африм гаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 09:18:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png африм гаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гаши за Мерко: „Замрзнување на членството“ е пепел врз очите на јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-za-merko-zamrznuvane-na-chlenstvoto-e-pepel-vrz-ochite-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-za-merko-zamrznuvane-na-chlenstvoto-e-pepel-vrz-ochite-na-javnosta/#respond Fri, 23 Jun 2023 09:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=848909

Лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши за „Дојче Веле“ го претстави својот став откако ДУИ побара „институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко, за сите тврдења од одлуката на Стејт департментот”. „Треба да објасниме што се подразбира под поимот „сеопфатна истрага од институциите“. Да имавме ние достојни институции за истрага, не ќе требаше Соединетите Американски Држави да ни покажат кој е корумпиран и кој влијае врз правосудството. Ние знаеме дека кај нас институциите, особено од областа на правото, се заробени токму од ДУИ, за што ние постојано сме повикувале и посочувале, а сме имале забелешки и од американската амбасадорка во Скопје. Затоа кај нас поимот „сеопфатна истрага од институциите“ е еуфемизам за одолговлекување, судски лавиринти, застарување на дела, саботажа на судски процеси и т.н. За жал, Северна Македонија стана заробена држава на бизнис-кланот на тесното раководството на ДУИ, на кои им успеа да имаат голема сила над институциите, а како што се информираме последните денови, семејствата на Ахмети и Груби влегуваат сега во скапи бизниси на стотици милиони евра, кои сигурно не се постигнати со просечна државна плата“ вели Гаши за „ДВ“. За одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата, Гаши вели: „Замрзнување на членството“ или „прекин на изборниот процес во огранокот на Струга“, е пепел врз очите на јавноста, купување на време, ублажување на угледот на партијата и барање начин на извлекување од калта на американската „црна листа“. Северна Македонија е ДУИ-зирана, особено правосудниот систем. Албанците имаат една поговорка што гласи вака: „За селото што се гледа, не треба докази“. Ако некој уште не ја здогледал оваа ДУИ-зација на државата, тогаш проблемот не е веќе во „селото“, туку во „очите“. Токму ваквите примери, кои ние сме ги воочиле од поодамна, иако секогаш одговорот бил „да им веруваме на институциите“, беше причина ние да предложиме уставен амандман за борба против корупцијата, со тоа што ќе имаме уставно санкционирање на предметите од политичка корупција, така што тие никогаш не ќе може да застарат, како што се случи со предметот за Сашо Мијалков. Ама, како што јавноста знае, ни СДСМ ни ДУИ дури не се произнесоа, а камоли да го прифатат. А како ние можеме да тврдиме дека тежнееме кон ЕУ, ако имаме држава со ваков степен на корупција и интерференција на политиката во правосудството, кое ни го обелоденуваат нашите сојузници, а нашата власт тоа го прекрива и покрива, дури се преправа дека не знаела?!“. На прашање дали по санкцијата од САД за Мерко, дали ДУИ на локален план ја губи довербата и во нејзиниот преостанат бастион Струга, откако ја изгуби во Тетово, Гостивар, Гаши вели: „ДУИ од поодамна ја има изгубено довербата кај албанските гласачи. Земете ги бројките на парламентарните избори од 2016-та и 2020-та година и споредете ги со опозициските гласови. Тие се апсолутни губитници, кои сепак успеваат да се пробиваат на сметка на поделената албанска опозиција, која никако да смогне сили да ги обедини тие гласови и која сега се гледа дека се залага за таа цел. И на локален план вашата констатација е точна. Таа партија е веќе кула од карти, која секој ден пропаѓа. Да беа помудри, ќе ги прифатија поранешните порази, ќе одеа во опозиција, ќе се освежеа и можеби ќе се вратеа со нови сили. Но, тие настојуваа да останат на власт по секоја цена, за на крај да мора да ја платат цената на внатрешно уривање и како што се одвиваат работите – можат да завршат и понижени“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-za-merko-zamrznuvane-na-chlenstvoto-e-pepel-vrz-ochite-na-javnosta/feed/ 0
Гаши од Тетово: Отворени сме за опозициски блок со сите партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-od-tetovo-otvoreni-sme-za-opozitsiski-blok-so-site-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-od-tetovo-otvoreni-sme-za-opozitsiski-blok-so-site-partii/#respond Wed, 15 Mar 2023 19:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=812372

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Тетово одржува средба со структурите на Алтернатива. Ова е втора средба на Гаши по онаа на Куманово, пренесува Топ24. Пред почетокот на средбата Гаши истакна дека централното раководство на партијата одлучило да ја отвори партијата за нов опозициски блок. Запрашан дали имале средби со „Огнената група“ и дали ова отворање важи и за неговата поранешна партија Движењето Беса, Гаши рече дека од утре ќе започнат контактите со сите. „Конкретно во моментов немаме, но денеска имавме состанок на раководството и донесовме одлука да отвориме канал за соработка со останатите субјекти и во наредните денови во иднина ќе гледаме да комуницираме со сите партии. Ние сакаме да комуницираме со сите партии и да видиме потоа која е можноста за соработка“, вели Гаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-od-tetovo-otvoreni-sme-za-opozitsiski-blok-so-site-partii/feed/ 0
Гаши ја условува поддршката за уставните измени со усвојување на амандманот за борба против корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-ja-uslovuva-poddrshkata-za-ustavnite-izmeni-so-usvojuvane-na-amandmanot-za-borba-protiv-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-ja-uslovuva-poddrshkata-za-ustavnite-izmeni-so-usvojuvane-na-amandmanot-za-borba-protiv-koruptsija/#respond Wed, 15 Feb 2023 11:44:33 +0000 https://kurir.mk/?p=800781

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека е песимист дека процесот на уставни измени ќе се спроведе годинава. Тој во гостувањето синоќа на Алсат телевизија изјави дека ќе ги поддржат уставните измени доколку се прифати нивниот амандман за борба против корупцијата со кој се предвидува да нема застарување на овие кривични дела. Според него, прашањето зошто Алтернатива веќе не е дел од Владата треба да му се постави на премиерот и на останатите коалициски партии. -Ние истакнавме дека за нас е особено важно да бидеме верни на договорот. Ние влеговме во Владата на крајот на 2021 година со објавен договор и останавме верни на тој договор и целиот наш политички пат во Владата во текот на 2022 година беше ориентиран во функција на реализација на тие точки од договорот и на крајот премиерот одлучи да смени правец и да ја смени Алтернатива со друг партнер, рече Гаши. Смета дека Ковачевски и Ахмети, покрај политичкото самоубиство што го извршиле, ја убиле и европската иднина на државата. Во однос на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејд, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење. -Во моментот кога влеговме во Владата, и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници, а еден пратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат, додаде Гаши. Во однос на заменик-министерот за култура Даим Лучи, за кој смета дека е се уште член на Алтернатива, Гаши рече дека доколку не биде разрешен тогаш неговото останување во Владата ќе биде уште една потврда дека има некаков договор -Како партија треба да одлучиме што ќе правиме со луѓето што заминуваат и не ги почитуваат партиските одлуки бидејќи одлуката за повлекување од Влада и за излегување во опозиција е едногласно усвоена на Централното собрание. Ќе го дискутираме во партијата неговиот потег и ќе одлучиме што ќе правиме бидејќи е прекршување на одлуката на партијата, вели Гаши. Во предлогот за реконструкција на Владата што премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието, заменик-министерот Даим Лучи, кој е избран на предлог на Алтернатива, не е на листата за смена. На листата предложени за разрешување се тројцата министри и двајца од заменик-министрите од редовите на партијата на Африм Гаши. За влез во Владата во 2021 година, според договорот Гаши-Заев, Алтернатива доби три министерски места, три места на заменици министри и директорски позиции во неколку институции на централно и локално ниво.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-ja-uslovuva-poddrshkata-za-ustavnite-izmeni-so-usvojuvane-na-amandmanot-za-borba-protiv-koruptsija/feed/ 0
Гаши: Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-alternativa-izleguva-od-vladinata-koalitsija-i-ke-deluva-kako-opozitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-alternativa-izleguva-od-vladinata-koalitsija-i-ke-deluva-kako-opozitsija/#respond Sun, 12 Feb 2023 17:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=799579

Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција, најави претседателот на партијата Африм Гаши по состанокот на Централно собрание во партиското седиште во Тетово. -Донесовме конечна одлука. Одлучивме дека Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија, рече Гаши. На новинарско прашање тој најави дека ќе гласат за уставните измени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-alternativa-izleguva-od-vladinata-koalitsija-i-ke-deluva-kako-opozitsija/feed/ 0
Гаши: Компромис е можен, но прво да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-kompromis-e-mozhen-no-prvo-da-zavrshat-pregovorite-pomegu-sdsm-i-alijansa-za-albantsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-kompromis-e-mozhen-no-prvo-da-zavrshat-pregovorite-pomegu-sdsm-i-alijansa-za-albantsite/#respond Wed, 01 Feb 2023 20:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=794886

Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите. Оваа изјава ја даде Африм Гаши лидерот на Алтернатива на паузата од состанокот со членството во Гостивар. Гаши напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија. Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада. -Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.
Од позиција на прв човек на партијата, тој нагласува дека Алтернативата засега нема црвени линии за коалициските партнери и дека е подготвен е на компромис за отстапување на некои министрски позции. Партиското раководство на Алтернатива вечерва има состанок на кој меѓу другото се разговара и за натамошните чекори кои би се презеле при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата. Тој потсети дека нивното придружување во владината коалиција било поставено на два главни столбови: политичкиот договор од девет точки и преземање на одговорности и функциите кои требаше да ги преземат. Појасни дека на овие состаноци со членството ги дискутираат можните импликации од останување или напуштање на коалициската Влада. Гаши напомена дека во моментов нема никаква понуда за која би се разговарало во партијата за се донесе заклучок и да се разговара со идните коалициски партнери Првиот човек на Алтернатива на прашањето зошто денеска го одбраа Гостивар и дали тоа има некоја посебна порака истакна дека ова се редовни партиски активности преку кои потесното раководство е во контакт со членството и ограноците и не се во корелација со актуелните политички збиднувања. Минатата недела, рече, бевме во Тетово, оваа недела сме во Гостивар, за наредната ќе се договориме.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-kompromis-e-mozhen-no-prvo-da-zavrshat-pregovorite-pomegu-sdsm-i-alijansa-za-albantsite/feed/ 0
Еди Рама во Тирана ги поканил лидерите на сите партии на Албанците од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edi-rama-vo-tirana-gi-pokanil-liderite-na-site-partii-na-albancite-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edi-rama-vo-tirana-gi-pokanil-liderite-na-site-partii-na-albancite-od-makedonija/#respond Sat, 07 Jan 2023 13:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=784421

Премиерот на Албанија, Еди Рама ги поканил сите лидери на политичките партии на Албанците од Македонија на средба во вторник во Тирана, пишува Алмакос. На средбата биле поканети лидерите на ДУИ, на Алијанса за Албанците, Беса и на Алтернатива, Али Ахмети, Арбен Таравари, Билал Касами и Африм Гаши. На тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговара за политичката случувања во земјата, за скандалите во Македонија, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот, пишува Алмакос.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edi-rama-vo-tirana-gi-pokanil-liderite-na-site-partii-na-albancite-od-makedonija/feed/ 0
Алтернатива бара меѓународна ревизија на „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-bara-megjunarodna-revizija-na-monstrum-divo-naselje-maliot-almir-i-alfa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-bara-megjunarodna-revizija-na-monstrum-divo-naselje-maliot-almir-i-alfa/#respond Fri, 18 Nov 2022 15:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=763024

Ковачевски не добил никакво писмо од Гаши, велат за „Слободен печат“ од Владата, па нејасно е дали и кога ќе расправа за барањето на Алтернатива – повторно отворање на судските случаи – кое беше едно од условите партијата да стане дел од власта. Барањето на Алтернатива за меѓународна ревизија на судските случаи „Монструм“, „Диво Насеље“, „Малиот Алмир“, „Алфа“ деновиве се очекува да се најде кај премиерот Димитар Ковачевски, а тој да го препрати до Европската комисија. Партијата на Африм Гаши се сомнева дека овие случаи се политички монтирани и нивното повторно отворање беше услов таа да влезе во Владата. Ковачевски не добил никакво писмо од Гаши, велат за „Слободен печат“ од Владата, па нејасно е дали и кога Владата ќе расправа за барањето на Алтернатива. -Го известив амбасадорот дека веќе го доставив до премиерот предлог-писмото подготвено од Алијанса и очекуваме тоа да помине во Влада, а потоа Владата да се обрати до Европската комисија. Изразивме надеж дека овие две прашања ќе помогнат во зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото, враќајќи ја довербата на граѓаните во државните институции“, соопшти Гаши. Целиот текст на „Слободен печат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-bara-megjunarodna-revizija-na-monstrum-divo-naselje-maliot-almir-i-alfa/feed/ 0
Раскол во Алтернатива: Гаши за 10 дена да иницира разрешување на министерот за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-alternativa-gashi-za-10-dena-da-inicira-razreshuvanje-na-ministerot-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-alternativa-gashi-za-10-dena-da-inicira-razreshuvanje-na-ministerot-za-zdravstvo/#respond Mon, 14 Nov 2022 12:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=760288

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, да иницира разрешување на министерот за здравство, Беким Сали, поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството, побара на прес-конференција чаирскиот огранок на Алтернатива. На Гаши му даваат 10 дена рок да го разреши Сали, бидејќи претседателот, иако знаел за незадоволството во огранокот од министерот, досега ништо не презел. Од огранокот не открија како ќе постапат, доколку Гаши не побара разрешување на Сали. – Неколку месеци не добивме одговор од претседателот Гаши иако сме загрижени за нереализираните партиски цели од министерот за здравство. Бидејќи министерот е предложен од нашиот огранок, нормално е реакцијата да дојде од нас. Со голема огорченост известуваме дека сите точки кои не дефинираат како Алтернатива се погазени од министерот Сали. Реагираме за неспособноста и нереализацијата на министерот во реализацијата на нашите политики. Сали ги погази сите точки на нашата партија. Местата кои ни следуваа според политичкиот договор од пред една година на Универзитетските клиники и претседател на управниот одбор во Фондот за здравство не се реализирани. Неунапредување на албански кадри, ниту еден шеф на одделение, ниту една главна сестра. Реагираме за неспособноста и неефикасноста на министерот. Апелираме до претседателот на партијата во рок од 10 дена да иницира разрешување на министерот, велат од чаирскиот огранок на Алтернатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raskol-vo-alternativa-gashi-za-10-dena-da-inicira-razreshuvanje-na-ministerot-za-zdravstvo/feed/ 0
Гаши и Трајанов не дошле на средбата со лидерите на парламентарното мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-i-trajanov-ne-doshle-na-sredbata-so-liderite-na-parlamentarnoto-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-i-trajanov-ne-doshle-na-sredbata-so-liderite-na-parlamentarnoto-mnozinstvo/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=711312

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите рече дека не се подготвува за предвремени избори, потсетувајќи ја притоа опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки имајќи предвид дека сто дена пред вакви избори е потребно формирање техничка Влада. Џафери рече исто така дека е преурането да ги коментира најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог. -Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација, истакна претседателот на Собранието. Во врска со актуелните случувања во Парламернтот со немањето кворум и активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери беше дециден дека пратениците треба да си ја заработат платата и да бидат во салата, а дека проблемите во владејачката коалиција треба да се решаваат политички, а не со неприсуство и негласање на законите. -Не е прашањето на еден субјект, туку еден па друг субјект. Ако односите во извршната власт имаат проблем поради политичките договори, треба таму да ги решаваат. Мене политички договори не ме интересираат. Овде сме дојдени за гласање на закони, рече Џафери. На средбата со лидерите на парламентарното мнозинство не присуствувале Африм Гаши од Алтернатива и Павле Трајанов од ДС. -Има две решенија или ќе бидеш присутен или ќе го распуштиш Собранието или направи друго мнозинство. Должни се да присуствуваат на седница, истакна тој. Грешат ако сметаат дека Собранието, како што потенцира, е точката каде што ќе поставуваат ултиматум. Не ме условуваат мене, туку граѓаните, рече претседателот на Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-i-trajanov-ne-doshle-na-sredbata-so-liderite-na-parlamentarnoto-mnozinstvo/feed/ 0
Гаши: Во политиката сме поради интелектуален и морален поттик за добро на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-vo-politikata-sme-poradi-intelektualen-i-moralen-pottik-za-dobro-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-vo-politikata-sme-poradi-intelektualen-i-moralen-pottik-za-dobro-na-drzavata/#respond Sun, 15 May 2022 14:39:26 +0000 https://kurir.mk/?p=677017

„Станавме дел од Владата не заради страст кон власт, туку поради државата кога таа беше во грч, кога стануваше збор за нејзината стабилност по неуспешниот обид за формирање на ново мнозинство и нови избори. Во состојба на закана по стабилноста и европската перспектива ја донесовме одлуката имајќи ги предвид и очекувањата на нашите пријатели од меѓународната заедница и на браќата Албанци од регионот. Знаевме дека плаќаме висока цена, но подобро да преживее Рим, а не Цезар“, рече лидерот Африм Гаши во обраќањето на Првиот конгрес на Алтернатива. Конгресот на кој учествуваат околу 600 делегати и во присуство на други политичари и дипломати, започна со свечен дел и обраќања на претседателот на партијата, Африм Гаши, генералниот секретар, Беким Сали, Сафие Садики од Форумот на жени на Алтернатива, како и Афан Елези од партискиот Младински форум. Во своето обраќање Гаши се наврати на почетоците и формирањето на партијата и рече дека пристапувањето во политиката е поттикнато од интелектуална и морална должност за свој придонес за добро на државата. „Приоритет над приоритетите, е интеграцијата. Иако ние се викаме Алтернатива, интеграцијата нема алтернатива. Тоа е и поводот зошто баравме и советувавме дека преговорите со Република Бугарија треба да се преместат од темата на толкување на историјата во толкување на иднината, на развојот и соработката, така што утре историјата ќе не запамети како европски соседи кои некогаш знаеле да се помагаат меѓу себе за доброто на нивните граѓани", рече Гаши. Меѓу приоритетите, претседателот Гаши ги наведе и обезбедувањето правда бидејќи без правда, без правна држава, нема ни кохезија, ни внатрешна доверба, ни функционална држава, ниту европски аспирации. Меѓу главните заложби ги наведе и економскиот развој и растот на платите сразмерно на потребите на граѓаните, како и изборен модел кој што ќе биде израз на вистинската демократска волја. „Затоа од денес за нас не постојат ниту предавници ниту патриоти. Секоја партија има своја програма, свој гласач, свој лидершип и, можеби, своја кауза. Ние ќе соработуваме или ќе одбиеме да соработуваме засновајќи се само врз вредностите во кои ние веруваме, а за кои зборував претходно. Ние не сме страна на судир, ниту на навреда, ниту на омаловажување. Ако некој сака да најде страна кај Алтернатива, таа е страната која зборува за своите вредности на конзервативната десница, за државата, за нацијата, за јазикот, за семејството, за културното наследство, за националниот и религискиот идентитет и т.н. Кој верува во овие вредности, може да смета на партнерството на Алтернатива. Кој не верува во овие вредности, и да има поволна понуда за власт, Алтернатива ќе му биде опонент", рече Гаши. Свое обраќање во отворениот дел од Конгресот имаше и генералниот секретар на партијата, Беким Сали кој истакна дека во Алтернатива членовите и раководството секогаш се таму каде што бараат обврските, а не онаму каде би имале личен интерес. „Мојата Алтернатива ме предизвика со одговорност да оставиме позитивен белег во здравствениот сектор. И, без да сакам да го узурпирам просторот на овој Конгрес, сакам да ви кажам дека ние сме целосно посветени и насочени кон радикално подобрување на системот. Градењето на новиот клинички центар ќе биде работа којашто можеби нема да заврши во нашиот мандат, но доколку успееме да го започнеме - секако со поддршка од сите парламентарни политички партии - ќе биде голема победа за целото наше општество и остварување на сонот на многу генерации. Затоа, побарав од партијата да има разбирање и да ме ослободи од партиските обврски за да им се посветам на професионалните обврски", рече Сали. Улогата на жените во партијата, како и зачувувањето на семејството се меѓу највисоките заложби на раководството и членството на Алтернатива, како што истакна во своето обраќање претставничката на Форумот на жени и пратеничка во Собранието на Македонија, Сафие Садики. „Иако немаме законска обврска, нашиот претседател побара во секоја структура на партијата, почнувајќи од подограноците, најмалку 30% да бидат жени. Бидејќи верувам дека ова не се случува секаде, сакам да му се заблагодарам на претседателот за просторот што ни го даде и со гордост сакам да ви кажам дека Алтернатива е партија без родова пристрасност", истакна Садики од Форумот на жени во својот говор пред присутните на Конгресот. Алтернатива не само што им даде простор на младите, туку таа е и младинска партија, истакна претставникот на Младинскиот форум, Афан Елези во обраќањето потенцирајќи дека присуството на младите во партијата никогаш не беше само украс и бројка, туку реална содржина. „Ние сме на политичката сцена, во Владата сме и денеска сме тука да посведочиме за нашата работа и присуство, дека наместо да бегаме, ние мора да се бориме. Знам дека е многу тешко да се постигне ова. Знам дека автобусите секојдневно ја напуштаат земјата со млади луѓе кои не гледаат перспектива овде. Но, знам и дека никој од Европа нема да дојде да ни отвори работни места, благосостојба, развој и подобар квалитет на живот. Ова е наша домашна задача и треба сами да ја сработиме. Всушност, тука се мери нашето знаење, потенцијал и посветеност", рече Елези. По свечениот дел, Конгресот продолжи со работниот дел на кој што делегатите ќе треба да дискутираат и ќе гласаат за избор на нов претседател и нов состав на Централниот совет на партијата. Во изјава за медиумите пред работниоте дел на Когресот, лидерот на партијата Африм Гаши одговори дека Алтернатива не е за предвремени избори, туку за завршување на бројни обврски и ветувања дадени за државата и пред граѓаните. „Откако влеговме во Влдата не е соодветно да сакаме да излеземе, а да не ги одработиме поставените задачи. Не е исто 100 дена на половина од мандат на една Влада. Ја разбирам опозицијата, тоа е нивно право и нормална стратегија. И ние кога бевме во опозицијата баравме избори. За избори сепак, потребни се 61 глас во Собранието“, рече Гаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-vo-politikata-sme-poradi-intelektualen-i-moralen-pottik-za-dobro-na-drzavata/feed/ 0