Агенција за супервизија на осигурување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Sep 2022 08:26:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Агенција за супервизија на осигурување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСО: Скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме, имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-skopjani-prijavile-349-osigurani-shteti-od-silnoto-nevreme-imotot-na-ist-gejt-mol-osiguran-so-franshiza-od-100-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-skopjani-prijavile-349-osigurani-shteti-od-silnoto-nevreme-imotot-na-ist-gejt-mol-osiguran-so-franshiza-od-100-000-evra/#respond Thu, 15 Sep 2022 08:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=733080

Агенција за супервизија на осигурување (АСО) денеска соопшти дека скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава, додека имотот на „Ист Гејт Мол“ е осигуран со франшиза од 100.000 евра. Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица. Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот како последица од незапамтеното силно невреме во главниот град, покажуваат податоците кои Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги обезбеди од сите 11 компании за неживотно осигурување. Најголемиот број на пријавени штети врз осигуран имот во една компанија изнесува 117 од кои 97 се штети врз имот на физички лица. Заклучно со крајот на август годинава има 67.420 активни договори за осигурување имот на територијата на градот Скопје кои со осигурителните компании ги склучиле граѓани и компании. Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, чии објекти претпреа значајна јавно видлива штета, го осигурал имотот кај една од компаниите и договорот е склучен со франшиза (самопридржај) од 100.000 евра. Франшизата значи дека двете страни се согласни осигурителната компанија да покрие само штети поголеми од 100.000 евра, а осигуреникот сам да покрие штета доколку нејзината вредност е пониска или иста со износот утврден со франшизата. Воедно овој трговски центар има осигурување и од професионална одговорност, а полиси за осигурување имот имаат и одреден број закупци на деловни единици, информираа од осигурителните компании. Од Агенција за супервизија на осигурување објаснуваат зошто е важно да се осигура имотот, што опфаќа и на што треба да се внимава. Осигурувањето на имотот, како што се посочуваат, нуди можност за мал износ вложени средства (т.н. премија) што ги плаќа сопственикот на имот, осигурителната компанија да го превземе ризикот и да исплати штета врз имотот доколку се случи штетен настан осигуран и дефиниран во договорот за осигурување. При склучување на договорот за осигурување, треба да се внимава осигурената сума да биде соодветна на вредноста на осигурениот имот. Доколку настане штета, а ризикот е осигуран друштвото за осигурување има обврска да исплати надомест во висина на претрпената штета. Имотот на домаќинствата и правните субјекти најчесто е изложен на ризици од: пожари, поплави, земјотреси, удари од гром, луња (многу силен ветар) експлозии, кражби, излевања од водоводна, канализациска и топлинска мрежа и други можни оштетувања на имот. Сите информации за осигурување имот се содржани во документот со назив Услови за осигурување имот кој секоја компанија за осигурување е должна да му го даде на секој осигуреник. АСО особено препорачува сите осигуреници, пред да купат полиса за осигурување, со внимание да ги прочитаат Исклучоците од осигурувањето кои ги дефинираат ризиците не се покриени и за нив не следува обештетување. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-skopjani-prijavile-349-osigurani-shteti-od-silnoto-nevreme-imotot-na-ist-gejt-mol-osiguran-so-franshiza-od-100-000-evra/feed/ 0
АСО: Осигурителниот пазар порасна осум проценти, осигуреници вложија 87,7 милиони евра за шест месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-osiguritelniot-pazar-porasna-osum-procenti-osigurenici-vlozija-87-7-milioni-evra-za-shest-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-osiguritelniot-pazar-porasna-osum-procenti-osigurenici-vlozija-87-7-milioni-evra-za-shest-meseci/#respond Tue, 30 Aug 2022 08:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=725867

Граѓани и фирми вложиле 5,4 милијарди денари (87,7 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани вредноста на вложените средства во осигурување е повисока за осум отсто односно осигурителниот пазар пораснал за 401 милион денари (6,5 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Најголем раст на продажбата во првото полугодие има кај патничкото осигурување со кое се осигурале 155 000 лица или речиси 87 000 осигуреници повеќе од истиот период лани. Мало намалување има кај продажбата на осигурување имот, а продолжува да расте, иако со помал интензитет, побарувачката за приватно здравствено осигурување. Бројот на склучени договори за осигурување за првите шест месеци пораснал за 20 отсто. Од почетокот на годината досега осигуреници склучиле над 761.000 договори за осигурување со осигурителните компании за сите 18 класи на неживотни осигурувања. Најголем раст на бројот на продадени полиси за осигурување има кај патничкото осигурување. За првите шест месеци се склучени 155.000 договори за патничко осигурување што е двојно повеќе од истиот период 2021 година. Тој тип на осигурување овозможува граѓаните, при патување во странство, да го пренесат ризикот од можни штети врз компаните за осигурување. Во овој тип осигурување граѓаните во првите шест месеци вложиле 89,9 милиони денари (1,5 милиони евра). Како што информираат од АСО, очекувано, најголемо учество во вкупните вложувања во осигурување за овој период има во класата осигурување од автомобилска одговорност (АО). Кај ова осигурување, кое е задолжително со закон, ризикот го превзема осигурителната компанија што ви ја продала полисата доколку вашето возило предизвика штета врз други возила и учесници во сообраќајот. Склучени се 426.000 договори за осигурување, вклучувајќи ги и зелените карти кои се обврзувачко осигурување на покритие штети кои може да ги предизвика возило при патување во странство. Бројот на продадени полиси со кои се осигурани возила во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани е зголемен за осум отсто. Во осигурување од автомобилска одговорност во овој период се вложени 2,4 милијарди денари (39 милиони евра) или осум отсто повеќе од лани. Во осигурувањето имот, најголемата класа на доброволно осигурување во првите шест месеци осигуреници вложиле 1,3 милијарди денари (21,2 милиони евра),. Тоа е за седум отсто помалку од истиот период лани. Речиси 70 000 граѓани, фирми и правни лица го осигурале нивниот имот во првото полугодие годинава. Кај најпопуларната класа – приватното здравствено осигурување компаниите и осигуреници склучиле 13.000 договори и тоа е за 32 отсто повеќе од истиот период лани. Осигурениците во овој производ вложиле над 385 милиони денари (6,3 милиони евра) за првите шест месеци и тоа е за 66 отсто повеќе од истиот период лани. Паралелно со растот на вложувањата во ова осигурување уште подинамично растат исплатите на штети за што причина е прекумерното користење на овој производ од страна на осигурениците и зголемените цени на услугите од приватните болници. Токму заради тоа,некои од осигурителните компании не ја исклучуваат можноста од рационализација на овој тип осигурување, информиарат од Агенцијата за супервизија на осигурување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-osiguritelniot-pazar-porasna-osum-procenti-osigurenici-vlozija-87-7-milioni-evra-za-shest-meseci/feed/ 0
АСО: Се осигурале 600 индивидуални земјоделци и фармери и над 50 аграрни компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-se-osigurale-600-individualni-zemjodelci-i-farmeri-i-nad-50-agrarni-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-se-osigurale-600-individualni-zemjodelci-i-farmeri-i-nad-50-agrarni-kompanii/#respond Fri, 24 Jun 2022 08:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=695014 Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

– Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени, велат од Агенцијата.

Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) покажуваат дека повеќе од 650 индивидуални земјоделци и аграрни компании вложиле 118,6 милиони денари (1,93 милиони евра) во осигурување на посеви, плодови и животни за првите три месеци годинава.

– Вкупно 600 земјоделци и фармери во првиот квартал годинава вложиле во осигурување на своето земјоделско производство. За осигурување на посевите и плодовите во овој период се склучени 444 договори за осигурување во кои земјоделците вложиле 81 милиони денари (над 1,3 мил.евра). Фармерите во осигурување на своите животни вложиле над 23 милиони денари (380.000 евра) и склучиле 156 договори со осигурителни компании, соопштуваат од АСО.

Во овој период во осигурување на своето земјоделско производство, стока и живина земјоделските компании вложиле 14,4 милиони денари (234.000 евра). Од тоа 5,5 милиони денари (89.000 евра) се за осигурување посеви и плодови, а останатите 8,9 милиони денари (145.000 евра) се за осигурување животни.

Осигурителните компании во првите три месеци исплатиле 24,1 милиони денари (391.000 евра) за штети покриени со земјоделско осигурување. Исплатени се 331 штета на фармери за осигурување животни и шест штети за осигурување посеви и плодови.

– Минатата година вкупните вложувања во земјоделско осигурување изнесувале 547 милиони денари (8,9 милиони евра). При тоа биле склучени вкупно 3.858 договори за осигурување посеви, плодови и стока. Речиси 3.000 од тие договори ги склучиле индивидуални земјоделци кои ги осигурале нивните посеви и плодови, а над 500 фармери вложиле во осигурување на нивната стока и живина. Лани 376 земјоделски компании имале осигурување за посеви, плодови и стока, известуваат од Агенцијата.

За 2021 година осигурителните компании исплатиле вкупно 355,6 милиони денари (5,8 мил.евра) штети за осигуран добиток, посеви и плодови.

Инаку, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-se-osigurale-600-individualni-zemjodelci-i-farmeri-i-nad-50-agrarni-kompanii/feed/ 0