Агенцијата за храна и ветеринарство – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиThu, 03 Aug 2023 05:43:22 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngАгенцијата за храна и ветеринарство – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Бабовски за опасноста од труење со храна: Ако сметате дека храната е небезбедна, не ризикувајте – фрлете ја!
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/babovski-za-opasnosta-od-truene-so-hrana-ako-smetate-deka-hranata-e-nebezbedna-ne-rizikuvajte-frlete-ja/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/babovski-za-opasnosta-od-truene-so-hrana-ako-smetate-deka-hranata-e-nebezbedna-ne-rizikuvajte-frlete-ja/#respondThu, 03 Aug 2023 05:43:22 +0000https://kurir.mk/?p=862768Труењата со храна се акутни патолошки состојби предизвикани од консумација на производи загадени со бактерии, токсини, вируси, паразити, но, само кога станува збор за два поврзани случаја - со ист вид храна и/или со храна од исто место. Во текот на летото, кога времето е топло и луѓето најчесто се хранат надвор, бидејќи голема е веројатноста да се на кампувања, излети и летувања, се зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат со храната. Меѓу основните причини за труење со храна, велат експертите, се зголемената температура и влажноста на воздухот кои се погодни за побрзо размножување на вирусите и бактериите како салмонела и ешерихија коли (најчести предизвикувачи на болести преносливи со храната). Дополнителен, но не и помал ризик, е тоа што за време на летото се зголемени активностите надвор од домовите, па миењето на рацете и чувањето на храната во ладилници не е секогаш достапно.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски за МИА објасни како и каде конкретно се пријавува труењето со храна, како се постапува во такви случаи, кои се препораките за да не дојде до таков исход во летните месеци и колку случаи на труење се досега пријавени до АХВ.
-Во летниот период, посебно кога времето е екстремно топло како сега, дури ни во ладилник не треба да ја чувате храната подолго време. Треба да се води смета и зготвената храна да не се остава на собна температура подолго од два часа, целата зготвена и лесно расиплива храна во колку што е можно покус рок да се олади на температура под пет степени целзиусови, а пред послужување добро да се подгрее, на над 65 степени, вели Бабовски.
Според него, информацијата за труењето може да се добие од здравствен работник или од потрошувачи, но, само кога постојат два поврзани случаја на труење, со ист вид храна и /или од исто место.
-Информација/пријава од здравствен работник (матичен доктор, доктор во Болница или во Клиниката) се доставува до Епидемиолошката служба при надлежниот Центар за јавно здравје. Тие ја проследуваат информацијата до Агенција за храна и ветеринарство и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат и веднаш го известуваат Министерството за здравство. Ако информацијата доаѓа од Oдделението за потрошувачи при АХВ, веднаш се известуваат надлежниот државен инспектор за храна, надлежниот Центар за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат – раководител на сектор. Притоа се бараат дополнителни информации од надлежниот Центар за јавно здравје за добиена информација од матичен доктор, болница, клиника до епидемиолошката служба при надлежниот Центар за јавно здравје, истакнува директорот.
По добиената информација за труење со храна веднаш се формира работна група за теренско истражување на труењето составена од надлежниот државен инспектор за храна, надлежниот државен санитарен, како и од здравствен инспектор, епидемиолог и санитарен техничар од надлежниот Центар за јавно здравје/Подрачна единица.
-Членовите на работната група за истражување на труењето заедно и истовремено прават контрола во објектот посочен како место поврзано со труењето со храна. Секој член на работната група постапува согласно со процедурата за труење со храна на својата институција. Од инкриминираната храна се земаат три примероци во исто време, на ист начин и во исти услови, запечатени и прописно обележани за да може да им се обезбеди на операторите да поднесат барање за дополнително стручно мислење. Доколку операторот не се согласува со резултатите од анализата на првиот примерок, тој може да побара вршење на анализа на вториот примерок. Ако резултатите од анализата на вториот примерок се различни од резултатите од анализата на првиот примерок тогаш задолжително инспекторот го доставува на испитување третиот примерок за супер анализа, нагласува Бабовски.
Бидете одговорни и пријавете
Според него, граѓаните треба да покажат одговорност и да го пријават секое труење.
- Зошто е важно да го пријавите труењето со храна? Ако мислите дека труењето е резултат на консумирање храна во ресторани или други објекти за храна, важно е да го пријавите, за надлежните служби и инспекторите да преземат мерки во рамки на своите овластувања. На тој начин ќе се спречи ширењето на заразната болест преку храната, вели директорот.
Ако сметате дека храната е небезбедна, не ризикувајте - фрлете ја
АХВ на својата веб страница веќе објави предупредување до граѓаните, да бидат многу внимателни со храната – каде јадат, од каде купуваат, како ја чуваат и како ја третираат пред да ја консумираат.
-Граѓаните имаат голема одговорност во врска со безбедноста на храната, бидејќи со неправилна подготовка на здравствено исправна храна може да се предизвика нејзина контаминација и да се зголеми ризикот од болести преносливи со храна. Би ги спомнал петте клучни чекори што ги промовира Светската здравствена организација (СЗО) и до кои е нужно да се придржуваме сите: да се внимава на чистотата, да се одвои суровото од зготвеното, при подготвувањето темелно термички да се обработи, чувањето да е соодветно и да се користат здравствено исправна вода, како и свежи намирници, напоменува Бабовски.
Како што наведува АХВ во препораките, за да се спречи евентуална појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор и набавка, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување. Храна треба да се купува од проверени места каде има услови производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, да се чуваат во разладни уреди. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната.
АХВ препорачува да се избегнува купувањето и консумирањето храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна (месо, млеко, јајца,...) да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Треба да се одбегнува и купување разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач на почетокот на пазарењето.
Меѓу препораките е и храната добро да се зготви, особено месото, месото од живина, рибата и морските плодови. Супите и гулашите треба да вријат на најмалку 70 степени, а при печењето месо и месо од живина, сокот не смее да биде розеникав, туку мора да биде бистар.
Мајонез, свежи слатки, млеко, месо,...
Според Агенцијата, посебно внимание треба да се обрне при купувањето мајонез, масло, свежи слатки, млеко и млечни производи, месо и месни производи, риба,...
-Овие производи претставуваат голем ризик за здравјето на потрошувачите ако се купуваат на отворени пазари, без обезбедени соодветни услови. Овие производи треба да се чуваат на соодветни температурни услови, пропишани од производителот, да бидат заштитени од загадување и од топлотни влијанија и да бидат соодветно спакувани. Доколку затекнете на пазарите вакви производи за кои не се обезбедени соодветни услови за чување и продажба, немојте да ги купувате, наведува АХВ.
При купување, пак, градинарски производи (овошје и зеленчук), треба да се бираат плодови кои се неоштетени и со органолептички особини својствени за производот.
-Свежите градинарски производи e најдобро да ги миете со потопување во млака вода, а потоа подолго да ги плакнете под проточна вода, препорачува АХВ.
Сладолед
Еден од најчесто консумираните производи во лето е секако сладоледот.
Како што вели Бабовски, граѓаните треба да бидат многу внимателни од каде купуваат сладолед, а треба да обрнат и внимание на личната хигиена на оние кои продаваат, ракуваат или го послужуваат сладоледот.
-Се препорачува потрошувачите да обрнат внимание и на разладниот уред во кој се чува сладоледот. Ако купуваат конфекциониран (пакуван) сладолед, да го прочитаат означувањето и посебно да внимаваат на рокот на употреба. Задолжително пред консумирањето, треба да се провери и изгледот, мирисот и вкусот на сладоледот, дециден е Бабовски.
До АХВ поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна
До Одделението за заштита на потрошувачите во АХВ од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Пет се во постапување. Од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани. Три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство.
-Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, истакнува директорот.
Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е затворена и запечатена со лента, а издадено е решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата.
-Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, нагласува Бабовски.
Најнови информации на Европската Агенција за храна (EFSA) за вирусите кои потекнуваат од храната
Вирусите неодамна се препознаени како важен извор на болести предизвикани со храната. Според ЕФСА, вкупниот број епидемии предизвикани со вируси од храната се зголемил од 2007 година. Во 2009 година вирусите од храната предизвикале 19 отсто од сите болести предизвикани од храната во ЕУ и поттикнале 1 000 епидемии во кои биле зафатени 8 700 луѓе.
Научните мислења на ЕФСА информираат за норо вирусите и вирусот на хепатитис А, во свежа храна и храна подготвена за јадење. Овие причинители се препознаени и од СЗО како приоритетни опасности. Исто така, ЕФСА дава податоци за вирусот на хепатитис Е, кој има голема преваленција кај свињите, а постојат докази за пренесување преку храната и покрај тоа што клиничките случаи се многу ретки.
-Превентивните мерки треба да се фокусираат на превенција во сите фази на производството на храна. Темелното готвење и загревање на храната е во моментот единствена превентивна мерка која дава резултати и со која се постигнува инактивирање на норовирусите и вирусот на хепатитис А. Месото и црниот дроб, на пример, треба темелно да испечат или сварат, за да може потрошувачите да се заштитат од вирусот на хепатитис Е, вели Бабовски.
Препораките за контрола вклучуваат обуки на вработените во бизнисите со храна за вирусната контаминација на храната. Им се препорачува на луѓето со заболен црн дроб, со намален имунитет и на трудниците да не консумираат недоволно термички третирано месо и црн дроб од диви свињи и домашни свињи.
-Вирусите може да се пренесат од човек на човек, преку храна и преку вода, кои се контаминирани со вирусите. Тие може да се најдат во секој вид на храна бидејќи храната може да се контаминира од околината во тек на подготвувањето и заради лошите хигиенски пракси. Кај луѓето норовирусот предизвикува гастроентероколитис - воспаление на желудникот и цревата. Тој е најчеста причина за заразни гастроентероколитиси во ЕУ. Вирусите на хепатитис А и Е предизвикуваат симптоми слични на грип, но исто така доведуваат до акутни болести на црниот дроб, објаснува Бабовски.
Во однос на препораките, тој посебно истакнува дека освен редовно миење раце, граѓаните треба да ги одржуваат чисти и сите работни површини и опрема што ги користат за подготовка на храната, како и да ги заштитат просторот на кујната и храната од инсекти, штетници и други животни. (МИА)]]>Труењата со храна се акутни патолошки состојби предизвикани од консумација на производи загадени со бактерии, токсини, вируси, паразити, но, само кога станува збор за два поврзани случаја - со ист вид храна и/или со храна од исто место. Во текот на летото, кога времето е топло и луѓето најчесто се хранат надвор, бидејќи голема е веројатноста да се на кампувања, излети и летувања, се зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат со храната. Меѓу основните причини за труење со храна, велат експертите, се зголемената температура и влажноста на воздухот кои се погодни за побрзо размножување на вирусите и бактериите како салмонела и ешерихија коли (најчести предизвикувачи на болести преносливи со храната). Дополнителен, но не и помал ризик, е тоа што за време на летото се зголемени активностите надвор од домовите, па миењето на рацете и чувањето на храната во ладилници не е секогаш достапно.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски за МИА објасни како и каде конкретно се пријавува труењето со храна, како се постапува во такви случаи, кои се препораките за да не дојде до таков исход во летните месеци и колку случаи на труење се досега пријавени до АХВ.
-Во летниот период, посебно кога времето е екстремно топло како сега, дури ни во ладилник не треба да ја чувате храната подолго време. Треба да се води смета и зготвената храна да не се остава на собна температура подолго од два часа, целата зготвена и лесно расиплива храна во колку што е можно покус рок да се олади на температура под пет степени целзиусови, а пред послужување добро да се подгрее, на над 65 степени, вели Бабовски.
Според него, информацијата за труењето може да се добие од здравствен работник или од потрошувачи, но, само кога постојат два поврзани случаја на труење, со ист вид храна и /или од исто место.
-Информација/пријава од здравствен работник (матичен доктор, доктор во Болница или во Клиниката) се доставува до Епидемиолошката служба при надлежниот Центар за јавно здравје. Тие ја проследуваат информацијата до Агенција за храна и ветеринарство и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат и веднаш го известуваат Министерството за здравство. Ако информацијата доаѓа од Oдделението за потрошувачи при АХВ, веднаш се известуваат надлежниот државен инспектор за храна, надлежниот Центар за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат – раководител на сектор. Притоа се бараат дополнителни информации од надлежниот Центар за јавно здравје за добиена информација од матичен доктор, болница, клиника до епидемиолошката служба при надлежниот Центар за јавно здравје, истакнува директорот.
По добиената информација за труење со храна веднаш се формира работна група за теренско истражување на труењето составена од надлежниот државен инспектор за храна, надлежниот државен санитарен, како и од здравствен инспектор, епидемиолог и санитарен техничар од надлежниот Центар за јавно здравје/Подрачна единица.
-Членовите на работната група за истражување на труењето заедно и истовремено прават контрола во објектот посочен како место поврзано со труењето со храна. Секој член на работната група постапува согласно со процедурата за труење со храна на својата институција. Од инкриминираната храна се земаат три примероци во исто време, на ист начин и во исти услови, запечатени и прописно обележани за да може да им се обезбеди на операторите да поднесат барање за дополнително стручно мислење. Доколку операторот не се согласува со резултатите од анализата на првиот примерок, тој може да побара вршење на анализа на вториот примерок. Ако резултатите од анализата на вториот примерок се различни од резултатите од анализата на првиот примерок тогаш задолжително инспекторот го доставува на испитување третиот примерок за супер анализа, нагласува Бабовски.
Бидете одговорни и пријавете
Според него, граѓаните треба да покажат одговорност и да го пријават секое труење.
- Зошто е важно да го пријавите труењето со храна? Ако мислите дека труењето е резултат на консумирање храна во ресторани или други објекти за храна, важно е да го пријавите, за надлежните служби и инспекторите да преземат мерки во рамки на своите овластувања. На тој начин ќе се спречи ширењето на заразната болест преку храната, вели директорот.
Ако сметате дека храната е небезбедна, не ризикувајте - фрлете ја
АХВ на својата веб страница веќе објави предупредување до граѓаните, да бидат многу внимателни со храната – каде јадат, од каде купуваат, како ја чуваат и како ја третираат пред да ја консумираат.
-Граѓаните имаат голема одговорност во врска со безбедноста на храната, бидејќи со неправилна подготовка на здравствено исправна храна може да се предизвика нејзина контаминација и да се зголеми ризикот од болести преносливи со храна. Би ги спомнал петте клучни чекори што ги промовира Светската здравствена организација (СЗО) и до кои е нужно да се придржуваме сите: да се внимава на чистотата, да се одвои суровото од зготвеното, при подготвувањето темелно термички да се обработи, чувањето да е соодветно и да се користат здравствено исправна вода, како и свежи намирници, напоменува Бабовски.
Како што наведува АХВ во препораките, за да се спречи евентуална појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор и набавка, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување. Храна треба да се купува од проверени места каде има услови производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, да се чуваат во разладни уреди. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната.
АХВ препорачува да се избегнува купувањето и консумирањето храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна (месо, млеко, јајца,...) да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Треба да се одбегнува и купување разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач на почетокот на пазарењето.
Меѓу препораките е и храната добро да се зготви, особено месото, месото од живина, рибата и морските плодови. Супите и гулашите треба да вријат на најмалку 70 степени, а при печењето месо и месо од живина, сокот не смее да биде розеникав, туку мора да биде бистар.
Мајонез, свежи слатки, млеко, месо,...
Според Агенцијата, посебно внимание треба да се обрне при купувањето мајонез, масло, свежи слатки, млеко и млечни производи, месо и месни производи, риба,...
-Овие производи претставуваат голем ризик за здравјето на потрошувачите ако се купуваат на отворени пазари, без обезбедени соодветни услови. Овие производи треба да се чуваат на соодветни температурни услови, пропишани од производителот, да бидат заштитени од загадување и од топлотни влијанија и да бидат соодветно спакувани. Доколку затекнете на пазарите вакви производи за кои не се обезбедени соодветни услови за чување и продажба, немојте да ги купувате, наведува АХВ.
При купување, пак, градинарски производи (овошје и зеленчук), треба да се бираат плодови кои се неоштетени и со органолептички особини својствени за производот.
-Свежите градинарски производи e најдобро да ги миете со потопување во млака вода, а потоа подолго да ги плакнете под проточна вода, препорачува АХВ.
Сладолед
Еден од најчесто консумираните производи во лето е секако сладоледот.
Како што вели Бабовски, граѓаните треба да бидат многу внимателни од каде купуваат сладолед, а треба да обрнат и внимание на личната хигиена на оние кои продаваат, ракуваат или го послужуваат сладоледот.
-Се препорачува потрошувачите да обрнат внимание и на разладниот уред во кој се чува сладоледот. Ако купуваат конфекциониран (пакуван) сладолед, да го прочитаат означувањето и посебно да внимаваат на рокот на употреба. Задолжително пред консумирањето, треба да се провери и изгледот, мирисот и вкусот на сладоледот, дециден е Бабовски.
До АХВ поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна
До Одделението за заштита на потрошувачите во АХВ од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Пет се во постапување. Од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани. Три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство.
-Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, истакнува директорот.
Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е затворена и запечатена со лента, а издадено е решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата.
-Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, нагласува Бабовски.
Најнови информации на Европската Агенција за храна (EFSA) за вирусите кои потекнуваат од храната
Вирусите неодамна се препознаени како важен извор на болести предизвикани со храната. Според ЕФСА, вкупниот број епидемии предизвикани со вируси од храната се зголемил од 2007 година. Во 2009 година вирусите од храната предизвикале 19 отсто од сите болести предизвикани од храната во ЕУ и поттикнале 1 000 епидемии во кои биле зафатени 8 700 луѓе.
Научните мислења на ЕФСА информираат за норо вирусите и вирусот на хепатитис А, во свежа храна и храна подготвена за јадење. Овие причинители се препознаени и од СЗО како приоритетни опасности. Исто така, ЕФСА дава податоци за вирусот на хепатитис Е, кој има голема преваленција кај свињите, а постојат докази за пренесување преку храната и покрај тоа што клиничките случаи се многу ретки.
-Превентивните мерки треба да се фокусираат на превенција во сите фази на производството на храна. Темелното готвење и загревање на храната е во моментот единствена превентивна мерка која дава резултати и со која се постигнува инактивирање на норовирусите и вирусот на хепатитис А. Месото и црниот дроб, на пример, треба темелно да испечат или сварат, за да може потрошувачите да се заштитат од вирусот на хепатитис Е, вели Бабовски.
Препораките за контрола вклучуваат обуки на вработените во бизнисите со храна за вирусната контаминација на храната. Им се препорачува на луѓето со заболен црн дроб, со намален имунитет и на трудниците да не консумираат недоволно термички третирано месо и црн дроб од диви свињи и домашни свињи.
-Вирусите може да се пренесат од човек на човек, преку храна и преку вода, кои се контаминирани со вирусите. Тие може да се најдат во секој вид на храна бидејќи храната може да се контаминира од околината во тек на подготвувањето и заради лошите хигиенски пракси. Кај луѓето норовирусот предизвикува гастроентероколитис - воспаление на желудникот и цревата. Тој е најчеста причина за заразни гастроентероколитиси во ЕУ. Вирусите на хепатитис А и Е предизвикуваат симптоми слични на грип, но исто така доведуваат до акутни болести на црниот дроб, објаснува Бабовски.
Во однос на препораките, тој посебно истакнува дека освен редовно миење раце, граѓаните треба да ги одржуваат чисти и сите работни површини и опрема што ги користат за подготовка на храната, како и да ги заштитат просторот на кујната и храната од инсекти, штетници и други животни. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/babovski-za-opasnosta-od-truene-so-hrana-ako-smetate-deka-hranata-e-nebezbedna-ne-rizikuvajte-frlete-ja/feed/0АХВ: Поради високите температури да се внимава на безбедноста на храната и здравјето на милениците и домашните животни
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-poradi-visokite-temperaturi-da-se-vnimava-na-bezbednosta-na-hranata-i-zdravjeto-na-milenicite-i-domashnite-zivotni/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-poradi-visokite-temperaturi-da-se-vnimava-na-bezbednosta-na-hranata-i-zdravjeto-na-milenicite-i-domashnite-zivotni/#respondFri, 03 Jun 2022 13:34:34 +0000https://kurir.mk/?p=686267Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, поради топлото време и високите температури да внимаваат на безбедноста на храната, но и на здравјето на милениците и домашните животни.
Според АХВ, најавено зголемување на дневните температури ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна.
-За да се спречи ова, неопходно е да се направи правилен избор на храна при нејзина набавка и да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Потребно е да се води
сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, а пред се да се купува храна од
проверени места каде има соодветни услови и каде производите, особено лесно расипливите
од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, наведува АХВ.
Агенцијата ги потсетува потрошувачите да избегнуваат купување и консумирање храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да ги купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како месото, млекото и јајцата да не ги чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства.
-Да се одбегнува купување на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или во замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, а месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа, апелира АХВ.
Според Агенцијата, граѓаните кои јадат во угостителските објекти, да водат сметка дали операторите со храна се грижат за хигиената и безбедноста на храната.
-Во објектите за брза храна да се одбегнува употреба на додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи,… Доколку се процени дека храната не е безбедна, да не се ризикува – храната да се фрли, истакнува Агенцијата.
Високите температури, дополнува АХВ, се опасност и за домашните животни и милениците.
Сопствениците, потсетува Агенцијата, да не ги оставаат домашните миленици животните во затворен автомобил директно изложен на сонце, да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.
На фармите, пак, да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.
Животните да се заштитат од директните сончеви зрачења, на испустите да има натстрешници или природни ладовини, а излегувањето да биде во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.
-Порастот на температурите претставува стрес за секое животно кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Во услови на високи надворешни температури да се води сметка ако дојде до топлотен удар, животните да се сместат во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество свеж воздух. Да им се даде доволна количина свежа вода, а телесната температура да им се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, наведува АХВ.]]>Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, поради топлото време и високите температури да внимаваат на безбедноста на храната, но и на здравјето на милениците и домашните животни.
Според АХВ, најавено зголемување на дневните температури ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна.
-За да се спречи ова, неопходно е да се направи правилен избор на храна при нејзина набавка и да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Потребно е да се води
сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, а пред се да се купува храна од
проверени места каде има соодветни услови и каде производите, особено лесно расипливите
од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, наведува АХВ.
Агенцијата ги потсетува потрошувачите да избегнуваат купување и консумирање храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да ги купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како месото, млекото и јајцата да не ги чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства.
-Да се одбегнува купување на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или во замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, а месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа, апелира АХВ.
Според Агенцијата, граѓаните кои јадат во угостителските објекти, да водат сметка дали операторите со храна се грижат за хигиената и безбедноста на храната.
-Во објектите за брза храна да се одбегнува употреба на додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи,… Доколку се процени дека храната не е безбедна, да не се ризикува – храната да се фрли, истакнува Агенцијата.
Високите температури, дополнува АХВ, се опасност и за домашните животни и милениците.
Сопствениците, потсетува Агенцијата, да не ги оставаат домашните миленици животните во затворен автомобил директно изложен на сонце, да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.
На фармите, пак, да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.
Животните да се заштитат од директните сончеви зрачења, на испустите да има натстрешници или природни ладовини, а излегувањето да биде во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.
-Порастот на температурите претставува стрес за секое животно кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Во услови на високи надворешни температури да се води сметка ако дојде до топлотен удар, животните да се сместат во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество свеж воздух. Да им се даде доволна количина свежа вода, а телесната температура да им се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, наведува АХВ.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-poradi-visokite-temperaturi-da-se-vnimava-na-bezbednosta-na-hranata-i-zdravjeto-na-milenicite-i-domashnite-zivotni/feed/0Конференција на АХВ за подигнување на свеста за работата на ЕФСА и за соработка во процесот на проценка на ризик
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-na-ahv-za-podignuvanje-na-svesta-za-rabotata-na-efsa-i-za-sorabotka-vo-procesot-na-procenka-na-rizik/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-na-ahv-za-podignuvanje-na-svesta-za-rabotata-na-efsa-i-za-sorabotka-vo-procesot-na-procenka-na-rizik/#respondFri, 06 Sep 2019 06:04:00 +0000https://kurir.mk/?p=237602Национална конференција на тема „Подигнување на свеста за работата на ЕФСА и за можностите за соработка во процесот на проценка на ризик”, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, а со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).
На конференцијата ќе учествуваат претставници на ЕФСА, како и националните фокални точки за ЕФСА од четири земји-членки на ЕУ, а своето присуство го потврдиле и речиси 80 учесници од домашните релевантни надлежни служби, научни и високо образовни институции.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека на конференцијата ќе стане збор за можностите и предизвиците во проценката на ризик од аспект на ЕФСА, достапни платформи за истражувачи, инволвираност на институциите од земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови во активностите кои се опфатени со работата и делувањето на ЕФСА, досегашна и понатамошна соработка меѓу ЕФСА и земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и за можностите за воспоставување научни и истражувачки мрежи меѓу земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и земјите-членки на Европската унија. (МИА)]]>Национална конференција на тема „Подигнување на свеста за работата на ЕФСА и за можностите за соработка во процесот на проценка на ризик”, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, а со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).
На конференцијата ќе учествуваат претставници на ЕФСА, како и националните фокални точки за ЕФСА од четири земји-членки на ЕУ, а своето присуство го потврдиле и речиси 80 учесници од домашните релевантни надлежни служби, научни и високо образовни институции.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека на конференцијата ќе стане збор за можностите и предизвиците во проценката на ризик од аспект на ЕФСА, достапни платформи за истражувачи, инволвираност на институциите од земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови во активностите кои се опфатени со работата и делувањето на ЕФСА, досегашна и понатамошна соработка меѓу ЕФСА и земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и за можностите за воспоставување научни и истражувачки мрежи меѓу земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и земјите-членки на Европската унија. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-na-ahv-za-podignuvanje-na-svesta-za-rabotata-na-efsa-i-za-sorabotka-vo-procesot-na-procenka-na-rizik/feed/0Уништени 218 килограми небезбедна храна
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishteni-218-kilogrami-nebezbedna-hrana/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishteni-218-kilogrami-nebezbedna-hrana/#respondThu, 18 Jul 2019 11:36:11 +0000https://kurir.mk/?p=219772Околу 218 килограми храна, најголем дел месо и подготовки од месо и јајца, се уништени како небезбедни при извршени инспекции кај оператори со храна во Дојран, Охрид и Струга, соопшти денеска на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во 128 вонредни контроли спроведени од 5 до 11 јули во трите туристички центри, констатирани се неусогласености со прописите кај 61 оператор со храна. Недоволна хигиена во објектите, неправилно декларирање на храната, нередовно вршење задолжителни здравствено – хигиенски прегледи на вработените, неуредно и нередовно водење на записите согласно пропишаните процедури за добра производствена и добра хигиенска праксаиHACCP, се само некои од недоследностите.
За нивно отстранување, инспекциските служби на АХВ донеле 20 решенија и една забрана, изречени се и 50 инспекциски мерки едукација на операторите и шест парични казни.
Освен во туристичките центри, АХВ спроведува засилени контроли и во малопродажните објекти во сите населени места, како и во местата каде се одржуваат манифестации на отворено и каде се подготвува и послужува храна.
Пред најавеното зголемување на температурите, Агенцијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за консумирање безбедна храна во услови на високи температури кога и ризикот од нејзино расипување е поголем. Укажува да се купува храна од одобрени и регистрирани објекти што ги имаат имплементирано безбедносните системи, како и да се внимава на означувањето на производите, каде и како се чуваат.
– Исклучително важно е да се внимава на хигиената и во домаќинствата при подготовка на храната, нејзиното чување на соодветна температура, одвојувањето на сировото од зготвеното, како и користењето на исправна вода и свежи намирници за подготовка на храната, наведува АХВ.
Од почетокот на годинава заклучно со мај, инспекторите на АХВ спровеле 28.926 контроли во внатрешниот промет и 33.198 контроли на пратки од увоз. Како небезбедни, во тој временски период се уништени 137 тони храна, најголемиот дел од животинско потекло.
Недоследности во поглед на безбедноста на храната може да се пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, лично или на електронската пошта [email protected]. (МИА)]]>Околу 218 килограми храна, најголем дел месо и подготовки од месо и јајца, се уништени како небезбедни при извршени инспекции кај оператори со храна во Дојран, Охрид и Струга, соопшти денеска на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во 128 вонредни контроли спроведени од 5 до 11 јули во трите туристички центри, констатирани се неусогласености со прописите кај 61 оператор со храна. Недоволна хигиена во објектите, неправилно декларирање на храната, нередовно вршење задолжителни здравствено – хигиенски прегледи на вработените, неуредно и нередовно водење на записите согласно пропишаните процедури за добра производствена и добра хигиенска праксаиHACCP, се само некои од недоследностите.
За нивно отстранување, инспекциските служби на АХВ донеле 20 решенија и една забрана, изречени се и 50 инспекциски мерки едукација на операторите и шест парични казни.
Освен во туристичките центри, АХВ спроведува засилени контроли и во малопродажните објекти во сите населени места, како и во местата каде се одржуваат манифестации на отворено и каде се подготвува и послужува храна.
Пред најавеното зголемување на температурите, Агенцијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за консумирање безбедна храна во услови на високи температури кога и ризикот од нејзино расипување е поголем. Укажува да се купува храна од одобрени и регистрирани објекти што ги имаат имплементирано безбедносните системи, како и да се внимава на означувањето на производите, каде и како се чуваат.
– Исклучително важно е да се внимава на хигиената и во домаќинствата при подготовка на храната, нејзиното чување на соодветна температура, одвојувањето на сировото од зготвеното, како и користењето на исправна вода и свежи намирници за подготовка на храната, наведува АХВ.
Од почетокот на годинава заклучно со мај, инспекторите на АХВ спровеле 28.926 контроли во внатрешниот промет и 33.198 контроли на пратки од увоз. Како небезбедни, во тој временски период се уништени 137 тони храна, најголемиот дел од животинско потекло.
Недоследности во поглед на безбедноста на храната може да се пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, лично или на електронската пошта [email protected]. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishteni-218-kilogrami-nebezbedna-hrana/feed/0Вонредна инспекција во пекарата по објавената фотографија со глушец
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-pekarata-po-objavenata-fotografija-so-glushec/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-pekarata-po-objavenata-fotografija-so-glushec/#respondMon, 06 Aug 2018 13:05:56 +0000https://kurir.mk/?p=85064Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна - производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна.
- Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби вршат проверка дали од страна на овој оператор со храна се почитуваат пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, информира АХВ и најавува дека со идните редовни и вонредни инспекциски контроли, акцент ќе биде ставен и на контролата на спроведувањето на законската обврска за редовно вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите во кои се подготвува и послужува храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство врши редовни инспекциски контроли и кај оваа категорија оператори со храна, а по потреба се преземаат и дополнителни, вонредни мерки за контрола.
Во првите шест месеци од годинава се извршени вкупно 8.336 инспекциски надзори кај оператори со храна од неживотинско потекло, од кои 1.027 кај пекарници, бурекџилници и трговци со леб и бели печива. Констатирани се пропусти од помал обем што се однесуваат на имплементацијата на Добрите хигиенски и производни пракси или HACCP системот, како и по однос на несоодветно означување на производите. Инспекциските служби изрекле 156 наредби за отстранување на констатираните недоследности, даден е налог за 82 едукации, а изречени се и две времени забрани.
- Апелираме до граѓаните секоја недоследност да ја пријават на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22, лично, или на електронската пошта [email protected], наведува Агенцијата за храна.]]>Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна - производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна.
- Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби вршат проверка дали од страна на овој оператор со храна се почитуваат пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, информира АХВ и најавува дека со идните редовни и вонредни инспекциски контроли, акцент ќе биде ставен и на контролата на спроведувањето на законската обврска за редовно вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите во кои се подготвува и послужува храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство врши редовни инспекциски контроли и кај оваа категорија оператори со храна, а по потреба се преземаат и дополнителни, вонредни мерки за контрола.
Во првите шест месеци од годинава се извршени вкупно 8.336 инспекциски надзори кај оператори со храна од неживотинско потекло, од кои 1.027 кај пекарници, бурекџилници и трговци со леб и бели печива. Констатирани се пропусти од помал обем што се однесуваат на имплементацијата на Добрите хигиенски и производни пракси или HACCP системот, како и по однос на несоодветно означување на производите. Инспекциските служби изрекле 156 наредби за отстранување на констатираните недоследности, даден е налог за 82 едукации, а изречени се и две времени забрани.
- Апелираме до граѓаните секоја недоследност да ја пријават на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22, лично, или на електронската пошта [email protected], наведува Агенцијата за храна.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-pekarata-po-objavenata-fotografija-so-glushec/feed/0