Агро-бизнис комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Feb 2022 13:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Агро-бизнис комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Горан Ѓорѓиевски нов претседател на Агро-бизнис комора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/goran-gjorgjievski-nov-pretsedatel-na-agro-biznis-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/goran-gjorgjievski-nov-pretsedatel-na-agro-biznis-komora/#respond Mon, 07 Feb 2022 13:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=628110

Горан Ѓорѓиевски е нов претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание. Ѓорѓиевски кој по професија е машински инженер е сопственик на познатиот бренд „Специјал“, кој на пазарот има 24 годишна традиција и ангажира повеќе од 200 вработени. Ѓорѓиевски истакна дека меѓу приоритетите на кои ќе работи и за кои ќе се залага е да се обезбеди сигурност на пласман на земјоделски производи по реални цени, да се направи окрупнување на земјишни парцели, зголемување на приносите, партнерска соработка и зголемување на конкурентноста на земјоделските производи. - Земјоделството е една од најважните стопански гранки во нашата држава која има голем потенцијал да придонесе за раст и развој на целокупната економија во пост-пандемискиот период. За да се постигне тоа неопходно е да се променат унапредат условите во кои се работи сега преку иновации, дигитализација, следење на современите трендови. За земјоделците е потребно да се обезбеди и помош и стручни совети за купување земјоделска механизација и друга техничка опрема. За да се постигне максимален процент на искористеност потребна е поедноставување на постапките за ИПАРД апликациите. Неопходно е и даночни олеснувања за нафта, семенски материјал и за земјоделска механизација, како и субвенции по килограм произведен производ, истакна Ѓорѓиевски. На досегашниот претседател Огнен Оровчанец му беше врачена Благодарница за исклучителниот ангажман во Комората и личниот придонесот кој го дал со цел креирање на подобро деловно окружување за развој на агро-бизнис секторот. На седницата беа избрани и нови членови на органите на управување на Агро-бизнис комората, а за Потпретседатели на Комората избрани се Ласко Јованов од компанијата Слога Интернационал, Илија Јанчев, винарија Венец и Марко Кутревски од компанијата Пекабеско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/goran-gjorgjievski-nov-pretsedatel-na-agro-biznis-komora/feed/ 0