агнеса руси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Mar 2022 10:47:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агнеса руси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Агнеса Руси, Агрон Буџаку и Љубомир Фрчкоски амбасадори во Бугарија, Канада и во ОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agnesa-rusi-agron-budzaku-i-ljubomir-frchkoski-ambasadori-vo-bugarija-kanada-i-vo-on/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agnesa-rusi-agron-budzaku-i-ljubomir-frchkoski-ambasadori-vo-bugarija-kanada-i-vo-on/#respond Tue, 08 Mar 2022 10:46:30 +0000 https://kurir.mk/?p=643231

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се утврдени предлозите за амбасадори на земјава во Бугарија, Канада и во ООН. -По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори: Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации. Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи на неговиот официјален Фејсбук профил. Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места, додава во објавата Османи, ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agnesa-rusi-agron-budzaku-i-ljubomir-frchkoski-ambasadori-vo-bugarija-kanada-i-vo-on/feed/ 0
Зошто Агнеса Руси станува амбасадор: Од Брисел донесе НУЛА резултати за Македонија, а сега ќе ни ги решава проблемите со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-agnesa-rusi-stanuva-ambasador-od-brisel-donese-nula-rezultati-za-makedonija-a-sega-kje-ni-gi-reshava-problemite-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-agnesa-rusi-stanuva-ambasador-od-brisel-donese-nula-rezultati-za-makedonija-a-sega-kje-ni-gi-reshava-problemite-so-bugarija/#respond Mon, 07 Feb 2022 09:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=627757

Кога ќе се спомене името Агнеса Руси, тоа за најголем дел од граѓаните на Република Македонија нема да значи ништо. Тоа е така поради фактот што иако оваа дипломатка од кариера извршуваше значајна функција, не донесе никакви резултати. Ндворешната политика која со години ја води оваа Влада е поразителна за нашата држава чие име беше променето наспроти волјата на народот, датумите само се нижеа како лажни ветувања, а датумот на кој СДСМ темели цели предизборни кампањи никако да дојде. Еден од тие “играчи“ во надворешната политика кои прават многу за себе додворувајќи им се на странските фактори, а за Македонија ништо, е токму и Агнеса Руси. Како што дознаваме, таа ќе биде новата амбасадорка на Македонија во Бугарија. Одлуката е донесена зад затворени врати во Владата, кусо време по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија. Од 2018-та година Руси е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел. Четири години работи на позиција од која може многу да придонесе за напредок на Македонија кон членство во ЕУ, но нејзините резултати се невидливи. Долг период таа зема висока сума на пари за функцијата која ја извршува неуспешно, но од некои засега непознати причини, таа ужива почит од владиниот врв, особено и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. На брифинг, Османи не го изговори нејзиното име, но истакна дека за амбасадор во Софија ќе бил испратен еден од најискусните дипломати во МНР. Македонија од 2020-та година нема свој амбасадор во државата која ни е источен сосед. Оние со кои екс-премиерот Зоран Заев потпиша договор за соседство, а ни се покажаа како соседи кои на Македонија и се само пречка, сега ќе добијат амбасадор по бугарска мерка. Мајката на Агнеса Руси е Бугарка, а нејзиниот татко е Албанец. Во март 2018-та година, Османи многу оптимистично и со големи очекувања ја испрати Руси во Брисел. -На последни консултации со Агнеса Руси, новата шефица на мисијата на Република Македонија во Европската Унија, пред нејзиниот трансфер во Брисел. Влегуваме во финалната фаза кога ни е потребен целиот фокус кон евроинтегративните процеси и сигурен сум дека Агнеса соодветно ќе одговори на овие предизвици, напиша тој тогаш на својот Фејсбук профил. Сега, во 2022-ра година, кога е очигледно свесен дека не само таа, туку ни тој ни цела Влада не одговорија на ниту еден предизвик, ја наградува со нова дипломатска функција, во Бугарија. Дали на челниците на оваа Влада им одговараат луѓе како Руси на вакви позиции за да не прават ништо, останува да видиме, но навистина е сосема нелогично дипломат со нула резултати да добива нови функции. Руси во Брисел не направи ништо, па сега второ полувреме од натпреварот на Заев, Ковачевски и Османи, ќе игра во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-agnesa-rusi-stanuva-ambasador-od-brisel-donese-nula-rezultati-za-makedonija-a-sega-kje-ni-gi-reshava-problemite-so-bugarija/feed/ 0