него тој ќе разговара со африканските лидери за изборите во 2023 година и за состојбата на демократијата. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека САД на тој форум ќе понудат ресурси за економски развој, додавајќи дека посветеноста на Вашингтон за инвестирање во земјите на африканскиот континент е релативно голема во споредба со другите земји. Бајден утре среда ќе организира свечена вечера за околу 50 африкански лидери и ќе ја објави својата поддршка за пристапувањето на Африканската унија во Г20. Американскиот претседател инсистира дека меѓу постојаните членки на Советот за безбедност на ОН треба да има и африканска земја. Од почетокот на својот мандат, Бајден посети многу земји во Азија, Европа и Блискиот Исток, но до сега не отпатувал во Африка.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-i-dadat-55-milijardi-dolari-na-afrika-vo-slednite-tri-godini/feed/ 0
ПРЕТАЖНО: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretazno-vo-afrika-na-sekoi-48-sekundi-po-eden-chovek-umira-od-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretazno-vo-afrika-na-sekoi-48-sekundi-po-eden-chovek-umira-od-glad/#respond Fri, 14 Oct 2022 14:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=745440

Британската меѓународна хуманитарна организација Оксфам соопшти дека на секои 48 секунди во Источна Африка по едно лице умира од глад, јави агенцијата Анадолија. Оксфам наведе дека хуманитарната ситуација во Кенија, Сомалија и Етиопија се влошува и дека Сомалија ја има најголемата суша од 2011 година. Во соопштението се посочува дека нема доволно врнежи во Источна Африка во четирите сезони на дождови и дека се очекува дождовната сезона да биде слаба во следните три месеци. Исто така се наведува дека климатските промени уништија голем дел од посевите и ги натераа сопствениците на добиток да го напуштат традиционалниот начин на живот. Во соопштението се наведува дека од мај бројот на луѓе кои умреле од глад е зголемен во Сомалија, Кенија и Етиопија. Од Оксфам истакнуваат дека на секои 48 секунди умира по едно лице. Оксфам, исто така, објави дека се потребни дополнителни три милијарди долари за да се достави соодветна помош за оние на кои им треба во Јужен Судан, Сомалија, Кенија и Етиопија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretazno-vo-afrika-na-sekoi-48-sekundi-po-eden-chovek-umira-od-glad/feed/ 0
Во Африка парализирани аеродромите поради штрајкот на контролорите на лет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-afrika-paralizirani-aerodromite-poradi-shtrajkot-na-kontrolorite-na-let/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-afrika-paralizirani-aerodromite-poradi-shtrajkot-na-kontrolorite-na-let/#respond Sat, 24 Sep 2022 13:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=736919

Штрајкот на контролорите на лет од вчера го парализираа авиосообраќајот во неколку африкански аеродроми. Контролорите на лет бараат подобри услови за работа и подобар систем за напредување. Штрајкот, што почна вчера во 10 часот по средноевропско време, е во организација на Унијата на синдикати на контролори на летови и е предвидено да трае 48 часа. Агенцијата за безбедност на авиосообраќајот во Африка и на Мадагаскар има 18 земји-членки, поголемиот број франкофонски држави. Авиосообраќајот поради штрајкот е во прекин во Абиџан, Брег на Слонова Коска, во Уагадугу, Буркина Фасо, во Бомако, Мали како и на аеродромите во Камерун. Во вчерашното соопштение од АСЕЦНА се изразува жалење поради „неслужбениот штрајк“, бидејќи истиот беше забранет од националните судови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-afrika-paralizirani-aerodromite-poradi-shtrajkot-na-kontrolorite-na-let/feed/ 0