АХВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 17:06:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АХВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АХВ својата неспособност сакаат да ја прикријат со обвинување на градоначалникот на Карбинци, Паунов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-svojata-nesposobnost-sakaat-da-ja-prikrijat-so-obvinuvane-na-gradonachalnikot-na-karbintsi-paunov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-svojata-nesposobnost-sakaat-da-ja-prikrijat-so-obvinuvane-na-gradonachalnikot-na-karbintsi-paunov/#respond Thu, 07 Sep 2023 16:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=875804

Деновиве градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов водеше битка со Агенцијата со храна и ветеринарство околу локацијата за јама на 9.000 заболени свињи од африканска чума. Градоначалникот Паунов се сомнева дека беше политичка одлуката за да бидат закопани повеќе од 9.000 свињи во селото Таринци. Според случувањата деновиве може да се воочи дека АХВ се обиде да го сокрие случајот со заразените свињи од африканска чума уште од самиот почеток. Но поради притисок од страна на јавноста и медиумите по шест дена АХВ побара од Општината да одреди локација. По изјавите на градоначалникот на општина Карбинци веднаш по пријавата од АХВ кон Општината дека има решение за болеста се одржа вонредна седница на Советот при што не се прифати предложената локација на АХВ туку Советот предложи друга локација која тие ја оценија како погодна. Но од АХВ сепак одлучија да ја одберат онаа кои сами ја предложија кај село Таринци. „Агенцијата за храна и ветеринарство ја одби предлог локацијата која што Советот на Општина Карбинци ја одлучи на седницата вонредна која што се одржа во петокот и инсистираше на нивна предложена локација која што е во непосредна близина на селата Таринци и селото Нов Караорман, и индустриската зона која што овде има неколку фирми кои што работат“, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на 04.09.2023 за ТВ Стар. Тој нагласи дека Советот на Општина Карбинци даде локација каде што на километар до километар ипол нема население, нема никакви објекти кои што би можеле да бидат загрозени. А, АХВ бараше локација за закопување на 9.000 мртви свињи која што е на 500-тини метри од индустриската зона, од Нов Караорман како населено место и на некои 800-900 метри од селото Таринци. Советот на Општина Карбинци по итна постапка свика седница за да се разгледа барањето на АХВ. И според документите на Советот на општина Карбинци на 29-тата седница одржана на 01.09.2023 година, донесе Одлука за определување на локација за закопување на мрши од угинати животни (свињи) од комерцијалната фарма за одгледување на свињи ОВЧЕПОЛКА ДООЕЛ од Велес лоцирана во КО Таринци број 0801-1307/3. А, јасно во документот од одржаната седница, Советот не ја прифаќа предложената парцела од страна на АХВ со образложение – „Посочената локација на КП број 544 КО Таринци во дописот број 2526/1 од 01.09.2023 година од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје, Советот на Општина Карбинци не ја прифаќа од причини што инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина и од Агенцијата за храна и ветеринарство не ги имаат земено во предвид развојните планови на Општина Карбинци бидејќи надлежен орган на Општина Карбинци води постапка за одобрување на урбанистички проект вон плански опфат за две катастраски парцели, а за една одобрение за градење кои што се на оддалеченост околу 100 метри од оваа локација, потоа близината на првите комерцијални објекти во село Нов Караорман кои од предметната локација се оддалечени околу 500 метри, и има реакции од месното население од село Таринци, каде што постојат повеќе помали фарми каде што се огледуваат свињи. АХВ веднаш по нивното решение за локација започнале да ги закопуваат свињите, но за 4 дена успеале едвај 300 свињи да убијат со што неспособноста ја покажуваат на дело и со самото тоа можноста кон околината за ширење на болеста е значително поголема. Денеска и здружението „Анима Мунди“ реагираше на неспособноста на АХВ за да се реши проблемот со африканската чума. „Околу пет до десет илјади животни веќе осми ден се без храна и вода во простор без вентилација, оставени да умрат на свињарската фарма во селото Таринци“, апелираат од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-svojata-nesposobnost-sakaat-da-ja-prikrijat-so-obvinuvane-na-gradonachalnikot-na-karbintsi-paunov/feed/ 0
АХВ потврди дека погодна локација за еутаназирање на 9 000 свињи е во атарот на карбинското село Таринци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-potvrdi-deka-pogodna-lokatsija-za-eutanazirane-na-9-000-svini-e-vo-atarot-na-karbinskoto-selo-tarintsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-potvrdi-deka-pogodna-lokatsija-za-eutanazirane-na-9-000-svini-e-vo-atarot-na-karbinskoto-selo-tarintsi/#respond Mon, 04 Sep 2023 14:24:04 +0000 https://kurir.mk/?p=874433

Свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде на 25 овој месец беше потврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите ќе се закопуваат во јама во атарот на село Таринци, се вели во писменото соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство. Додаваат дека иако Општина Карбинци, како погодни локации, согласно оценката на Државниот инспекторат за животна средина ја прифатила и локацијата во атарот на селото Горни Трогерци. -Еутаназијата на животните ќе се спроведе во најкус можен рок со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна еутаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите, се вели во писменото соопштение од АХВ. Во една од најголемите фарми во регионот кај девет свињи се утврди болеста африканска чума, но поради заштита и да не се шири вирусот треба да се еутанизираат околу 9.000 свињи, кои се одгледувале во оваа фарма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-potvrdi-deka-pogodna-lokatsija-za-eutanazirane-na-9-000-svini-e-vo-atarot-na-karbinskoto-selo-tarintsi/feed/ 0
Внимавајте: До АХВ поднесени 12 претставки за сомнеж за труење со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-do-ahv-podneseni-12-pretstavki-za-somnezh-za-truene-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-do-ahv-podneseni-12-pretstavki-za-somnezh-za-truene-so-hrana/#respond Wed, 02 Aug 2023 13:27:56 +0000 https://kurir.mk/?p=862610

До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Како што информира за МИА директорот на АХВ Николче Бабовски, пет од претставките се во постапување, а од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани. Според Бабовски, три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство. Како што информира директорот, во тек е истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште, како и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста. -Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, вели Бабовски во разговор за МИА. Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е веќе затворена и запечатена со лента, а издадено е и решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата. -Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, истакнува Бабовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-do-ahv-podneseni-12-pretstavki-za-somnezh-za-truene-so-hrana/feed/ 0
АХВ апелира: Соодветно чување на милениците и домашните животни во услови на високи температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-apelira-soodvetno-chuvane-na-milenitsite-i-domashnite-zhivotni-vo-uslovi-na-visoki-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-apelira-soodvetno-chuvane-na-milenitsite-i-domashnite-zhivotni-vo-uslovi-na-visoki-temperaturi/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=855984

Поради високите температури и претстојната портокалова фаза во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) им препорачува на сопствениците на домашни миленици да се придржуваат до основните правила за да спречат несакани последици од топлотен удар. Воедно потсетува дека во ризик се и животните на фарма, кои, исто така, може да претрпат стрес. Според АХВ, милениците не треба да се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце. -Да се избегнуваат прошетки на домашните миленици во текот на најтоплиот период од денот, на животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода, да се обезбеди престој во проветрени простории, наведува АХВ. Агенцијата потсетува дека порастот на температурите над 30 степени целзиусови и за домашните животни е голем стрес што може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. -Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Во двата случаи исходот може да биде фатален доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Забрзано и плитко дишење, несигурно одење - (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција, истакнува АХВ. Согласно препораките, во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо. -За да се обезбедат соодветни услови за животните при високи температури потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има настрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерните часови, периоди кога треба да се организира транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски, дополнува АХВ. Препораките се објавени на официјалната страница на Агенцијата за храна и ветеринарство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-apelira-soodvetno-chuvane-na-milenitsite-i-domashnite-zhivotni-vo-uslovi-na-visoki-temperaturi/feed/ 0
АХВ: Внимателно со храната, ако сметате дека е небезбедна, не ризикувајте – фрлете ја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-vnimatelno-so-hranata-ako-smetate-deka-e-nebezbedna-ne-rizikuvajte-frlete-ja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-vnimatelno-so-hranata-ako-smetate-deka-e-nebezbedna-ne-rizikuvajte-frlete-ja/#respond Wed, 12 Jul 2023 15:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=855926

Со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури најавени неделава, како што наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволно количини храна и вода за пиење. Според АХВ, за да се спречи евентуална појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор и набавка, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување. Храна треба да се купува од проверени места каде има услови производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, да се чуваат во разладни уреди. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната. АХВ препорачува да се избегнува купувањето и консумирањето храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како месото, млекото, јајцата и други производи да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Треба да се одбегнува и купување разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач на почетокот на пазарењето. -За да се спречи расипување, разладената храна треба да се чува на температура пониска од пет степени целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред консумација треба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. Доколку по подготвувањето храната не се консумира веднаш, треба да се чува во фрижидер до времето на сервирање. За да се спречи појава на труење со храна и на стомачни инфекции, неопходно е рацете да се мијат повеќе пати во текот на подготовката на храната. На најгорните полици во фрижидерот треба да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Да се води сметка храната да се заштити од инсекти и глодари кои храната може да ја контаминираат. Домашните миленичиња и другите животни да се внимава да не дојдат во контакт со храната што се подготвува, препорачува АХВ. Кога станува збор за консумирање храна во угостителските објекти, треба да се води сметка тоа да бидат оператори кои се грижат за хигиената и безбедноста на храната и да имаат добра репутација. -Во објектите за брза храна одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично, се наведува во препораките кои може да се прочитаат на веб страницата на АХВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-vnimatelno-so-hranata-ako-smetate-deka-e-nebezbedna-ne-rizikuvajte-frlete-ja/feed/ 0
Зоонозите опасни по здравјето на животните и на луѓето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoonozite-opasni-po-zdravjeto-na-zhivotnite-i-na-lugeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoonozite-opasni-po-zdravjeto-na-zhivotnite-i-na-lugeto/#respond Thu, 06 Jul 2023 09:19:09 +0000 https://kurir.mk/?p=853491

Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми и тоа вируси, бактерии. паразити, габички и други. Извор на зараза за човекот се домашните и дивите животни, или нивната непосредна средина, доколку е контаминирана со нивни секрети и екскрети, а во одредени случаи и инфицираниот човек, иако тој ретко може да биде извор на зараза. -Луѓето може да се инфицираат и преку одредени производи млеко, месо, јајца или суровини - кожи, особено доколку се со непроверено потекло или се добиени од објекти и оператори со храна кои не се одобрени и не се под контрола на надлежен орган. Причинители на зоонози се и инсектите - вектори. Улога на вектори имаат и крлежите, вошките,болвите, комарците како и други инсекти артроподи – истакнува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство по повод 6 Јули – Светски ден на зоонозите. На зоонози најмногу се изложени луѓе кои работат со животни или работат во производство и преработка на производи кои потекнуваат од животни месо, кожа, волна - сточари, ветеринари, ловџии. “Домашните животни, поради поголем контакт со луѓето, многу почесто се извор на зараза од дивите животни, вели Бабовски и апелира, поради овие причини, домашните миленичиња по препорака и совет на ветеринар да се третираат против паразити. Рацете да се мијат редовно, да не се допираат лицето, областа околу устата и носот со валкани раце, но и граѓаните да не одат боси по трева и да ги одбегнуваат местата каде што има комарци и крлежи”. Доколку граѓаните се наоѓаат на место каде што има многу комарци, да носат светла платнена облека со долги ракави и ногавици која ќе го заштити нивното тело од убоди, по прошетка во природа облеката и телото да се прегледаат. -Доколку забележите крлеж, тој треба веднаш да е се отстрани од страна на стручно лице – лекар. Да се внимава и да не се пие вода од места каде што постојат индикации дека можеби е загадена со животински измет. Храната термички да се третира, да се одбегнуваат контакти со глодари и нивни секрет. Доколку од својата околина мора да се отстрани угинато животно, треба да се користат маска и гумени ракавици, а мршата треба претходно да се дезинфицира со средство за дезинфекција - апелира тој. Храната да се заштити од глодари и да се чува на безбедно место. Зеленчукот и овошјето темелно да се мијат пред употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoonozite-opasni-po-zdravjeto-na-zhivotnite-i-na-lugeto/feed/ 0
Трипуновски: Наместо Бабовски да за заканува со кривична пријава кон мене, треба кривична пријава да му се поднесе нему заради тоа што е прекршен членот 84 од законот за безебедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-namesto-babovski-da-za-zakanuva-so-krivichna-prijava-kon-mene-treba-krivichna-prijava-da-mu-se-podnese-nemu-zaradi-toa-shto-e-prekrshen-chlenot-84-od-zakonot-za-bezebednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-namesto-babovski-da-za-zakanuva-so-krivichna-prijava-kon-mene-treba-krivichna-prijava-da-mu-se-podnese-nemu-zaradi-toa-shto-e-prekrshen-chlenot-84-od-zakonot-za-bezebednost/#respond Tue, 06 Jun 2023 18:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=842913

Во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 гостуваше претседателот на комисијата за шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски. Тој истакна дека Директорот на АХВ, Бабовски во очите на јавноста манипулира со податоците бидејќи тендерот за мониторинг лабораторија сеуште трае. „Тендерот за избор на мониторинг лабораторија сеуште трае и истиот е објавен на 18.05.2023-та година односно овој месец со вредност од 3,5 милиони денари без ДДВ и истиот важи до 10.07.2023-та година што значи дека сеуште Агенцијата за храна и ветеринарство нема избрано лабораторија каде по однос на мониторинг програмата ќе се испитуваат анализите“, истакна Трипуновски. Тој додаде дека анализите кои се направени се направени врз основа на контроли од официјални инспектори на граничен премин и во внатрешноста. „Извештајот со архивски број 10802296/2 од 22.05.2023-та година овде корисник и земател на мострата е Агенцијата за храна и ветеринарство и се работи за мостра на млад кромид. Дата на земање на примерокот е 22.04.2023-та година, а резултатот излегува на 22.05.2023-та година, односно речиси 30 дена од денот на земање до денот на резултатот. Во резултатот кој е пристигнат е откриен еден пестицид кој има максимално ниво мерна единица 0,01 а резултатот е 13 пати над дозволеното“, кажа Трипуновски. Тој посочи дека токму со ова е демаскирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство која сака да не убеди дека не е така. Трипуновски истакна дека арсен во храната во Република Македонија не е дозволено, а во извештајот стои дека има концентрација на арсен од 5,29 микрограми на килограм. „Арсенот кој е детектиран на пратка од краставица со истата мерна единица во нашето законодавство не е дозволено ниту минимална концентрација на овој тежок метал“, вели Трипуноски. Тој потенцираше дека да не било ВМРО-ДПМНЕ да ја информира јавноста за овој скандал кој се случил за кој ги тангира сите граѓани од најмалите до највозрасните ние денеска воопшто немаше да знаеме каква пратка влегла, кој ја изел, дали е уништена или пак не е уништена и какви последици ќе има. „Наместо Бабовски да се заканува со кривична пријава кон мене, треба кривична пријава него да му се поднесе затоа што го прекршил членот 84 од закон за безбедност каде што вика дека Агенцијата и Директорот имаат обврска да ја информираат јавноста за секоја пратка која е небезбедна“, заклучи Трипуновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-namesto-babovski-da-za-zakanuva-so-krivichna-prijava-kon-mene-treba-krivichna-prijava-da-mu-se-podnese-nemu-zaradi-toa-shto-e-prekrshen-chlenot-84-od-zakonot-za-bezebednost/feed/ 0
Претставки од граѓани за контаминенти во храната и за поминат рок на употреба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavki-od-gragani-za-kontaminenti-vo-hranata-i-za-pominat-rok-na-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavki-od-gragani-za-kontaminenti-vo-hranata-i-za-pominat-rok-na-upotreba/#respond Fri, 02 Jun 2023 08:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=841422

Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со Добрата хигиенска пракса, а 15 се за промени во органолептичките својства на производите. Вкупно 14 се со наводи за сомнеж за безбедноста на производите, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба, открива за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Бабовски истакнува дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи. -Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози, нагласува Бабовски. Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavki-od-gragani-za-kontaminenti-vo-hranata-i-za-pominat-rok-na-upotreba/feed/ 0
АХВ: Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-dosega-nema-nitu-edna-uvozna-pratka-so-domati-pozitivna-na-pestitsidi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-dosega-nema-nitu-edna-uvozna-pratka-so-domati-pozitivna-na-pestitsidi/#respond Mon, 29 May 2023 13:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=840071

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените ставови на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации. -Документите кои ги презентираше Трипуновски не се тајна, напротив, тие се само уште една потврда дека државата си ја врши работата, односно дека контролите се спроведуваат. Како и досега, се додека со лабораториски наод не се потврди безбедноста, пратките со храна, вклучително и со зеленчук, се ставаат под официјален надзор. Не смее и не се пуштаат во промет пред да се добие задоволителен резултат за нив. Во случај на добивање на незадоволителен резултат пратката се поништува, или се наредува враќање во земјата на потекло, стои во соопштението од АХВ. Пратките на домати кои се увезуваат од Албанија, како што се наведува, се под засилен надзор и за секоја се врши лабораториско испитување. - За како што вели Трипуновски сомнителните пратки со зеленчук со пестициди, впрочем и самиот тој изразува само сомнеж, но не и тврдење, велејќи дека зеленчукот можел да заврши на пазарите во земјава. Го повикуваме, доколку вистински располага со докази за сторен криминал за кој повикува на одговорност и бара оставки, да ги приложи до надлежните институции, а не преку прес-конференции да ја заплашува јавноста дека државата ги труе граѓаните со небезбедна храна, се вели во соопштението. Во однос на резултатот од лабораториско тестирање спроведено на Факултетот за ветеринарна медицина, како што се наведува, во објава на социјалните мрежи, мостра од домат по потекло од Република Албанија, кај која е утврдено зголемено присуство на пестициди, за АХВ се работи за мостри на домати кои не се официјално земени од надлежните инспекциски органи, туку од физичко лице и доставени во Факултетот. -За нив нема никаков доказ за потеклото на доматите и од каде се земени мострите и затоа резултатот од страна на АХВ се смета за сомнеж, стои во соопштението. Од АХВ посочуваат дека преку инспекторите веќе спроведуваат дополнителни, засилени контроли на местата каде се продаваат домати од оператори кои извршиле увоз од Република Албанија, со цел утврдување на потеклото на доматите, односно дали станува збор за производ од увозно или од домашно производство и дали доколку се увезени ја имаат потребната документација која опфаќа и извршени лабораториски анализи. - Од почетокот на годинава досега, земени и лабораториски тестирани се 63 мостри од зеленчук (домати,краставици, пиперки), од кои 26 мостри само од домати. Позитивни на пестициди се само две пратки и тоа една со краставици од Албанија ( небезбедно се уништени) и една пратка со пиперки по потекло од Албанија, која се уште се наоѓа по официјален надзор, информира АХВ. Минатата година земени биле вкупно 133 мостри од увозен зеленчук (краставици, пиперки, домати и други производи). Потврдени се лабораториски четири позитивни резултати на пестициди и тоа два резултати од домати увоз од Албанија, еден позитивен резултат од јаболка и еден резултат позитивен на пестициди во пратка со компир, увоз од Белгија. -Небезбедните пратки се нештетно уништени, а за оние по потекло од Република Албанија известени се и надлежните државни органи во земјата извозник, за преземање на активности во однос на подобрување безбедноста на производите кои се извезуваат, информира АХВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-dosega-nema-nitu-edna-uvozna-pratka-so-domati-pozitivna-na-pestitsidi/feed/ 0
АХВ: На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-na-makedonskiot-pazar-ne-se-uvezeni-nebezbedni-domati-od-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-na-makedonskiot-pazar-ne-se-uvezeni-nebezbedni-domati-od-albanija/#respond Tue, 16 May 2023 11:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=834802

Агенцијата за храна и веринарство денеска ги демантира и ги оценува како груби лаги вчерашните објави на социјалните мрежи за наводен нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати од соседна Албанија. - Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија. Според анонимниот загрижен автор на пораката, наводно станува збор на домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди се вратени од увоз од Босна и Херцеговина или од Република Црна Гора. Како одговорна институција за безбедноста на храна, уште поодговорно тврдиме дека ваков таканаречен увоз не е можен, бидејќи пратки со храна, вклучително и со домати кои како небезбедни се вратени од увоз во други земји освен да транзитираат, не смеат да се увезат во државава, соопшти од АХВ. Посочуваат дека од почетокот на годинава од вкупно увезените 1.819.306 килограми домати по потекло од Република Албанија нема вратено ниту една пратка како небезбедна. Во неделата (14.05.2023 година) преку инспекциското место на ГП Табановце кое работи за време на викенд, од страна на инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, извршен е преглед и дозволен е увоз на 12 пратки со различен вид зеленчук, од кои 148.757 килограми домати. Увозот е реализиран од 11 оператори со храна евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство кои за увозот ја поседуваат целокупната потребна документација. - Наводниот увоз на 10 камиони со небезбедни домати од Албанија, за кој во анонимната ФБ објава се тврди дека е реализиран деновиве, воопшто не е евидентиран од Агенцијата за храна и ветеринарство како таков, односно, досега, вклучително и викендов, не е вратена ниту една небезбедна пратка по потекло од соседна Албанија. Апелираме граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на дезинформации, особено не на објави на социјалните мрежи зад кои се затскриваат интереси на поединци, кои, од само за нив познати причини, во име на грижа за здравјето на граѓаните пласираат невистини и ги доведуваат во заблуда потрошувачите. До анонимниот објавувач упатуваме апел доколку располага со вистините докази случајот да го пријави до надлежните државни органи, истакнуваат од АХВ. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат контроли на домашниот пазар со овошје и зеленчук, како и на пратките кои се увезуваат во земјава. Со контролите се опфатени магацините за чување на овошје и зеленчук, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети за овошје и зеленчук. Дополнително, велат од АХВ, прометот со овошје и зеленчук се контролира и во рамки на контролите на мешовитите продавници кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-na-makedonskiot-pazar-ne-se-uvezeni-nebezbedni-domati-od-albanija/feed/ 0