агенција за млади и спорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 05:15:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агенција за млади и спорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кајакарското ЕП на „Матка“ со над 200 кајакари од 18 земји https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kajakarskoto-ep-na-matka-so-nad-200-kajakari-od-18-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kajakarskoto-ep-na-matka-so-nad-200-kajakari-od-18-zemji/#respond Wed, 17 May 2023 04:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=835017

Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски го најави отворањето на овогодинешното Европско првенство за сениори во кајак спуст на диви води на Матка. Над 200 кајакари од 18 земји ќе учествуваат на натпреварите закажани од среда (17 мај) па се до сабота (20 мај). Агенцијата за млади и спорт со задоволство учествува како партнер на Кајак Федерацијата во организација на ова Европско првенство. Претседателот на кајак федерација Дрилон Леши го изрази своето задоволство од пријавената бројка на натпреварувачи кои доаѓаат од различни држави. На пресот организиран во АМС со свое видување се обрати и Мануела Гвен, претседател на комитет за спуст при Европската кајак федерација. Среда и четврток се првите два дена од првенството, ќе има трка во спуст класик, а последните два дена се трките во спуст спринт. На овој настан се очекува влез во финалните трки за македонските кајакари Александар Златанов и Кристијан Лазаров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kajakarskoto-ep-na-matka-so-nad-200-kajakari-od-18-zemji/feed/ 0
Агенцијата за млади и спорт ја призна Македонската традиционална таеквондо федерација https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/agentsijata-za-mladi-i-sport-ja-prizna-makedonskata-traditsionalna-taekvondo-federatsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/agentsijata-za-mladi-i-sport-ja-prizna-makedonskata-traditsionalna-taekvondo-federatsija/#respond Fri, 24 Feb 2023 20:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=804796

Агенцијата за млади и спорт и додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт. Честитки по повод доделеното решение за дејност на Македонската традиционална таеквандо федерација пристигнаа од претседателот на Меѓународната таеквондо федерација, Ри Јонг Сон, како и од претседателот на Европската таеквондо федерација, Мајкл Е Пруит. Првиот Таеквондо клуб беше отворен на 22 февруари 1992 година во Охрид, под името Таеквондо клуб „Мастер” во Охрид. Клубот изминатите триесет години има учествувано на седум Светски и шест Европски првенства, со освоени три медали од Светски првенства - златен, сребрен и бронзен, како и шест медали на Европски првенства, од кои три сребрени и исто толку бронзени. Меѓународната таеквондо федерација на клубот „Мастер” од Охрид му ја додели организацијата на Првото државно првенство во таеквондо, што ќе се одржи од 11 март во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/agentsijata-za-mladi-i-sport-ja-prizna-makedonskata-traditsionalna-taekvondo-federatsija/feed/ 0
ДЗР: АМС не воспоставила критериуми за пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите и спортистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/#respond Fri, 18 Nov 2022 10:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=762838

Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е од извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за млади и спорт на сметката на основен буџет (637) за 2021 година. ДЗР, според клучните наоди, изразила неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Како што наведуваат од ДЗР,  со извршената ревизијата е констатирано дека АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности. Според ДЗР, во врска со распределбата на средства до националните спортски федерации, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со нив не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства. Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти „Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт. – Дел од финансиските извештаи за потрошените средства кои се трансферирани на НСФ не содржат целосна документација за сите средства кои се примени од АМС, дел од документацијата по основ на подигнати девизи од банка и реализирани патувања на спортисти во странство е неуредна или целосно недостасува поради што не може да се поврзе со направените трошоци, дел од НСФ исплатиле прекумерен износот на средства за исплата на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на НСФ кон спортски клубови без да се обезбеди соодветна документација за реализираниот трошок, стои во извештајот. Утврдени се слабости и недостатоци во врска со спроведениот попис на средствата и обврските како и евидентирано салдо во значителен износ на позицијата за инвестиции за кое, посочува ДЗР, не добивме соодветни објаснувања во врска со објективноста. Во поглед на реализацијата на капиталните инвестиции на кои работи АМС ревизорите констатирале значително доцнење во градежните работи кај шест објекти, а според ДЗР, се јавува и неизвесност во врска со нивното идно завршување.. Во делот за нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ДЗР се осврнува на повеќе судски спорови во кои, како што наведува, АМС се јавува како тужена странка и чие разрешување може дополнително да го оптовари финансиското работење на субјектот во иднина.Целосниот извештај е достапен на линкот  За констатираните состојби ревизијата дала препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/feed/ 0
Без да спомне Македонија, Македонец, македонски: АМС му го честита успехот на Дејан https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bez-da-spomne-makedonija-makedonec-makedonski-ams-mu-go-chestita-uspehot-na-dejan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bez-da-spomne-makedonija-makedonec-makedonski-ams-mu-go-chestita-uspehot-na-dejan/#respond Tue, 27 Jul 2021 14:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=542593

Дејан Георгиевски денеска во само неколку часа ни го покажа патот до успехот, патот до извонредни резултати нa ЛОИ во Токио, истакнуваат од Агенцијата за млади и спорт. „Решителен, концентриран и прецизен, Дејан денеска сите не' направи горди и ни покажа дека среброто е злато! Честитки за Дејан“ - напишаа од АМС. Како што можете да видите, агенцијата во авојата честитка не го нарекува Дејан Македонец, успехот и знамето не ги пишува како македонски, а името на државата не го ни спомнува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bez-da-spomne-makedonija-makedonec-makedonski-ams-mu-go-chestita-uspehot-na-dejan/feed/ 0
Граѓаните го потсетија Мојсовски на времето кога го носеше „црвено-жолтиот“ дрес: И тебе те чекавме на плоштад, а сега викаш „нашата“ репрезентација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-potsetija-mojsovski-na-vremeto-koga-go-noseshe-crveno-zoltiot-dres-i-tebe-te-chekavme-na-ploshtad-a-sega-vikash-nashata-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-potsetija-mojsovski-na-vremeto-koga-go-noseshe-crveno-zoltiot-dres-i-tebe-te-chekavme-na-ploshtad-a-sega-vikash-nashata-reprezentacija/#respond Tue, 22 Jun 2021 11:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=526603

Македонските фудбалери денеска пристигнуваат на скопскиот аеродром по деби настап на Европското првенство. Директорот на агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој е поранешен ракометен репрезентативец, на социјалните мрежи објави дека автобус за пречек од пред АМС, во 12. 30 часот ќе тргне на аеродром каде ќе пристигнат фудбалерите. Во својата објава на Фејсбук, Мојсоски напиша дека „Денеска нашата фудбалска репрезентација пристигнува во Скопје!“ Токму ова „нашата“ предизвика револт кај граѓаните кои го потсетија Мојсовски дека и тој кога со ракометната репрезентација го освои петтото место на Европското првенство во 2012 година исто така бил пречекан на скопкиот аеродром и на плоштадот Македонија. Актуелниот директор на АМС беше прашан и за која репрезентација и држава тој тогаш настапувал, ако сега не сака да напише „македонска“ во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-potsetija-mojsovski-na-vremeto-koga-go-noseshe-crveno-zoltiot-dres-i-tebe-te-chekavme-na-ploshtad-a-sega-vikash-nashata-reprezentacija/feed/ 0
Десет клубови упатија барање до Агенција за млади и спорт за присуство и надзор на Собранието на СФМ закажано како редовно за да се превенира незаконитоста во изборот на ново раководство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/deset-klubovi-upatija-baranje-do-agencija-za-mladi-i-sport-za-prisustvo-i-nadzor-na-sobranieto-na-sfm-zakazano-kako-redovno-za-da-se-prevenira-nezakonitosta-vo-izborot-na-novo-rakovodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/deset-klubovi-upatija-baranje-do-agencija-za-mladi-i-sport-za-prisustvo-i-nadzor-na-sobranieto-na-sfm-zakazano-kako-redovno-za-da-se-prevenira-nezakonitosta-vo-izborot-na-novo-rakovodstvo/#respond Fri, 26 Feb 2021 12:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=474271

Десет спортски клубови кои се членови на СФМ јавно ги повикуваат претставниците од Агенцијата за млади и спорт да присуствуваат и вршат надзор на претстојното Редовно собрание на СФМ на кое ќе се одлучува за избор на ново раководство на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), закажано за 2 март, 2021 година. Барањето и официјално е доставено до Агенцијата за млади и спорт. Ваквото барање за присуство и надзор од страна на Агенцијата за млади и спорт на претстојното Редовно собрание на СФМ е поттикнато од низата сомнителни дејствија поврзани со работењето на СФМ, а има за цел да се попречи нелегитимен избор на ново раководство. Видно од материјалите испратени со поканата за закажаното Редовно собрание, постојат нелогичности во утврдените права и броеви на гласови за поединечни клубови. Уште повеќе, постои и сомнеж дека се спроведуваат активности за итно и ad hoc формирање на нови клубови кои ќе влијаат на одлуката за избор на новото раководство. Покрај тоа, ваквото барањето за присуство на Собранието на СФМ е упатено од иницијаторите за промени во СФМ, дел од членовите на Извршниот одбор и десет клубови, по низата скандали и индиции за незаконско работење од страна на привременото раководство на СФМ, предводено од Васил Сокле. За овие случувања веќе е информирана Агенцијата за млади и спорт. Да потсетиме, дека спортисти со врвни резултати не се најдоа на листата за спортски ваучери, од која беше исклучена и младата Јана Атанасовска која до почетокот на скијачката сезона 2020-2021 година има освоено повеќе од 70 медали и пехари на различни меѓународни натпревари и ги исполнува сите критериуми. Од истите причини неактивни клубови, како на пример Спартак и Работнички,  добија ваучери, за сметка на активни клубови и спортисти кои имаат одлични резултати. Покрај тоа, привременото раководство е востановено на незаконски начин. Имено, по смртта на  претходниот претседател, како овластено лице на СФМ во Централниот регистар на Република Северна Македонија е впишан Васил Сокле во улога на „потпретседател-потписник“. Како основа за ваквото впишување е наведена постапка за избор на претставник на СФМ која е спроведена без знаење на клубовите и спротивно на постапката предвидена во Статутот на СФМ, за што клубовите и дел од членовите на Извршниот одбор на СФМ понесоа соодветна пријава до Агенцијата за млади и спорт како надлежен орган. Дополнително на тоа, се уште се очекува реакција од страна на Агенцијата на млади и спорт за постапување по индициите за фалсификувани лекарски уверенија од страна на член на Надзорниот одбор и неколку други спортисти. За ова е доставено и официјално известување од специјалистичката здравствена ординација по спортска медицина  до Агенцијата за млади и спорт, СФМ и Извршниот одбор на СФМ. За да се заштити кредибилитетот на СФМ и на снежните спортови, Извршниот одбор побара поведување на дисциплинска постапка и изрекување санкции, како и исклучување на овие лица и клубот ХМКД. Во интерес на младите спортисти и нивната посветеност за постигнување на врвни резултати, искрено се надеваме дека Агенцијата за млади и спорт ќе одговори позитивно и ќе присуствува на Собранието на 2 март 2021 година, за да може да се расчистат сите сомнителни активности и да се избере легитимно раководство на СФМ кое ќе отпочне да работи согласно законите и целите за кои постои. Агенцијата за млади и спорт, како државен орган за работите од областа на спортот, има законски надлежности и ингеренции да врши надзор над спроведување на одредбите на Законот за спорт и обврска да се грижи за остварување на јавниот интерес од областа на спортот. Клубовите кои со години се дел од СФМ и даваат сериозен придонес кон нејзиниот развој и развојот на скијачките спортови во земјата, ќе продолжат да се залагаат за работење согласно Статутот на СФМ и согласно законите во земјата, бидејќи само така може да се оствари главната цел: развој на спортот и создавање услови за младите спортисти. Ски Клуб Полар Сноуборд Клуб Полар КОБНС Скии Рис Скопје ФОКС Ски Клуб К.Б.Н.Д Мирна Долина ЗСР Клуб 28 Ски Школа Љуботен Ски Клуб Шари Академи АСК Скади Скопје Ски Клуб Бистра - Гостивар  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/deset-klubovi-upatija-baranje-do-agencija-za-mladi-i-sport-za-prisustvo-i-nadzor-na-sobranieto-na-sfm-zakazano-kako-redovno-za-da-se-prevenira-nezakonitosta-vo-izborot-na-novo-rakovodstvo/feed/ 0
Агенцијата за Млади и Спорт ги прогласи најдобрите спортисти за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-gi-proglasi-najdobrite-sportisti-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-gi-proglasi-najdobrite-sportisti-za-2020-godina/#respond Thu, 18 Feb 2021 20:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=470747

Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги прогласи најдобрите за изминатата 2020 година и на церемонија организирана според сите протоколи во СЦ „Борис Трајковски“ ги подели признанијата на најдобрите спортистите и спортските работници. Очекувано, меѓу најдобрите доминираа од фудбалот, затоа што Македонија за првпат ќе игра на Европското првенство (ЕП) во фудбал.
  • Најдобрите за 2020 година според АМС:
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Горан Пандев (фудбал) СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Вероника Костовска (карате) НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Фудбалската федерација на Македонија НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Игор Ангеловски (фудбал) НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Сениорска репрезентација фудбал НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Владимир Тркаљанов (шах) МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Роберто Ацковски (карате) МЛАДА СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Магдалдена Божиновска (карате)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-gi-proglasi-najdobrite-sportisti-za-2020-godina/feed/ 0
НЕМА СТИПЕНДИИ ЗА ПЛИВАЧИТЕ: Дарко Каевски ги изостави најмладите исполнувајќи нечии интереси, родителите бесни и гневни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-stipendii-za-plivachite-darko-kaevski-gi-izostavi-najmladite-ispolnuvajkji-nechii-interesi-roditelite-besni-i-gnevni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-stipendii-za-plivachite-darko-kaevski-gi-izostavi-najmladite-ispolnuvajkji-nechii-interesi-roditelite-besni-i-gnevni/#respond Fri, 13 Sep 2019 11:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=240271

Агенцијата за млади и спорт оваа година при доделување на стипендиите „спортска надеж“ (објавено во службен весник 184 од 06.09.2019 година потпишано од директорот Дарко Каевски) ги изостави пливачите. Родители кои се згрозени од оваа одлука на Каевски ја контактираа нашата редакција и се пожалија дека децата најмногу страдаат поради ваквата казна од страна на Каевски кој исполнува нечии интереси. -Поради настанатиот хаосот во пливањето кои државата не може или не сака да го реши оваа година реши да ги казни децата наместо директните виновници, велат дел од родителите. Тие додаваат дека децата кој што пливаат по два пати на ден и трчаат да стасаат во училиште,се оние кои се најдобрите и секогаш достојно ја преставуваат Македонија каде и да се појават, за сега да добијат ваква шлаканица од државата. Според родителите парите од овие стипендии иако не биле големи тие биле голем стимул за петнаесетина деца од 10 до 18 години. Редакцијата на КУРИР побара одговор од одговорните лица во Агенцијата за млади и спорт која повеќе од 24 часа не одговора на нашите поставени прашања по електронски пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-stipendii-za-plivachite-darko-kaevski-gi-izostavi-najmladite-ispolnuvajkji-nechii-interesi-roditelite-besni-i-gnevni/feed/ 0
Соопштени имињата на добитниците на наградата „8 Септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soopshteni-iminjata-na-dobitnicite-na-nagradata-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soopshteni-iminjata-na-dobitnicite-na-nagradata-8-septemvri/#respond Thu, 05 Sep 2019 10:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=237332

Во Агенцијата за млади и спорт денес на прес-конференција беа соопштение имињата на добитниците на државната награда „8 Септември“. Носители на престижната награда во 2019 година се: – Томе Коцев, доајен во борењето; – Слободан Николиќ, еден од најтрофејните спортски доктори; – Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари; – Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда; – Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата, наградата за животно дело за исклучителен   придонес за развој и афирмација на спортот во Северна Македонија. - Државната награда за спорт „8 Септември“ претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Северна Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите, изјави Каевски, директор на АМС. Честитки до добитниците упати и претседателката на одборот за доделување на наградите Ленче Алексовска-Величковска. -Големо е задоволството да промовираме луѓе, спортски работници, тренери селектори кои дале голем придонес во афирмација и промоција на спортот во Македонија и надвор од неа. Стручната комисија транспарентно, искрено, донесе предлог одлука која едногласно беше прифатена од одборот, изјави Алексовска-Величковска. Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот во Собранието на РепубликаМакедонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soopshteni-iminjata-na-dobitnicite-na-nagradata-8-septemvri/feed/ 0
„Срамно е и недолично ова што се случува со АМС, одговорност за збирката творби мора да има“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-e-i-nedolichno-ova-shto-se-sluchuva-so-ams-odgovornost-za-zbirkata-tvorbi-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-e-i-nedolichno-ova-shto-se-sluchuva-so-ams-odgovornost-za-zbirkata-tvorbi-mora-da-ima/#respond Sun, 01 Apr 2018 16:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=35017

Ниту една прес-конференција, ниту пак извинување нема да ја оправда грешката, која ја направија Агенцијата за млади и спорт и Дарко Каевски како директор и уредник на збирката творби. Дарко Каевски денес самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, рече денес Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ. - На 28 декември 2017 година, директорот на АМС Дарко Каевски организираше поетско читање на стихотворбите и ги додели наградите на 3-те автори, при што на официјалниот фејсбук профил на агенцијата објавија дека се пристигнати творби од 48 автори, што значи дека во текот на издавањето биле отфрлени 4 творби и била извршена селекција. Прашуваме: Зошто не биле отфрлени овие 2 творби кои се вулгарни и недолични? Зошто уредникот на збирката Дарко Каевски не ја прегледал збирката пред издавање?         Замислете уредникот на Њу Јорк Тајмс или Билд да не ја препровери содржината пред да биде издадена.         Срамно е и недолично за ова што се случува со Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски нема отпочнато и реализирано ниту еден единствен капитален проект, а и овој проект што го продолжи во континуитет од претходните директори од ВМРО-ДПМНЕ, го упропасти, рече тој. Андоновски вели дека Агенцијата за млади и спорт од некогаш најдобра институција која работеше во прилог на младите, стана потсмев за целата јавност за само 10 месеци. -Последниот период засилени се меѓународните движења за родовата рамноправност и правата на жената. И македонското општество активно се вклучи во кампањите – Me Too, No More, Enough и кампањите за еднакви примања на мажите и жените. Од друга страна, АМС со народни пари преку збирката „Млади поети“ брутално гази по сите овие кампањи, навредува, омаловажува и шири говор на омраза. Овој тип на несериозно однесување од страна на АМС не ги навредува само жените! Ги навредува и одличните млади македонски поети и поетеси, креативните индивидуалци и лингвистите. Одговорност мора да има. Извинувањето и формирањето комисии за обелоденување на скандалот нема да ја врати довербата на младите во Агенцијата за млади и спорт како институција. Дарко Каевски да ја надомести финансиски предизвиканата штета на граѓаните, и веднаш да си даде оставка и да се повлече од местото директор на Агенцијата за млади и спорт, бидејќи и онака нема реализирано ниту еден единствен капитален проект, туку го урива кредибилитетот на институцијата, заклучи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-e-i-nedolichno-ova-shto-se-sluchuva-so-ams-odgovornost-za-zbirkata-tvorbi-mora-da-ima/feed/ 0