африканска чума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 14:12:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png африканска чума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomalite-svinarski-farmi-vo-karbinskiot-region-stravuvaat-od-afrikanskata-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomalite-svinarski-farmi-vo-karbinskiot-region-stravuvaat-od-afrikanskata-chuma/#respond Sat, 09 Sep 2023 14:40:42 +0000 https://kurir.mk/?p=876357

Сопствениците на мали фарми стравуваат од африканската свинска чума. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека никому не му е јасно како болеста успеала да зафати една од најголемите фарми, па од таа причина стравуваат дека малите фарми се многу полесна мета. Преземени се и сите мерки за поголема заштита на фармите. - Стравуваме, како не. Таа е најголема фарма за свинско месо и е една со најголемите био-сигурносни мерки, со најдобро обезбеден режим на движење, меѓутоа и таму се појави. Од што дојде и како дојде, никому не му е јасно. Моментално, во малите фарми што се околу фармата, уште нема никаде појавено од свинската чума, па ќе видиме натаму, вели Сарафимов. Тој посочува дека болеста не е опасност за луѓето, туку само за животните, а нејзини преносители најчесто се дивите свињи. Од таа причина, смета Сарафимов, требало да се преземат мерки со цел да се спречи ризикот од болеста. - И таа африканска свинска чума не е нешто страшно за луѓето, да не се плашат за исхраната, всушност, од тоа не се ни дава на исхрана, тие свињи се нештетно уништуваат. Меѓутоа, да не се крева паника, не е тоа нешто заразно за луѓето, таа се пренесува само од животни на животни, најмногу ја пренесуваат дивите свињи. Требаше уште поодамна да се преземе нешто за намалување на бројот на дивите свињи, уништувањето на дивите свињи и на тој начин да се намали ризикот од африканската свинска чума, додава Сарафимов. Инаку, на 25 претходниот месец, болеста африканска свинска чума беше потврдена во поголема фарма во селото Таринци, а закопувањето на околу 9.000 свињи започна во средата. Од АХВ посочија дека евтаназијата се спроведува со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна евтаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomalite-svinarski-farmi-vo-karbinskiot-region-stravuvaat-od-afrikanskata-chuma/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта со својата неспособност дозволи појава на африканска чума и милионски штети за сточарите, одговорност ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-so-svojata-nesposobnost-dozvoli-pojava-na-afrikanska-chuma-i-milionski-shteti-za-stocharite-odgovornost-ke-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-so-svojata-nesposobnost-dozvoli-pojava-na-afrikanska-chuma-i-milionski-shteti-za-stocharite-odgovornost-ke-ima/#respond Sat, 02 Sep 2023 07:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=873627

Неспособноста и некадарноста на власта носат пустош во земјоделството и сточарство. Како резултат на нивната несериозност, во Македонија се појави африканската чума и под ризик е ставена целата популација од 150.000 свињи во земјава, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заради несериозниот пристап на министерот Љупчо Николовски и директорот на АХВ Николче Бабавоски, африканската свинска чума е регистрирана на огромна фарма во Таринци каде загрозени се 10.000 свињи кои се под закана да бидат уништени, а штетата е толку голема што може да изнесува над 2,5 милиони евра. Бидејќи власта немаше слух и не пристапи сериозно на овој проблем, не донесе навремени соодветни мерки или се носеа некакво провидни колку да се каже, Македонија може да остане без најбрзорастечката сточарска индустрија во ресорот земјоделие, свињарството. Цела гранка може да згасне поради нивната ароганција и неспособност, а со тоа македонските граѓани и сточарите без единствената свежа домашна суровина – свинското месо, се наведува во соопштението. Од партијата велат дека доколку власта  навремено ги слушаше решенијата од ВМРО-ДПМНЕ и мерките кои ги предлагаа, ова можеше да се спречи. -Но, нивната ароганција и немањето капацитет за работа не им дозволија да ги послушаат советите и сега го загрозија свињарството во земјава. Проблемот е пресериозен и потребна е итна реакција. Бидејќи фармерите се оставени од власта сами на себе, апелираме на подигање на биосигурносните мерки на највисоко можно ниво како единствен ефикасен начин на превенција од болеста. Воедно власта која уништува се што стигне треба да знае дека за брзо доаѓа време за одговорност за катастрофата која и ја носи на Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-so-svojata-nesposobnost-dozvoli-pojava-na-afrikanska-chuma-i-milionski-shteti-za-stocharite-odgovornost-ke-ima/feed/ 0
Во велешкиот регион нема африканска чума, ветеринарните екипи континуирано ја следат состојбата на терен https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshkiot-region-nema-afrikanska-chuma-veterinarnite-ekipi-kontinuirano-ja-sledat-sostojbata-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshkiot-region-nema-afrikanska-chuma-veterinarnite-ekipi-kontinuirano-ja-sledat-sostojbata-na-teren/#respond Fri, 04 Aug 2023 14:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=863461

Ветеринарните екипи редовно се на терен во велешкиот поширок регион во општините Велес, Градско и Чашка и вршат клинички прегледи кај свињите и кај одгледувачите на свињи по фармите и кај поеденичните одгледувачи во селата. Засега состојбата е стабилна и болеста не е констатирана во овој регион, информира за МИА, д-р Диме Димитриевски ветеринар и директор на Ветеринарната станица Велес. -Но поради присуството на болеста африканска чума во соседните земји, редовно ја следиме состојбата кај свињите и сме во постојан контакт со одгледувачите. Но загрижува фактот што не знаеме каква е состојбата со дивите свињи. Тие лесно можат да ја пренесат болеста, но засега немаме информации од ловечките здруженија, потенцира д-р Димитриевски. Тој појаснува дека нивните екипи по фармите и кај индивидуалните одгледувачи на свињи ги контролираат условите во кои се одгледуваат свињите и биосигурносните мерки во одгледувалиштата. Воедно нивните ветеринарни екипи на поширокиот велешки регион континуирана се на терен и вадат крв за испитување на болеста бруцелоза кај овците и говедата. Притоа, констатирано е дека кај овците и говедата нема бруцелоза. Ветеринарните екипи испитуваат и присуство на туберколоза кај говедата. Воедно вршат и редовен годишен попис на стоката во овој регион, а конечната бројка ќе се знае до крајот на септември. Од увидот на терен ветеринарите констатирале дека бројот на стоката од година во година за жал е во драстично опаѓање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshkiot-region-nema-afrikanska-chuma-veterinarnite-ekipi-kontinuirano-ja-sledat-sostojbata-na-teren/feed/ 0
Србија: Еутанизирани се 17.888 свињи поради африканска чума https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-eutanizirani-se-17-888-svini-poradi-afrikanska-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-eutanizirani-se-17-888-svini-poradi-afrikanska-chuma/#respond Fri, 28 Jul 2023 11:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=861099

Во Србија досега од вкупно 1.068 фарми на територијата на 32 општини се потврдени 1.569 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи, од кои угинале 782 животни, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 17.888 свињи се еутанизирани во заразените фарми со безопасно отстранување и дезинфекција на фармата. -Републичката ветеринарна инспекција, сообраќајната полиција и Обвинителството денес спречија транспорт на 22 потенцијално заболени свињи на територијата на градот Чачак, а против возачот на камионот ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува на веб-страницата на Министерството за земјоделство. Заразата стана регионален проблем, поради кој е договорена потребата од заедничко дејствување на БиХ, Србија и Хрватска за да се стави болеста под контрола, бидејќи експертите сметаат дека свинската чума најмногу ќе се шири по сливот на реката Сава. Ќе биде побарана помош и од Европската комисија. Директорот на Ветеринарната управа на Србија, Милош Петровиќ, изјави дека овој проблем со африканската чума влијае на економијата на земјите, изразувајќи надеж дека денешната средба ќе придонесе за подобра синхронизација и заеднички чекори во борбата против оваа заразна болест. Директорката на Управата за ветеринарна медицина и безбедност на храна при Владата на Хрватска, Татјана Карачиќ изјави дека првиот случај на африканска свинска чума во Хрватска е регистриран пред еден месец на подрачјето на Гуња и Дреновац и дека е потребна континуираната соработка во борбата против оваа болест на трите земји и државни служби за ветеринарна медицина. -Епидемиолошките истражувања и изолацијата на вирусот покажаа дека се работи за идентичен вирус кој циркулира низ регионот – од Грција, Бугарија, Србија до Хрватска, така да само со заеднички пристап можеме успешно да дејствуваме, рече таа. Директорот на Ветеринарната канцеларија на БиХ, Саша Бошковиќ, рече дека е неопходна заедничка акција на БиХ, Србија и Хрватска кон Европската комисија, Светската здравствена организација за заштита на здравјето на животните и ФАО во однос на барање финансиска помош за санирање на штетата предизвикана од избувнувањето на африканската чума и без заеднички активности на владите на овие земји немаат победа над оваа болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-eutanizirani-se-17-888-svini-poradi-afrikanska-chuma/feed/ 0
Жариште на африканска чума кај свињи на фарма во Бијелина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zharishte-na-afrikanska-chuma-kaj-svini-na-farma-vo-bijelina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zharishte-na-afrikanska-chuma-kaj-svini-na-farma-vo-bijelina/#respond Fri, 23 Jun 2023 12:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=848982

Босна и Херцеговина соопшти за појава на жариште на африканска чума кај свињите на нејзина територија, соопшти денеска Светската организација за здравствена заштита на животните. Болеста е откриена во свињарска фарма во градот Бијелина, во Република Српска, посочуваат од организацијата, повикувајќи се на извештај на босанските власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zharishte-na-afrikanska-chuma-kaj-svini-na-farma-vo-bijelina/feed/ 0
Нов случај на африканска чума кај свињи во село Петралица, Ранковце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-svini-vo-selo-petralitsa-rankovtse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-svini-vo-selo-petralitsa-rankovtse/#respond Tue, 20 Jun 2023 14:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=847857

Врз основа на лабораториски наоди кои вчера, доцна попладне ги доби Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Институтот за ветеринарна медицина при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, кое се наоѓа во високоризичната зона во однос на оваа болест. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки. Во текот на денешниот ден, донесено е Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција. Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија. Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат. По појавата на болеста ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност. Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар. Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите. Бидејќи е време на летни одмори, до граѓаните апелираме да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо, бидејќи станува збор за болест која исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, за која не постои вакцина и која може да нанесе огромни штети во свињарството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-svini-vo-selo-petralitsa-rankovtse/feed/ 0
Африканска чума се појави во три кумановски села https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/afrikanska-chuma-se-pojavi-vo-tri-kumanovski-sela/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/afrikanska-chuma-se-pojavi-vo-tri-kumanovski-sela/#respond Mon, 03 Oct 2022 16:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=740539

Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг има појава на африканска чума, соопшти денеска општинскиот штаб за заштита и спасување, кој заседаваше денеска заради појава на свинска болест, африканска чума. Штабот ги информира граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители. – Агенцијата за храна и ветеринарство согласно донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста, афричка чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки, забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот ќе го спроведуваат ветеринарните друштва, соопштија од штабот, е наведено во соопштението. Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови сè до добивање на негативен резултат. Животните кои покажуваат клинички знаци ќе се убијат и нештетно ќе се отстранат и од нив ќе бидат земени (органи) за лабораториско испитување. – Трошоците за клинички преглед и лабораториски испитувања се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, со запазување на сите биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалиште. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или убиени свињите, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Република Северна Македонија, наведуваат од штабот. Штабот им препорача на одгледувачите на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите. Доколку забележат промени кај свињите, веднаш да се обратат во ветеринарна станица. Штабот бара од Дирекцијата за заштита и спасување да им отстапат соодветна механизација (два скипа и два кипери) за опремување на две екипи за теренска работа, во случај на ваква потреба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/afrikanska-chuma-se-pojavi-vo-tri-kumanovski-sela/feed/ 0
ВО ЕК НА АФРИКАНСКА ЧУМА: Несакал да ги еутанизира свињите, па ги пуштил на отворено и ги продавал, доби кривична https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-afrikanska-chuma-nesakal-da-gi-eutanizira-svinjite-pa-gi-pushtil-na-otvoreno-i-gi-prodaval-dobi-krivichna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-afrikanska-chuma-nesakal-da-gi-eutanizira-svinjite-pa-gi-pushtil-na-otvoreno-i-gi-prodaval-dobi-krivichna/#respond Sat, 24 Sep 2022 17:44:04 +0000 https://kurir.mk/?p=736966

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.С.(66), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. -На 29/30.07.2022, со намера да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во с.Цера, ги пренел во с.Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, информира МВР,]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-afrikanska-chuma-nesakal-da-gi-eutanizira-svinjite-pa-gi-pushtil-na-otvoreno-i-gi-prodaval-dobi-krivichna/feed/ 0
Се еутанизираат свињи во Карбинско-штипскиот регион поради африканската чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-eutaniziraat-svinji-vo-karbinsko-shtipskiot-region-poradi-afrikanskata-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-eutaniziraat-svinji-vo-karbinsko-shtipskiot-region-poradi-afrikanskata-chuma/#respond Sat, 24 Sep 2022 14:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=736934

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројата да се дуплира. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите. Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума. – Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес. Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски. Тој потенцираше дека вирусот е отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните. – Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-eutaniziraat-svinji-vo-karbinsko-shtipskiot-region-poradi-afrikanskata-chuma/feed/ 0
Состанок за состојбата со африканската чума кај свињите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostanok-za-sostojbata-so-afrikanskata-chuma-kaj-svinjite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostanok-za-sostojbata-so-afrikanskata-chuma-kaj-svinjite/#respond Mon, 05 Sep 2022 05:19:28 +0000 https://kurir.mk/?p=728686

Ветеринарната комора денеска ќе одржи состанок со претставници на ветеринарни друштва вклучени во активности од јавен интерес, а на кој ќе се разговара за подготвеноста, наредните мерки, проблеми и потешкотии во спроведувањето на активностите за контрола и сузбивање на африканската чума кај свињите. На дневен ред е е известувањето за резултатите од барањето за корекција на цените за активностите од јавен интерес и донесување соодветни  заклучоци за понатамошно делување. Од комората информираат дека го организираат состанакот на барање на ветеринарните друштва со цел да се разгледа целокупната ситуација во контекст на појавата на африканската чума кај свињите во корелација со катастрофалната материјална ситуација на приватниот ветеринарно-здравствен сектор, кој, како што укажуваат, се наоѓа на првата линија на одбрана од заразните болести и претставува важна алка во целокупното јавно здравје. -Докторите по ветеринарна медицина подолг период бараат адекватен општествен третман во поглед на нивниот материјален статус, а незадоволни од ситуацијата од неодамна најавуваат и прекин на својата работа, доколку не се најдат соодветни решенија за финансирање на секторот, информираат од Ветеринарната комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostanok-za-sostojbata-so-afrikanskata-chuma-kaj-svinjite/feed/ 0