агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 09:53:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Ќе продолжиме да делуваме проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentsija-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-ke-prodolzhime-da-deluvame-proaktivno-na-zgolemuvane-na-svesta-za-ulogata-na-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentsija-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-ke-prodolzhime-da-deluvame-proaktivno-na-zgolemuvane-na-svesta-za-ulogata-na-mediumite/#respond Wed, 03 May 2023 09:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=830060

Денешниот ден, под мотото „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има за цел да ја зголеми свесноста за улогата на новинарите и медиумите во промовирање на демократијата и на човековите права и да потсети дека без слобода на медиумите нема слобода на изразување, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. - Според последниот извештај на Репортери без граници за 2023 година, Македонија бележи значајно подобрување на полето на слободата на медиумите, но и понатаму има предизвици со кои треба да се справи. Во таа насока, Агенцијата како и досега ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите, се подвлекува во соопштението. Се додава дека Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува по 30-ти пат и претставува потсетник за владите и организациите да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување, предвидено со член 19 од Универзалната декларација за човекови права на ОН. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentsija-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-ke-prodolzhime-da-deluvame-proaktivno-na-zgolemuvane-na-svesta-za-ulogata-na-mediumite/feed/ 0
АВМУ: 30 и 31 октомври се денови на изборен молк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-30-i-31-oktomvri-se-denovi-na-izboren-molk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-30-i-31-oktomvri-se-denovi-na-izboren-molk/#respond Thu, 28 Oct 2021 12:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=587081

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за вториот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 29 октомври 2021 година. Од 30 октомври заклучно со 19:00 часот на 31 октомври важат правилата за изборен молк. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-30-i-31-oktomvri-se-denovi-na-izboren-molk/feed/ 0
АВМУ до Заев: Јавните функционери да се воздржат од ставови со изразен сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/#respond Fri, 28 May 2021 08:33:37 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515936

Во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Агенцијата потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од јавно изнесување ставови со кои се изразува сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тие велат дека истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да служат како коректив на властите. - Во овој контекст, новинарите не треба да бидат обесхрабрувани, напротив, треба да се поттикнуваат во истражувањето различни теми поврзани со евентуални појави на корупција или злоупотреби од страна на институции или поединци. Доколку некоја засегната страна смета дека не се испочитувани стандардите и принципите на однесување утврдени во новинарските кодекси може да ги искористи постоечките механизми и да се обрати до саморегулаторните тела, појаснуваат од АВМУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/feed/ 0
АВМУ со реакција до ТВ Телма: Програмите на медиумите да бидат отворени за различни политички гледишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-so-reakcija-do-tv-telma-programite-na-mediumite-da-bidat-otvoreni-za-razlichni-politichki-gledishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-so-reakcija-do-tv-telma-programite-na-mediumite-da-bidat-otvoreni-za-razlichni-politichki-gledishta/#respond Mon, 23 Nov 2020 14:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=433268

Во врска со јавно искажаните реакции дека во дневно-информативните изданија на националната телевизија ТВ Телма отсуствуваат информации за активностите и ставовите на најголемата опозициска партија за актуелни општествено-политички прашања, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека еден од основните програмски принципи на кои се темелат програмите на радиодифузерите е објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања. -Медиумите се самостојни и независни при креирањето на уредувачката политика, но политичкиот плурализам е витален за развој и зачувување на демократските општества. Токму затоа медиумите мора да бидат свесни за својата улога и одговорност во креирањето на јавното мислење, односно обврската кон јавноста програмите да бидат отворени за различни политички гледишта, стои во нивната реакција до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-so-reakcija-do-tv-telma-programite-na-mediumite-da-bidat-otvoreni-za-razlichni-politichki-gledishta/feed/ 0
АВМУ: 1 ТВ и новинарот Сашо Ордановски не ги почитувале професионалните стандарди во интервјуто со Христијан Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-1-tv-i-novinarot-sasho-ordanovski-ne-gi-pochituvale-profesionalnite-standardi-vo-intervjuto-so-hristijan-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-1-tv-i-novinarot-sasho-ordanovski-ne-gi-pochituvale-profesionalnite-standardi-vo-intervjuto-so-hristijan-mickoski/#respond Thu, 28 Feb 2019 14:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=169422

Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Извештајот ќе биде објавен на веб страницата и доставен до Советот на Агенцијата, а во меѓувреме, регулаторното тело нагласува дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела за вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-1-tv-i-novinarot-sasho-ordanovski-ne-gi-pochituvale-profesionalnite-standardi-vo-intervjuto-so-hristijan-mickoski/feed/ 0
АВМУ: Серија прекршувања на 1 ТВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-serija-prekrshuvanja-na-1-tv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-serija-prekrshuvanja-na-1-tv/#respond Fri, 23 Nov 2018 19:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=131379

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при извршувањето редовен програмски надзор врз 1 ТВ констатитра прекршување на забраната за пласирање производи во засебни аудиовизуелни целини со информативна функција и јасно означување на програмата со пласирани производи во засебни аудиовизуелни целини со забавна функција, прекршување на правилата за заштита на малолетната публика, и на обврските при обезбедување квизови и други облици за наградно учество. Прекршување е констатирано и на правилата за прикриено рекламирање, условите за рекламирање и телешопинг, како и на правилата за рекламирање на поделен екран. Со редовниот програмски надзор врз телевизискиот програмски сервис на Трговското радиодифузно друштво Телевизија 1Тв ДОЕЛ Скопје, констатирани се прекршувања на член 55 став 1 ( забрана за пласирањена производи ) и став 5 ( јасно означување програма со пласирани производи ) од законот за аудиовизуелни медиумски услуги ( ЗААВМУ ). Овие прекршувања биле во рамките на “Отворено студио” и “Мода со Сергеј Варошлија”]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-serija-prekrshuvanja-na-1-tv/feed/ 0
АВМУ: На медиумските работници да им се овозможи слободен пристап до сите настани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-na-mediumskite-rabotnici-da-im-se-ovozmozi-sloboden-pristap-do-site-nastani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-na-mediumskite-rabotnici-da-im-se-ovozmozi-sloboden-pristap-do-site-nastani/#respond Thu, 19 Jul 2018 09:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=78667

На медиумските работници да им се овозможи слободен пристап до сите настани, апелира во денешното соопштение Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на вчерашната лидерска средба на политичките партии во Клубот на пратеници. - По реакцијата на дел од фоторепортеритена кои вчера за време налидерската средба на политичките партии во Клубот на пратеници, не им беше овозможено да си ја вршат слободно својата професионална задача, Агенцијата апелира дека треба да се најде соодветен начин, на медиумските работници да им се овозможи слободен пристап до сите настани што се од јавен интерес дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки, се наведува во соопштението од Агенцијата. Оттаму посочуваат дека зачувувањето на достоинството на новинарската професија е особено важно и од тие причини е неприфатливо арогантно и недолично однесување кон претставниците на медиумите. - Медиумите имаат различен пристап во обликувањето на содржините коишто и ги пласираат на јавноста, која пак, само преку разновидни информации може да изгради сопствен став. Од овие причини, Агенцијата потсетува на неопходноста од создавање услови за извршување на обврските на медиумските работници, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-na-mediumskite-rabotnici-da-im-se-ovozmozi-sloboden-pristap-do-site-nastani/feed/ 0