Агенција за катастар и недвижности – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 15:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Агенција за катастар и недвижности – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на катастар го потврди зголемувањето на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/direktorot-na-katastar-go-potvrdi-zgolemuvanjeto-na-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/direktorot-na-katastar-go-potvrdi-zgolemuvanjeto-na-cenite/#respond Tue, 29 Nov 2022 15:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=768365

Катастарските услуги поскапени од 25 до 30%. Зголемените трошоци за струја и одржување на софтверот се главните причини за порастот на цените. Првиот човек на оваа институција уверува дека дел од услугите се намалени, кај дел цената останала непроменета, а впечатокот дека поскапувањето е големо се добива затоа што услугите се сублимирани, односно наместо 5 сега има 2 тарифници. З Вадењето имотен лист и лист за предбележување од 180 сега чини 250 денари, запишувањето на парцела неместо 150 ќе чини 240 денари, изработката на геодетски елаборат од 750 е 1500 денари. Се плаќа и фиксен наодеместок од 250 денари за речиси сите ставки, како и за заверека на елаборатите Хартиените и електроински услуги ќе имаат иста цена – не 600, туку 750 денари Доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите., изјкави Борис Тунџев, директор на Агенција за катастар. Од ВМРО ДПМНЕ пак, обвинуваат дека поскапсувањето кај некои услуги е над 500%. Тие бараат Владата да побара одговоронот и да го разреши Тунџев, затоа што, според нив, ја довел Агенциајат во банкрот. На брифингот со новинарите сакаше да присуствуива и претседателот на Комората Рибароски. Но влез не му беше дозволен Директорот на Агенцијата Тунџев вети средба со Рибаровски , но откако ќе закаже состанок преку службите. Овај настан бил само за информирање на медиумите и јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/direktorot-na-katastar-go-potvrdi-zgolemuvanjeto-na-cenite/feed/ 0
Цените на услугите на Катастар зголемени до 30 проценти, директорот вели дека се на реално ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=768196

Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници. Причина за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катастарските ИКТ системи, информираше денеска на прес-конференција директорот на АКН, Борис Тунџев. Тој ги отфрли како неточни тврдењата на претседателот на Комората на геодетски друштва, Никола Рибаровски за „енормен раст на цените на катастарските услуги“ и посочи дека има зголемување за одредени производи, за одредени намалувања, а дел се останати на исто ниво. – Со новиот тарифен модел, поединечните цени на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем и надоместот за впишување во Катастарот на недвижности, не се енормно зголемени. Напротив, тоа се цени кои се на ниво на реално направените трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи, кои се од исклучителна важност, рече Тунџев. Тој најави дека доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите. На брифингот за новинари сакаше да присуствува и претседателот на Комората Рибароски, што не му беше дозволено со образложение дека настанот е за информирање на медиумите, а тој може да побара прием за разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/feed/ 0
Митева: Власта на СДСМ е надвор од реалноста, дала согласност за поскапување на услугите на Катастарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vlasta-na-sdsm-e-nadvor-od-realnosta-dala-soglasnost-za-poskapuvanje-na-uslugite-na-katastarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vlasta-na-sdsm-e-nadvor-od-realnosta-dala-soglasnost-za-poskapuvanje-na-uslugite-na-katastarot/#respond Sun, 27 Nov 2022 10:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=767145

Власта на СДСМ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај. Со тарифникот на Агенцијата за катастар на недвижности власта се обидува да ја спаси институцијата од банкрот. Митева вели дека сите информации со кои располагаат говорат дека поради недомаќинското работење на Катастарот истиот е доведен до состојба да не се знае дали ќе може да обезбедат плати за вработените. -Со ваквиот тарифник сосема е јасно дека во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на Агенцијата за катастар на недвижности. Дали власта со ова енормно поскапување на услугите сака да го спаси Катастар од банкрот? Дали ова ќе биде уште една институција во низа која ја претворија во загубар? СДСМ преку соопштенија се обидува да ја сокрие реалноста нарекувајќи ги фалични калкулациите и понижувајќи ги граѓаните. Единствено фалична и манипулативна е реакцијата на СДСМ, а вистината е дека изминативе 5 години потрошија 50 милиони евра од Буџетот на катастарот и уште 10 милиони евра донации, а нема никакви реформи, напротив само нефункционалност на системот и поскапувања кои со СДСМ на власт станаа секојдневие, вели Митева. Додава дека ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или -ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или -ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари. Токму власта на чело со Ковачевски дала согласност на седница на Влада за одобрување на овој Тарифник со кој се предвидува енормно поскапување на услугите. Оваа влада и Ковачевски очигледно имаат проблем со реалноста. Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на нивната влада. СДСМ нема пари кои се наменети за народот, СДСМ зема пари од народот, вели Митева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vlasta-na-sdsm-e-nadvor-od-realnosta-dala-soglasnost-za-poskapuvanje-na-uslugite-na-katastarot/feed/ 0
Банките продаваат 165 деловни простории, 91 стан, 134 парцели.. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bankite-prodavaat-165-delovni-prostorii-91-stan-134-parceli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bankite-prodavaat-165-delovni-prostorii-91-stan-134-parceli/#respond Tue, 16 Jun 2020 05:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=358383

Податоци за 165 деловни простории, 91 стан, 74 помошни простории, 27 гаражи, 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници), содржи моментно Регистарот на преземен имот наменет за продажба. Тоа се податоци за имот на граѓани што им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата. Најголем број деловни простории што се дел од регистарот има во Скопје, 32, по што следи Свети Николе со 21, Кочани со 10, Радовиш, 9, Кратово 8, Битола 7, …. Деловните простории се со површина од 113 до 450 квадратни метри. Од становите што се дел од регистарот, најголемиот дел, 64, се во Скопје и тоа 28 во Ѓорче Петров, 15 во Центар, девет во  Радишани, четири во Визбегово, по да во Бутел и во Сингелиќ… Агенцијата за катастар на недвижности го воспостави Регистарот во декември лани.Во него се достапни податоци  за број на парцела и на имотен лист, квадратура, местоположба и сопственост. Податоците автоматски го ажурира Катастарот, но нема увид во цената по која банката ја врши продажбата, ниту пак динамика за продажба на имотот. Тоа го ажурираат комерцијалните банки, а продажбата се евидентира во регистарот кога ќе биде реализирана. Од моментот на воспоставување или продажба на самата недвижност таа се трга од регистарот. Во втората фаза од проектот беше планирано во базата да бидат вклучени и податоци од извршители, стечајни управници и Министерството за финансии. Од Агенцијата за катастар на недвижности за МИА изјавија дека се работи на надградбата на системот за вклучувањето на дополнителните чинители. – Се надеваме дека тоа ќе биде наскоро, но, за жал не сме во состојба да утврдиме точен датум, велат од Катастарот. Истакнуваат дека Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба функционира според предвидената динамика и според предвидените правила на функционирање.  Досега немало пречки од каков било вид, за негово непречено функционирање. Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба го води Агенцијата за катастар на недвижности, но исклучиво врз основа на податоците доставени од субјекти кои ги преземале недвижноститеа кои се наменети за продажба, појаснуваат од Катастарот. Целта на алатката е на едно место секој заинтересиран инвеститор или купувач на недвижен имот да добие точна информација за недвижниот имот, расположив на продажба]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bankite-prodavaat-165-delovni-prostorii-91-stan-134-parceli/feed/ 0
Во Катастарот впишани 76 проценти од 156 илјади хектари државно земјиште без имотен лист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-katastarot-vpishani-76-procenti-od-156-iljadi-hektari-drzavno-zemjishte-bez-imoten-list/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-katastarot-vpishani-76-procenti-od-156-iljadi-hektari-drzavno-zemjishte-bez-imoten-list/#respond Fri, 25 Oct 2019 13:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=256028

Агенцијата за катастар на недвижности најави дека до крај на годината ќе го впише целосно државниот имот за кој е утврдено дека нема имотен лист, а кој на крајот на минатата година изнесувал 156.000 хектари. Откако било утврдено дека државата нема имотен лист за 156.000 хектари во нејзина сопстеност, што, според директорот на Катастарот Борис Тунџев, остава простор за манипулација со тоа земјиште, во декември лани е изготвен акциски план. Од вкупно 156.258 хектари, 80.529 хектари се во катастарски општини со пописен катастар, а 75.729 хекатри во катастарски општини каде е воспосавен катастар  на недвижности. – Голем дел од имотот веќе е запишан, над 76 проценти, останува во наредните два месеца до крајот на годината да го запишеме целокупниот имот во однос на шуми, пасишта и други катастарски култури коишто согласно со податоците од Катастарот на земјиште бил во сопственост на државата и таа ќе добие свој имотен лист, рече Тунџев на денешната средба со новинари. Веќе се подготвени подзаконските акти од измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности и во втора фаза катастарот почнува со впишување на имотот во сопственост на државата во катастраските општини каде имало пописен катастар. Последните законски измени ќе овозможат да бидат запишани и правата за имотот во општините кој се уште се води според пописен катастар, односно без премер и за кој исто така нема имотен лист. Незапишани права поради воспоставен катастар без постапка на изложување со преземање податоци од пописниот катастар кој не бил со премер има во Чашка, Гостивар, Берово и во делови од Штип и од Куманово. –  Пописниот катастар не бил  премер катастар и правата се запишувани за потребата на даночната евазија во периодот од 1952 до 19524 година кога на лице место оделе пописни комисии и кога сопствениците на имоти им кажувале колакава е нивната површина. Таму има голем процент на незапишани права, но доколку тие сопственици биле евидентирани во списокот на парцели во рамки на пописниот блок и при авионското снимање си ги обележале сопствените имоти со поднесено барање без надомест ќе бидат впишани во Катастарот, рече Тунџев на брифин со новинари. Особено е карактеристична општина Чашка каде има катастарски општини и со 100 проценти незапишани права. Таму целокупниот имот е во пописен лист со незапишани права. – Целта е целокупниот имот со незапишани права да биде ставен во промет и да си добие сопственик, потенцира Тунџев. Според него, бројот на професионални корисници на Катастарот (нотари, адвокати, општини, приватни трговски друштва за геодетски работи) за две години се зголемил за 30 до 40 проценти и сега изнесува  1206, што бара проширување на хардверските капацитети. Со новата јавна набавка склучен  е договор за реинженеринг затоа што овој систем е набавен во 2008 година кога почнал да се инсталира, развиван е до 2010, потполно бил функционален кога бил ставен, и не е изграден на новите платформи, вели директорот на Катастарот. Претставките од граѓаните, според Тунџев, се сведени на минимум. Бројот на нерешени предмети е сведен на работно ниво, од претходниот работен ден и новопримените, и изнесува 900 и не се постари од три дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-katastarot-vpishani-76-procenti-od-156-iljadi-hektari-drzavno-zemjishte-bez-imoten-list/feed/ 0
Директорот на Катастар вештачел без лиценца, кривично ќе биде гонет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-katastar-veshtachel-bez-licenca-krivichno-kje-bide-gonet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-katastar-veshtachel-bez-licenca-krivichno-kje-bide-gonet/#respond Thu, 10 May 2018 20:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=52792

До Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Борис Тунџев, за основано сомнение за фалсификување исправи и лажно претстваување, пишува порталот „Нетпрес“. Всушност, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град, во случајот „Топлик“ на СЈО. Имено, тој, лажно претставувајќи се како овластен судски вештак, на 1.6. 2017 година, во просториите на ЈО за гонење на кривични дела кои произлегуваат од незаконско прислушуваните телефонски разговори, доставил наод, со свој потпис на овластен вештак, свесен дека неговата лиценца е со истечен рок и важела до 21.12 2016 година, пренесува порталот. Неговиот изготвен наод со датум 26.5 2017 го заверил со свој потпис и назнака дека е изготвен од овластен судски вештак. Тој на 5.06.2017 година доставил и сметка за изработка на вешт наод во износ од 69.000, која што му е исплатена. Исто така, Тунџев, изготвил и употребил лажна исправа – Барање за упис во регистар на вештаци, а приложил лиценца со датум на издавање 6.06.2017, наводно како да е таа продолжена од лиценцата од 20.12.2011. Сепак, тоа не било продолжување на лиценцата од 20.12.2011, туку стекнување со лиценца за вештачење од областа на Геодезија, што претставува нова лиценца врз основа на кое лажно барање во Регистарот на вештаци. Освен што Тунџев вештачел со истечена лиценца, од судот се бараше тој да се изземе од вештачењето од списите во „Топлик“ и затоа што неговата ќерката е вработена во СЈО. Ова, пак, директно укажува на конфликт на интереси и се отвора сомнеж дека вештачењето било пристрасно, пишува „Нетпрес“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-katastar-veshtachel-bez-licenca-krivichno-kje-bide-gonet/feed/ 0