агим красниќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Feb 2020 12:30:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агим красниќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што е различно во МВР: Потерницата за Агим Красниќи издадена дупло побрзо од онаа за Игор Спасов? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-e-razlichno-vo-mvr-poternicata-za-agim-krasnikji-izdadena-duplo-pobrzo-od-onaa-za-igor-spasov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-e-razlichno-vo-mvr-poternicata-za-agim-krasnikji-izdadena-duplo-pobrzo-od-onaa-za-igor-spasov/#respond Fri, 07 Feb 2020 12:20:36 +0000 https://kurir.mk/?p=300636

Агим Красниќи, Сехат Рамадани и Игор Спасов се првите три лица кои се објавени во делот „Потраги“ на интернет страната на Министерството за внатрешни работи. Заедничко за сите тројца е што се бараат со меѓународни потерници и се избегани од затворот во Штип. Но, институционалниот третман за овие осуденици се разликува. Прашањето кое повторно се актуелизира во јавноста по бегството на Красниќи и Рамадани и реакцијата на МВР е дали на Спасов му беше даде дополнително време за бегството? Што е различно во тогашното и сегашното МВР? Една работа е сигурна, тогаш министер беше Оливер Спасовски, а сега со министерството раководи Наќе Чулев. Красниќи и Рамадани кои се осудени за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела во понеделникот не се вратија во затворот во Штип, каде ги издржуваат казните, а по добиениот слободен викенд. По пријавата и извршените проверки, МВР итно распиша меѓународни потерници за двајцата. Во случајот со специјалецот Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, МВР под водство на Оливер Спасовски долго проверуваше дали можеби ќе го пронајде Спасов пред да ја распише меѓународната потерница, а по која и денес се бара. Спасов за стореното кривично дело беше осуден на 14 години затворска казна која почна да ја издржува во 2011 година. Поради здравствени проблеми во 2018-тата тој добива прекин на казната, а за доиздржување на истата треба да се јави во штипскиот затвор на 18 октомври 2019 година. Десет деца подоцна, на 28 октомври минатата година, МВР откако не го наоѓа Спасов на подрачјето каде живее распишува национална потерница за него. Ден подоцна, односно 11 дена по неговото непојавување „специјалецот“ се бара со меѓународна потерница. По бегството на Спасов, се погласно се слушаа прашањата на граѓаните зошто тој е пуштен од затвор. -Дури и поранешниот висок функционер на СДСМ, Владимир Милчин преку социјалните мрежи го поздрави тогашниот премиер Зорав Заев дека тој и Спасов се на „правиот пат“. „Или у превод он е на правиот пат, ние не сме !!!“ – стои во објавата на Милчин. Имено, Заев при посета на затворот „Идризово“ во 2017 година беше фотографиран како се поздравува со Спасов со кој разменил и по некој збор. Иако по неговото бегството, Спасовски велеше дека МВР не е надлежно, Заев во дадена изјава очекуваше МВР да го пронајде. -Очекувам истрагата да покаже каде е човекот. Прочитав од медиумите за бегството, институциите постапуваат според законот. Било кој човек кој издржува казна има право на викенд.Постапено е согласно сите процедури и очекувам МВР да утврди каде е. Верувам дека истрагата ќе дознае бргу што се случува – уверуваше Заев кој повторно ги излажа граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-e-razlichno-vo-mvr-poternicata-za-agim-krasnikji-izdadena-duplo-pobrzo-od-onaa-za-igor-spasov/feed/ 0
ФОТО: МВР распиша меѓународни потерници за Красниќи и Рамадани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-mvr-raspisha-megjunarodni-poternici-za-krasnikji-i-ramadani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-mvr-raspisha-megjunarodni-poternici-za-krasnikji-i-ramadani/#respond Fri, 07 Feb 2020 11:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=300624

Агим Красниќи и Сехат Рамадани од вчера се официјално бегалци откако во понеделникот не се јавија во штипскиот затвор по викенд отсуство. Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за двајцата. Красниќи и Рамадани имаат за доиздржување уште три години и три месеци од затворската казна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-mvr-raspisha-megjunarodni-poternici-za-krasnikji-i-ramadani/feed/ 0
Дојде живот за криминалците: Власта секојдневно ги вади од затвор, а затвора мајки на мали деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-za-kriminalcite-vlasta-sekojdnevno-gi-vadi-od-zatvor-a-zatvora-majki-na-mali-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-za-kriminalcite-vlasta-sekojdnevno-gi-vadi-od-zatvor-a-zatvora-majki-na-mali-deca/#respond Fri, 29 Dec 2017 09:45:36 +0000 http://kurir.mk/?p=3898

Ослободување од затворска казна на околу 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а за 3.097 лица ублажување на казната за 30 отсто, ова е предвидено со предлог законот за амнестија. Изминатиов период јавноста е сведок дека со доаѓањето на Зоран Заев и СДСМ, на слобода се пуштаат осудени криминалци за тешки дела, а ваквата пракса продолжува од ден на ден и се зголемува бројот на лица кои власта ги ослободува. Ослободен Фадил Арслани Последен во низата е Фадил Арслани, осуден на 11 и пол години затвор за предметот „Чекан“. Тој денеска е ослободен од затвор. Од Затворската управа за Алсат М ја потврдија веста велејќи дека за Арслани привремено е прекината мерката казна затвор поради неговата здравствена состојба. Во јули 2016 година лицата познати како лихвари од Гостивар добија вкупно 53 и пол години затвор. Вкупно беа осудени седум лица. Криминалната група, вклучена во случајот „Чекан“ опрерираше во регионот на Гостивар уште од 2008 година. Главно се занимавале со лихварство и на тој начин присвоиле противправна имотна добивка преку вршење на многу кривични дела. Тие позајмувале пари и преку искористување на тешката состојба на тие на кои им давале пари на заем, обезбедиле за себе претерана имотна корист. За да го вратот заемот, физички ги малтретирале оштетените. Како дел од криминалната група од Гостивар од полицијата се гонети вкупно 21 лице. И Чочоровска излезе од Идризово Македонката со српска адреса Станислава Чочоровска Полетан која пред 10 години беше осудена на затворска казна откако во 2007 година  на граничниот премин „падна“ со 486 килограми кокаин вчера е пуштена од затворот Идризово. Таа е осудена на 14,6 години затвор заедно со Алија Азировиќ, возачот во чиј камион беа пронајдени канти со поликолор, полни со дрога, но пуштена е заради лекување. Ваков прекин на казната заради лекување доби и сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски, како и Маријан Ефремов, екс разузнувач, осуден за случајот „Шпион“. Прекинот на казната е во рок од 30 дена, по што за евентуалното продолжување ќе одлучи судот.   Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу беа ослободени предизборно Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу во септември беа ослободени за да бидат ставени во погон за изборите.Причината поради која Агим Красниќи од Кондово беше осуден е изборни насилства. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8-ми септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите. Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор. Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу. Тој повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години, но на половина од казната доби зелено светло за излез од новиот премиер и неговите соработници. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. „Здравствените проблеми“ тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор. На слобода и осудените за „Монструм“ На 1-ви декември, Врховниот суд одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода. Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот, и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен. Недела претходно, Врховен ја укина пресудата за „Монструм“ и го врати предметот на повторно судење во Кривичен. Но, неделава од Кривичен повротно им го вратија предметот на Врховен, за тие да одлучат да за мерките.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-za-kriminalcite-vlasta-sekojdnevno-gi-vadi-od-zatvor-a-zatvora-majki-na-mali-deca/feed/ 0