аирбас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Apr 2022 13:51:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аирбас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Најголемиот патнички авион во светот леташе со гориво направено од масло за јадење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-najgolemiot-patnichki-avion-vo-svetot-letashe-so-gorivo-napraveno-od-maslo-za-jadenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-najgolemiot-patnichki-avion-vo-svetot-letashe-so-gorivo-napraveno-od-maslo-za-jadenje/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=658285

Airbus го изведе првиот лет на својот А380 користејќи 100 проценти обновливо млазно гориво (SAF), кое главно се добива од масло за јадење и други отпадни масти. А380, наречен MSN 1 полета од аеродромот Блањак во Тулуз, Франција на 25 март и помина три часа во лет. Неговиот Rolls-Royce Trent 900 мотор користеше одржливо гориво. Вториот лет беше изведен на 29 март со цел тестирање на полетување и слетување со употреба на одржливи горива. Ова беше трет тип на авион Airbus кој летал со 100 проценти SAF во една година, но е убедливо најголем. Во март 2021 година, Airbus го употреби А350 за тестирање на одржливо гориво, а потоа и А319neo во октомври 2021 година. За првиот лет на А380 овој месец, Airbus користеше 27 тони немешан SAF обезбедени од TotalEnergies, а горивото главно се состоеше од масло за јадење и други отпадни масти. SAF покажа голем потенцијал за намалување на емисиите во воздухопловната индустрија, која сочинува околу 2 отсто од вкупните глобални емисии годишно. Други компании, вклучително и Rolls-Royce, исто така спроведуваат тестови со намера нивните мотори да користат одржливо гориво во иднина. Сите авиони на Airbus веќе имаат сертификат за користење на 50 проценти од SAF измешани со керозин, но целта на компанијата е да направи чекор напред и да добие сертификат за исклучиво користење на SAF до 2030 година. Во Airbus веруваат дека SAF е клучниот начин да се постигнат нула емисии на јаглерод од воздушниот сообраќај до 2050 година. Во 2019 година, Airbus објави прекин на производството на А380, најголемиот авион во светот, поради малата побарувачка и високите трошоци за производство. Многу од постојните авиони сè уште се во функција, но Airbus ги смета за идеални за тестирање на одржливи технологии поради нивната пространа внатрешност. На пример, во февруари, Airbus објави дека има намера да го опреми А380 со водородни мотори и да ги тестира во 2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-najgolemiot-patnichki-avion-vo-svetot-letashe-so-gorivo-napraveno-od-maslo-za-jadenje/feed/ 0