агресија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Apr 2022 13:38:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png агресија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведен тинејџер во Скопје, бил агресивен кон полицајци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdzer-vo-skopje-bil-agresiven-kon-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdzer-vo-skopje-bil-agresiven-kon-policajci/#respond Sun, 17 Apr 2022 13:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=664374

На 16.04.2022 околу 22:45 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје е приведен Б.Б.(18) од Скопје затоа што одбил да се легитимира и агресивно се однесувал кон полициски службеници. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tinejdzer-vo-skopje-bil-agresiven-kon-policajci/feed/ 0
Зеленски бара да се заплени „Шехерезада“, нејзината мистерија ќе открие многу работи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-bara-da-se-zapleni-sheherezada-nejzinata-misterija-kje-otkrie-mnogu-raboti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-bara-da-se-zapleni-sheherezada-nejzinata-misterija-kje-otkrie-mnogu-raboti-video/#respond Wed, 23 Mar 2022 12:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=651995

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера побарал денеска во Италија да се заплени јахтата „Шехерезада“ која е вредна 700 милиони долари, а која се поврзува со Владимир Путин. Обраќајќи се по пат на видеоповик во парламентот во Рим, Зеленски изјави и дека Путин и неговите богати соработници често одат во Италија на одмор и дека цел нивни имот во таа земја треба да биде замрзнат. „Немојте да бидете одморалиште на убијци. Блокирајте ги нивните недвижности, сметки и јахти, од „Шехерезада“ до оние најмалите“, им порачал Зеленски на италијанските пратеници. „Шехерезада“ е усидрена во пристаништето Марина Ди Карари во Тоскана, наведува „Ројтерс“. Јахтата е долга 140 метри, има два хелиодроми и 40 членови на посадата, а може да прими 18 гости. Италијанскиот премиер Марио Драги изнел податок дека неговата влада запленила имот од руски бизнисмени вреден над 800 милиони евра, во состав со санкциите на Европската унија против Москва. Зеленски оценил дека ЕУ мора да воведе целосен трговски ембарго кон Русија, вклучувајќи ја и забраната за купување нафта. „Побарајте забрана за влез во вашето пристаниште за руските бродови, за да ја почувствуваат цената на агресијата“, побарал Зеленски од членовите на италијанскиот парламент. Мистеријата на „Шехерезада“ Сопствениците на суперјахти обично не се изложуваат јавно, ниту пак сакаат да знаат што поседуваат. Сепак, „Шехерезада“ е обвиткана во необичен превез на тајност. Сите работници на овој брод и членовите на посадата мора да потпишат договори за доверливост, а нивните имиња исто така остануваат мистерија за сите надвор од јахтата. Кога „Шехерезада“ првпат пристигнала во пристаништето, работниците поставиле висока метална бариера на пристаништето за делумно да ја заштитат јахтата од набљудувачите. Некои локални жители изјавиле дека никогаш не виделе нешто слично на други јахти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-bara-da-se-zapleni-sheherezada-nejzinata-misterija-kje-otkrie-mnogu-raboti-video/feed/ 0
Маж од скопско бил агресивен кон полицајци, па доби лисици на раце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-od-skopsko-bil-agresiven-kon-policajci-pa-dobi-lisici-na-race/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-od-skopsko-bil-agresiven-kon-policajci-pa-dobi-lisici-na-race/#respond Wed, 29 Sep 2021 14:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=570144

На 29.09.2021 околу 03:10 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(34) од с.Радишани, скопско, затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-od-skopsko-bil-agresiven-kon-policajci-pa-dobi-lisici-na-race/feed/ 0
Командант на морнарица: Иран разорно ќе реагира на агресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandant-na-mornarica-iran-razorno-kje-reagira-na-agresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandant-na-mornarica-iran-razorno-kje-reagira-na-agresija/#respond Sun, 22 Sep 2019 10:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=243483

Командантот на иранската морнарица Хосеин Канзади денеска изјави дека Иран е подготвен да ги одбрани своите поморски граници о оти „разорно ќе реагира“ на секаква агресија. САД и Саудиска Арабија го обвинуваат Иран дека го извршил нападот врз саудиската нафтена рафинерија на 14 септември, а Техеран негира било каква вмешаност. – Во случај на непријателска агресија, морнарицата заедно со други армиски родови ќе возврати на најразорен можен начин, рече Канзади. – Исламската Република Иран има одбранбена моќ која денес е на највисоко ниво, а вооружените сили и Револуционерната гарда се подготвени да ги бранат поморските граници на земјата, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandant-na-mornarica-iran-razorno-kje-reagira-na-agresija/feed/ 0