агенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 18:10:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Њујорк Тајмс: 90 жени тужат агенти на ФБИ поради истрагата за Насар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-90-zeni-tuzat-agenti-na-fbi-poradi-istragata-za-nasar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-90-zeni-tuzat-agenti-na-fbi-poradi-istragata-za-nasar/#respond Wed, 08 Jun 2022 18:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=688533

Повеќе од 90 жени планираат да поднесат тужба против американското Федерално биро за истраги (ФБИ), обвинувајќи поранешни агенти на таа агенција за попречување на истрагата за сексуална злоупотреба од поранешниот тимски лекар на гимнастичарскиот тим на САД, Лери Насар, објави Њујорк Тајмс. Освојувачките на златни олимписки медали во гимнастика Сајмон Бајлс, Али Рајсман и Мекејл Марони се меѓу жените кои ќе поднесат тужба барајќи повеќе од милијарда долари. Сето тоа се случува две недели откако американското Министерство за правда објави дека ќе се држи до својата претходна одлука да не поднесе кривична пријава против поранешни агенти на ФБИ обвинети за попречување на истрагата за Насар во 2015 година. „Њујорк тајмс“ додава дека во април, 13 неименувани преживеани од сексуалната злоупотреба на Насарс поднеле административни тужби против ФБИ, барајќи од агенцијата вкупно 130 милиони долари поради слични обвинувања. Насар, поранешен вработен на Државниот универзитет во Мичиген, е осуден на 175 години затвор во 2018 година за злоупотреба на млади гимнастичарки за кои му била доверена грижа. Во септември 2021 година, олимписките гимнастичари, вклучувајќи ги Бејлс и Марони, сведочеа многу емотивно пред панелот на американскиот Сенат за сексуалната злоупотреба што ја трпеле од Насар со години. На тоа рочиште, гимнастичарите го осудија ФБИ за лошо менаџирање на истрагата, а Бајлс го обвини бирото дека „замижува пред сите жртви на Насар“. Извештајот на генералниот инспектор на Министерството за правда Мајкл Хоровиц во јули 2021 година откри „раширени грешки на ФБИ што му дозволија на Насар да продолжи да малтретира уште најмалку 70 жртви пред конечно да биде уапсен“. Се наведува дека се издвојуваат двајца поранешни агенти на ФБИ кои чекале пет недели пред да направат телефонски разговор само со една жртва – Марони, додека не успеале да контактираат со други жени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-90-zeni-tuzat-agenti-na-fbi-poradi-istragata-za-nasar/feed/ 0
Клубовите во Серија А платија 187 милиони евра на агентите во 2019 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/klubovite-vo-serija-a-platija-187-milioni-evra-na-agentite-vo-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/klubovite-vo-serija-a-platija-187-milioni-evra-na-agentite-vo-2019-godina/#respond Thu, 02 Apr 2020 08:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=326002

Италијанската фудбалска федерација објави извештај за трошењето на италијанските клубови за агентни услуги во 2019 година. Вкупно, клубовите во Серија А платија 187,8 милиони евра на посредници, што е за 16,3 милиони повеќе отколку во 2018 година. Оваа сума не вклучува исплати на самите играчи на нивните агенти, кои за наведениот период изнесувале 13,6 милиони. Јувентус плати најмногу меѓу италијанските шампионски клубови за агенти – 44,3 милиони евра. Уште три клуба потрошија повеќе од 10 милиони евра за посреднички услуги – Интер (31,8 милиони евра), Рома (23,2 милиони евра) и Милан (19,6 милиони евра). Клубовите во Серија Б за 2019 година платиле на агентите 19,4 милиони евра, од кои речиси една третина се од Емполи кој искеширал шест милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/klubovite-vo-serija-a-platija-187-milioni-evra-na-agentite-vo-2019-godina/feed/ 0
Албанија по грешка го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-po-greshka-go-objavi-spisokot-na-tajni-agenti-vo-makedonija-grcija-srbija-i-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-po-greshka-go-objavi-spisokot-na-tajni-agenti-vo-makedonija-grcija-srbija-i-italija/#respond Mon, 24 Dec 2018 16:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=144433

Албанија по грешка на интернет ги објави тајните податоци за своите разузнавачи. Податоците кои протекоа на интернет се детални и ги има нивните имиња, марка на автомобил, регистрации, броеви на лични карти и пасоши, оперативен ранг, детали за нивните патувања, па дури и нивните секојдневни навики. Остра реакција на овој пропуст имало во НАТО, чија што членка е Албанија, бидејќи, како што објави „Индепендент“, „кој успеал да влезе во албанскиот систем, влегол и во системот на НАТО“. Овие детали беа објавени на сајтот на албанското министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на разузнавачката агенција ШИШ. Сега цел свет има пристап во информациите за албанските агенти, колкави им се платите, па дури и кои водоинсталатери, мајстори и автомеханичари ги користат. ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надоворешно-разузнавачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица. Благодарение на овој пропуст, сега се знае дека Албанија има двајца агенти на чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останати агенти на високи дипломатски позиции Албанија има и во Белгија, Грција, во Србија, Косово, Италија и Македонија. Албанија ги издаде следните агенти: 1. Фердинанд Нуку 2. Кујтим Прифити 3. Роберт Туци 4. Нестор Бабамето 5. Невзат Шеху 6. Астрит Кинани 7. Тонин Пренди 8. Бардок Гега 9. Хазби Брахја]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-po-greshka-go-objavi-spisokot-na-tajni-agenti-vo-makedonija-grcija-srbija-i-italija/feed/ 0
“Агенти на ФБИ биле наклонети кон Хилари Клинтон” https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agenti-na-fbi-bile-nakloneti-kon-hilari-klinton/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agenti-na-fbi-bile-nakloneti-kon-hilari-klinton/#respond Thu, 08 Feb 2018 07:17:10 +0000 http://kurir.mk/?p=19403

Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) во 2016 година демонстрирале антагонизам кон претседателот Доналд Трамп во периодот додека бил кандидат за функцијата, се наведува во извештајот на Конгресот на САД. Според Извештајот на сенатската комисија за внатрешна безбедност, двајца агенти на ФБИ размениле околу 50.000 електронски пораки во кои изразуваат симпатии кон тогашната кандидатка на демократите за претседателската функција. Во тоа време беше активна истрагата против Клинтон поради тоа што додека била државен секретар на САД користела приватен сервер за испраќање службени маилови. Американските медиуми наведуваат дека токму таа истрага придонела за нејзиниот пораз на претседателските избори во ноември 2016 година. Републиканците го обвинија ФБИ дека ги кориостеле сите средства за да докажат дека Трамп бил избран благодаение на руското мешање. Според сенатската комисија, контролирана од републиканците, електронските пораки наведуваат на мислата дека поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, уште во јули 2016 година одлучил да не почнува кривична истрага против Хилари Клинтон, односно уште пред да ја испраша, а тогашниот претседател - демократот Барак Обама, можно е да влијаел на истрагата, со оглед на тоа што барал да „знае се“ за нејзиниот тек. „Новите СМС на ФБИ се БОМБА!“, напиша Трамп на Твитер по Извештајот на Конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agenti-na-fbi-bile-nakloneti-kon-hilari-klinton/feed/ 0