агенција за вработување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jan 2022 09:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агенција за вработување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 16.000 граѓани останале без работата поради ковид-кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nad-16-000-gragjani-ostanale-bez-rabotata-poradi-kovid-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nad-16-000-gragjani-ostanale-bez-rabotata-poradi-kovid-krizata/#respond Fri, 28 Jan 2022 09:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=623823

Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати на вчерашната прес-конференција информираше дека вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на корона вирус. -Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци, додаде Мурати на новинарско прашање. Иако од бизнис фелата пак тврдат дека бројката на загубени работни места изнесува над 40.000, Мурати вели дека таква статистика нема. Во моментов активни баратели на работа има речиси 131.000, а пасивни се околу 54.000 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nad-16-000-gragjani-ostanale-bez-rabotata-poradi-kovid-krizata/feed/ 0
Кривична пријава за двајца вработени во Агенцијата за вработување: Еве како мислеле да ја надмудрат полицијата и законот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-dvajca-vraboteni-vo-agencijata-za-vrabotuvanje-eve-kako-mislele-da-ja-nadmudrat-policijata-i-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-dvajca-vraboteni-vo-agencijata-za-vrabotuvanje-eve-kako-mislele-da-ja-nadmudrat-policijata-i-zakonot/#respond Tue, 20 Apr 2021 10:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=499739

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје, двајцата вработени во Агенција за вработување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353-а став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во периодот од 20.11.2020 до 22.01.2021, спротивно на член 13 став 1 точка 1,2,3,и 4 од Законот за вработување и работа на странци, изготвиле и издале 14 образци за пријава на работа на странци на територијата на Република Северна Македонија на правно лице со што всушност легализирале нелегален престој и работа на вкупно 87 лица странски државјани, без да добијат дозвола за легален привремен престој заради работа на странец и без да засноваат легален работен однос според законската регулатива согласно Законот за работните односи. На тој начин му овозможиле на правното лице да избегне плаќање на давачки кон државата по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во износ од 593.056 денари, за која сума правното лице прибавило противправна имотна корист и воедно за истиот износ пријавените предизвикале штета на буџетите на Фондовите на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-dvajca-vraboteni-vo-agencijata-za-vrabotuvanje-eve-kako-mislele-da-ja-nadmudrat-policijata-i-zakonot/feed/ 0
Ковид кризата го зголемува бројот на невработени, во септември во евиденција над 151.000 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-go-zgolemuva-brojot-na-nevraboteni-vo-septemvri-vo-evidencija-nad-151-000/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-go-zgolemuva-brojot-na-nevraboteni-vo-septemvri-vo-evidencija-nad-151-000/#respond Wed, 21 Oct 2020 09:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=418898

Сто педесет и една илјада и 359 невработени лица се регистрирани во Агенцијата за вработување на крајот на септември 2020 година. Во евиденцијата на невработени според обајвените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43627 лица. Од Агенцијата појаснуваат дека со состојба на 30 септември 2020 година евидентирани се 14819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19. Во текот на септември бројот на оние кои стекнале статус на невработено лице изнесува 13702. Во евиденција на невработени се пријавиле 2096, 3880 се симнати од евиденција на невработени по сите законски основи, 1411 се лица од евиденција на други лица кои бараат работа, 7102 се лица кои престанале да се водат во евиденција на невработени, 1053 се симнати од евиденција по законски основ, а 1385 лица преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа. Од Агенцијата појаснуваат дека за 4464 лица кои се стекнале со статус на невработени лица во периодот од 01.09.2020 до 30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос, одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот. Во текот на септември годинава 4664 лица засновале работен однос, а слободни работни места објавени на Агенцијата се 5754. Корисници на право на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во септември 2020 година биле 6800 лица, од кои технолошки вишок се 1755, сезонци 4656 и 389 стечајци. Во март кога почна ковидкризата во евиденцијата на Агенцијата биле регистрирани 107732 невработени лица, во април тој број се зголемил на 114762 лица, во мај на 121187 лица, во јуни 133455 лица, во јули на 141777 лица, во август достигнува 144759 невработени лица и во септември 151359 лица. Од регионите најголем дел од лицата без работа останале во Скопскиот, во Тетово, Куманово, Гостивар… Во Скопје од март до септември бројот на невработени се зголемил од 19273 на 29686 лица, во Битола од 4987 на 6720, во Велес од 4021 на 5341, Виница од 669 на 1041, Гевгелија од 960 на 1940, Гостивар 7022 на 10 653, Дебар од 2123 на 2938, Кичево од 2826 на 4037, Кочани од 2593 на 3608, во Крива Паланка 2477 на 2986, Куманово 12412 на 15734, Прилеп од 7157 на 9060, Струмица од 4476 на 6521, Тетово од 13190 на 18563 и во Штип од 2674 на 4344 невработени лица]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-go-zgolemuva-brojot-na-nevraboteni-vo-septemvri-vo-evidencija-nad-151-000/feed/ 0
„Фактор“: Нови 2.239 невработени минатиот месец поради ковид-кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-novi-2-239-nevraboteni-minatiot-mesec-poradi-kovid-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-novi-2-239-nevraboteni-minatiot-mesec-poradi-kovid-krizata/#respond Wed, 21 Oct 2020 07:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=418789

За еден месец бројот на отпушени поради корона кризата се зголемил за 2.239 лица, евидентира Агенцијата за вработување за периодот од 31 август до 30 септември. Тоа значи дека од март од кога започна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица, објави Фактор. -Во Агенцијата за вработување со состојба на  30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19, се вели во објавата од Агенцијата за вработување. Кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани. Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените. целиот текст прочитајте го на Фактор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-novi-2-239-nevraboteni-minatiot-mesec-poradi-kovid-krizata/feed/ 0
Ковид кризата им ги зеде работните места на 12.580 граѓани, за седум месеци близу 40.000 новорегистрирани невработени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-im-gi-zede-rabotnite-mesta-na-12-580-gragjani-za-sedum-meseci-blizu-40-000-novoregistrirani-nevraboteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-im-gi-zede-rabotnite-mesta-na-12-580-gragjani-za-sedum-meseci-blizu-40-000-novoregistrirani-nevraboteni-lica/#respond Fri, 25 Sep 2020 06:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=408244

Од близу 40 илјади новорегистрирани невработени лица во периодот од февруари заклучно со август годинава, 12.580 граѓани се останати без работа поради ковид кризата, пишува во анализата Фактор.мк. Останатиот прилив од нешто над 26 илјади новорегистрирани невработени, или прецизно 26.363 лица, се должи на неколку други основи, вели за Фактор директорката на Агенцијата за вработување, Биљана Јовановска. Ова појаснување од Агенцијата следува откако беа објавени податоците на оваа институција, кои говорат дека за период од шест месеци, односно откако стартуваа економските проблеми поврзани со пандемијата, се регистрирани точно 38.943 лица. Од Агенцијата објаснуваат дека овие 12.580 невработени ги згубиле своите работни места во периодот од 11 март, до 31 август оваа година. -Од вкупниот прилив на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во периодот од 11.03.2020 до 31.08.2020 година, по основ на прилив од работен однос со состојба на 31.08.2020 година, евидентирани се 12.580 невработени лица, на кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид-19 вирусот, нагласуваат од Агенцијата за вработување за Фактор. Според Аврамовска, преостанатата бројна на новорегистрирани невработени од околу 26 илјади лица, се должи на неколку други основи. Една од нив е поврзана со проектот младинска гаранција. Односно, за да влезат во овој прокет, голем број млади до 29 години, дури 17 илјади, се пријавиле како невработени во Агенцијата. „Во соработка со младинските организации, ги повикавме младите до 29 години, да дојдат и да се евидентираат во Агенцијата како невработени, за да можат да се вклучат во проектот младинска гаранција. Така што, заклучно со август, 17 илјади млади до 29 години, се евидентирани за прв пат како невработени“, вели Јовановска. Таа објаснува и дека од овие 17 илјади млади луѓе, пет илјади веќе успеале да излезат од младинската гаранција, односно 4.500 се вработиле, а 500 се вклучиле во обуки, и од Агенцијата очекуваат и тие многу брзо да најдат работа, со што и тие ќе излезат од младинската гаранција. Односно, кај оваа категорија лица се очекува да има и прилив и одлив, бидејќи тоа, како што објаснуваат од Агенцијата, е жива материја. Инаку, за појаснување, овој проект младинска гаранција стартувал од јануари годинава, но практично почнал да се спроведува по носењето на оперативниот план на крајот на февруари – почетокот на март, што значи дека се поклопува на некој начин и со стартот на корона кризата. Тоа прави да изгледа бројот на отпуштените поради кризата поголем отколку што реално е, објаснува Јовановска. Целиот текст прочитајте го на ФАКТОР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-im-gi-zede-rabotnite-mesta-na-12-580-gragjani-za-sedum-meseci-blizu-40-000-novoregistrirani-nevraboteni-lica/feed/ 0
Агенцијата за вработување од мај не ги објавува официјалните податоци за вкупниот број на невработени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agencijata-za-vrabotuvanje-od-maj-ne-gi-objavuva-oficijalnite-podatoci-za-vkupniot-broj-na-nevraboteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agencijata-za-vrabotuvanje-od-maj-ne-gi-objavuva-oficijalnite-podatoci-za-vkupniot-broj-na-nevraboteni-lica/#respond Tue, 11 Aug 2020 13:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=389315

Додека светот секојдневно брои колку работници добиле отказ за време на корона кризата, македонските бројки застанаа во мај. Агенцијата за вработување не ги објавува официјални податоци колку нови лица се пријавиле како невработени во јуни и јули поради отказ од работа. Последните лиферувани информации ги имаат заклучно со мај иако на почетокот на август веќе требаше да бидат објавени и бројките за јули. Директорката Билјана Јовановска е на одмор, и никој не знае кога податоците ќе бидат достапни за јавноста. Според она што е официјално на сајтот од март до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за нови 15.371 лица. Ако ги додадеме и неформалните бројки кои минатата недела за Телма ги даде Јовановска дека во јули имало прилив на нови 2.503 лица, а за јуни бројката била 3.656 излегува дека над 21.500 лица добиле отказ од работа од март до јули за време на корона – кризата. Но нема официјален податок колку лица во моментов се невработени. Бизнисот веќе алармираше дека се спремаат нови откази, доколку итно не се формира Влада и не се донесе нов сет мерки за помош на компаниите. Стравуваат дека економските последици од Ковид 19 допрва следат, пишува телевизија Телма. -Се надевам дека новата влада кога ќе се формира најпрво што ќе почне да работи е да работи на евентуалната нова помош на компаниите со цел да се задржат компаниите да не се затворат бидејќи без таква помош бројот на компаниите во септември, октомври, па и ноември што ќе се затворат може да биде многу голем, вели Димитров. И додека земјава нема податок ниту анализа колку лица добиле отказ од работа поради корона-кризата, дури и некои од земјите од регионот, бројките за изгубени работни места ги објавуваа заедно со бројот на новозаболени со вирусот. Босна денеска објави дека најмалку 32.000 лица изгубиле работа од почетокот на корона-кризата. А Британија пак брои 220.000 помалку вработени во вториот квартал, или регистрираше најголема загуба на работни места од 2009 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agencijata-za-vrabotuvanje-od-maj-ne-gi-objavuva-oficijalnite-podatoci-za-vkupniot-broj-na-nevraboteni-lica/feed/ 0
Власта ги нападна невработените дека сами се виновни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-gi-napadna-nevrabotenite-deka-sami-se-vinovni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-gi-napadna-nevrabotenite-deka-sami-se-vinovni/#respond Fri, 12 Apr 2019 12:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=185546

Власта ги нападна невработените лица тврдејќи дека самите се виновни што немаат работа. Од АВРМ излегоа со обвинувања затоа што невработените одбивале вработувања каде нешто не им одговара. Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, обвинува дека невработените граѓани во земјава ниту сакаат да работат, ниту бараат работа. -Имаме ситуација кога 70 посто од поканетите невработени лица не доаѓаат на интервју бидејќи не е задолжително. Законот не вели дека тие ќе бидат избришани или тргнати од евиденција. Од 30 проценти што ќе дојдат на интервју се упатуваат кај работодавачот, половина од нив одат на интервју кај работодавачот и најчесто се случува и тие што ќе отидат кај работодавачот, да не прифатат односно да ја одбијат понудата за работа. Причините поради која што тоа го прават се најразлични, односно невработените лица наведуваат дека најчесто не им одговара местото, смената, платата, рече Јовановска. Проблем, како што вели директорката е тоа што сите работодавачи се обврзани да објават оглас за вработување, иако претходно имаат најдено лице за таа позиција. Најави реформи во системот за да се знае точно кој реално бара и нуди работа. -Невработените лица кога ќе го видат огласот и кога ќе се јават кај работодавачот тој им вели дека е пополнето или е направен избор и невработеното лице ја губи довербата кон нашата институција, додава Јовановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-gi-napadna-nevrabotenite-deka-sami-se-vinovni/feed/ 0
Владата повторно троши пари на граѓаните за вработување на партиска војска: Генералниот секретарјат планира да потроши 10 милиони денари за привремени вработувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-povtorno-troshi-pari-na-gragjanite-za-vrabotuvanje-na-partiska-vojska-generalniot-sekretarjat-planira-da-potroshi-10-milioni-denari-za-privremeni-vrabotuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-povtorno-troshi-pari-na-gragjanite-za-vrabotuvanje-na-partiska-vojska-generalniot-sekretarjat-planira-da-potroshi-10-milioni-denari-za-privremeni-vrabotuvanja/#respond Tue, 20 Feb 2018 11:06:09 +0000 http://kurir.mk/?p=23173

На официјалната страна на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Влада на Република Македонија -Генерален секретарјат. Во овој оглас предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања. Владата планира да потроши 10.000.000 денари за привремени вработувања. Овој износ претворен во евра изнесува 162.469 илјади евра. Ова не е прв пат владата да  ангажира голем број на луѓе и тоа да го прави преку Агенцијата за привремени вработувања со цел да си ги вработи партиските кадри. Во јавноста излезе информација за тоа како владата користи одредена шема за вработување на својата партиска војска во државните институции додека на големо ја критикуваше претходната влада за обемна  и партизирана администрација . Имено,  најлесно да се вработи партиски кадар, а да не биде преку оглас е да се ангажира преку договор за привремено вработување, па после 3 месеци да се вработи  со договор на неопределено. Ваква шема на вработување користи сегашната владеачка гарнитура предводена од СДСМ   за да ги вработува партиските некомпетентни кадри во државната и јавната администрација. Најдобар пример е масовното вработување во Владата каде 120 партиски војници на СДСМ се вработени под договор на дело и тоа речиси сите од нив во секторот “комуникации“. Разликата помеѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди. Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на СДСМ му се дава можност да ја преполни државната и јавната администрација. Извор: Економски.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-povtorno-troshi-pari-na-gragjanite-za-vrabotuvanje-na-partiska-vojska-generalniot-sekretarjat-planira-da-potroshi-10-milioni-denari-za-privremeni-vrabotuvanja/feed/ 0