Ајфон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 16:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ајфон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Јутјубер го тестирал новиот iPhone изработен од титаниум, успеал да го скрши со голи раце https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-jutjuber-go-testiral-noviot-iphone-izraboten-od-titanium-uspeal-da-go-skrshi-so-goli-ratse/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-jutjuber-go-testiral-noviot-iphone-izraboten-od-titanium-uspeal-da-go-skrshi-so-goli-ratse/#respond Thu, 28 Sep 2023 16:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=882925

Јутјуберот „JerryRigEverything“ го стави „iPhone 15 Pro Max“ на истиот тест за издржливост со кој ги тестира и другите телефони, и иако на почетокот изгледало ветувачки, неговото тестирање открило критична грешка на телефонот. Изнаоѓањето начини како паметните телефони да бидат издржливи е приоритет за производителите, како и подобрувањето на перформансите со текот на годините, а „Apple“ е познат по напредокот во оваа област. Телефоните на „Apple“ може да издржат удари, па дури и ако екранот пукне на неколку места, повеќето „iPhone“ модели продолжуваат да работат. Се чинело дека „iPhone 15 Pro Max“ е сличен пред „JerryRigEverything“ да ја тестира издржливоста на телефонот, но истиот спектакуларно потфрли кога го притиснал задното стакло. Иако Јутјуберот бил скептичен за нивното тврдење дека е обработен од титаниум од петто ниво, самиот телефон добро го издржал тестот на гребење. Тој успеал со нож да го отстрани финишот од страните на телефонот, но екранот и сите камери одлично издржале под притисокот. Сепак, се појавил критичен недостаток кога „JerryRigEverything“ одлучил да го свитка телефонот со рацете за да види што ќе се случи. И додека телефонот не попуштил, задното стакло речиси веднаш се скршило. По помалку од секунда притискање на задниот дел од телефонот, стаклото попуштило. Иако ова не влијае на функцијата на „iPhone 15 Pro Max“, не е добро сосема нов телефон да се витка толку лесно, а за оние кои го чуваат телефонот во задниот џеб, таквиот притисок може да биде погубен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-jutjuber-go-testiral-noviot-iphone-izraboten-od-titanium-uspeal-da-go-skrshi-so-goli-ratse/feed/ 0
„Ајфон“ од првата генерација продаден за повеќе од 190.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ajfon-od-prvata-generatsija-prodaden-za-poveke-od-190-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ajfon-od-prvata-generatsija-prodaden-za-poveke-od-190-000-dolari/#respond Tue, 18 Jul 2023 12:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=857746

На настанот „Макворлд“ во 2007 година, сега починатиот директор на „Епл“, Стив Џобс тогаш го претстави „Епл ајфон“ - револуционерен уред којшто ја промени историјата на дигиталната технологија. Во тоа време, основниот модел со четири гигабајти меморија чинеше 500 долари, а верзијата од осум ГБ - 600 долари со двегодишен договор со „АТ&Т“. Примероците од првиот модел денес чинат многу повеќе. Во февруари, на пр., таков „Ајфон“ на наддавање беше продаден за 63.000 долари, по почетна цена од 2.500 долари, и тоа како уред во неотворено пакување. За „новиот“ стар „Ајфон“ во кутија, со четири ГБ меморија, понуден преку „Ел-си-џи окшнс“, којшто првично се очекуваше да достигне цена меѓу 50.000 и 100.000 долари со почетна цена од 10.000 долари, на крајот купувачот платил дури 190.372 долари. Очигледно, овие денесka ретки примероци од првата генерација „Ајфони“ се сметаат за „свет грал“ меѓу колекционерите. Инаку, „Епл“ го прекина производтвото на моделот со четири ГБ на 5 септември 2007 година, два месеци откако уредот се појави на пазарот. Интересно, денеска, првично помалку успешниот „Ајфон“ со осум ГБ меморија, сега чини три до четири пати повеќе од првиот модел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ajfon-od-prvata-generatsija-prodaden-za-poveke-od-190-000-dolari/feed/ 0
Комерсант: Кремљ им порача на функционерите да не користат ајфони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komersant-kreml-im-poracha-na-funktsionerite-da-ne-koristat-ajfoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komersant-kreml-im-poracha-na-funktsionerite-da-ne-koristat-ajfoni/#respond Mon, 20 Mar 2023 12:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=814138

Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“. На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на службениците да ги сменат мобилните телефони до 1 април, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на неименувани извори. „Готово е со ајфоните: фрлете ги или дајте им ги на децата“, цитира „Комерсант“ еден од учесниците на состанокот кој додава: „Сите мора да го направат тоа во март“. Кремљ може да даде други уреди со различни оперативни системи да го заменат ајфонот, пишува „Комерсант“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да го потврди извештајот, но дека паметните телефони и онака не можат да се користат за официјални цели. Претседателот Владимир Путин секогаш велеше дека нема паметен телефон, иако Песков рече дека Путин повремено користи Интернет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komersant-kreml-im-poracha-na-funktsionerite-da-ne-koristat-ajfoni/feed/ 0
Доаѓа неочекувана промена во Apple AppStore https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagja-neochekuvana-promena-vo-apple-appstore/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagja-neochekuvana-promena-vo-apple-appstore/#respond Tue, 20 Dec 2022 21:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=775883

Apple е позната како компанија која има строги и ригорозни правила. Ова важи и за App Store, каде што сите апликации мора да поминат ригорозен тест за да се најдат во продавницата на Apple. Така, iPhone не дозволува инсталирање апликации од алтернативни продавници наменети за тоа, ниту инсталирање апликации од трети страни, но изгледа дека тоа наскоро може да се промени. Apple планира да им дозволи на корисниците да инсталираат алтернативни продавници за апликации на iOS, според неодамнешниот извештај на Bloomberg. Ова би била голема промена за гигантот од Купертино, кој досега им дозволуваше само на корисниците на iPhone и iPad да преземаат апликации од App Store. Новите планови на Apple, наводно, се поттикнати од Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA). Законот значи дека не само што Apple ќе мора да дозволи продавници за апликации од трети страни, туку и „страно вчитување“, што значи дека корисниците можат да инсталираат софтвер преземен од интернет. Претходно Apple изјави дека овој потег е „најдобар пријател на сајбер криминалците“. Наводно, 6 март 2024 година е датумот кога сите во Европската унија ќе треба да го почитуваат овој закон. Сепак, во извештајот се вели дека Apple можеби сè уште размислува како би можел да ги ублажи ефектите од новиот закон за бизнисот. Така, компанијата од Купертино наводно размислува за воведување одредени безбедносни барања, проверка на апликации од трети страни на некој начин, но и за потенцијална наплата. Познатиот портал The Verge се обиде да стапи во контакт со Apple во врска со оваа тема, но се уште не добиле никаков одговор од Купертино. Apple моментално работи на уште едно прилагодување на регулативите на Европската унија, а се работи за имплементирање на USB-C порта на iPhone.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagja-neochekuvana-promena-vo-apple-appstore/feed/ 0
Дваесет илјади вработени ја напуштиле фабриката за „ајфон“ во кинескиот град Џенгџу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaeset-iljadi-vraboteni-ja-napushtile-fabrikata-za-ajfon-vo-kineskiot-grad-dzengdzu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaeset-iljadi-vraboteni-ja-napushtile-fabrikata-za-ajfon-vo-kineskiot-grad-dzengdzu/#respond Fri, 25 Nov 2022 07:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=766193

Повеќе од 20 илјади работници, повеќето од нив нововработени кои сè уште не работеле во производната линија, ја напуштиле фабриката за „ајфон“ на „Фокскон“ во кинескиот град Џенгџу. Претставник на компанијата која е добавувач за „Ејпл“ истакна дека тоа ќе ги искомплицира плановите на „Фокскон“ до крајот на ноември целосно да го нормализира производствениот процес, по немирите што неодамна избувнаа меѓу вработените во кинескиот производствен комплекс.Управата на компанијата вчера понуди десет илјади јуани (1.396 долари) на вработените кои сакаа да се откажат и да ја напуштат фабриката. Работничките немири во фабриката во Џенгџу што започнаа во средата ги одбележаа ретки сцени на отворени протести во Кина, поттикнати од тврдењата за одложени исплати и фрустрација поради строгите ограничувања за Ковид-19. Друг извор на „Фокскон“ запознаен со прашањето рече дека некои нововработени лица го напуштиле производствениот кампус во Џенгџу, но не појасни колку работници заминале. Според него, тековното производство не е засегнато од заминувањата, бидејќи се работи за нов персонал што се уште не ја има поминато неопходната обука за работен ангажман во производствениот процес. Немирите се случија во мигови кога во Кина е забелеажн пораст инфицирани од Ковид-19, а кинеските локални власти воведоа строги карантински мерки што предизвикаа фрустрации кај населението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaeset-iljadi-vraboteni-ja-napushtile-fabrikata-za-ajfon-vo-kineskiot-grad-dzengdzu/feed/ 0
iPhone 15 Pro веројатно ќе има повеќе меморија https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/iphone-15-pro-verojatno-kje-ima-povekje-memorija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/iphone-15-pro-verojatno-kje-ima-povekje-memorija/#respond Wed, 02 Nov 2022 07:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=754229

Apple е посветен на успех на серијата iPhone 14, но во исто време, компанијата веќе работи на следниот модел на iPhone, кој се очекува во 2023 година. Се очекува iPhone 15 да добие големи надградби, вклучително и префрлување од портата Lightning на USB-C од 2024 година. Според новите извештаи, се очекува iPhone 15 да добие некои големи хардверски надградби, вклучително и зголемување на количината на достапна меморија. Така, се верува дека iPhone 15 Pro најверојатно ќе добие 8GB RAM. Моделот Pro Max би требало да има и перископска камера, иако засега не е познато дали истата функција ќе биде достапна и за 6,1-инчниот Pro модел. Во извештајот се истакнува дека Apple ќе ја задржи линијата со четири нови модели, кои ќе користат два различни процесори за да продолжат да ги разликуваат стандардните и премиум моделите на iPhone. Се очекува линијата на iPhone 15 да биде објавена во септември 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/iphone-15-pro-verojatno-kje-ima-povekje-memorija/feed/ 0
Инстаграм откри зошто на милиони корисници кои имаат Ајфон вчера им се случи ова! https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/instagram-otkri-zoshto-na-milioni-korisnici-koi-imaat-ajfon-vchera-im-se-sluchi-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/instagram-otkri-zoshto-na-milioni-korisnici-koi-imaat-ajfon-vchera-im-se-sluchi-ova/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=753731

Инстаграм го реши проблемот поради којшто милиони корисници беа известени дека нивните профили се суспендирани. Луѓето почнаа масовно да го пријавуваат проблемот вчера. Се чини дека проблемот бил ограничен на корисниците на „Ајфони“ кај кои апликацијата „Инстаграм“ е воопшто нестабилна и паѓа во последно време. „Го отстранивме овој ‘баг’ поради кој луѓето од различни делови на светот имаа проблем со пристапот до нивните профили. Се извинуваме“, објави Инстаграм. Инаку, на пр., и профилот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за еден ден „изгуби“ три милиони следбеници, но таа бројка е вратена на 493 милиони.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/instagram-otkri-zoshto-na-milioni-korisnici-koi-imaat-ajfon-vchera-im-se-sluchi-ova/feed/ 0
ПРОБЛЕМИ ВО ФАБРИКАТА НА ЕПЛ – можно е да се намали производството на Ајфон, еве што се случува https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/problemi-vo-fabrikata-na-epl-mozno-e-da-se-namali-proizvodstvoto-na-ajfon-eve-shto-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/problemi-vo-fabrikata-na-epl-mozno-e-da-se-namali-proizvodstvoto-na-ajfon-eve-shto-se-sluchuva/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:47:58 +0000 https://kurir.mk/?p=753241

Проблемите на доставувачот на „Епл“ – „Фокскон“ (Foxconn) во кинескиот град Женгжоу, поврзани со ширење на коронавирусот меѓу вработените во фабриката, може да ја намалат испораката на „Ајфони“ во ноември и до 30 отсто, јавуваат американски медиуми. Погонот „Фокскон“ ги склопува повеќето од памените телефони коишто се испорачуваат ширум светот, иако американскиот гигант има производни погони и во Шенжен во јужна Кина и во Индија. Фабриката во Женгжоу има околу 200.000 работници, а последниве денови таа е потресена од нивно незадоволство од строгите мерки против Ковид-19. На 19 октомври, „Фокскон“ им забрани на работниците оброци во мензите и им наложи да јадат во собите за одмор. Притоа раководството негираше прекин во производството. Од компанијата тврдат дека се воспоставува контрола врз состојбата и се координираат резервните производствени капацитети со други фабрики за да се минимизираат последиците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/problemi-vo-fabrikata-na-epl-mozno-e-da-se-namali-proizvodstvoto-na-ajfon-eve-shto-se-sluchuva/feed/ 0
Ајфон со преклопување може да пристигне во 2025 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ajfon-so-preklopuvanje-moze-da-pristigne-vo-2025-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ajfon-so-preklopuvanje-moze-da-pristigne-vo-2025-godina/#respond Wed, 19 Oct 2022 11:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=747647

Првиот „Ајфон“ со преклопување на „Епл“ се очекува најрано во 2025 година, но тоа – по преклопливиот „Ајпад“ којшто засега е најавен за 2024 година. Таблет со преклопување во мигов има повеќе смисла за „Епл“ отколку паметен телефон со преклоп, а има неколку причини за тоа. Како прво, таквиот „Ајфон“ би бил, најверојатно, премногу скап за да се потиснат другите модели. Истражувачката компанија „ЦЦС Инсајт“ проценува дека цената може да биде најмалку 2.500 долари. Покрај тоа, постои веројатност првиот преклоплив уред на „Епл“ да има и технички проблеми, па компанијата не сака да ризикува со својот најважен производ – „Ајфонот“.
Покрај тоа, воведувањето механизам со преклопување треба „да вдахне нов живот“ во линијата на таблетите. Од друга страна, пак, таблет со преклоп би можел да биде и попривлечна понуда за купувачите бидејќи е нешто што другите компании сè уште не го нудат. Сепак, „Ајпадите“ се и меѓу најдобрите таблети денес, но „Епл“ ќе мора да ја продолжи конкурентската борба за да го задржи своето водечко место на пазарот. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ajfon-so-preklopuvanje-moze-da-pristigne-vo-2025-godina/feed/ 0
„Купи и на мама Ајфон!“: Новинар му се пожали на извршниот директор на Apple и доби хит одговор https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kupi-i-na-mama-ajfon-novinar-mu-se-pozali-na-izvrshniot-direktor-na-apple-i-dobi-hit-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kupi-i-na-mama-ajfon-novinar-mu-se-pozali-na-izvrshniot-direktor-na-apple-i-dobi-hit-odgovor/#respond Fri, 09 Sep 2022 15:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=730816

Одговорот на Кук ги изненади новинарите. Google неодамна воведе технологија за размена на пораки наречена RCS (Rich Communication Services) за да овозможи подобра размена на пораки помеѓу различни системи. Директорите на Android побараа од Apple да го усвои новиот стандард и рекоа дека е време да престане да ги третира фановите на Android како корисници од втор ред, бидејќи тие не можат да испраќаат пораки во „сини меурчиња“. Ова првенствено се однесува на системот iMessage на Apple. Пораките помеѓу два iPhone уреди автоматски се испраќаат преку протоколот на Apple и се прикажуваат во сино балонче, додека пораките од другите системи се прикажуваат во зелени меурчиња. Размената на пораки меѓу iPhone уредите е исто така бесплатна бидејќи протокот на податоци се одвива преку Интернет или Wi-Fi мрежа и овозможува многу повеќе од стандардните SMS (испраќање фотографии, налепници, реакции, видеа итн.) Новинарите на вчерашната конференција ја искористија можноста да го прашаат Кук за овој проблем, но директорот на Apple веќе имаше подготвен одговор. „Нашите корисници не го бараат тоа. Претпочитам да ве претворам во корисник на iPhone“, објасни Кук. Новинарот не се откажал и се пожалил дека не може да испраќа видеа и линкови до својата мајка што користи Андроид поради ограничувањата на Apple. Со насмевка, Тим Кук, на сечие изненадување, кратко одговори: „Тогаш купи и на мама iPhone“. Одговорот предизвика лавина реакции на мрежите. Со прифаќање на стандардот RCS, корисниците на сите оперативни системи би можеле да разменуваат слики, видеа, линкови и воопшто мултимедија преку СМС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kupi-i-na-mama-ajfon-novinar-mu-se-pozali-na-izvrshniot-direktor-na-apple-i-dobi-hit-odgovor/feed/ 0