академски час – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Oct 2022 17:39:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png академски час – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По две КОВИД-години, првиот академски час на УКИМ со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-kovid-godini-prviot-akademski-chas-na-ukim-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-kovid-godini-prviot-akademski-chas-na-ukim-so-fizichko-prisustvo/#respond Sat, 01 Oct 2022 17:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=739977

Почетокот на новата студиска 2022/2023 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје вечерва беше одбележан на Машинскиот факултет со прв академски час кој, првпат по две години, се одржа со физичко присуство. – По две години пауза поради КОВИД-пандемијата, физички се собравме на свечен час за новата генерација на УКИМ. Ниту една дигитална алатка и платформи, без кои не можевме да функционираме во изминатиот период, не може во виртуелниот простор да ја долови оваа прекрасна и трпеливо чекана атмосфера, рече ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски. Машинскиот факултет денеска ги прими бруцошите од 64-тата генерација. На свечениот прв час присуствуваа и дипломираните на додипломски и на постдипломски студии на овој факултет од 2019, 2020 и 2021 година. Ректорот им посака добредојде на новите студенти, а на дипломираните – успешна кариера. -Ви посакувам срдечно добредојде на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава. Од денес свечено му припаѓате на УКИМ, а тоа е чест, но и голема обврска, затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, порача Јанкуловски. Формиран во 1949 година со три факултети, УКИМ денес, рече тој, е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки. Деканот Дарко Данев соопшти дека за новата учебна година на Машинскиот факултет досега се запишани 189 нови студенти. Првиот час, рече, е и прв чекор да станат инженери и дека факултетот можеби ќе им стане и прв дом. -За да го завршите факултетот, за да магистрирате, за да бидете способни да се изборите во животот со сите проблеми и предизвици потребно е да ги имате двете основни оружја кои се одлика на сите инженери – логиката и имагинацијата, истакна Данев. Покрај добредојде за бруцошите, факултетот, рече тој, ги испраќа и тие што дипломирале во изминатите три години „опремени со знаења и способности да го освојуваат својот простор во светот на машинството“. Им посака остварување на нивните соништа, а најмногу од сè, како што рече, посакува да се овозможат услови тие да останат во државава. Новата академска 2022/2023 година ќе почне в понеделник, 3 октомври, кога на сите факултети на Скопскиот универзитет ќе бидат организирани први академски часови. хс/рп/ 2022-10-01 19:27:32, од Хатка Смаиловиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-kovid-godini-prviot-akademski-chas-na-ukim-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0
Прв академски час на факултетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite-2/#respond Fri, 01 Oct 2021 05:58:36 +0000 https://kurir.mk/?p=571086

Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет. Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. На свеченоста свое обраќање ќе има проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ. На прво рангираните ново примени студенти ќе им бидат доделени индексите. Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот. По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи и на Факултетот за безбедност во Скопје, каде, како што е најавено, ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот Никола Дујовски…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite-2/feed/ 0
Прв академски час на факултетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite/#respond Thu, 01 Oct 2020 05:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=410843

За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе ги поздрави со присуство на првите академски часови на платото на Правниот и на Филозофскиот факултет, а онлајн ќе се обрати и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет. Од Правниот факултет соопштија дека на настанот ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а од Филозофскиот факултет, кој годинава одбележува и сто години од основањето, најавија обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наставата во оваа академска година на дел од 23-те факултети ќе се одвива целосно онлајн, а на некои хибридно – онлајн и со физичко присуство поради природата на наставните содржини и методите на нивно изучување. Свечен академски час денеска ќе организира и Факултетот за безбедност-Скопје при Битолскиот универзитет, кој ќе се одржи на факултетскиот стадион во населба Идризово. Од Факултетотот соопштија дека на врачувањето на индексите на нивните нови студенти ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite/feed/ 0