Агенција за примена на јазикот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Jan 2021 16:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Агенција за примена на јазикот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови партиски огласи: Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 државни службеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-partiski-oglasi-agencijata-za-primena-na-jazikot-vrabotuva-13-drzavni-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-partiski-oglasi-agencijata-za-primena-na-jazikot-vrabotuva-13-drzavni-sluzbenici/#respond Sun, 31 Jan 2021 16:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=462300

Нови партиски вработувања објавува Агенцијата за примена на јазикот за вработување на дури 13 државни службеници и покрај најавите од страна на премиерот Зоран Заев дека државната и јавна администрација ќе се намалува се со цел да се намалат и непродуктивните трошења. Но, по се изгледа дека и ова ветување е само уште една лага во низата на лаги изговорени токму од првиот човек на извршната власт. Имено, Агенцијата за примена на јазикот која е релативно нова институција се формира по носење на Законот за двојазичност од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ во парламентот и има за цел да врши имплементација на законот за двојазичност.   Работните позиции на кои се вработува се различни, а платата зависи токму од позицијата , па така се бара еден извршител раководител на одделение за информатичка технологија со нето плата од 30.560 денари, потоа еден извршител советник за превод и еден извршител за лекторирање со нето плата од по 27.017 денари, по еден помлад соработник за подготовка на материјали и податоци и односи со јавноста, лекторирање, како и материјално финансиско работење, тројца извршители на позицијата помлад соработник за превод со нето плата од по 22.026 денари, еден виш соработник за буџет и буџетска контрола со нето плата од 22.026 денари. Ова не е единствениот оглас објавен од страна на државните институции. Имено во моментот и Агенцијата за остварување на правата на заедниците  преку оглас вработува едно лице на позицијата помлад соработник и тоа за изработка на програми, планови и решенија од службенички и работен однос со нето плата од 20.977 денари, додека пак Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев вработува еден јавен службеник на позицијата самостоен референт за информатички работи со нето плата од 16.450 денари. Власта продолжува да ги партизира институциите имајќи во предвид дека има над 1343 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор кои земаат плата, а седат дома, тогаш логично е да се постави прашањето зошто не се преземаат овие лица за работа во Агенцијата за примена на јазикот, туку се распишуваат нови огласи кои што ќе значат дополнителен трошок на Буџетот на Република Македонија?  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-partiski-oglasi-agencijata-za-primena-na-jazikot-vrabotuva-13-drzavni-sluzbenici/feed/ 0
Каде се парите од Агенцијата за примена на јазикот: Сумите скроени за да си поделат големи плати, а работата им е за нула https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-se-parite-od-agencijata-za-primena-na-jazikot-sumite-skroeni-za-da-si-podelat-golemi-plati-a-rabotata-im-e-za-nula/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-se-parite-od-agencijata-za-primena-na-jazikot-sumite-skroeni-za-da-si-podelat-golemi-plati-a-rabotata-im-e-za-nula/#respond Tue, 20 Nov 2018 13:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=129964

Законот за двојазичноста сè уште не е објавен, а Владата за годинава тргна на страна многу пари за него. Каде е огромната сума која требаше да биде исплатена на луѓето кои ќе работат за нешто, што во реалност денес, исто како да не постои? Во Буџетот за 2018-та година беа обезбедени 1, 46 милиони евра. Во рок од шест месеци од носење на Законот, познато беше и пред гласањето,  треба да се овозможи целосна употреба на јазикот. Трошоците на нотарите и на извршителите кои исто така се задолжени да го применуваат Законот не се пресметани во Буџетот, така што тие ќе плаќаат од свој џеб. Но, до крајот на 2018-та година има уште само 41 ден, а до каде е трошењето на парите, Владата нема откриено. Анализата која КУРИР ја објави уште во месец јануари покажа дека за да се имплементира новиот Закон за употреба на јазиците потребни се нешто над 1.7 милиони евра годишно. За да функционираат Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторат за употреба на јазиците, само за годинава ќе бидат потребни 260.000 евра. Дополнително многу повеќе пари ќе им требаат на институциите по конечно официјализирање на законот. Агенцијата е финансирана од државниот буџет и за нејзина работа ќе бидат одвојувани по 1,7 милиони евра годишно. Тоа значи дека за нешто повеќе од месец и половина, од џебот на граѓаните ќе биде исплатена уште еднаш толкава сума за, реално кажано, НИШТО. Владина Агенција за примена на јазикот треба да ја врши имплементацијата на Законот за јазиците. Со колкав дел од овие суми располага и за што ги троши, транспарентно пред граѓаните не е објавено. Ако тргнеме од очекувањата ова тело да работи чесно, тогаш до сега не треба да има потрошено ниту денар, бидејќи законот за јазиците не е уште објавен. Во ваква ситуација на големо се зборуваше и за нови вработувања, а секако и за огромна сума на пари која треба да се потроши на оваа намена. Колку луѓе се вработени, колкави им се платите и што работат ако се ангажирани за закон кој не е стапен на сила? Во однос на вработувањата во новите институции, во законот стои дека еден дел ќе бидат превземени од други државни институции, пред се од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Во образложението за спроведување на законот објавен на веб страницата на Министерството за правда, пишува дека фискалните импликации врз буџетот ќе тежат 106 милиони денари. Потребни ќе бидат и дополнителни средства, а во првата година, за да се формира Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и Инспекторат се проценува дека ќе се потрошат 16 милиони денари, кои ќе се обезбедат од буџетот за 2018 година. Дополнително требаше да се обезбедат уште 90 милиони денари во буџетот за 2018 година кои ќе бидат распределени за различни буџетски корисници за имплементација на одредбите на новиот закон. Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи, беше најавено дека ќе се вработуваат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Надзорот треба да го врши посебен Инспекторат за употреба на јазиците во состав на Министерството за правда во својство на правно лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-se-parite-od-agencijata-za-primena-na-jazikot-sumite-skroeni-za-da-si-podelat-golemi-plati-a-rabotata-im-e-za-nula/feed/ 0