Аја Софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Dec 2020 10:00:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аја Софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светот во 2020: Аја Софија – од црква до џамија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-aja-sofija-od-crkva-do-dzamija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-aja-sofija-od-crkva-do-dzamija/#respond Sun, 27 Dec 2020 10:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=448984

Првично беше најпозната црква во светот, потоа најпозната џамија, се додека не е претворена во музеј. Но по судската одлука, со која е дозволено да се измени статусот на музеј, турските власти повторно ја претворија Аја Софија во џамија. Таквиот потег го подели јавното мислење во Турција и пошироко. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 10 јули официјално ја претвори Аја Софија во џамија и ја прогласи отворена за муслиманските верници, само неколку часа откако Врховниот управен суд во земјата ја поништи одлуката од 1934 година, со која овој објект од шестиот век беше претворен во музеј. Ердоган тогаш рече дека првите колективни муслимански молитви ќе се одржат во Аја Софија како во џамија на 24 јули, но додаде дека објектот ќе остане отворен за посетителите од сите вери и влезот отсега ќе биде бесплатен. „Заедно ќе одржиме молитва во петок во Света Софија на 24 јули и на тој начин ќе ја отвориме за муслиманските верници, изјави Еродоган во својот говор, додавајќи дека поранешната црква, една од главните туристички атракции во Истанбул, „ќе остане отворена за сите, Турци и странци, муслимани и немуслимани“. Државниот совет – највисокиот управен суд на Турција, пресуди во корист на групата која побара да се поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која Аја Софија е претворена во музеј, бидејќи се сомнева во автентичноста на потписот на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк на тој документ. За своите 1.400 години постоење, Аја Софија беше главна катедрала на Византиското царство, џамија на Отоманското, а музеј во современата, републиканска и секуларна Турција во последните 86 години. Одлуката за нејзина повторна пренамена во џамија предизвика разочарување во христијанскиот свет. Но пред црквата многумина прославуваа и десетици луѓе кои ја чекаа одлуката на судот извикуваа „Алах е голем“ откако пристигна веста. Само неколку часа по судската одлука, Ердоган потпиша указ со кој Аја Софија му се предава на турското Претседателство за верски прашања. Ердоган бараше овој објект, кој од 1985 година е под заштита на УНЕСКО, да биде повторно џамија, и покрај острите меѓународни критики – од САД, ЕУ до православните верски лидери. Таквиот потег може да ги продлабочи тензиите со соседна Грција. УНЕСКО изрази огромно жалење поради одлуката на турските власти да го „изменат статусот на Аја Софија“, донесена без претходен договор, потсетувајќи дека објектот се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО како музеј. Грчката Влада оцени дека одлуката на турскиот суд претставува „провокација кон цивилизираниот свет“. „Национализмот кој го покажува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја враќа неговата земја шест векови назад“, нагласи тогаш грчката министерка за култура Лина Мендони. Монументалниот објект и архитектонското ремек-дело, изградено од византискиот император Јустинијан во шестиот век од нашата ера, отсекогаш било предмет на симболична политика. Кога Османлиите го освоиле Константинопол (Цариград) во 1453 година, султанот Мехмед Втори веднаш ја претворил црквата во џамија. Основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во 1935 година ја претвори Аја Софија во музеј. Современа Турција е секуларна држава, гласеше пораката на тоа време. Симболичката моќ на ова светско културно наследство ја користи и турскиот претседател Ердоган. За многу од неговите националистичко-исламистички гласачи, Аја Софија е симбол на освојувањето на христијанскиот Цариград од Османлиите и надмоќта на исламскиот свет. Во 532. година, римскиот император Јустинијан, кој престојувал во Цариград, дал наредба да се изгради црква „каква што не постоела од времето на Адам и која никогаш и никаде веќе нема да има“. Точно 10.000 работници ја почнале изградбата. Петнаесет години подоцна овој објект беше осветен. Илјада години таа беше најголемата црква во христијанскиот свет. Овој експеримент отвори нови ровови. Вселенскиот патријарх Вартоломеј остро реагираше на претворањето на Аја Софија во џамија. Аја Софија е еден од најважните споменици на човечката цивилизација и таа не припаѓа само на нејзините непосредни сопственици, туку на „целото човештво“, истакна патријархот на литургија во Истанбул. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис нагласи дека „промената на статусот на Аја Софија не е знак за силата на Турција, туку доказ за нејзината немоќ“. Пренамената на Аја Софија беше остро критикувана и од Руската православна црква. „Загриженоста на милиони христијани е игнорирана. Одлуката на судот покажа дека сите барања се игнорирани“, изјави Владимир Легоида од Московската патријаршија. Папата Франциск една недела по одлуката за пренамена на Аја Софија, на Плоштадот Свети Петар во Рим истакна дека чувствува „огромна болка“ штом ќе помисли на заштитниот знак на Истанбул. Но и дел од турската јавност ваквиот потег на Ердоган го дочекаа со незадоволство. Али Бабакан, некогашниот соработник на Ердоган, истакна дека Аја Софија „сега станала тема, со цел да се забошотат другите проблеми во Турција“. Писателот и добитник на Нобеловата награда за литература, Орхан Памук во изјава за Би Би Си истакна дека ова претставува порака до светот дека Турција повеќе не сака да биде секуларна држава. Илјадници верници во Турција на 24 јули присуствуваа на првата молитва во Аја Софија откако таа од музеј стана џамија. Дел од нив беа внатре во објектот, а стотици други пред џамијата и настанот го следаа преку голем екран. Настанот го обезбедуваа повеќе од 17.000 полицајци. Во првите редови на џума намазот, кој се одржуваше првпат по 86 години, се наоѓаше и турскиот претседател Ердоган. Тој дојде еден час пред почетокот на петочната молитва, а насобраните верници го поздравија со аплауз и овации. За време на молитвата со бели драперии биле покриени христијанските мозаици. Како дел од воведените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, предвидено беше молитвата да се изведува во пет зони на отворено, три за мажи и две за жени. Истовремено, на контролните пунктови, надлежните служби контролираа дали посетителите носат маски и им ја мереа телесната температура. На терен имаше и 736 здравствени работници распоредени на 17 локации, неколку десетици амбулантни возила, како и амбулантен хеликоптер. Аја Софија е четврта византиска црква претворена од музеј во џамија за време на владеењето на Ердоган. Таа е еден од најзначајните објекти на Истанбул. Со посетеност од страна на 3 милиони 727 илјади 361 лице во 2019 година беше најпосетен музеј во Турција. Габриела Точко (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-aja-sofija-od-crkva-do-dzamija/feed/ 0
Сирискиот град Скалбија гради своја, симболична Аја Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskiot-grad-skalbija-gradi-svoja-simbolichna-aja-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskiot-grad-skalbija-gradi-svoja-simbolichna-aja-sofija/#respond Sun, 02 Aug 2020 11:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=385127

Командантот на сириската народна милиција во градот Скалбија, Набил Абдула, планира намера да изгради капела која симболично ќе го носи името Аја Софија. – Тоа ќе биде симболична, помала црква, висока четири метри и широка четири метри. Оваа мала капела треба да го покаже вистинското лице на Сирија во која живеат различни цивилизации и култури, посебно на овој град кој прифати повеќе од 4.000 бегалци кои бегаа од насилство, рече Абдула. Според него, црквата со истанбулската Аја Софија ќе ја поврзува само името. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskiot-grad-skalbija-gradi-svoja-simbolichna-aja-sofija/feed/ 0
Во Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Света Софија во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sirija-kje-se-gradi-hristijanska-crkva-kopija-na-sveta-sofija-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sirija-kje-se-gradi-hristijanska-crkva-kopija-na-sveta-sofija-vo-istanbul/#respond Thu, 30 Jul 2020 14:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=383877

Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која ќе се богослужи за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник Сабах, кој се повикува на либански медиуми. Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул, која пред неколку дена е претворена во џамија од страна на турската Влада. Идејата првично била на Николас Балбаки, кој е владика во Грчката православна црква во градот Хама во Сирија каде црквата има официјално претставништво. Претходно проектот бил претставен на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија. Се тврди дека добил одобрение од руската страна. Градбата е предвидено да биде во градот Сукајлебие, област Хама, населен претежно со православни христијани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sirija-kje-se-gradi-hristijanska-crkva-kopija-na-sveta-sofija-vo-istanbul/feed/ 0
Ердоган: Најмалку 500 припадници на силите за безбедност ќе ја обезбедуваат Аја Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-najmalku-500-pripadnici-na-silite-za-bezbednost-kje-ja-obezbeduvaat-aja-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-najmalku-500-pripadnici-na-silite-za-bezbednost-kje-ja-obezbeduvaat-aja-sofija/#respond Mon, 27 Jul 2020 18:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=382268

Најмалку 500 припадници на силите за безбедност ќе се грижат за безбедноста на истанбулскиот храм Света Софија, чиј статус е сменет од музеј во џамија. Ова го соопшти на прес-конференција во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Најавивме дека отсега Аја Софија ќе биде отворена 24 часа на ден. За безбедноста ќе се грижат 500 луѓе. Му благодарам на министерот за внатрешни работи (на Турција Сулејман Сојлу), рече Ердоган. Тој додаде дека „отворањето на Аја Софија за молитви означува обнова на (турската) нација“. Во меѓувреме, турските власти го уверуваат УНЕСКО за нивните намери тесно да соработуваат со организацијата при извршување на планираната реставраторска работа по пренамена на Света Софија од музеј во џамија. Од УНЕСКО соопштија дека Турција ветила дека ќе покани делегација експерти на организацијата да разговараат за планот за реставрација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-najmalku-500-pripadnici-na-silite-za-bezbednost-kje-ja-obezbeduvaat-aja-sofija/feed/ 0
„Аја Софија“ ги скара Грција и Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aja-sofija-gi-skara-grcija-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aja-sofija-gi-skara-grcija-i-turcija/#respond Sat, 25 Jul 2020 11:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=381206

Турција и Грција и во саботата разменија остри обвинувања поради претворањето на древниот соборен православен храм „Света Софија“ во Истанбул повторно во џамија, откако 86 години беше музеј и објект под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Грција остро го критикуваше повторното враќање на „Аја Софија“ од музеј во џамија, импозантна градба изградена во V век а првпат претворена во џамија во XV век по османлиското заземање на Цариград тогашен Константинопол. Во петокот црковните камбани ширум Грција траорно ѕвонеа во времето кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го вршеше намазот во „Света Софија“. „Грција уште еднаш го покажа своето непријателство кон исламот и Турција под егидата на реагирање на отворањето на џамијата Аја Софија за верниците“, порача во саботата во писмена изјава портпаролот на турското министерство за надворешни работи, Хами Аксој. Министерството, се вели уште во изјавата, остро ги осудува изјавите на грчкиот министер и на пратениците, како и палењето на турското знаме во Солун. „Аја Софија беше отворена за молитва како џамија во согласност со волјата на турскиот народ и ѝ припаѓа на Турција, како и сите други културни добра во земјата“, се наведува во изјавата. Аксој одговори на тврдењата на грчкото МНР дека „Турција ги прекршува обврските од Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година“, велејќи дека „отворањето на џамијата Света Софија за служба е во согласност со барањата и духот на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на светското културно наследство“. Аксој вели дека ги осудуваат „непријателските изјави на членовите на грчката влада кои ја провоцираа јавноста“, како и „дозволувањето да се запали славното знаме на Турција“. „Разгалените деца на Европа, кои не можеа да ја поднесат сликата на верниците кои повторно влегуваат во Света Софија, уште еднаш беа во делириум. Ваквите расистички начини на размислувања, не ги извлекоа потребните лекции од историјата, оние што не го почитуваат нашето славно знаме, треба да се сетат на нивната судбина во Егејот. Грција треба да се разбуди од византискиот сон од кој не може да се разбуди веќе 567 години и да се ослободи од фрустрацијата што произлегува од тоа“, наведува портпаролот на турската дипломатија. Грчкото министерство за надворешни работи реагираше со соопштение во коешто се истакнува дека „меѓународната заедница во XXI век е запрепастена кога ги гледа религиските и националистички талкања на денешна Турција“, потсетувајќи дека „Аја Софија“ има извонредно важно значење за православните Грци. „Меѓународната заедница во XXI век со зачуденост ги гледа испадите на религиозен и националистички фанатизам во денешна Турција. Осудени се и не се достојни за одговор“, соопшти грчкото министерство за надворешни работи. Во препукувањата околу „Аја Софија“ се вклучи и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во обраќањето на вчерашниот прием во претседателската палата по повод годишнината од воспоставувањето на демократијата во Грција. „Претворањето на Света Софија во џамија брутално ги навредува не само православните и сите христијани, туку и цивилизираното човештво во целина и нанесува сериозен удар врз односите на Турција со Грција, Европската унија и меѓународната заедница“, рече Сакеларопулу. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во петокот ја нарече Турција „креатор на проблеми“, додека претворањето на „Аја Софија“ во џамија го нарече „навреда за цивилизацијата во XXI век“. Грција и Турција имаат бројни нерешени прашања, како што се териториајлните спорови во Егејското Море, прашањето околу поделениот Кипар, чиј северен дел каде е прогласена независна турска држава ја признава само Анкара откако изврши инвазија врз островото во 1974 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aja-sofija-gi-skara-grcija-i-turcija/feed/ 0
И Ердоган на молитва во Аја Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-erdogan-na-molitva-vo-aja-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-erdogan-na-molitva-vo-aja-sofija/#respond Fri, 24 Jul 2020 10:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=380781

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Големата џамија „Аја Софија“, која по 86 години денеска се отвори за извршување намаз, јави агенцијата Анадолија. Ердоган околу 12 часот по локално време пристигна на плоштадот пред Аја Софија, каде што беше пречекан со аплаузи од страна на граѓаните, јавува агенцијата. Турскиот претседател беше прудружуван од шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун. За извршување на петочната молитва, Ердоган влезе во Големата џамија „Аја Софија“ каде што беше пречекан од страна на претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-erdogan-na-molitva-vo-aja-sofija/feed/ 0
Аја Софија „окупирана“ од 20.000 полицајци: Се одржува првата молитва од 1934 година (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aja-sofija-okupirana-od-20-000-policajci-se-odrzuva-prvata-molitva-od-1934-godina-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aja-sofija-okupirana-od-20-000-policajci-se-odrzuva-prvata-molitva-od-1934-godina-foto-video/#respond Fri, 24 Jul 2020 09:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=380719

Илјадници верници почнале да се собираат пред Аја Софија во Истанбул во која денеска ќе се одржи првата молитва од 1934 година. Заради пандемијата од корона вирусот, турските власти го ограничиле бројот на верници кои ќе присуствуваат на првата молитва на 1.453 луѓе, што ја симболизира годината во која Турците го покориле Константинопол. Околу 500 верници ќе ја извршат молитвата во Аја Софија, додека останатите ќе се молат надвор на пет молитвени места покрај џамијата. На 11 места ќе бидат формирани контролни пунктови каде што на верниците ќе им се мери температура пред молитвата. Маските се задолжителни. Местото ќе го обезбедуваат околу 20.000 полицајци, а ќе присуствуваат и 736 доктори, повеќе од 100 возила на итна помош и санитетски хеликоптер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aja-sofija-okupirana-od-20-000-policajci-se-odrzuva-prvata-molitva-od-1934-godina-foto-video/feed/ 0
Турција со нова одлука за Аја Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-so-nova-odluka-za-aja-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-so-nova-odluka-za-aja-sofija/#respond Fri, 24 Jul 2020 06:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=380639

Турција денеска именуваше тројца имами за Аја Софија, од кои еден е професор по верски студии, пред првата молитва во овој објект во Истанбул по 86 години. Првата муслиманска молитва во Аја Софија треба да се одржи денеска пред стотина верници, а најавено е дека ќе присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот министер за верски работи Али Ербас изјави дека се назначени тројца имами кои ќе ја предводат молитвата, а тоа се Мехмет Бојнукалина, професор по исламско право на истанбулскиот Универзитет Мармара, Ферух Мустуера и Буњамина Топчуоглу, кои се имами во други две џамии во Истанбул. Ербас именуваше и петмина мујезини за Аја Софија, лица кои ги повикуваат муслиманите на молитва од врвот на минарето. Властите ги означиле местата надвор од Аја Софија, каде на денешната молитва ќе стојат мажите, а каде жените, а како што е најавено ќе бидат ангажирани 17.000 припадници на обезбедување. Улиците кои водат до верскиот објект ќе бидат затворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-so-nova-odluka-za-aja-sofija/feed/ 0
Христијанските мозаици под завеса за време на молитвите во Аја Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanskite-mozaici-pod-zavesa-za-vreme-na-molitvite-vo-aja-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanskite-mozaici-pod-zavesa-za-vreme-na-molitvite-vo-aja-sofija/#respond Mon, 20 Jul 2020 08:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=378585

Христијанските мозаици на ѕидовите на Аја Софија во Истанбул, која минатата недела беше пренаменета од музеј во џамија, за време на муслиманските молитви ќе бидат прекриени со завеси, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин. Тој истакна дека некои мозаици на Богородица и Архангел Гаврил, кои се наоѓаат во насока на киблата, кон која муслиманите се свртени во текот на молитвата, ќе бидат прекриени со завеси. Според него, останатите мозаици со христијански мотиви и личности не претставуваат пречка за муслиманските верници, бидејќи се наоѓаат на други места. Сепак, Калин не изјави дали тие ќе останат видливи постојано. Освен за муслиманските верници, Аја Софија ќе биде отворена за сите посетители и туристи, а сите мозаици ќе останат непрекриени, соопштија турските власти. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја посети вчера Аја Софија, со цел да провери до каде се активностите околу пренамената на овој објект во џамија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanskite-mozaici-pod-zavesa-za-vreme-na-molitvite-vo-aja-sofija/feed/ 0
Ердоган: Аја Софија ќе ја викаме џамија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-aja-sofija-kje-ja-vikame-dzamija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-aja-sofija-kje-ja-vikame-dzamija/#respond Thu, 28 Mar 2019 15:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=179913

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повтори дека постои можност поранешната црква Света Софија во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија. Тој во емисија на телевизијата А Хабер синоќа рече дека „дошло време“ поранешната базилика да стане џамија. Ердоган исто така оцени дека трансформацијата на црквата во музеј „била голема грешка“. Нејзиниот статус на музеј ќе биде повлечен. Аја Софија ќе ја викаме џамија – порача Ердоган. Ердоган, исто така, во понеделникот во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека Света Софија може да биде преименувана во џамија. Според претходните најави, постои можност Аја Софија да биде преименувана во џамија по локалните избори закажани за 31 март. Претходно, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос изјавата на турскиот претседател за пренамена на „Аја Софија“ во џамија ја оцени како навреда не само за христијаните, туку и на меѓународната заедница. Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право – рече Картугалос. Византиската црква Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј. Аја Софија се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-aja-sofija-kje-ja-vikame-dzamija/feed/ 0