АГЕНЦИЈА ЗА АЗИЛ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jun 2022 15:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АГЕНЦИЈА ЗА АЗИЛ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Агенција за азил на ЕУ: Над 300.000 граѓани ја напуштија Русија во март https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agencija-za-azil-na-eu-nad-300-000-gragjani-ja-napushtija-rusija-vo-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agencija-za-azil-na-eu-nad-300-000-gragjani-ja-napushtija-rusija-vo-mart/#respond Thu, 09 Jun 2022 15:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=689000

Агенцијата за азил на ЕУ (ЕУАА) денеска објави дека над 300.000 руски граѓани ја напуштиле Русија во текот на март 2022 година, по почетокот на инвазијата на Украина. Податоците на Агенцијата покажуваат дека најмногу руски емигранти отишле во земјите од Централна Азија и Јужен Кавказ, а потоа следат Турција и европските земји. „Кога станува збор за барањата за меѓународна помош, барањата за азил поднесени од руските граѓани се удвоија во март во споредба со февруари и достигнаа бројка од 1.400, што е рекордно ниво од август 2018 година“, соопшти ЕУАА. Агенцијата за азил на ЕУ наведува дека граѓаните на Русија во претходните месеци го почувствувале „економското влијание на инвазијата поврзано со санкциите и растот на цените“, но и доживеале „значителни ограничувања на слободата на говорот“. Се оценува дека стравот од одмазда, гонењето за антивоени протести и законите за цензура се значителни притисоци врз мигрантите кои неодамна ја напуштиле Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agencija-za-azil-na-eu-nad-300-000-gragjani-ja-napushtija-rusija-vo-mart/feed/ 0
Службата за поддршка на азил се трансформира во Агенција за азил на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sluzbata-za-poddrshka-na-azil-se-transformira-vo-agencija-za-azil-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sluzbata-za-poddrshka-na-azil-se-transformira-vo-agencija-za-azil-na-eu/#respond Tue, 29 Jun 2021 14:11:17 +0000 https://kurir.mk/?p=529448

Европската служба за поддршка на азил (ЕАСО) ќе се трансформира во Агенција за азил на ЕУ, што ќе помогне процедурите за азил во земјите-членки да бидат подобри, единствени и побрзи. Договор за трансформацијата, клучна иницијатива во Новиот пакт и за миграција и за азил, беше постигнат денеска меѓу Европскиот парламент и Советот, соопшти ЕК. Експерти на агенцијата (околу 500) ќе обезбедат поефикасна поддршка на националните системи за азил со што целокупниот систем на ЕУ за управување со миграцијата ќе биде пофлексибилен и одржлив. Потпретседателот на ЕК за унапредување на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас потсети дека во септември ЕК го претставила предлогот за пактот на ЕУ за миграција и азил со цел создавање кохерентен европски систем за азил што работи добро. Тој додаде дека договорот меѓу ЕП и Советот претставува прв значаен чекор во таа насока. „Агенцијата за азил ќе направи опиплива разлика во постапките за азил, ќе ја подобри заштитата на лицата и ќе пополни ’празнини’ заради поголема конвергенција помеѓу системите за азил на членките“, рече Схинас. Европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон рече дека на ЕУ и треба одлуките за азил да бидат донесени побрзо и поправедно и да бидат со ист квалитет низ цела ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sluzbata-za-poddrshka-na-azil-se-transformira-vo-agencija-za-azil-na-eu/feed/ 0