Академија за судии и јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 15:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Академија за судии и јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Собранието претрес по Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-pretres-po-predlog-zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-pretres-po-predlog-zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli/#respond Wed, 07 Jun 2023 15:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=843281

Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пленарна седница, се реализираше претрес по Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители. Пратеници од ВМРО – ДПМНЕ реагираа што работата се туркала по скратена постапка и со европско знаменце, го критикуваа законското решение, потсетуваа на огромната недоверба во правосудството. Златко Пенков рече дека не постои ден без скандал поврзан со функционирањето на правосудниот систем. -Еден од основните фундаменти и постулати на секоја нормална цивилизирана демократска држава е функционирање на правосудниот систем, нагласи Пенков. Грација Бакраческа рече дека ова е повторна манипулација со европското знаменце, Предлог законот бил и претходно доставуван неколку пати во Собранието, па повлекуван. -Целта е да се скратат роковите за постигнување на политичката намера на власта, подвлече Бакраческа. Александар Велјановски рече дека продолжуваат злоупотребите на извршната власт. -Генерално, забелешките и на домашната стручна јавност и на меѓународната заедница, се во насока, дека во Република Македонија не владее правото и правната држава, додаде тој. Дејанчо Ефтимов рече дека правосудниот систем е на дното, кога се испитува јавното мислење и довербата што ја имаат граѓаните. Миле Лефков, пак, истакна дека со ова се има само една мисла, дискреционо да се влијае на влезната точка, каде што влегуваат новите судии и јавни обвинители. Пратеничката Ане Лашкоска праша како ќе почнат преговорите со Европската унија, кога прво поглавје што треба да се отвори е поглавјето право и правда, а, нагласи таа, ниту еден закон од право и правда околу пет години не е донесен, со заедничко сработување и донесување со огромно мнозинство во Собранието. Нејзината сопартијка Ели Панова, пка, додаде дека расадникот на кадри за правосудство, е, а всушност и треба да биде, расадник на надеж на македонското правосудство. -Но, дали тоа може навистина да биде така со еден ваков закон, јас сметам дека не, нагласи Панова. Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска нагласи дека добро е што законот предвидува педесет педесет, оценување на квалитетот на кандидатите, писмено и усно, а не само со тестирање и заокружување. Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, пак, истакна, дека тие што го критикуваат законот, постојано имаат две забелешки. -Првата е, зошто е со европско знаменце. Морам да напоменам дека во овој закон се преточени сите препораки на прогрес извештаите што претставуваат клучни приоритети во пристапното партнерство кон Европската Унија, нагласи таа. Втората работа што се критикува, додаде, е предвидениот претставник од Министерството за правда, во комисијата за приемниот и завршниот испит. -Мора да знае јавноста дека во овој дел од законското решение, во овие одредби, Министерството за правда ниту еден момент не корегираше нешто што не е ставено во 2006 година, појасни заменик министерката. За да не се разбере дека се сака да се стави рака врз академијата, таа рече дека во координација со министерот за правда, ја повикува опозицијата да го одбере претставникот од Министерството за правда, кој ќе биде член во комисија за приемен и завршен испит. Гласањето ќе биде во рамки на продолжението на седницата, што дополнително ќе биде закажано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-pretres-po-predlog-zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli/feed/ 0
Утврден предлог текст на нов закон за Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-predlog-tekst-na-nov-zakon-za-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-predlog-tekst-na-nov-zakon-za-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/#respond Wed, 29 Mar 2023 18:03:32 +0000 https://kurir.mk/?p=817855

Нов текст на Предлог- законот за Академија за судии и јавни обвинители е усвоен денеска на седница на Владата. -Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на Предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата одлучи да го повлече Законот со цел во него да бидат вградени сите предложени амандмани кои се во интерес за подобрување на неговиот текст согласно европските вредности. Новиот текст на Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители беше повторно доставен во владина процедура и усвоен на денешната владина седница, информираше Министерството за правда. Од владината прес-служба, пак, појаснија дека новото законско решение е усогласување со препораките од Оценската мисија за судска обука од 2018 година и со него, меѓу другото, се предлага реорганизација на приемен испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно да учествуваат во обуката. -Се предвидува намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит, редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите, зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стои во соопштението. Законот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители првпат е донесен во јануари 2006 година и досега е менуван неколку пати. Од Владата посочуваат дека и со големиот број измени на постојниот закон, лоцирани се одредени слабости коишто претставуваат пречка за ефикасно функционирање на Академијата за судии и јавни обвинители. - Поради оваа причина оценето е дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон за да се избегне менување на повеќе од 80 проценти од одредбите од постоечкото законско решение, информира владината прес-служба. Воедно наведуваат дека во изминатиот период согласно со предвидените активности во Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, се донесени повеќе законски решенија кои, како што оценуваат, беа значителен исчекор во процесот на спроведување на реформите. -Во процесот на европска интеграција и усогласување со европските стандарди ни претстои многу работа, и поради таа причина Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија континуирано се залагаат и преземаат активности кои се насочени кон градење на ефикасен, независен и квалитетен правосуден систем, истакнува владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-predlog-tekst-na-nov-zakon-za-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/feed/ 0
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Меморандум за разбирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-vo-skopje-i-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-potpishaa-memorandum-za-razbirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-vo-skopje-i-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-potpishaa-memorandum-za-razbirane/#respond Mon, 27 Feb 2023 13:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=805657

Со цел да се подобри квалитетот на правдата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) денеска потпиша Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање е со времетраење од три години. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе го следи спроведувањето на курсевите за обука преку нејзината програма за мониторинг на судски процеси. Како што соопштија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе обезбедат напредна обука за судии и обвинители со посебен фокус на зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата и дискриминацијата. Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакнал дека обуката е насочена кон поквалитетни обвиненија, како и кон зголемување на конфискацијата на имотот стекнат преку криминални активности. - И двата аспекти се многу важни за ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата бидејќи тоа значи дека криминалците ќе добијат повисоки казни и нема да можат да уживаат во незаконски стекнатото богатство, нагласил тој. Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата изразила благодарност за поддршката што ја добиваат од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. -Преку нашите заеднички напори, ќе инвестираме во квалитетот на тековните и идните правни професионалци, што ќе го подобри правосудниот систем, додала таа. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-vo-skopje-i-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-potpishaa-memorandum-za-razbirane/feed/ 0