Ајфелова кула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Aug 2023 14:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ајфелова кула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ајфеловата кула кратко евакуирана, заканата за бомба е лажна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-kratko-evakuirana-zakanata-za-bomba-e-lazhna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-kratko-evakuirana-zakanata-za-bomba-e-lazhna/#respond Sat, 12 Aug 2023 14:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=866073

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција. „Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата. Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година. Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот „Паризиен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-kratko-evakuirana-zakanata-za-bomba-e-lazhna/feed/ 0
ЗАКАНА ЗА БОМБА: Ајфеловата кула евакуирана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-bomba-ajfelovata-kula-evakuirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-bomba-ajfelovata-kula-evakuirana/#respond Sat, 12 Aug 2023 13:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=866056

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор. На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-bomba-ajfelovata-kula-evakuirana/feed/ 0
Се одбележуваат 100 години од смртта на творецот на Ајфеловата кула https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-odbelezhuvaat-100-godini-od-smrtta-na-tvoretsot-na-ajfelovata-kula/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-odbelezhuvaat-100-godini-od-smrtta-na-tvoretsot-na-ajfelovata-kula/#respond Mon, 13 Mar 2023 11:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=811309

 Во Париз, целата оваа 2023 година се одбележува стогодишнината од смртта на Густав Ајфел (1832 - 1923), создавачот на светски познатата кула којашто се наоѓа во главниот град во Франција и го носи неговото име, соопшти операторот на споменикот.

Изградбата на Ајфеловата кула е завршена на 31 март 1889, а официјално е отворена на 6 мај истата година. Структурата е составена од 18.038 делови од леано железо, со помош на 2,5 милиони нитни. За време на изградбата, благодарение на безбедносните мерки што ги вовел Ајфел, загинал само еден работник, што во тоа време било несекојдневно достигнување. Металната конструкција тежи 7.300 тони, а до врвот има 16.665 скалила. - На крајот на 19 век, изградбата на кула од 300 метри во срцето на Париз, највисока во светот во тоа време, било неверојатен предизвик. Тоа било во доменот на научната фантастика!, истакна претседателот на Компанијата за одржување на Ајфеловата кула, Жан-Франсоа Мартинс. Според него, одбележувањето 100 години од смртта на Ајфел значи славење на „духот на научното освојување и човечката генијалност“. На секои седум години, се нанесува боја на целата структура за да се заштити од корозија. Во зависност од временските услови, врвот на кулата може да отстапи од вертикалата до осум сантиметри. Ова движење е предизвикано од нерамномерното загревање на металот од страната на Сонцето и од страната на сенката. Кога била изградена кулата, многу парижани мислеле дека тоа е за потсмев и треба да се урне. Денес се смета за едно од ремек-делата на светската архитектура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-odbelezhuvaat-100-godini-od-smrtta-na-tvoretsot-na-ajfelovata-kula/feed/ 0
Париз штеди енергија, Ајфеловата кула ќе ги гаси светлата еден час порано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-shtedi-energija-ajfelovata-kula-kje-gi-gasi-svetlata-eden-chas-porano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-shtedi-energija-ajfelovata-kula-kje-gi-gasi-svetlata-eden-chas-porano/#respond Tue, 13 Sep 2022 16:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=732305

За да заштеди енергија во текот на претстојната зима, Париз ќе ги исклучи светлата на Ајфеловата кула еден час порано од вообичаеното, ќе ја намали температурата на водата во градските базени и ќе го одложи почетокот на греењето во јавните згради, најави денеска градоначалничката на Париз, Ан Идалго. Целта на овие мерки е да се исполнат целите наведени од претседателот Емануел Макрон, кои се однесуваат на индустријата, домаќинствата и општинските власти да ја намалат потрошувачката на енергија за 10 отсто, со оглед на руското намалување на испораките на гас и цените на енергијата. И покрај сето ова, Идалго изјави дека „Париз секогаш ќе биде град на светлината“. Најпрепознатливиот симбол на Париз, Ајфеловата кула моментално е осветлена до 1 часот по полноќ со посебен систем за осветлување што и дава треперлив златен сјај. Исклучувањето на светлата во 23:45 часот ќе овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 4 проценти. Идалго најави и дека од 23 септември светлата во јавните згради во Париз ќе бидат исклучени во 22 часот, а температурата на водата во јавните базени ќе се намали од 26 на 25 степени Целзиусови. Греењето во јавните згради ќе се спушти до 18 степени Целзиусови. Сметката за енергија на француската престолнина годинава ќе изнесува 90 милиони евра, што е за 35 милиони повеќе од вообичаеното. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-shtedi-energija-ajfelovata-kula-kje-gi-gasi-svetlata-eden-chas-porano/feed/ 0
Ќе се исклучуваат ли светлата на Ајфеловата кула поради енергетската криза? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-iskluchuvaat-li-svetlata-na-ajfelovata-kula-poradi-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-iskluchuvaat-li-svetlata-na-ajfelovata-kula-poradi-energetskata-kriza/#respond Tue, 13 Sep 2022 08:24:55 +0000 https://kurir.mk/?p=732026

Градската управа на Париз сака да постигне заштеда на енергија со претходно исклучување на ноќното осветлување на Ајфеловата кула, со цел да даде пример за заштеда на енергија како одговор на актуелната енергетска криза. Во вторник, градоначалничката на Париз, Ан Идалго треба да го претстави планот за „енергетска трезвеност“ за намалување на потрошувачката на енергија. Меѓу мерките за намалување на потрошувачката на енергија е и исклучувањето на светлата на Ајфеловата кула, пренесува BFMTV. Градската управа на Париз предложи светлата да бидат целосно исклучени во 23 часот и 45 минути, кога ќе заминат и последните посетители. Рефлектори на врвот на кулата висока 330 метри ја прават светилник на ноќното небо во Париз, а 20.000 светилки и даваат на кулата блескав изглед пет минути на секој час. Како што се наведува, ноќното осветлување годишно троши 6,7 гигавати електрична енергија на час. - Постигнатите заштеди на енергија нема да бидат големи, но како најпосетувана знаменитост во светот, должни сме да им служиме како добар пример на сите други. Нашиот симболичен гест е всушност исклучително моќен бидејќи очите на целиот свет се вперени во нас, рече Жан-Франсоа Мартинс, претседател на Societe d'Exploitation de la Tour Eiffel (SETE), која управува со Ајфеловата кула. Француската влада апелираше до поединците, домаќинствата и претприемачите да трошат помалку енергија затоа што земјата се соочува со недостаток на струја, гас и гориво поради руската инвазија против Украина. Неколку градови го решаваат проблемот со гасење на светлата на јавните згради и улици кога не се користат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-iskluchuvaat-li-svetlata-na-ajfelovata-kula-poradi-energetskata-kriza/feed/ 0
ВИДЕО: Ајфеловата кула „порасна“ за 6 метри https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-ajfelovata-kula-porasna-za-6-metri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-ajfelovata-kula-porasna-za-6-metri/#respond Wed, 16 Mar 2022 07:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=647963

Познатата Алфелова кула во Париз од вчера е висока 330 метри, бидејќи над неа е поставена шестметарска радио антена. Неколку случајни минувачи и туристи го следеа поставувањето на хеликоптерската антена на дожд и новиот изглед на Ајфеловата кула, неизбежна атракција во француската престолнина. Антената тежи 350 килограми и заедно со инсталацијата чини околу еден милион евра. Ајфеловата кула, наречена Челичната дама, била изградена од Густав Ајфел во 1889 година како изложба за Светскиот саем по повод стогодишнината од Француската револуција. Структурата е составена од 18.038 делови од леано железо, со помош на 2,5 милиони нитни. Металната конструкција тежи 7.300 тони и има 16.665 скалила до врвот. Кога била изградена кулата, многу парижани ја сметале за потсмев и дека треба да се урне, а денес има репутација на едно од ремек-делата на светската архитектура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-ajfelovata-kula-porasna-za-6-metri/feed/ 0
„Среќен роденден“: Ајфеловата кула оддадоа почит на УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srekjen-rodenden-ajfelovata-kula-oddadoa-pochit-na-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srekjen-rodenden-ajfelovata-kula-oddadoa-pochit-na-unesko/#respond Sat, 13 Nov 2021 08:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=594938

Париз и оддаде почит на организацијата на УНЕСКО со организирање светлосно шоу на Ајфеловата кула по повод 75-тиот роденден на агенцијата на ОН. Во знак на пријателство меѓу главниот град на Париз и оваа организација, каде што е нејзиното седиште од 1946 година, на кулата до логото на УНЕСКО се испишани зборовите „75 години“, како и стилизиран грчки храм со натпис „симбол на надеж за создавање мирен свет“. Светлосното шоу на Ајфеловата кула е дел од пошироката церемонија која вклучуваше посета на повеќе од 20 шефови на држави, како и прикажување на делата на бразилскиот фотограф Себастијао Салгадо во седиштето на организацијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srekjen-rodenden-ajfelovata-kula-oddadoa-pochit-na-unesko/feed/ 0
Ајфеловата кула повторно отворена за посетители https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-povtorno-otvorena-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-povtorno-otvorena-za-posetiteli/#respond Fri, 16 Jul 2021 07:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=537459

Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања. Влезниците се распродадени на интернет. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19. Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна да се шири во Европа. Посетителите на Ајфеловата кула мора да носат маски и да одржуваат социјална дистанца. Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19.Ова правило во моментов не важи за малолетници. Ајфеловата кула секоја година обично ја посетуваа околу 7 милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-povtorno-otvorena-za-posetiteli/feed/ 0
Ајфеловата кула се отвора за посетители на 16 јули https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-se-otvora-za-posetiteli-na-16-juli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-se-otvora-za-posetiteli-na-16-juli/#respond Thu, 20 May 2021 17:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=513052

Ајфеловата кула во Париз повторно ќе се отвори на 16 јули по неколкумесечно затворање поради пандемијата на коронавирусот. Тоа го соопшти денеска операторот на обележјето во Париз. Бројот на посетители ќе биде ограничен на 10.000 на ден за да се исполнат барањата за дистанцирање. Тоа е помалку од половина од нивоата пред Ковид-19, нагласи операторот Сет (Sete) за француски медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-se-otvora-za-posetiteli-na-16-juli/feed/ 0
Ајфеловата кула ja чека најголемото реновирање во историјата, ќе добие и нова боја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-ja-cheka-najgolemoto-renoviranje-vo-istorijata-kje-dobie-i-nova-boja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-ja-cheka-najgolemoto-renoviranje-vo-istorijata-kje-dobie-i-nova-boja/#respond Thu, 18 Feb 2021 08:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=470386

Ајфеловата кула ја чека најголемо реновирање во нејзината 130-годишна долга историја за да биде во најдобро издание за Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таа меѓу другото, ќе добие и нова боја – златна. Од неа ќе бидат отстранети сите досегашни 19 слоеви на боја, вклучувајќи ја препознатливата кафена боја од 1968 година. Сите тие ќе бидат заменети со жолто-кафеавата боја, што Густав Ајфел лично ја сакаше за неговиот споменик. Реновирањето на кулата висока 324 метри, составена од 18.000 метални делови, ќе чини околу 50 милиони евра. Отстранувањето на старите слоеви на боја е ризично поради присуството на олово, затоа работниците мора да ги следат строгите здравствени протоколи. Кулата добива нов слој на боја на секои седум години, како и заштита од ветер, сонце, загадување и корозија. Работите на кулата треба да завршат до крајот на следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-ja-cheka-najgolemoto-renoviranje-vo-istorijata-kje-dobie-i-nova-boja/feed/ 0