академик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Feb 2022 08:50:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png академик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина академик Радован Павловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/#respond Wed, 23 Feb 2022 08:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=635219

На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, соопшти Македонската академија на науките и уметностите во која тој беше редовен член од 2006 година. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година објавува песни во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач на дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот „Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики. Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ првпат е објавена неговата кратка песна „Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. – За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во „Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патопис, соопшти МАНУ. Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Автор е на книгите поезија: „Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), „Корабија“ (1964), „Високо пладне“ (1966), „Клима и лира“ (1966), „Езерска земја“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), „Пир“ (1973, на хрватски), „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978), „Стражи“ (1980), „Магија момче“ (1981), „Чума“ (1984), „Клучеви“ (1986), „Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), „Темелник“ (1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), „Замок на розата“ (1990, избор), „Бог на утрото“ (1991), „Светлина“ (1993), ,„Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), „Јавач на звукот“ (1995), „Синот на Сонцето“ (1999), „Штит“ (2001), „На едно око“ (2002), „Свртничар на светлините“ (2004), „Господар на перото“ (2006), „Океан во капка“ (2008), „Заштитна повелба“ (2008), „Воспеви“ (2009), „Јас сум време“ (2009), „Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и „Се случува вечност“ (2014). Акад. Радован Павловски е коавтор (со акад. Богомил Ѓузел) на манифестот „Епското на гласање“ (1960) и автор на „Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот „Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи „Што може поезијата?“ (1993), „Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), „Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и „Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија). Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во 1972 на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка „Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија – оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда „Икона Шекспир“ за литература, наречена „Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребрени зраци. Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како „еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“. Добитник е и на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ – САД). Во тринаесеттата едиција – интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија, во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на акад. Радован Павловски. – Акад. Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија, соопшти МАНУ која по повод смртта на акад. Павловски ќе одржи комеморативна седница за која јавноста ќе биде навремено информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-radovan-pavlovski/feed/ 0
„100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски“ по повод 72 години ФЗНХ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/100-godini-od-ragjanjeto-na-akademik-gjorgji-filipovski-po-povod-72-godini-fznh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/100-godini-od-ragjanjeto-na-akademik-gjorgji-filipovski-po-povod-72-godini-fznh/#respond Mon, 16 Dec 2019 08:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=278055

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска го продолжува одбележувањето на 72-годишнината од своето постоење со свечена седница на Научно-наставниот совет и со презентацијата „100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски“. На седницата на Советот ќе се обратат деканот на Факултетот, Вјекослав Танасковиќ и државниот секретар во Министерството за земјоделство, Нефрус Челику. За 100-годишнината од раѓањето на академик Филиповски ќе зборува професорката Татјана Миткова, но се очекува обраќање да има и Ѓорѓи Филиповски. Одбележувањето 72 години од постоењето на ФЗНХ почна во петокот, со проектот на ФАО за застапеноста на бројлерското производство во студиските програми на универзитетите во земјава, додека во саботата беше организиран Ден за еколошка акција на ФЗНХ. За утре е предвидена 11. Смотра на студентски трудови, одбележување пет години Кариерен центар на Факултетот и презентација на списанието „Scienta iuvenis“. Во среда, пак, ќе бидат доделени дипломите на завршените студенти од првиот и вториот циклус студии. Одбележувањето на 72-годишнината завршува во четврток со брзопотезен шаховски турнир на студенти од УКИМ, што ќе се одржи во Салата на Деканатот на ФЗНХ. Сите настани по повод 72 години од постоењето на Факултетот за земјоделски науки и храна се посветени на 100-годишнината од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски, еден од најеминентните педолози и поранешен професор на Факултетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/100-godini-od-ragjanjeto-na-akademik-gjorgji-filipovski-po-povod-72-godini-fznh/feed/ 0
Свечен собир по повод 100-годишнината од раѓањето на академик Димитар Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-sobir-po-povod-100-godishninata-od-ragjanjeto-na-akademik-dimitar-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-sobir-po-povod-100-godishninata-od-ragjanjeto-na-akademik-dimitar-mitrev/#respond Tue, 12 Nov 2019 07:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=262869

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира свечен собир по повод 100-годишнината од раѓањето на академик Димитар Митрев. Собирот ќе го отвори претседателот на МАНУ академик Таки Фити. Предвидено е обраќања да имаат академик Витомир Митевски, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, академик Катица Ќулавкова, проф. д-р Веле Смилевски, д-р Ангелина Бановиќ-Марковска и проф. д-р Илинка Митрева. Академик Димитар Митрев (14 октомври 1919 – 24 февруари 1976), еден од основоположниците на македонската книжевна критика и теорија, е автор на 15-ина есеистички трудови. Тој бил критичар, есеист, полемичар, антологичар, фељтонист. Митрев е еден од основачите на ДПМ, во неколку наврати бил негов претседател, декан на Филозофскиот факултет, ректор на Скопскиот универзитетет и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-sobir-po-povod-100-godishninata-od-ragjanjeto-na-akademik-dimitar-mitrev/feed/ 0
Почина академик Иван Катарџиев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-ivan-katardziev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-ivan-katardziev/#respond Sat, 01 Dec 2018 19:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=134679

Денеска почина академик Иван Катарџиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, соопшти денеска МАНУ. Академик Катарџиев е еден од основоположниците на македонската историска наука и еден од највидните македонски историчари. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Тој се смета за еден од најдобрите познавачи на македонската историја од крајот на 19 и од првата половина од 20 век. Автор е на повеќе од 20 монографии од кои некои се објавени на странски јазици. Објавил девет тома зборници на документи, а под негова редакција објавени се шест книги спомени и публицистика. Насловот на неговиот последен труд е „Од Пирин до Скопје“ објавен во МАНУ 2018 г. Покрај наведените трудови тој е автор и на повеќе од 200 статии, реферати, есеи, фељтони, критики и рецензии објавени во земјата и во странство. Академик Катарџиев е роден на 6 јануари 1926 г. во с. Плоски, околија Сандански, во Бугарија. Основно образование завршил во родното село, а средно во Св. Врач, денес Сандански. Во 1946 г. за потребите на културната автономија на пиринскиот дел на Македонија, е испратен на студии во Скопје каде се запишал на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет. Во учебната 1948/49 г. своите студии ги продолжил на Универзитетот во Загреб каде го посетувал и курсот по старословенска филологија кај професорот Владимир Мошин. Поради случувањата поврзани со Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 г. бил принуден да се врати во Скопје, каде ги продожил своите студии. Дипломирал на Филозофскиот факултет во 1951 г., а во учебната 1951/52 бил професор во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во 1953 г. се вработил како асистент во Институтот за национална историја. Докторирал во 1959 г. на тема „Серската област (1780 – 18789. Економски, политички и културен преглед“. Во Институтот работел во периодот од 1953 до 1967 г. каде бил избран во сите соодветни научни звања. Во 1961/62 г. како стипендист на француската влада престојувал во Париз каде посетувал предавања на Сорбона и работел во Архивот на Министерството за надворешни работи на Франција. Од 1967 до пензионирањето во 1987 г. бил: член на Извршниот совет на СРМ (1967-1969), пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ (1969-1974), директор на Народната и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ (1973-1978), советник во Извршниот совет на СРМ (1978-1987), претседател на Матицата на иселениците на Македонија (1987-1992) и др. Член е на редакцијата на тритомната Историја на македонскиот народ (1969) и автор на втората книга, член на редакцијата и автор на кратката верзија на Историјата на македонскиот народ (1976) објавена и на неколку странски јазици, член на редакцијата на петтомната историја на македонскиот народ и автор на четвртиот том. За заслугите во областа на историските науки добитник е на следниве наградии: „11 Октомври“ (1968), „11 Октомври“ за животно дело (1988), „13 Ноември“ (1978), „Гоце Делчев“ за колетивен труд (1985), „Гоце Делчев“ за самостоен труд (1987), како и на следниве одликувања: Орден на трудот со златен венец, Орден на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-ivan-katardziev/feed/ 0
Сочувство од Иванов, по повод смртта на академик Блаже Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/#respond Thu, 29 Nov 2018 15:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=133778

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство по повод смртта на академик Блаже Ристовски. -Со длабока болка и тага ја примив веста за смртта на познатиот македонски историчар и филолог, академик Блаже Ристовски. Иако во овие тажни мигови не постојат зборови со кои може да се надомести загубата, дозволете ми да ви изразам најискрено и најдлабоко сочувство. Академик Блаже Ристовски целиот свој работен век го помина во научно проучување на историскиот и културен развој на идејата за создавање на слободна македонска држава. Тој објави повеќе книги и стотици научни статии за развитокот на македонската културно-национална мисла, во кои одново ни го приближи животот и делото на најзначајните македонски културни дејци, како што е Крсте Петков Мисирков, се вели во писмото со осчувство од претседателот Иванов. Како потпретседател на првата влада на независна Република Македонија, се додава, тој даде пример за тоа како се бранат државните интереси. Тој беше пример на ангажиран интелектуалец кој имаше храброст да зборува и за најтешките прашања за Република Македонија. -Ова е огромна загуба, за Вас, за научниот и академискиот свет, но и за мене и за Република Македонија. Ќе ни недостасуваат неговите мудри совети исполнети со длабока промисленост за македонската кауза. Вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сè што напиша, создаде и инспирираше. Нека почива во мир!, се истакнува во писмото со сочувство од претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/feed/ 0
Почина академик Блаже Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-blaze-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-blaze-ristovski/#respond Thu, 29 Nov 2018 08:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=133445

Македонската академија на науките и уметностите со голема тага соопштува дека на 28 ноември 2018 година почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите на СФРЈ и македонски јазик),  а по одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – живот и делото“ (1965), бил избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја (1977-1991) каде што раководел со тимот за културната историја и со Балканолошкото одделение, а до пензионирањето работи како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп (1993-1995). Академик Блаже Ристовски го посвети целиот свој работен век како неуморен и многу плоден истражувач на македонската литература, на јазичната и националната историја, на фолклорот, на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла, кои се објавени во голем број книги. Неговиот научноистражувачки интерес беше насочен кон истражување и афирмација на националните дејци од XIX и XX век – Крсте П. Мисирков, Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Петар Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Наце Димов и други. Објавил над 800 статии и други прилози во разни списанија и зборници на трудови во земјата и во странство. Собраните дела на Крсте Мисирков претставуваат еден од најзначајните проекти на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите, којшто со документиран, аналитички и критички приод ја претстави панорамата на македонскиот културно-национален развиток во еден клучен период од нашата историја. Академик Блаже Ристовски бил член на редакциите на списанијата “Etnologia Slavica” (Братислава), “Demos” (Берлин), „Погледи“, „Современост“, Гласник на Институтот за национална историја (Скопје) и други. Бил претседател на Здржението на фолклористите на Македонија, на Сојузот на здруженијата на фолклористите на Југославија, потпретседател на Одборот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (1967), член на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на Советот на Филозофско-историскиот факултет во Скопје. Ќе остане во сеќавање неговата целосна посветеност кон работата, кој со зрелоста на неговите научни достигнувања значајно придонесе во афирмацијата на македонската историографија. Од 1991 до 1992 година, академик Блаже Ристовски ја вршеше функцијата потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Беше научен секретар на МАНУ од 1999 до 2002 година, а во периодот од 2011 до 2015 година беше секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Погребот на академик Блаже Ристовски ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на 30 ноември (петок) 2018 година, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 до 13 часот. По повод смртта на академик Блаже Ристовски, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Комеморативна седница на 30 ноември 2018 година, во 10,30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-blaze-ristovski/feed/ 0
ЖАЛНА ВЕСТ: Почина српскиот академик кој испрати моќна порака до сите родители https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zalna-vest-pochina-srpskiot-akademik-koj-isprati-mokjna-poraka-do-site-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zalna-vest-pochina-srpskiot-akademik-koj-isprati-mokjna-poraka-do-site-roditeli/#respond Tue, 04 Sep 2018 08:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=96060

Српскиот академик Владета Јеротиќ почина утрово во Белград во 95. година. Јеротиќ беше истакнат српски лекар, невропсихијатар, психотерапевт и книжевник, сестран ерудит и академик на САНУ. Јеротиќ беше еден од омилените и најистакнати српски академици и психијатари кој постојано е цитиран и споменуван од родителите на Балканот. 92-годишниот книжевник, кој е роден во Белград, има напишано многу поучни трудови на тема „дете“. Според него, децата се онакви каков што е бракот меѓу нивните родители. Тој пишува: „Децата не го зајакнуваат бракот. Таму каде што е добар бракот, со деца може да стане само уште подобар. Таму каде што не е добар, станува уште полош. Стабилните бракови се стабилни без оглед на тоа колку деца има. Значи, детето всушност е онакво каков што е бракот. Она што е пресудно за детето да започне погрешно да се развива е недостигот на топлина, сигурност и авторитет кај самите родители. Зашто ако детето навистина е беспомошно на почетокот, од кого би можело да го добие оној прв неопходен импулс за сигурност и грижа, ако не од родителите. Тоа нема никаков друг критериум за сопствената вредност освен признанието кое го добива од својата најблиска околина. Единствено дете прима во игра друго дете такво какво што е (Исус нè повика да останеме како деца). Возрасните се гледаат онака како што би сакале другите да бидат, или какви што самите би сакале да бидат, а бидејќи согледуваат (ако согледаат) дека луѓето не се такви, тие ги критикуваат. Со еден збор, одбиваат да ги примат за рамноправни во играта на возрасните, т.е. одбиваат да ги примат онакви какви што навистина се. На малото дете повеќе од кого било и кога било му е потребно внимание, друштво, заштита, морално охрабрување и љубов. Се претпоставува дека љубовта се раѓа во она рано животно доба кога детето чувствува дека неговата потреба за сигурност е релативно задоволена, и дека пред сè таа е задоволена од неговата мајка, која во тоа ги внесува своите непосредни и несебични чувства.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zalna-vest-pochina-srpskiot-akademik-koj-isprati-mokjna-poraka-do-site-roditeli/feed/ 0
Академик Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-abdulmenaf-bedzeti-nov-rektor-na-ujie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-abdulmenaf-bedzeti-nov-rektor-na-ujie/#respond Fri, 08 Jun 2018 14:27:43 +0000 https://kurir.mk/?p=63717

Академик Абдулменаф Беџети од денеска е нов ректор на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ,) информира Службата за односи со јавност на оваа високообразовна институција. Одлуката била донесена на посебна седница и со тајно гласање од страна на Одборот на УЈИЕ, а неговиот мандат ќе трае во наредните четири години. Беџети доаѓа на оваа место по завршувањето на мандатот на досегашниот ректор на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика кој ја водеше институцијата во два мандата. Конкурсот за нов ректор на УЈИЕ беше отворен до 19 февруари оваа година. Како дел од барањата за оваа позиција беа наведени академско звање – редовен професор признато од страна на државата, искуство во управување - по можност да е добиено на универзитет и ентузијазам за развивање со специфичната мисијата на УЈИЕ, давајќи приоритет на кандидатите кои ги знаат јазиците кои се користат на овој Универзитет - албанскиот, македонскиот и англискиот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-abdulmenaf-bedzeti-nov-rektor-na-ujie/feed/ 0
Почина познат македонски академик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-poznat-makedonski-akademik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-poznat-makedonski-akademik/#respond Sat, 31 Mar 2018 07:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=34644

Академик Цветан Грозданов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите вчера почина во Скопје, извести МАНУ. Грозданов е роден 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал повеќе должности и функции во општествените тела од доменот на науката и културата, како и на Универзитетот во Скопје. Бил министер за култура во првата Влада на Република Македонија избрана од плуралистичкото Собрание (1991/92 г.). Во изминатите три денцении академик Цветан Грозданов исполнувал интензивна научно-истражувачка работа како еминентен византолог со европска репутација. Настапувал на бројни научни собири во земјата и во странство и држел предавања за средновековната уметност во повеќе градови во Југославија, во Париз, во Академијата на науките во Прага, на универзитетите во Солун, Истанбул, Рим, Неапол, Софија и др. Во целокупниот опус на академик Цветан Грозданов е присутен интересот за проникнување во византиско-словенските културни врски, пред сè во ликовната уметност, почнувајќи од св. Кирил и Методиј и св. Климент Охридски пa сè до XIX век. Неговата работа во голем дел е заснована врз теренските проучувања што ги вршел во повеќе балкански региони, пред сè во Македонија и Света Гора. Хронолошкиот распон на материјата што ја проучува е мошне широк и ги опфаќа спомениците од времето на св. Климент Охридски, Самоиловата држава, Охридската архиепископија до времето на Преродбата. Најголем дел од неговиот опус се однесува на откривањето, идентификувањето и проучувањето на портретите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици – св. Климент, св. Наум, св. Горазд, св. Сава, св. Ангелариј (познати како Седмочисленици). За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство. Академик Цветан Грозданов е член на повеќе странски академии на науки и уметности и doctor honoris causa на повеќе универзитети. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 мај 1991, а за редовен член е избран на 20 јуни 1996 година. Во периодот од 2004 до 2007 година бил претседател на Македонската академија на науките и уметности. Погребот ќе се изврши на Градиските гробишта во Охрид на ­­1 април (недела) во 14 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата во Охрид од 13 до 14 часот. По повод смртта наГрозданов, Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативната седница на 3 април 2018 година во 13 часот]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-poznat-makedonski-akademik/feed/ 0
Промоција на романот „Граница“ на академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-granica-na-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-granica-na-akademik-luan-starova/#respond Wed, 28 Mar 2018 05:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=33744

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовиран романот „Граница“ од академик Луан Старова. - .„Граница“ е шеснаесетта книга од неговата балканска сага, значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам, соопшти Библиотеката во најавата за промоцијата. Луан Старова (1941) е автор на 16 романи кои ја опфаќаат цикличната сага која од авторот е именувана „Балканска сага“. Неговте романи се преведени на голем број јазици, а за своето книжевно дело е добитник на повеќе престижни домашни и светски награди. Добитник е и на престижното француско признание Командант од редот на уметностите и книжевностите и на францускиот орден - Офицер на националниот ред на легија на честа. Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик. Најновиот роман на Луан Старова денеска ќе го промовира проф. д-р Елизабета Шелева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-granica-na-akademik-luan-starova/feed/ 0