Африм Исмаиловиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Apr 2021 16:43:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Африм Исмаиловиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косово не го дава Африм Исмаиловиќ, осуден доживотно за „Монструм“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-ne-go-dava-afrim-ismailovikj-osuden-dozivotno-za-monstrum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-ne-go-dava-afrim-ismailovikj-osuden-dozivotno-za-monstrum/#respond Fri, 23 Apr 2021 16:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=501320

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“. На Исмаиловиќ, како и на неговиот брат Агим и на Алил Демири, на 23 февруари оваа година повторно му беше осуден доживотен затвор за масакрот кај Смилковско Езеро. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, добија 15, односно девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Љута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази. И Исмаиловиќ и Демири се во бегство уште од убиствата на Велики Четврток, април 2012 година. На 1 април по сообраќајна несреќа во Косово, Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. МВР беше известен дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција. Според официјалните податоци од македонското Министерство за правда, до сега во период од 8 години испратени се две барања за екстрадиција во кои е содржана и доставена целокупната документација за екстрадиција на бегалците. Испратени се и замолници, но на нив ниту имаат обврска, ниту дале одговор косовските власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-ne-go-dava-afrim-ismailovikj-osuden-dozivotno-za-monstrum/feed/ 0
Македонија бара од Косово екстрадиција на Африм Исмаиловиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-bara-od-kosovo-ekstradicija-na-afrim-ismailovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-bara-od-kosovo-ekstradicija-na-afrim-ismailovikj/#respond Sat, 03 Apr 2021 10:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=491725

Скопје бара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, кој вчера е уапсен во Косово, потврди денеска премиерот Зоран Заев. -Ние од поодамна имаме побарано екстрадиција и очекувам од новите косовски власти да ги потврдат меѓунардоните договори на кои и Косово и Македонија се имаат обвразано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји. Секако, никој не е виновен додека со правсилна одлука тоа не се потврди, но верувам дека во овој слулај тоа е потврдено со судска одлука. Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето, рече Заев денеска во Велес, одговорајќи на новинарско прашање. Африм Исмаиловиќ, еден од осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро е упасен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмаиловиќ, Бесник Бериша изјави дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор. -Апсењето се случи вчера во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија, изјави вчера Бериша. Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15 односно девет години зазтвор. За обвинетиот Сами Лута, се одби обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.    Во претходна постапка за убиството на  момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.   По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 година го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-bara-od-kosovo-ekstradicija-na-afrim-ismailovikj/feed/ 0
Осудениот Африм Исмаиловиќ за „Монструм“ уапсен во Приштина по сообраќајна несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudeniot-afrim-ismailovikj-za-monstrum-uapsen-vo-prishtina-po-soobrakjajna-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudeniot-afrim-ismailovikj-za-monstrum-uapsen-vo-prishtina-po-soobrakjajna-nesrekja/#respond Fri, 02 Apr 2021 17:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=491472

Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, односно за случајот на петкратното убиство кај Смилковското Езеро пред девет години, е упасен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмајловиќ, Бесник Бериша изјави за порталот дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор. -Апсењето се случи вчера во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија, изјави Бериша. Според него, приведувањето е незаконско, затоа што за истото кривично дело неговиот клиент бил осуден порано и ослободен, додека моментно чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово. -Вчера го информирав и обвинителот дека се работи за незаконско апсење. Дознав дека предметот од Основното е префрлено во Специјалното обвинителство. (…) Врз основа на оваа потерница порано Исмајловиќ и еден друг граѓанин беа уапсени во Косово, беа приведени, им се судеше и Основниот суд во Приштина, како и Апелација, ја одбија екстрадикцијата. Од тогаш Исмајловиќ беше слободен во Косово и им подлегна на процедурите за засолнување и азил. Полицаецот бил неинформиран за процедурите на екстрадикција и го известил обвинителот, изјави Бериша. Официјални извори од Полицијата на Косово, со писмен одговор до „Газета експрес“, ја потврдија информацијата за приведувањето и притворањето на Исмајловиќ. -На 1 април, околу 15 чаасот, врз основа на меѓунроден налог, е упасено бараното лице, маж, државјанин на Северна Македонија, и истото е пратено во притвор. Случајот ќе се третира согласно предвидените процедури за таквите случаи, во координација со соодветните институции, соопшти полицијата. Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15 односно девет години зазтвор. За обвинетиот Сами Лута, се одби обвинението, поради откажување на јавниот обвинител. Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 година го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudeniot-afrim-ismailovikj-za-monstrum-uapsen-vo-prishtina-po-soobrakjajna-nesrekja/feed/ 0
Косово вели не знаат каде се Демири и Исмаиловиќ, обвинетите во „Монструм“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-veli-ne-znaat-kade-se-demiri-i-ismailovikj-obvinetite-vo-monstrum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-veli-ne-znaat-kade-se-demiri-i-ismailovikj-obvinetite-vo-monstrum/#respond Fri, 29 Mar 2019 13:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=180222

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“. Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција. „Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија“, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-veli-ne-znaat-kade-se-demiri-i-ismailovikj-obvinetite-vo-monstrum/feed/ 0
По ослободувањето на сите обвинети од „Монструм“, Спасовски тврди дека сега се трага по Демири и Исмаиловиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-osloboduvanjeto-na-site-obvineti-od-monstrum-spasovski-tvrdi-deka-sega-se-traga-po-demiri-i-ismailovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-osloboduvanjeto-na-site-obvineti-od-monstrum-spasovski-tvrdi-deka-sega-se-traga-po-demiri-i-ismailovikj/#respond Wed, 18 Apr 2018 10:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=42404

Случајот со апсењето на Фејзи Азири еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесува МИА. - Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен, рече Спасовски. Во однос на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, а се исто така меѓу обвинетите за „Монструм“, Спасовски рече дека имаат одредени информации, но не можат да ги споделат во јавноста. - Службите во МВР задолжени за овие случаи ги анализираат, ги правиме проверките и секако кога ќе дојдеме до релевантен податок ќе можеме да реализираме каква било акција, рече министерот за внатрешни работи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-osloboduvanjeto-na-site-obvineti-od-monstrum-spasovski-tvrdi-deka-sega-se-traga-po-demiri-i-ismailovikj/feed/ 0