академик Љупчо Коцарев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 19:44:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png академик Љупчо Коцарев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на МАНУ: Првиот човек на државата работи против македонизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-prviot-chovek-na-drzavata-raboti-protiv-makedonizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-prviot-chovek-na-drzavata-raboti-protiv-makedonizmot/#respond Wed, 28 Dec 2022 19:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=781846

Историјата од осамостојувањето на Македонија нѐ учи дека не е важно кој во моментот владее, поголем дел од оние што се наоѓаат во рововите ќе останат таму, можеби ќе сменат страни, но ќе бидат внатре во нив, т. е. во своите удобни функционерски фотелји, а борбите ќе продолжат со несмалена жестина, при што, без индикации дека воопшто ќе завршат, најверојатно ќе траат во недоглед, до целосно истребување и изумирање на Македонците, вели во интервју за „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев. „Манипулациите на членовите на политичките партии делумно може да се разберат, но не да се оправдаат – тие се лукративни властољупци кои се способни на сѐ: и на продажба и на предавство. Меѓутоа, тоа што не може да се разбере се манипулациите на првиот човек на државата, чија должност е, во согласност со уставните одредби, неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија, а, сепак, толку отворено работи во функција на одредена политичка партија, поточно работи против македонизмот“ посочува академик Коцарев во интервју со новинарот Љупчо Цветановски. Претседателот на МАНУ се осврнува и на провладината кампања која го обележува како „антиевропски елемент“, само затоа што не одговара на нивната розова слика за лагите за „напредокот“ во евроинтеграциите. „Прашањето, за или против ЕУ, се разбира, е ирационално и бесмислено, но секогаш кога претседателот на МАНУ или некои членови на Академијата аргументирано ќе ги оспорат Преспанската спогодба и Договорот за добрососедство со Бугарија, веднаш Академијата ја добива етикетата „антиевропска“. Повеќепати сум пишувал и говорел, а верувам и дека сите членови на МАНУ ќе се согласат со мене, дека МАНУ не е против ЕУ, туку напротив, МАНУ е за ЕУ, но за Унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ“ им порачува академик Коцарев на провладините душегрижници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-prviot-chovek-na-drzavata-raboti-protiv-makedonizmot/feed/ 0
Академик Коцарев: Во историјата, само Султанот Абдул Хамид II и Маричиќ ја имаат забрането „Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-vo-istorijata-samo-sultanot-abdul-hamid-ii-i-marichikj-ja-imaat-zabraneto-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-vo-istorijata-samo-sultanot-abdul-hamid-ii-i-marichikj-ja-imaat-zabraneto-makedonija/#respond Wed, 28 Dec 2022 19:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=781840

Денешните односи меѓу Бугарија и Македонија историски гледано се обременети од три работи: Прво, трите изгубени вооружени војни за освојување на територијата на денешна Македонија, второ, неуспешните обиди за асимилација на македонскиот народ во минатиот век и трето - тековната четврта (психолошка/хибридна) војна започната од Република Бугарија против истиот народ и територија, посочува претседателот на МАНУ, Академик Коцарев во интервју за „Што не е јасно“ на ТВ Алфа. . „Пред речиси еден век, во статијата „Самоопределението на Македонците“, објавена на 25 март 1925 година, Мисирков ќе напише: „Мислам дека само во слогата, во соработката помеѓу Србите, Македонците и Бугарите е спасот на сите нас... Најважниот услов за соработката помеѓу Србите, Бугарите и Македонците е, меѓутоа, полната слобода во самоопределувањето на Македонците“ Каква е состојбата денес? Србија одамна го призна просторниот и милениумскиот континуитет на македонскиот јазик и идентитет. Неодамна,  Светиот Собор на СПЦ едногласно ја прифати автокефалноста на МПЦ – ОА. Што се однесува до Бугарија, таа има проблем со историјата и со јазикот на македонскиот народ, додека Грција  со терминот „Македонија“ и нејзините деривати. Нивните проблеми денес се решени. Грција го постигна тоа што го бараше токму со Преспанската спогодба: термините „Македонија“ и сите нејзини деривати во меѓународната употреба се резервирани само за Грција, што, впрочем, е потврдено и во ООН. Бугарија, пак, го постигна тоа што го бараше со Протоколот: Бугарија да ја надгледува и пишува историјата на македонскиот народ, а како последица на тоа, македонскиот јазик да стане дел од бугарскиот, тргнувајќи од официјалниот став на Бугарија: „Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признавања од страна на бугарската страна на постоењето на т.н. ‘македонски јазик’, одвоен од бугарскиот“, посочува академик Коцарев во интервјуто со новинарот Љупчо Цветановски. Термините „Македонија“ и сите нејзини деривати во меѓународната употреба се резервирани само за Грција. Но, за жал, не само за меѓународна употреба. Мене ми се познати само два државни документа со кои се забранува употребата на терминот Македонија. Првиот документ, од 25 март 1903 година, е наредбата на султанот Абдул Хамид II со која се забранува употребата на називот „Македонија“. По повод цензурирањето на Библијата, на пример, весникот „The Times Dispatch“ од 5 јули 1903 година, на страница 3, пишува: „Американската библиска издавачка куќа, задолжена за печатење на Светата книга, официјално беше спречена од турскиот цензор, кој го забрани зборот ‘Македонија’ во посланијата на апостолот Павле и инсистира истиот тој да биде заменет со ‘Вилаетите Солун и Монастир’ за да дозволи да се печати Библијата“. Вториот документ е Решение на министерот за правда на Република Македонија со кое се забранува употребата на името „Македонија“ при регистрација на правни субјекти. Така, на пример, во Република Македонија, стотина години подоцна, Министерството за правда забрани невладиното здружение „Млади за Македонија“ од Гевгелија да го содржи името „Македонија“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-vo-istorijata-samo-sultanot-abdul-hamid-ii-i-marichikj-ja-imaat-zabraneto-makedonija/feed/ 0
Академик Коцарев: На лукративните, самобендисани, арогантни и неуки македонски политичари нема да им биде едноставно да се откажат од власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-na-lukrativnite-samobendisani-arogantni-i-neuki-makedonski-politichari-nema-da-im-bide-ednostavno-da-se-otkazat-od-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-na-lukrativnite-samobendisani-arogantni-i-neuki-makedonski-politichari-nema-da-im-bide-ednostavno-da-se-otkazat-od-vlasta/#respond Wed, 28 Dec 2022 18:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=781834

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев,  на македонските политичари во 2023-та им посакува соочувајќи се со желбите на сите Македонци, да увидат, еднаш засекогаш, дека само ние, Македонците, можеме да се избориме за нас, Македонците. „Оттука, обединувањето на македонските политички партии е единствената можност за остварување на посакуваниот сон: вековно опстојување на Македонија. На лукративните, самобендисани, арогантни и неуки македонски политичари, знам, нема да им биде едноставно да се откажат од власта, меѓутоа, сѐ друго води кон пропаст и изумирање на оваа држава, на Македонија. Со цел да престанат уцените и однатре и однадвор, повикувам на обединување на Македонците и на македонските политички партии, меѓутоа, притоа зборувам за вистинско обединување, а не за онакво какво што досега го искусуваме во реалноста, декларативно и привидно“ посочува академик Коцарев во интервјуто за емсијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа. „Обединувањето за коешто јас се залагам, ќе доведе, прво, Македонците да бидат почитувани од другите народи; второ, Македонците да имаат достоинствен, квалитетен и исполнет живот, и трето, ваквото обединување ќе овозможи да се намали афективната поларизација што на моменти прераснува во омраза меѓу Македонците“ вели академик Коцарев во интервјуто со новинарот Љупчо Цветановски. „Сведоци сме дека, во Македонија, партиските следбениците ги дискриминираат своите македонски противници до степен што го надминува разумното однесување и води кон разградување на демократијата, кон арогантно и насилно владеење и кон уривање на институциите во државата. Иако изгледа неостварливо и, во овој момент, речиси безнадежно, можеби е најдобро време да го собереме сиот преостанат оптимизам во нас и, сепак, да го промениме македонското општество, најпрво менувајќи го нашиот однос кон самите себеси, а потоа и кон другите и кон Македонија. Во таа насока, ние, Македонците, треба да бидеме солидарни, отворени и подготвени за промени, за обединување, за соживот, за соработка, но и непоколебливи во одржувањето, негувањето и заштитата на македонизмот како нитка што го условува нашиот опстанок на ова парче земја. Македонијо, ти посакувам среќна Нова 2023 година и нека трае вечно твоето опстојување!“ вели во својата честитка до македонскит граѓани претседателот на МАНУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-na-lukrativnite-samobendisani-arogantni-i-neuki-makedonski-politichari-nema-da-im-bide-ednostavno-da-se-otkazat-od-vlasta/feed/ 0
Академик Коцарев: Со договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во Македонија и во соседните држави! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-so-dogovorite-so-grcija-i-so-bugarija-se-odviva-kulturen-genocid-vrz-makedoncite-vo-makedonija-i-vo-sosednite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-so-dogovorite-so-grcija-i-so-bugarija-se-odviva-kulturen-genocid-vrz-makedoncite-vo-makedonija-i-vo-sosednite-drzavi/#respond Fri, 07 Oct 2022 13:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=742520

Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев. Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо на интегративните процеси во ЕУ во однос на земјите на Балканот, што се уште не се дел од Унијата, се до противењето на некои нејзини членки, во блокот да се вклучат нови земји со право на вето. Тој исто така ги повтори своите ставови во однос на општествената состојба во државата при што рече дека со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија „се одвива културен геноцид врз Македонците“. Пред воопшто да се пристапи кон потпишување на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, вели првиот човек на МАНУ. Коцарев смета дека стремежот за помирување на различните гледишта за историјата на Балканот е клучен фактор на актуелниот преговарачки пристап за влезот во ЕУ, но како што потенцираше, процесот постојано наидува на нови пречки, кога „отсуствува искреното покајување како чин на хуманост“. – Со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава Македонија, како и врз Македонците во соседните држави, но и насекаде каде што живеат и опстојуваат како народ, рече Коцарев. Коцарев смета дека пред воопшто да се пристапи кон пишување, па потоа и потпишувањето на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, кои, како што рече, „многу години, па и децении вршеа геноцид на Македонците и не го признаваа постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик“. Според академикот Коцарев, Академијата треба да очекува јавно покајание од сите оние институции кои со години промовираат радикални и неправедни ставови што го загрозуваат и го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, што претставува основен услов за натамошна плодна и конструктивна меѓуакадемска соработка. Тој напомена дека во време кога не очекува висока инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза, потребна е Стратегија за национален развој и договор за економски реформи, политики и мерки, кои треба да се спроведуваат во следните најмалку 20-тина години. Ова, како што рече, треба да биде остварено во соработка со МАНУ, универзитетите, коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, а притоа, потенцираше, „надминувајќи ја клиентелистичката и партиска агенда на дејствување во општествените сфери“. Коцарев информираше дека МАНУ во 2023 година, во соработка со сите други општествени фактори, ќе пристапи кон изработка на Националната стратегија за развој на Македонија во следните 20 години. Во однос на состојбата со Академијата, Коцарев рече дека МАНУ денес е само слика на она што се случува во образованието, науката и уметноста, па затоа е целосно маргинализирана институција, доведена до работ на опстојувањето, со недоволно вработени на клучни места, неопходни за непречено институционално дејствување во делот на административната дејност и со вработени кои имаат најниски плати во однос на сите други вработени во јавните институции во државата. Сепак, како што напомена, без разлика на негрижата за „храмот на науката и уметноста“, бројот на научноистражувачки и уметнички проекти, финансиски поддржани од меѓународни институции, според индикаторот, поделен со вкупниот број академици и вработени во МАНУ, Академијата е меѓу водечките научни и образовни институции во светот. – Едноставно кажано, МАНУ, иако мала и целосно маргинализирана од владејачките елити во државата, и по квалитетот и по квантитетот, е светски препознатлива институција, додаде Коцарев. По повод денот на Академијата, по обраќањето на академикот Коцарев, денеска на академиците Павол Жиго и Каролин Снајвели им беше доделено меѓународното признание „Блаже Конески“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-so-dogovorite-so-grcija-i-so-bugarija-se-odviva-kulturen-genocid-vrz-makedoncite-vo-makedonija-i-vo-sosednite-drzavi/feed/ 0