Ахмад Абуамо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 11:37:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ахмад Абуамо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осуден поранешен менаџер во Твитер поради шпионажа во корист на Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-poraneshen-menadzer-vo-tviter-poradi-shpionaza-vo-korist-na-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-poraneshen-menadzer-vo-tviter-poradi-shpionaza-vo-korist-na-saudiska-arabija/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=716634

Поранешниот вработен во Твитер, Ахмад Абуамо е осуден поради пристап до личните податоци на корисници кои ја критикуваат Владата на Саудиска Арабија. Абуамо, американски државјанин и поранешен менаџер задолжен за блискоисточното медиумско партнерство на Твитер, е обвинет во 2019 година дека дејствувал како агент на Саудиска Арабија без да се регистрира во американската Влада. Судиите во случајот го прогласија за виновен за шест обвиненија, вклучително и заговор за извршување измама со користење на интернет и перење пари. Тој е ослободен за пет други обвиненија поврзани со измама. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) од 2019 година тврди дека Абуамо и саудискиот државјанин Али Алзабара, кој работел како инженер на Твитер, ги користеле своите позиции за да добијат пристап до доверливи податоци за корисниците на Твитер, нивните адреси на електронската пошта, телефонски броеви и ИП адреси, преку кои можат да се идентификува локацијата на корисникот. Додека саудискиот државјанин Ахмед Мутаири соработувал со Саудиска Арабија како посредник. Според пресудата било пристапено до корисничките податоци на повеќе од 6.000 профили на Твитер, вклучително и најмалку 33 кориснички имиња за кои саудиските органи за спроведување на законот побарале од социјалната мрежа да се открие нивниот идентитет. Абуамо беше уапсен во ноември 2019 година и ослободен со кауција. Тој се изјасни за невин. ФБИ продолжува со потрагата по Мутаири и Алзабара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-poraneshen-menadzer-vo-tviter-poradi-shpionaza-vo-korist-na-saudiska-arabija/feed/ 0