Агенција за електронски комуникации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jan 2021 09:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Агенција за електронски комуникации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АЕК: 1 348 663 претплатници имаат пристап до интернет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-1-348-663-pretplatnici-imaat-pristap-do-internet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-1-348-663-pretplatnici-imaat-pristap-do-internet/#respond Mon, 25 Jan 2021 09:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=459431

Заклучно со третиот квартал лани во државава се регистрирани 1 348 663 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилните мрежи, што е за 92 048 повеќе споредено со вториот квартал, односно за 46 000 во однос на третото тримесечје во 2019, покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во уделот на активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, А1 Македонија учествува со 52,62 проценти, Македонски телеком со 44,72 проценти, Роби со 1,45 проценти , а Лајкамобајл со 1,22 проценти. Во вкупниот сообраќај по тој основ во третиот квартал лани Македонски телеком има удел од 46,86 проценти, А1 Македонија од 51,06 проценти, Роби од 1,43 проценти, а Лајкамобајл од 0,64 проценти. Според извештајот на АЕК, на крајот на третиот квартал лани во државава имало 1 833 689 активни претплатници во мобилната телефонија, за 56 495 повеќе од вториот квартал, кога имало 1 777 194. Од регистрираните во третото тримесечје, 719 455 се резиденцијани припејд, а 861 922 постпејд линии, а 252 312 се деловни постпејд линии. Во вкупниот број активни претплатници телекомуникацискиот оператор А1 Македонија има удел од 50,73 проценти, Македонски телеком од 46,24 проценти, Лајкамобајл од 1.96 проценти, а Роби од 1,07 проценти.. Македонски телеком со 51,03 проценти има најголем удел во приходи од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал лани, додека уделот по тој основ на А1 Македонија изнесува 47,62 проценти, на Лајкамобајл 0,50 проценти, на Роби 0,85 проценти. Во текот на јули, август и септември годинава преку мрежите на мобилните оператори се остварени 1.480.594.648 минути разговор, од кои кон мрежи во странски држави 2.909.042 минути, а 1.000.591 минути реализирале претплатници на домашен оператор кои престојувале надвор од земјата. Информацијата на АЕК за состојбата на пазарот на електронски информации за третиот квартал покажува дека на крајот на септември лани во државава имало 408 618 фиксни линии, за приближно 5 000 повеќе во однос на претходниот квартал, кога беа регистрирани 403 715. Бројот на фиксни линии бележи постојан раст од почетокот на годината, односно во вториот во однос на првиот имаше зголемување од 1 175. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-1-348-663-pretplatnici-imaat-pristap-do-internet/feed/ 0
До 2023 еден град во земјава ќе добие 5Г мрежа- еве за кој станува збор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-2023-eden-grad-vo-zemjava-kje-dobie-5g-mreza-eve-za-koj-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-2023-eden-grad-vo-zemjava-kje-dobie-5g-mreza-eve-za-koj-stanuva-zbor/#respond Sun, 22 Nov 2020 13:53:31 +0000 https://kurir.mk/?p=432844

Согласно стратегијата за развој на 5Г мрежата планираме до 2023 еден голем град во земјава да биде покриен со 5Г мрежа. Иако во Стратегијата таксативно не е наведен градот, тоа најверојатно ќе биде главниот град бидејќи тука е и најголема концентрација на корисници. Потоа сукцесивно ќе се покрива и останатата територија на земјава, што сепак ќе зависи и од заинтересираноста на телекомуникациските оператори, вели Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во интервју за Сител. До крајот на идната недела се планира да биде распишан и меѓународен тендер за изработка на физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето. Како што објаснува Димитријоски, тоа не значи дека ќе се прават нови откритија туку сите релевантни информации на оваа тема кои постојат во светот ќе бидат ставени во еден документ. Сето тоа ќе се аплицира на ниво на влијание на 5Г мрежата во нашата земја, од причина што секоја држава има свои специфики на терен, на покриеност, што бара и различна густина на поставување на 5Г антени и воопшто различно дизајнирање на 5Г мрежата. Според него сите шпекулации за штетното влијание на 5Г мрежата врз здравјето на населението потекнаа од пренагласување на моментот дека 5Г мрежата ќе донесе чудо. „Во суштина новата генерација е само надградба на сето она што го имаме како технологија. Никакво чудо нема да се случи, едноставно тоа е технологија која ќе овозможи поголема брзина на пренос на податоци, помало доцнење на сигналот и ќе дава можност многу повеќе уреди да бидат поврзани автономно на тие мрежи, што значи дека најголемо влијание ќе има врз индустриските процеси на големите компании кои имаат роботизирани процеси на производство. Тоа ќе биде технолошка револуција, но на здравјето на граѓаните ништо нема да се случува“, додава Димитријоски. Дека е така покажаа и мерењата на нејонизирачкото зрачење на 5Г антените кои беа поставени од Македонски Телеком и А1 кои направија тестирања за да демонстрираат кои ќе бидат брзините кои ќе се постигнат со имплементација на новата петта генерација на мобилни комуникации. „Она што како АЕК го измеривме тогаш покажа дека нивото на зрачење на антените е идентично, па дури и во некои сегменти пониско од зрачењето на 4Г антените. Но имајќи предвид дека петтата генерација предаватели ќе бидат интелигентни предаватели кои кога нема во близина мобилен телефон ќе бидат исклучени, за разлика од сегашните кога имаме константно сигнали кои постојано зрачат, тоа само укажува дека количината на зрачење ќе биде помала од онаа што го имаме од 4Г генерацијата мобилни мрежи“, заклучи директорот на АЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-2023-eden-grad-vo-zemjava-kje-dobie-5g-mreza-eve-za-koj-stanuva-zbor/feed/ 0
АЕК: Македонецот на мобилен во просек зборува по 3,5 часа месечно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-makedonecot-na-mobilen-vo-prosek-zboruva-po-3-5-chasa-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-makedonecot-na-mobilen-vo-prosek-zboruva-po-3-5-chasa-mesechno/#respond Fri, 18 Sep 2020 11:27:12 +0000 https://kurir.mk/?p=405092

Агенцијата за електронски комуникации пресметала дека Македонците секој месец во зборување на мобилен телефон поминуваат во просек по 3,5 часа и уште половина час на фиксен. Според последната анализа на АЕК, во првите 3 месеци од годинава македонските граѓани на мобилен телефон разговарале вкупно 1,33 милијарди минути што значи дека во просек, секој од регистрираните нешто под 1,9 милиони активни броеви на мобилен поминал 702 минути или 11,7 часа. Ваквата анализа покажува дека корисниците секој ден во зборување на мобилен телефон поминуваат по 7 минути. Се разбира тука не е пресметано времето кое на телефон го поминуваме во скролање по социјалните мрежи и сурфање по интернет сајтовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-makedonecot-na-mobilen-vo-prosek-zboruva-po-3-5-chasa-mesechno/feed/ 0
Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristap-do-internet-imaat-84-procenti-od-domakjinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristap-do-internet-imaat-84-procenti-od-domakjinstvata/#respond Fri, 22 Feb 2019 06:42:19 +0000 https://kurir.mk/?p=166723

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата додека 78 проценти од населението користи интернет, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Најголем дел од корисниците на интернет (38 проценти) ја користат оваа услуга од Македонски Телеком, потоа следуваат Оне,Вип (27 проценти и Телекабел *14 проценти). Најкористена технологија за пристап на интернет е кабелски интернет со 39,3 проценти, понатаму следуваат  ADSl со 35,5 проценти,оптички интернет -10,7 проценти LAN пристап 6,5 проценти безжичен интернет – 1,7 проценти и мобилен интернет преку USB – 0,4 проценти. Речиси сите испитаници поседуваат телевизор во домаќинството 99,5 проценти од кои мнозинството (90 проценти) плаќаат месечен надомест за телевизиски услуги. Половина од населението поседува смарт телевизор во домот. Убедливо најкористена апликација на смарт телевизорите е Youtube. Половина од домаќинствата што плаќаат месечна претплата за телевизија сигналот го добиваат преку кабелски приклучок (50,1 процент) по што следува IPTV (31,9 проценти) DVB-T (11,1 процент) и сателитскиот приклучок (1,5 проценти).  Дополнителен пакет  или канали со доплата имаат активирано 16 проценти од корисниците на платени телевизиски услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristap-do-internet-imaat-84-procenti-od-domakjinstvata/feed/ 0
Најмногу приговори за интернет, најмалку за мобилна телефонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-prigovori-za-internet-najmalku-za-mobilna-telefonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-prigovori-za-internet-najmalku-za-mobilna-telefonija/#respond Wed, 18 Jul 2018 10:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=78137

Бројот на приговори на корисниците на електронски комуникациски услуги во Македонија бележи зголемување во однос на 2017 година, се наведува во денеска објавениот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги/резиденцијални корисници. Според анкетата, спроведена од 31 мај до 14 јуни годинава кај 1100 испитаници, преку телефон најмногу приговарале корисници на интернет – 32,6 проценти од домаќинствата во кои се користи, по што следат  за телевизија – 22,5 проценти од домаќинствата во кои се користи услугата од оператор, па за фиксна телефонија – 12,5 проценти од корисниците. Најмалку по телефонски пат се жалеле корисниците на услугата од мобилна телефонија - 11,8 проценти. Писмени приговори, пак, поднеле најмногу корисниците на фиксна телефонија – 1,9 процент, по нив следуваат домаќинствата во кои се користи услугата интернет со 1,7 проценти и услугата телевизија со 1,4 проценти од домаќинствата во кои се користат тие услуги. За мобилна телефонија се приговарало најмалку и со писмени приговори, односно 1,1 проценти од домаќинствата. Според испитувањето, споредено со минатата година, кај секоја од електронските комуникациски услуги има благо зголемување на корисниците со исклучок на телевизијата која постепено опаѓа од 2016 година. Мнозинството од корисниците се задоволни од цените и од квалитетот на услугите, при што сумираното задоволство (сума од одговорите „многу сум задоволен“ и „задоволен сум“) од квалитетот е најголемо кај услугата фиксна телефонија (85 проценти), а потоа следуваат услугите телевизија (76 проценти), мобилна телефонија (76 проценти) и интернет (74 проценти). Генерално, задоволството од цените на телекомуникациските услуги во 2017 година бележат благ раст во однос на претходната година, освен кај услугата телевизија, каде се намалува задоволсвото од претходната 2017 година за девет проценти. Најголемо задоволство од цените се забележува кај корисниците на фиксна телефонија (79 проценти), по што следуваат корисниците на интернет (71 процент), па корисниците на мобилна телефонија и телевизија со по 70 проценти. Лојалноста е највисока кај корисниците на услугата мобилна телефонија, односно 76,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека доколку моментно треба да одберат оператор, би останале на истиот оператор. По нив следи услугата фиксна телефонија, за која 74,4 проценти од корисниците би останале на истиот оператор, кај услугата интернет каде 71,3 проценти од корисниците се изјасниле дека би останале на истиот оператор, додека лојалноста е најниска кај корисниците на услугата телевизија - 66,5 проценти од испитаниците би останале на операторот што го користат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-prigovori-za-internet-najmalku-za-mobilna-telefonija/feed/ 0