африкански држави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Feb 2021 15:36:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png африкански држави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО со предупредување до шест африкански држави по појавата на ебола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-predupreduvanje-do-shest-afrikanski-drzavi-po-pojavata-na-ebola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-predupreduvanje-do-shest-afrikanski-drzavi-po-pojavata-na-ebola/#respond Tue, 16 Feb 2021 15:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=469632

Светска здравствена организација денеска упати предупредување до шест африкански држави да бидат внимателни поради појавата на ебола во Гвинеја и во Демократска Републиак Конго. – Веќе предупредивме шест околни држави, вклучително и Сиера Леоне и Либерија и тие брзо се подготвуваат и ги испитуваат потенцијалните инфекции, истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Харис. Но, таа не ги именува другите држави. Харис посочи дека властите идентификувале речиси 300 контакти со заразени со ебола во ДР Конго и околу 110 во Гвинеја. ДР Конго пријави избивање на болеста на 7 февруари, додека Гвинеја на 14 февруари пријави појава на болеста во југоисточниот дел на земјата. – Не знаеме дали ова е последица на вирусот на ебола што опстојал кај луѓето или повторно имало трансмисија од животни, посочи Харис при тоа додавајќи дека се спроведува генетското секвенцирање за да се утврди потеклото на вирусот. Во текот на последната епидемија на ебола во Западна Африка (2014 – 2016) во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне беа регистрирани 28.000 пациенти од кои 11.310 починаа. Минатата година во источниот дел на ДР Конго од ебола починаа 2.299 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-predupreduvanje-do-shest-afrikanski-drzavi-po-pojavata-na-ebola/feed/ 0
Африканските земји укинуваат дел од рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskite-zemji-ukinuvaat-del-od-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskite-zemji-ukinuvaat-del-od-restriktivnite-merki/#respond Mon, 04 May 2020 15:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=341509

Неколку африкански држави почнаа да ги укинуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус. Во Нигерија од денеска повторно се отворени продавниците, со цел да се придвижи најголемата африканска економија. По 45-дневен карантин во Руанда се намалуваат дел од мерките, но полицискиот час ќе остане во сила, а забранет е влез и излез од главниот град Кигали. Во Јужна Африка на граѓаните ќе им биде дозволено да се вратат на работа, но ќе мора да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и да се придржуваат до правилото за миење раце. Министерството за здравство на Кенија соопшти дека е забележана мала излезност на масовното тестирање на Ковид-19, откако одлуката  наиде на негодвање на јавноста. На социјалните мрежи се појавија видеа од организирање на ноќни погреби во Танзанија, поради што е доведен под сомнеж начинот на кој земјата се справува со пандемијата со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskite-zemji-ukinuvaat-del-od-restriktivnite-merki/feed/ 0