Ајман Мусахоџаева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Oct 2020 05:09:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ајман Мусахоџаева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филхармонија со концерт „Поле за игра“ и настап на казахстанската виолинистка Мусахоџаева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-so-koncert-pole-za-igra-i-nastap-na-kazahstanskata-violinistka-musahodzaeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-so-koncert-pole-za-igra-i-nastap-na-kazahstanskata-violinistka-musahodzaeva/#respond Thu, 08 Oct 2020 05:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=413673

Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Поле за игра“ на кој како солист ќе настапи виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн. Виолинистката Мусахоџаева, како што информираат од Филхармонијата, е на листата на исклучителни музичари на 20 -тиот век, која ја направи енциклопедијата на Универзитетот во Кембриџ, а од биографскиот центар на овој угледен универзитет таа ја доби и титулата „Интернационален уметник за 2003 година“. Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања. Соработувала со музичари како Миша Мајски, Бруно Канино, Виктор Третјаков, Владимир Спиваков и многу други. Зад себе има неколку ЦД-а, меѓу кои и за „Дојче грамофон“ со пијанистот Павел Гиљов, и со Виенската филхармонија. Како солистка настапувала со Виенската филхармонија, Ројал симфони оркестра, Синфонико ди Рома, Националниот симфониски оркестар на Русија, Европскиот симфониски оркестар и други ансамбли под диригентската палка на Владимир Федосејев, Валери Гергиев, Владимир Ашкенази, Михаил Плетнев, Пол Коган, Владимир Пиаваков, Михаил Јуровски, Фуат Мансуров и други. Таа свири на виолина „Страдивариус“ од 1732 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-so-koncert-pole-za-igra-i-nastap-na-kazahstanskata-violinistka-musahodzaeva/feed/ 0