Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Aug 2022 09:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на АППТ очекува 2022 година да биде со зголемен девизен прилив и повеќе туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-appt-ochekuva-2022-godina-da-bide-so-zgolemen-devizen-priliv-i-povekje-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-appt-ochekuva-2022-godina-da-bide-so-zgolemen-devizen-priliv-i-povekje-turisti/#respond Fri, 26 Aug 2022 09:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=724261

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски очекува годинава да биде заокружена со зголемен број на туристи и ноќевања, како и со раст на девизниот прилив. Според него, позитивните резултати се веќе видливи. -Статистичките податоци покажуваат дека бројот на туристите во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи зголемувањето е 25,4, а кај странските 131,3 отсто. Раст има и кај ноќевањата за 66,3 отсто или кај домашните за 29 проценти, а кај странските за 109,2 отсто, рече Јаневски на прес-конференција на која ги презентираше Стратешкиот план и Програмските активности на Агенцијата за 2023 година. Тој потсети дека вкупниот девизен прилив во 2020 година изнесуваше 252,05 милиони долари и споредбено со 2021-ва кога беа остварени 385,04 милиони долари, евидентиран е раст од 52,76 отсто. -Очекувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2022 година се дека ќе има регистриран раст во поглед на бројот на туристи и ноќевања, како и раст на девизниот прилив по основ на туризам, напомена Јаневски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-appt-ochekuva-2022-godina-da-bide-so-zgolemen-devizen-priliv-i-povekje-turisti/feed/ 0