агатангел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Feb 2022 18:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агатангел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митрополит Агатангел: Оваа однародена власт насилно протурка смена на името и предизвика многу антидржавни чувства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-agatangel-ovaa-odnarodena-vlast-nasilno-proturka-smena-na-imeto-i-predizvika-mnogu-antidrzavni-chuvstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-agatangel-ovaa-odnarodena-vlast-nasilno-proturka-smena-na-imeto-i-predizvika-mnogu-antidrzavni-chuvstva/#respond Thu, 17 Feb 2022 18:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=632847

Митрополитот на Повардарската епархија, Агатангел, ја нарече македонската власт однародена. -Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт, истакна тој. Целото негово обраќање проследете го во продолжение: Животот се состои од радост и тага, од задоволства и разочарувања, од победи и падови. Тој е круг од овие случувања кои неизбежно ќе ги почувствува секој еден човек. Наша лична одговорност е како ќе се однесуваме при овие случувања. Дали ќе натежене кај нас достоинственото и Богољубиво расположение на душата или пак ќе одговориме со мрачниот и злорадосен сегмент на нашето битие. Без разлика какви се околностите при тие животни предизвици, нашата лична одговорност е неизбежна. Многу е важно како ние ќе се понесеме во тие моменти. Убаво е преку овие животни прилики да се обидеме да развиеме некоја душевна доблест како на пример, да се радуваме во радоста на нашиот ближен, да сочувствуваме во неговата болка, да се обидеме да му помогнеме во неговата неволја, а преку тоа да се стекнеме со дарот на љубовта, радоста, милоста и смирението. Но, неретко, нашата душа негува и гнев, негува и злорадост, и омраза и лоши помисли, а каде води сето ова? Не води кон пропаст на нашата душа, раздразливост на нашето однесување, одземање на нашиот мир, како и кон помрачување на нашиот ум. Деновиве сме сведоци на една таква животна прилика, која успеa да разбуди многу од овие душевни чувства кај нашиот македонски народ. Некои ја толкуваа оваа ситуација полни со гнев, огорченост, омраза, други пак со поддршка, разбирање и сочувство. Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт. Како епископ на Македонската православна црква, секојдневно имам контакти со наши браќа и сестри кои имаат различни идеолошки и политички убедувања, и кои при нашите разговори неретко ја изразуваат својата загриженост и разочараност од потезите на оваа власт, која дефинитивно не го слуша пулсот на народот и неговите потреби, а најмалку ја гледа и ја чувствува неговата болка која несразмерно порасна изминативе неколку години. Тој народ, македонскиот, е Црквата Македонска. Тој народ е душата на Црквата наша. Тој народ е народот за кои ние, како свештенослужители, ги принесуваме нашите молитви кон Севишниот Бог, народ за кој просиме благосостојба, здравје, среќа и напредок. Тој е оној ист народ, кој власта го запостави, му ги зголеми егзистенционалните маки, но згора на се, му ја допре и му ја повреди душата. Мене ми е должност да се грижам за нашиот верен народ и да го заштитувам. Тој е сега ранлив и му треба утеха. Црквата е утеха. Црквата е закрила. Црквата е надеж. И оние кои ме поддржаа овие денови, но и оние кои се изнафрлаа „дрва и камења“ по мене, длабоко во својата душа знаат дека не чинат работите. Дека нашата Македонија не оди во добар правец. Знаат сите, драги мои. И од ова повеќе нема бегање. Прашање е само дали ќе развиеме доблести како народ да ја искористиме оваа крајно лоша ситуација во наша полза или дополнително ќе му дадеме простор на раздорот, неслогата и гневот и понатаму да го расекуваат и раскрвавуваат живото македонско ткиво. Би се заблагодарил и би ги благословил сите Македонци во оваа прилика, онака како што правам секој ден во моите молитви. За мене секој еден од нас е Македонец, без разлика на се, и го љубам како роден брат. Тоа е моето силно чувство, кое никогаш нема да згасне. Митрополит Повардарски г. Агатангел]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-agatangel-ovaa-odnarodena-vlast-nasilno-proturka-smena-na-imeto-i-predizvika-mnogu-antidrzavni-chuvstva/feed/ 0
Агатангел: Делчев е апостол кој го осветлува образот на Македонецот, македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-delchev-e-apostol-koj-go-osvetluva-obrazot-na-makedonecot-makedonskiot-narod-e-stolchen-poradi-ovaa-nenarodna-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-delchev-e-apostol-koj-go-osvetluva-obrazot-na-makedonecot-makedonskiot-narod-e-stolchen-poradi-ovaa-nenarodna-vlast/#respond Mon, 28 Sep 2020 16:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=409722

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“, гостуваше Митрополит г. Агатангел кој што посочи дека македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт. Порача дека оваа власт не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец. -Столчени сме, верувам дека како Феникс ќе воскреснеме повторно. Ова што ни се случува на нашата света македонска земја, нашиот македонски народ е навистина нешто што секој вистински Македонец треба да се вознемири. Оној кој ја чувствува, оној кој ја сака, оној кој ја љуби оваа македонска земја, истакна г. Агатангел. Агатангел го коментираше она што се случува со Гоце Делчев, вели дека иако тој не е историчар знае дека Гоце Делчев е Македонец кој се борел за македонски правдини. -1894 година Гоце Делчев е учител во Штип, на крајот од годината е поставен на истото училиште и директор, а 1895 за првпат се организира демонстрации против власта. Што значи Гоце Делчев во Штип учел деца Македончиња, бил директор на деца Македончиња, на учители Македонци, духот бил македонски. И зошто тој тогаш ги формирал тие демонстрации, ги организирал тие демонстрации против власта? За да го окуражи народот, да му каже на народот да не се плаши, да си го брани она неговото вистинското македонското, националното, нагласи г. Агатангел. Агатангел рече дека Делчев е апостол на вистината, апостол на љубовта, апостол на правдата. Апостол Гоце во тој период го осветлува образот на Македонците и говори за вистината и правдата на секој Македонец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-delchev-e-apostol-koj-go-osvetluva-obrazot-na-makedonecot-makedonskiot-narod-e-stolchen-poradi-ovaa-nenarodna-vlast/feed/ 0
Македонски манифест за Агатангел и Дурловски: ЖИВЕЕМЕ ВО СТАЛИНИСТИЧКА ЕПОХА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-manifest-go-kreva-glasot-ziveeme-vo-stalinistichka-epoha-na-vladata-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-manifest-go-kreva-glasot-ziveeme-vo-stalinistichka-epoha-na-vladata-na-zaev/#respond Sun, 07 Jun 2020 08:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=354679

Против Митрополит Повардарски Агатангел, на знак на градоначалникот на Велес Аце Коцевски (некогашен оптимистички демократ) е покренато барање до јавното обвинителство за казна на митрополитот што ги повикува верниците на забраната на владата да ги посетат храмовите на Духовден да влезат и да се помолат за своите починати во црквата. За оној одметник од Алах и Христос кој се закануваше дека Македонија ќе ја претвори во Бангладеш како да не е доволна терористичката 2001, ништо. Тоа значи дека во оваа држава не е добро да си Македонец туку некој друг рамковен. Потоа, вториот случај кој ја дијагностицира нашата ситуација на геноцидната власт над Македонците на Зоран Заев. Случајот од пред неколку дена со познатиот македонски оперски пеач Игор Дурловски кој го обвини обвинителката Русковска, а го судеше судиката Добрила Кацарска за тероризам со државен правен тероризам по теркот на Заев за кој еден ден тие ќе бидат судени. Имено Игор Дурловски додека возеше беше проследуван од советникот на Заев со име и презиме Филип Андонов - Глушецот, со извинување на глувците, наречен Сокол  заради што изумреа соколите. Имено тој Сокол-Глушец го следеше на неколку семафори Дурловски и го навредуваше заради неговата љубов кон родот во кој се родил. Македонски манифест најостро реагира на тие два случаја кои не се инцидентни туку се планирани. Оној мотив на „допрен глас“ со кој се товари родољубивиот Агатангел и оној по улиците додека се возел Дурловски е типичен сталинистички метод кој го воведе и до перфекција го усоврши Сталин од Муртино со неговиот надворешен министер како Берија Димитров. За жал тој сталинизам кој е помоќен од хитлеровиот фашизам (оти Хитлер си го сакаше народот за разлика од нашите фашисти) го подржуваат лажните политбирократи од Брисел и Вашингтон. Толку, колку да знаат Македонците за што станува збор. Оти нека им е арам ако и сега го изберат за водач Сталин од Муртино. МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-manifest-go-kreva-glasot-ziveeme-vo-stalinistichka-epoha-na-vladata-na-zaev/feed/ 0
Агатангел до Реџепи: Ти си црн ангел на поделбите и рак-рана на општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-do-redzepi-ti-si-crn-angel-na-podelbite-i-rak-rana-na-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-do-redzepi-ti-si-crn-angel-na-podelbite-i-rak-rana-na-opshtestvoto/#respond Thu, 11 Apr 2019 16:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=185258

Владиката Агатангел со текстот насловен „Омразата на поглаварот“, објавен на Фејсбук страната на Повардарската епархија, реагираше на изјавите на Поглаватарот на Исламската верска Заедница, Сулејман Реџепи, дека Македонците се див народ без идентитет, која покрена лавина коментари во македонската јавност. Агатангел вели дека Реџепи не наликува на верник, кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет, туку вели дека е плиток човек кој прави поделби. - Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од „дивите“ по душа, од кое пак подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна по живот., пишува Агатангел. Додава и дека изјавата не е навреда само за Христијаните, туку и на Муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани. - И тие ли диви и без идентитет? За жал, македонското општество, кое се стремиме да го изградиме како мултикултурно, со децении толерира вакви полулуѓе, чии дела и постапки сведочат за основната невоспитаност на овие недоветни провокатори, чија нечовечност во однесувањето е многу далеку над границите на пристојноста. Затоа, доколку сакаме да бидеме нормално општество, мораме час поскоро да ги пресретнеме ваквите одвратни однесувања, а мораме и да создадеме делотворен механизам за превенција, како воопшто не би дошло до нивна несакана појава. Господин Сулејман е рак - рана на општеството и затоа соодветно, како што и му доликува, треба да биде препознаен и третиран како заразено ткиво кое се заканува да го оболи целото тело, пишува Агатангел во текстот. Завршува дека Сулејман Реџепи е тргнат на патот на омразата, а таа одвратна и примитивна нарав, најпрво беспомошно го разјадува човекот однатре, а потоа и духовно ги уништува и оние кои се напиваат од нејзините отровни и горчливи сокови. Инаку, оваа и многу други бурни реакции доаѓаат по изјавата на Реџепи дека Македонците се див народ и затоа немаат идентитет. - Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат, беше изјавата на Реџепи. Контроверзната изјава ја даде за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија на 14. март. Тој во својот говор зборуваше за минатото на оваа џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тоа време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата. Видеото го објави пред неколку денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-do-redzepi-ti-si-crn-angel-na-podelbite-i-rak-rana-na-opshtestvoto/feed/ 0
Агатангел: Овие однародени пратеници го заслужуваат само нашиот презир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-ovie-odnarodeni-pratenici-go-zasluzuvaat-samo-nashiot-prezir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-ovie-odnarodeni-pratenici-go-zasluzuvaat-samo-nashiot-prezir/#respond Fri, 11 Jan 2019 12:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=150971

ПОВИК ОД МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г. АГАТАНГЕЛ Драги браќа и сестри, Македонци, Македонки и Македончиња! На неодамнешниот референдум, народот јасно го искажа своето мислење. Според резултатите од него, никој не доби овластување да се впушти во промена на нашето вековно име. Основна задача на оние што се бават со политика, а посебно на пратениците во Македонското Собрание, е да ги штитат народните интереси и да спроведуваат политики кои ќе го унапредуваат нашето општествено живеење. Доколку пратеникот престане да го слуша гласот на народот тој станува одметник и отстапник. Денес, во Македонското Собрание имаме 80-ет одметници кои пловат спротивно од реката на националните интереси. Овие пратеници, налик на диви одметници, го пљачкосуваат минатото и иднината на својот народ, за да ја збогатат ризницата на самоволниот и силниот на овој свет, за кого не важи ни еден закон, освен законот на суетата и законот на среброљубието. Овие осумдесетмина отстапници не се свесни дека правдата, навидум колку и да е слаба, на крајот секогаш победнички триумфира. Единственото нешто што ќе го заработат од трговијата со светињата и од примената на насилството е народната осуда и вечното проклетство. Неправдата врз послабиот и незаштитениот, на насилникот и на неговите најблиски, им носи несреќа и илјадагодишно проклетство. Паметиме што зборуваа пред да бидат избрани Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и останатите одметнати пратеници на ВМРО ДПМНЕ, а сега ја гледаме нивната бламажа и бесрамност. Кога градеа кариери врз грбот на нивните поддржувачи, имаа однесување на лавови, а кога малку им се приближија хиените, добија облик на инсекти. Во какво ВМРО залутале овие профитери, овие без’рбетни облици на живот? На каква, пак, лева опција се наследници пратениците од СДСМ, кога без никаков срам тргуваат со придобивките на АСНОМ? Зарем заборавиле на неброените жртви од првата половина на 20-от век, чии идеали сега безочно ги погазуваат? Од каков материјал се создадени сите овие луѓе, зарем обична вода наместо крв тече во нивните вени? Овие однародени и нечесни пратеници, кои бавењето со јавна служба го користат само за гол профит, од нас, кои им го дадовме мандатот, го заслужуваат единствено нашиот презир. Ги презираме и отфрламе оние кои работат здружно на нашето колективно убиство и уништување. Оној кој прави неправда и насилие кон слабиот и незаштитениот е проклет за вечни времиња. Проклет нека биде и тој и сето негово потомство! Македонија и македонскот народ ќе живеат вечно. Вечно ќе ги паметиме хероите и нивната несебична жртва и вечно ќе ги држиме во проклетство одродниците, плашливците и насилниците. Во овие тешки моменти за македонскиот народ и за македонската држава се потсетуваме на стиховите од нашиот славен преродбеник Глигор Прличев, кој за одродниците го напишал следново: „Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана, погледнал на сино небо, љуто прок’лнал. Ох! Послушај милиј Боже! Аир никогаш да немаат Стамче Беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби! Милостивиј Бог послушал, патричка горешта клетва, слава нивна, семе нивно, погубил со шум. И сега во куќи нивни, ткае пајак пајажина и во пусти стреи нивни хукат утови“. Го повикувам сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја. Пратениците, и од левицата и од десницата, од длабочината на мојата душа ги повикувам да не го оцрнуваат своето срце и со делата на своите раце да не нанесуваат вечен срам и проклетство на нивните поколенија. Функциите се стекнуваат, но и завршуваат, па немојте да бидете запаметени како генерација која се откажала од нашето свето македонско име. Бог нека ги благослови сите оние кои ќе ги издржат сите налети на нечестивиот и кои преку непокор и со силата на својот дух ќе се изборат за опстојот и благосостојбата на Света Македонија и на нашата Света Македонска православна црква. МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ †Агатангел (Станковски)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-ovie-odnarodeni-pratenici-go-zasluzuvaat-samo-nashiot-prezir/feed/ 0
Агатангел: На македонскиот народ му се нудат лицемерни решенија за самоукинување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-na-makedonskiot-narod-mu-se-nudat-licemerni-reshenija-za-samoukinuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-na-makedonskiot-narod-mu-se-nudat-licemerni-reshenija-za-samoukinuvanje/#respond Mon, 08 Oct 2018 08:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=112104

Значењето на охридската архиепископија е огромно и непроценливо, преку нејзината вековна мисија, македонскиот народ го зачувал својот јазик и својата идентитетска посебност. Но и после толку поминати години, за жал сеништата од минатото повторно се појавуваат и го вознемируваат македонското битие - ова е дел од Словото кое го одржа митрполитот Повардарски по повод 60 годишниот јубилеј од обновата на Охридската архиепископија. Владиката Агатангел се осврна на премрежјата со кои се соочува нашата држава, и македонскиот народ, доведени во ситуација да се борат за уставното име на татковината. – Денес не само што се одрекува македонската црковна автокефалност,туку се негира и македонскиот национален идентитет,а се загрозува и опстојот на македонската држава.Преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди на македонскиот народ самоукинување и автогеноцид. Овие современи Понтиј Пилати и апостоли на немирот, надоградени со заслепувачка безумна омраза и високото мислење на себе, со години ја пеплосуваат македонската душа, го вознемируваат и разединуваат народот по сите основи – изјави  г. Агатангел-Митрополит Повардарски. Но, според него,  македонскиот народ е умен, трпелив и сталожен, ги знае своите потреби и интереси, донесува правилни одлуки тогаш кога се загрозува неговото достоинство и неговото право на живот и постоење. – Во охридската архиепископија пред повеќе од еден милиниум се удриле темелите врз кои се градел целиот напредок и сиот духовен развој на православниот народ во древна Македонија, затоа годинава,  ја прославуваме илјада годишнината од нејзиното формирање – додаде тој. Малку народи како нас, Македоннците во светот имаат можност да прославуваат вакви јубилеи и значајни историски настани.Ова е историски настан, а не како што ни навестуваат некои. Токму Охридската архиепископија е потврда за древноста на македонскиот народ и неговата цивилизација која на Европа во наследство и оставила огромни и бесценети духовни вредности – заврши владиката Агатангел. Инаку делегатите на Архиепископскиот Црковно народен Собор изгласаа резолуција за неменување на името на Македонската православна црква. Членовите на Соборот упатија и апел до сите политички субјекти во земјава за одговорен пристап во овој исклучително компексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и се што е македонско. Да не се менува Уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agatangel-na-makedonskiot-narod-mu-se-nudat-licemerni-reshenija-za-samoukinuvanje/feed/ 0
Владиката Агатангел: Згрозен сум од насилството врз демократијата што го приреди Џафери, го поддржуваме претседателот Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-zgrozen-sum-od-nasilstvoto-vrz-demokratijata-shto-go-priredi-dzaferi-go-poddrzuvame-pretsedatelot-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-zgrozen-sum-od-nasilstvoto-vrz-demokratijata-shto-go-priredi-dzaferi-go-poddrzuvame-pretsedatelot-ivanov/#respond Thu, 15 Mar 2018 15:24:00 +0000 http://kurir.mk/?p=30260

Православниот народ од Повардарската епархија е згрозен од насилството врз демократијата, приредена од Талат Џафери и неговите истомисленици при донесувањето на разбојничкиот Закон за двојазичност во Собранието, реагира Митрополитот Повардарски Агатангел, по вчерашното изгласување на Законот. Целосно го поддржуваме претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов во намерата да не го потпишува Указот за антидржавниот и неуставен Закон за јазиците што беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин. Православниот народ од Повардарската епархија е згрозен од насилството врз демократијата, приредена од Талат Џафери и неговите истомисленици при донесувањето на разбојничкиот Закон за двојазичност во Собранието, реагира Митрополитот Повардарски Агатангел, по вчерашното изгласување на Законот. Тој истакнува дека пратениците кои го изгласаа овој Закон не можат да бидат сметани за ополномоштени народни избраници, поради рушењето на уставниот поредок. Законот ќе не води кон поделби, недоверба и продлабочување на разликите, подвлекува во реакцијата Агатангел, зашто македонски пратеници газеа врз интересите на сите народи во земјава. Тие ги избраа личните, наместо народните интереси, продолжува Митрополитот Повардарски, и затоа според него е крајно време да се застане на патот на тиранијата која речиси 30 години, од разни страни, се спроведува врз мирољубивиот македонски народ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-zgrozen-sum-od-nasilstvoto-vrz-demokratijata-shto-go-priredi-dzaferi-go-poddrzuvame-pretsedatelot-ivanov/feed/ 0