агим чеку – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Sep 2020 12:03:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агим чеку – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Агим Чеку повикан во Хаг како осомничен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agim-cheku-povikan-vo-hag-kako-osomnichen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agim-cheku-povikan-vo-hag-kako-osomnichen/#respond Thu, 03 Sep 2020 12:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=398715

Специјалниот суд за воени злосторства го повика Агим Чеку, еден од командантите на ОВК, како осомничен, пренесува Репортери. Чеку потврди дека добил покана од специјалниот суд. – Добив покана вчера како осомничен. Патувам на 28 септември, изјави Чеку за Коха. Агим Чеку завршил воена академија во Белград, а на почетокот на војната во поранешна Југославија се приклучил на хрватската армија, пренесува Косово онлајн. Учествувал во воените акции на хрватските сили „Медачки џеб“ и „Бура“. Во мај 1999 година, тој беше назначен за командант на штабот на ОВК. По завршувањето на војната на Косово, Чеку основа политичка партија, а во периодот од 2006 до 2008 година беше премиер на Косово. Чеку беше уапсен неколку пати во врска со обвинение за воени злосторства, но беше ослободен по интервенција на тогашниот шеф на УНМИК, Хари Холкери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agim-cheku-povikan-vo-hag-kako-osomnichen/feed/ 0
Чеку: Повеќе Срби бараат да влезат во косовските безбедносни сили, одошто да ги напуштат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cheku-povekje-srbi-baraat-da-vlezat-vo-kosovskite-bezbednosni-sili-odoshto-da-gi-napushtat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cheku-povekje-srbi-baraat-da-vlezat-vo-kosovskite-bezbednosni-sili-odoshto-da-gi-napushtat/#respond Tue, 10 Jul 2018 07:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=75038

Заменикот министер за Безбедносните сили на Косово (ФСК), Агим Чеку изјави дека надлежните органи ги идентификувале лицата кои, по инструкции од властите во Белград, им се закануваат и ги уценуваат Србите кои се припадници на ФСК истото да го напуштат, јави дописникот на МИА од Приштина. Чеку во интервју за телевизијата Т7, синоќа рече дека тие лица главно вршат притисок врз родителите на припадниците на косовските сили за да ги убедат своите деца да излезат од ФСК. -Уценувачите и заканувачите се идентификувани и органите на редот се занимаваат со нив, рече Чеку, имплицирајќи дека сета работа се координира од официјален Белград. Според поранешниот премиер и поранешен министер за ФСК, поголема е бројката на Срби кои секојдневно се пријавуваат за служење во косовските сили, одошто на оние кои бараат да ги напуштат. Освен тоа, рече Чеку, и повеќето од оние кои имаат поднесено барање за ослободување од службата, продолжуваат секојдневно да доаѓаат на работа. Медиумите во Косово и Србија информираат дека во изминатите десетина дена околу 40 косовски Срби поднеле барање за ослободување од службата во Безбедносните сили на Косово. Според косовските власти и медиумите на албански јазик, тие во образложенијата навеле дека не можат да го издржат притисокот и заканите од српските власти и од паралелни српски структури во Косово. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cheku-povekje-srbi-baraat-da-vlezat-vo-kosovskite-bezbednosni-sili-odoshto-da-gi-napushtat/feed/ 0