Акапол Чантавонг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jul 2018 20:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Акапол Чантавонг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Не го заборавајте, одржа 12 деца во живот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-go-zaboravajte-odrza-12-deca-vo-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-go-zaboravajte-odrza-12-deca-vo-zivot/#respond Mon, 09 Jul 2018 20:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=74983

Акапол Чантавонг, 25-годишниот фудбалски тренер од Тајланд кој ги поведе 12-те деца од својот клуб во пештерата, за некои е главен виновник за оваа несреќа. Меѓутоа, на социјалните мрежи многу корисници од Тајланд, но и од остатокот на светот застанаа во негова одбрана, давајќи му заслуги зашто децата се во добра состојба и по 15 дена поминати во поплавена пештера. -Со 25 години овој тренер и самиот е се уште дете. Но очигледно бил голема инспирација на децата, чиј морал, изгледа, никогаш не падна и покрај се она низ што поминаа. Голема почит за овој тренер, напиша една корисничка. Друг, инаку наградуван писател Асџад Назир, открива дека Акапол го загубил семејството уште како дете. По оваа трагегедија отишол во манастир, но се вратил и сега целиот живот го посветил на обука на децата. -Одржа 12 деца во живот без храна и светло десет дена. Тој утре последен ќе излезе, а има само 25. години. Запамтете го!, напиша тој.   Неговата тетка исто така застана во негова одбрана, тврдејќи дека тој е добра личност и оти не сакал да ги одведе децата во опасна ситуација. Во разговор со Си-Ен-Ен објаснува дека Акапол останал сирак на само десет години и оти искусил многу неволји. Децата, членови на локален фудбалски клуб, се на возраст од 11 до 16 години. Спасени се осум деца, уште четворица и тренерот се уште се во пештерата. Здравјето на заробените деца и тренерот во поплавената пештера се уште е добро, изјави водачот на акцијата за спасување, гувернерот Наронгсак Осотанакорн. Акапол во пештерата напиша писмо до својата тетка и баба, кои го чувале кога останал без родители. -Мои тетка и баба, добро сум, не грижете се премногу. Чувајте го своето здравје. Тето, те молам, кажи и на баба да ми направи сок од зеленчук и печено свинско кога ќе излезам. Ќе дојдам и ќе го изедам тоа. Ве сакам сите, напиша Акапол во писмото. Тој им напиша и писмо на родителите на децата кои со него останаа заробени во пештерата, молејќи да му простат за неговата несмасност. Писмото го објави Си-Ен-Ен. -Драги родители, сите деца се добро. Тука има луѓе кои навистина добро се грижат за нив. Ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Ви благодарам на вашата поддршка. Родители, навистина ми е жал, напиша тренерот. Тој потоа доби одговор од нив. -Драг тренеру Аке, ние родителите на членовите на фудбалскиот клуб веруваме во тебе и твојот дух, веруваме дека добро си се грижел за децата. Само сакаме да знаеш дека ова не е по твоја вина. Ние не те обвинуваме и само сакаме и ти да не се обвинуваш себеси. Ја разбираме ситуацијата која се случила и те поздравуваме. Ја цениме твојата поддршка и грижа за нашите деца. Чекаме вести дека сите сте излегле од пештерата на сигурно, што побрзо, тоа подобро, се вели во писмото од родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-go-zaboravajte-odrza-12-deca-vo-zivot/feed/ 0