агент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 13:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не ги обесштети граѓаните кои ги измамил – казната затвор на агентот за недвижности се ефектуира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-obesshteti-gragjanite-koi-gi-izmamil-kaznata-zatvor-na-agentot-za-nedviznosti-se-efektuira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-obesshteti-gragjanite-koi-gi-izmamil-kaznata-zatvor-na-agentot-za-nedviznosti-se-efektuira/#respond Wed, 14 Sep 2022 13:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=732735

Откако и по три месеци од правосилноста на пресудата агентот за недвижности кој оштети десетина граѓани со измама при купопродажба на станови не ги обесштети граѓаните, неговата условна казна затвор се ефектуира. -Кривичниот совет, постапувајќи по добиено известие дека осудениот не ја испочитувал обврската пресудена со правосилната пресуда, донесе Решение со кое условната осуда се отповикува и се ефектуира казната затвор. Откако предметот ќе биде распределен кај судија за извршување на санкции на осудениот ќе му биде доставен упатен акт за извршување на затворската казна, велат од Основен кривичен суд Скопје, за МИА. На агентот за недвижности осум месеци откако МИА го обелодени случајот, во судница број осум во Основниот Кривичен суд – Скопје, му беше изречена алтернативна мерка – условна осуда. Според пресудата, на обвинетиот му се утврди условна казна затвор во траење од две години, доколку за три месеци од правосилноста на пресудата не ги обесштети граѓаните и за време од пет години не стори ново кривично дело. Агентот за недвижности претходно ја призна вината за стореното кривично дело и обесштети 21 отсто од целосниот износ што го должи. Пресудата следеше осум месеци откако МИА го обелодени случајот и континуирано бараше одговори и го следеше случајот од пријавата за „Измама“, која беше доставена до Министерството за внатрешни работи на 23 март 2021, до оформувањето на предметлишувањето од слобода на агентот, определените мерки за претпазливост, па сè до Обвинителниот предлог кој следуваше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва. Првата расправа за овој предмет беше закажана за 1 јули 2021 година, при што на неа обвинетиот не се појави и таа се одложи за 1 септември.  На расправата која се одржа на 1 септември обвинетиот агент за недвижности изјави дека до 20-ти септември ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил 10 граѓани. На расправата закажана на 20-ти септември, обвинетиот повторно не се појави, со што судот му определи мерка притвор. Потоа, обвинетиот го оправда своето отсуство со приложување медицинска документација за која Судот бараше комплетирање, со што процесот се пролонгираше. Дополнително, насроченото рочиште за 26 ноември се одложи поради отсуство поради боледување на судијката. По сето ова, главната расправа беше презакажана за 7-ми декември кога обвинетиот ја призна вината и обесштети дел од парите што ги должи. Обвинетиот, 41 годишен скопјанец, се товари за кривичното дело „измама“, бидејќи, според обвинението, тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност. Застапник на обвинението е обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, а случајот го води судијката Александра Ристеска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-obesshteti-gragjanite-koi-gi-izmamil-kaznata-zatvor-na-agentot-za-nedviznosti-se-efektuira/feed/ 0
Агентот на Роналдо е во преговори за преселба на напаѓачот во ПСЖ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentot-na-ronaldo-e-vo-pregovori-za-preselba-na-napagjachot-vo-psz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentot-na-ronaldo-e-vo-pregovori-za-preselba-na-napagjachot-vo-psz/#respond Sun, 10 Jul 2022 13:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=702862

Жорге Мендеш, агентот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, е во преговори за преселба на фудбалерот во Пари Сен Жермен. Според новинарот Педро Алмеида, Луис Кампос, советник на претседателот на парижаните, бил во контакт со Мендеш за можен трансфер на 37-годишниот Португалец. Роналдо пропушти голем број тренинзи на Манчестер јунајтед. Беше објавено дека фудбалерот ќе ја пропушти претсезонската турнеја на клубот во Тајланд и Австралија поради семејни причини. Португалецот се врати во Манчестер јунајтед во август 2021 година, а претходно играше за „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година. Минатата сезона Роналдо на 38 натпревари за Манчестер јунајтед постигна 24 гола и направи три асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на петкратниот освојувач на Златната топка на 30 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentot-na-ronaldo-e-vo-pregovori-za-preselba-na-napagjachot-vo-psz/feed/ 0
Стратегии од ФБИ агент: Како да го заштитите детето од киднапери и педофили https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/strategii-od-fbi-agent-kako-da-go-zashtitite-deteto-od-kidnaperi-i-pedofili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/strategii-od-fbi-agent-kako-da-go-zashtitite-deteto-od-kidnaperi-i-pedofili/#respond Wed, 04 May 2022 10:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=671624

Љубовта кон детето подразбира и константна грижа и потреба да ги заштитиме од разни опасности кои демнат во нивното опкружување. За жал, денешницата носи потенцијални опасности кои го опкружуваат детето на пат кон училиште, во парк и слично. Поранешен ФБИ агент предлага 10 стратегии за вас и вашето дете, со помош на кои ќе избегнете опасност, но и како да се однесувате во случај на несакани ситуации. Десет совети за деца 1. Не влегувај во нечив автомобил доколку родителот не ти кажал. Не приоѓај на луѓе кои те следат со автомобил или пешки. 2. Не им верувај на возрасни кои од тебе бараат помош, на пример каде се наоѓа некоја улица или пак бараат изгубено милениче. 3. Брзо избегај од лице кое те принудува да тргнеш со него. Слободно викај на глас “Ова не е мојот татко (или мајка)” 4. Избегнувај да одиш некаде сам. Доколку сакаш да излезеш од дворот или игралиштето, задолжително прашј ги родителите за дозвола, особено ако одиш кај некого дома. 5. Никогаш немој да стопираш! Доколку не ти дозволиле родителите, немој да се возиш во автомобил со други луѓе. 6. Возрасните не треба да ти ги раскажуваат своите тајни. Доколку тоа се случи, веднаш кажи им на родителите или пак на наставникот. 7. Никој не треба да те допира по телото на местата кои ги покрива костимот за капење. Ниту ти не ги допирај таму другите. Твето тело е нешто посебно и интимно. 8. Имаш право да им кажеш НЕ на возрасните, па дури и на роднините и пријателите, доколку се обидат да те натерааат да направиш нешто против твоја волја. 9. Договорете се со родителите на кој начин ќе ви пренесат дали е безбедно да одите со некоја личност. 10. Извежбај посебен звук, кој е гласен и долго трае. Така на личноста која се обидува да те повреди и посочуваш дека знаеш што се обидува да стори и не си лесна жртва. На овој начин луѓето кои се во околина ќе знаат дека си во опасност. Кога викаш, вдишуваш длабоко и добиваш кислород и дополнителна храброст и сила. Десет совети за родители 1. Клучот на успехот е во комуникацијата. Важно е отворено да разговарате со децата на сите теми кои се однесуваат на безбедност, па дури и евентуално киднапирање. 2. Знаењето е моќ. Разговарајте со децата за потенцијалните напаѓачи, научете ги дека тие изгледаат баш како и сите нормални луѓе, но ќе се обидат на најразлични начини да ги намамат децата. 3. Научете ги основните метиди кои напаѓачите ги користат за да ги намамат децата: бараат изгубено мичлениче, прашуваат за насоки, нудат пари или колачи за децата да влезат во нивниот автомобил, се закануваат дека ќе повредат некој член од семејството доколку детето не тргне со нив… 4. Немојте да го пишувате името на детето на ранците, облеката или други лични предмети на детето. Напаѓачот би можел таа информација да ја искористи за да ја придобие довербата на детето. 5. Договорете се со вашето дете што треба да стори доколку случајно се одвои од вас и се изгуби на некое јавно место. Советувајте го да побара помош од некоја мајка со дете или друга жена. Можат да побараат полицаец, обезбедување на објектот или инфо пулт. 6. Детето треба да го знае вашето име и презиме, адреса и телефонски број. 7. Секогаш треба да знаете каде се вашите деца, како и адресите и телефоните на нивните другари. 8. Редовно фотографирајте го вашето дете, со цел да имате нова фотографија во случај да се случи непосакуваното. 9. Бидете истрајни во едуцирање на детето за сите опасности. Заедно симулирајте непријатни ситуации и справување со истите. 10. Доколку вашето дете исчезне, обидете се да не паничите. Прво пребарајте го домот, па проверете да не е кај комшии или пријатели. Потоа јавете се во полиција. Не постои временски период кој мора да пројде за да пријавите исчезнување на дете. Како да му побегнете на киднаперот Поранешниот ФБИ агент Клинт Ван Зант вели дека ниту едно дете не смее да се плаши да им каже на родителите доколку некој им се заканува, иако насилникот изрично му кажал да молчи. Децата треба да знаат дека тоа што некој им се заканува не е нивна вина, и не треба да кријат од родителите. Во случај на обид за киднапирање, детето треба да вреска на цел глас, и со сета сила да се обиде да се оттргне од киднаперот. Без оглед на заканите од киднаперот, детето мора да вреска и да се обиде да избега. Киднаперите најчесто користат автомобил во кој се обидуваат да го внесат детето. Доколку некој се обиде да го стори тоа, детето треба да трча на спротивната страна од правецот на автомобилот. Така киднаперот би морал да го сврти автомобилот, а со тоа детето добива време да побегне. После ова веднаш треба да истрча кај родителите, во продавница или на било кое јавно место во близина и да вика на глас дека некој сака да го киднапира. Агентот советува детето да бега дури и во случај киднаперот да впери пиштол во него. Повеќето киднапери не сакаат да привлечат внимание со пукање, а и да се случу истрел огромна е веројатноста детето да не биде погодено. Во случај киднаперот да успе да го турне детето во автомобилот и да го стави на предното седиште, малата жртва би требало веднаш да се префрли на задно седиште и да се обиде да ја отвори вратата и да излезе. Доколку пак киднапираното дете остане на предното седиште, се препорачува да ја притиска сирената на автомобилот со цел да им го привлече вниманието на останатите автомобили во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/strategii-od-fbi-agent-kako-da-go-zashtitite-deteto-od-kidnaperi-i-pedofili/feed/ 0
ФОТО: Украинската фудбалска легенда Анатолиј Тимошчук е руски шпион и таен агент на ФСБ?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=645313

Легендарниот украински репрезентативец и долгогодишен капитен Анатолиј Тимошчук (42) стана непожелна личност во својата земја, после руската инвазија врз Украина. Играчот со најмногу настапи во дресот на Украина (144) важи за предавник бидејќи не сакал да го напушти тимот на Зенит каде работи како тренер, а сите негови рекорди и значајни остварувања се бришат, како да не постои. Од Украина денеска пристигна навистина шокантна вест, а новинарот Костјантин Андријук открива дека Тимошчук всушност е руски таен агент. Како доказ ги објавил фотографиите кои ги добил пред неколку години за време на истрага. Сепак, тој не сакаше да ги објави без вистински докази, а војната очигледно го разоткри познатиот фудбалер. Тимошчук се заколна на верност на Русија и потпиша изјава во која се вели: -Јас, Анатолиј Тимошчук, се колнам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и дека ќе чувам државни и службени тајни. Подготвен сум да го дадам животот за Русија, е наводната заклетва дадена од поранешниот фудбалер на Баерн. Претходно, Фудбалската федерација на Украина на својата официјална веб-страница објави дека ќе го санкционира Тимошчук за „соработка со окупаторите“. Освен што федерацијата нема да признае никаков настап или трофеј, му ја одзеде и тренерската лиценца. Официјално, Тимошчук до денес беше фудбалер со најмногу настапи за украинската репрезентација. Многу Украинци остро го критикуваа дека останал во Русија. Нему му се јавил неговиот поранешен соиграч Евгениј Левченко, кој му рекол: „Тимо, зошто го направи тоа? Ти си од Украина. Како можеш да молчиш и да продолжиш да работиш таму? Игравме заедно за ист тим, го носевме тој дрес со гордост, пееше химна, славевме и тагувавме. Како ќе живееш со тоа?“ На овие критики набрзо им се придружи и најдобриот украински фудбалер на денешницата, играчот на Атланта, Руслан Малиновски: „Не знам што се случи со Тимошчук, треба да го прашате. Тешко е да се коментира, но чудно е. Мислам дека не е правилно Тој повеќе не е 100 проценти и никогаш нема да биде легенда на украинскиот фудбал. Неговите достигнувања сега се заборавени“. На серијата вакви и слични јавни настапи се приклучи и претседателот на украинскиот прволигаш Рух, Григориј Козловски, кој за Тимошчук рече: „Како што рече Шевченко, пријателската гнида е полоша од ушите на непријателот. Тој е украинска гнида. Се вели дека со такви гниди не ви се потребни непријатели“. Своето мислење за Тимошчук го сподели и Олександр Алиев, кој го нарече поранешниот украински фудбалски херој „предавник“ кому „јазикот му бил заглавен во задникот“. „Ти си наш украински патриот. Или црташе знамиња на образите само за да се покажеш? му порача поранешниот соиграч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/feed/ 0
Кривична против агент за недвижности од Скопје, зел капар за станови и не го уплатил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-protiv-agent-za-nedviznosti-od-skopje-zel-kapar-za-stanovi-i-ne-go-uplatil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-protiv-agent-za-nedviznosti-od-skopje-zel-kapar-za-stanovi-i-ne-go-uplatil/#respond Tue, 28 Sep 2021 11:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=569386

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. -Имено, во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен, информира МВР. Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-protiv-agent-za-nedviznosti-od-skopje-zel-kapar-za-stanovi-i-ne-go-uplatil/feed/ 0
Агентите на Азар работат на враќање на Белгиецот во Челси https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentite-na-azar-rabotat-na-vrakjanje-na-belgiecot-vo-chelsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentite-na-azar-rabotat-na-vrakjanje-na-belgiecot-vo-chelsi/#respond Thu, 22 Jul 2021 08:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=540156

Еден Азар се претвори во вистинско разочарување за Реал Мадрид, па и покрај фудбалската класа која ја поседува, се чини дека шпанскиот клуб нема да му прави проблеми да замине доколку биде испратена соодветна понуда. Англиските и шпанските медиуми сега тврдат дека агентите на Белгиецот започнале да работат на случајот на враќање на Азар во Лондон и веќе се направени првите контакти за евентуален трансфер кој повторно ќе биде меѓу најзначајните во овој преоден рок. Азар очигледно подобро се чувствувал во Лондон каде и ги одигра најдобрите сезони во кариерата, а и натаму е во одлични односи со голем број актуелни фудбалери во составот на Томас Тухел. Постојат два проблеми за враќањето на Азар во клубот кој го напушти пред две сезони, од кои првата е што Челси има голем број играчи слични на неговиот профил, а главна желба на Тухел е да го засили нападот со играч како Ерлинг Халанд. Од другата страна е Реал кој плати 100 милиони евра за Белгиецот и веројатно би барал 50-60 милиони за да му дозволи да се врати во Челси, сума која и не е така мала за играч кој не покажа ништо и ретко играше последните две сезони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentite-na-azar-rabotat-na-vrakjanje-na-belgiecot-vo-chelsi/feed/ 0
Обвинение за агентот за недвижности поради измами во продажба на станови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-agentot-za-nedviznosti-poradi-izmami-vo-prodazba-na-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-agentot-za-nedviznosti-poradi-izmami-vo-prodazba-na-stanovi/#respond Wed, 02 Jun 2021 08:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=518014

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против скопјанец на возраст од 41 година, поради сторено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март 2021 година, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, а со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност, информира Обвинителството. Со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но до Договори за купопродажба не дошло. Со шестмина оштетени, обвинетиот склучувал Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-agentot-za-nedviznosti-poradi-izmami-vo-prodazba-na-stanovi/feed/ 0
“Агентот на МИ 6“ кој сака да ги вакцинира Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentot-na-mi-6-koj-saka-da-gi-vakcinira-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentot-na-mi-6-koj-saka-da-gi-vakcinira-makedoncite/#respond Thu, 11 Mar 2021 10:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=480641

Речиси сме на средина на месец март, повеќе од една година како короната „владее во Македонија“, го одредува патот по кој треба да се движиме. Повеќе од една година државите се во страв за животите на своите граѓани и своите економии. Македонската економија во моментов е во класичен нокдаун. Не се знае дали ќе стане и ќе продолжи да функционира или ќе се предаде на можеби најтешката борба од самостојноста, па до денес. Но, силните држави не се предаваат, се борат до последен атом, понекогаш ќе мора да донесат и тешки, но навремени одлуки за своите држави, одлуки кои на граѓаните може и нема да им се допаднат, но целта ги оправдува средствата, а нивната цел е победа над овој вирус. На огромна жалост, Македонија во моментов не спаѓа во овие силни држави, власта ниту носи тешки, а најмалку навремени одлуки за што поскоро да излеземе од „затворот“ во кој тие не’ затворија. Повторно полициски час, повторно удари по економијата... сето ова е поради нивната неспособност, неспособноста да донесат макар една вакцина на време. Додека Израел веќе вакцинираше над 95 проценти од своето население, Македонија не може да ги вакцинира оние кои се во првата линија во борбата против коронавирусот, лекарите. Големите земји веќе масовно го вакцинираат населението, а оние на кои туризмот им е примарна гранка, веќе скрои план како за некој месец да почне со работа. Тие ќе почнат со работа, а нашите власти со уличарски изјави дека правеле муабети со разузнавачи на МИ 6 за вакцини. Агент на британската тајна служба бил во постојана комуникација со Зоран Заев, да не беше трагично, ќе беше комично. Се сеќаваме на пранкерите кои му го сместија на Заев, па оттука се поставува прашањето, со кој „Џејмс Бонд“, Зоран Заев комуницирал за вакцините? Бидејќи вакцини НЕМА! Од она малку познато за нас, комуникација со разузнавачка служба, со било која, па и од рангот на МИ 6, која важи за една од најподготвените и способните во светот, не се прави на пазарџиски начин, а уште помалку ќе му биде дозволено на Зоран Заев истото да го открие во интервју на телевизија, класичен башибозук, неспособноста на дело. Тоа ти е исто како да излезе Бенџамин Нетанјаху и да каже дека пратил во седиштето на Фајзер агенти на „МОСАД“ да им се заканат, па мораа да ни дадат толку многу вакцини. Класичен аматеризам на Заев. Вакви уличарски муабети се потценување на интелигенцијата на народот, можеби во 90-те ова ќе запалеше, ама сега со толку многу средства за информирање треба да си до толку наивен за да го потцениш сопствениот народ. Вакцини нема, а не се знае кога ќе стигнат, додека светот прогласува победа, власта во Македонија прогласува полициски час, го затвора народот, ја уништува економијата, долгот расте, народот се плаши, а луѓе умираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentot-na-mi-6-koj-saka-da-gi-vakcinira-makedoncite/feed/ 0
Агентот на Бејл: Гарет не заслужи таков третман од Реал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentot-na-bejl-garet-ne-zasluzi-takov-tretman-od-real/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentot-na-bejl-garet-ne-zasluzi-takov-tretman-od-real/#respond Tue, 22 Sep 2020 14:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=406851

Личниот агент на Герет Бејл, Џонатан Барнет, повторно го искористи своето интервју за да се присети на расипаната врска меѓу неговиот клиент и Реал Мадрид. – Не мислам дека Гарет заслужуваше таков вид третман од клубот. Со сè што даде за овие седум сезони, тој заслужува поинаков третман. Она што му се случи беше срамота, а Реал Мадрид не помогна во оваа ситуација, изјави Барнет за „BBC Radio 4“. Тој додаде дека Бејл го сака Тотенхем и тие први направиле напори за тој да пристигне кај нив. – Имаше многу клубови, дури и со поголеми имиња, кои беа заинтересирани за него, но тој го избра Тотенхем. Се надевам дека сè ќе оди добро и тој нема да мора да се врати во Мадрид следната сезона. Не сакам да се врати во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе триумфира во Тотенхем, изјави Барнет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/agentot-na-bejl-garet-ne-zasluzi-takov-tretman-od-real/feed/ 0
Реал Мадрид го контактираше агентот на Бејл за да го убеди играчот да замине https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-go-kontaktirashe-agentot-na-bejl-za-da-go-ubedi-igrachot-da-zamine/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-go-kontaktirashe-agentot-na-bejl-za-da-go-ubedi-igrachot-da-zamine/#respond Mon, 17 Aug 2020 16:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=391741

Реал Мадрид се обидува на секој начин да се раздели со еден од најплатените играчи во тимот Герет Бејл, пренесува „Марка“. Фудбалерот не е вклучен во плановите на тренерот Зинедин Зидан и тој самиот повеќе пати јасно стави до знаење дека не сака да даде се од себе на теренот и е подготвен да седи на клупата за резерви до крајот на договорот. Мадридскиот клуб беше принуден да контактира со претставникот на Бејл, Барнет, кој важи за еден од највлијателните фудбалски агенти. Тековниот договор на Бејл истекува во летото 2022 година. Велшанецот се пресели во Реал од Тотенхем во 2013 година за рекордни 100 милиони евра во тоа време. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-go-kontaktirashe-agentot-na-bejl-za-da-go-ubedi-igrachot-da-zamine/feed/ 0