акциза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jun 2022 08:12:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png акциза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Народот плаќа поскапи горива затоа што СДСМ и ДУИ не го прифатија законот за намалување на акцизата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-narodot-plakja-poskapi-goriva-zatoa-shto-sdsm-i-dui-ne-go-prifatija-zakonot-za-namaluvanje-na-akcizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-narodot-plakja-poskapi-goriva-zatoa-shto-sdsm-i-dui-ne-go-prifatija-zakonot-za-namaluvanje-na-akcizata/#respond Thu, 09 Jun 2022 08:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=688701

Власта на СДСМ и ДУИ одби предлогот за намалување на акцизите на горивата за 50% со што покажаа дека им е поважно да го полнат буџетот, наместо да им помогнат на граѓаните. Поради СДСМ и ДУИ денес граѓаните плаќаат поскапи горива, велат од ВМРО-ДПМНЕ: Од партијата истакнуваат дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше со намалувањето на акцизите да се намалат горивата за дваесетина денари и на тој начин да се заштити стандардот на граѓаните. -Со предлогот Еуросупер 95 наместо постоечките 110 денари да изнесува 86,3 денари, Еуросупер 98 наместо 112 денари, да изнесува 88,1 денари, а дизелот наместо 102 денари, да изнесува 82 денари. Дополнително доколку се прифатеше предлогот за 0% ДДВ на основните прехранбени производи , цената веднаш ќе се намалеше за најмалку 5%. Овие мерки требаше да им помогнат на граѓаните и на нивните семејни буџети да се справат со растечката инфлација и драстичниот пад на стандардот. Власта очигледно е одлепена од реалноста. Тие како да не биле во продавница да видат дека за само неколку месеци сите производи се поскапени и до 100%. Народот вели ситиот гладниот не го верува, па така и владата на СДСМ и ДУИ не ги верува граѓаните кои осиромашуваат секој ден се повеќе со оваа власт, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа мора да кажеме доста е, премногу е!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-narodot-plakja-poskapi-goriva-zatoa-shto-sdsm-i-dui-ne-go-prifatija-zakonot-za-namaluvanje-na-akcizata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: И Германија ги намалува давачките за горивата, само Ковачевски и СДСМ го ограбуваат народот со висока акциза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-germanija-gi-namaluva-davachkite-za-gorivata-samo-kovachevski-i-sdsm-go-ograbuvaat-narodot-so-visoka-akciza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-germanija-gi-namaluva-davachkite-za-gorivata-samo-kovachevski-i-sdsm-go-ograbuvaat-narodot-so-visoka-akciza/#respond Wed, 01 Jun 2022 06:25:27 +0000 https://kurir.mk/?p=684647

И Германија ги намалува давачките за горивата, само Ковачевски и СДСМ го ограбуваат народот со висока акциза. Од денеска литар дизел од 86 денари, колку што се продаваше вчера се продава за 95 денари, додека литар бензин од 97 денари се продава за 106.5 денари. Ова е еднократно зголемување за 12%, и тоа не е последица на растот на цената на нафтата на светските берзи, туку последица на високата акциза на СДСМ, со која ќе го полнат буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека додека во Македонија Ковачевски удира по народот, во Германија ќе има намалување на даноците за горивата и до 30 евро центи по литар. -Германската влада излезе со образложение дека нема да дозволат народот да ја почувствува кризата, со тоа практично литар гориво ќе има иста цена и во Македонија и во Германија, со таа разлика што во Германија платите се 10 пати поголеми. Високите цени на горивата се само заради криминалот на владата, која не работи ништо, и мисли дека со високи цени на горивата ќе го полни буџетот. Имено на 2 јуни 2008 година кога барел нафта чинеше 140 долари, на 6 јуни РКЕ тогаш донесе одлука со која бензинот се продаваше за 75.5 денари, а дизелот за 74.5 денари. Сега барелот нафта е 116 долари, а цените на горивата се за 50% поскапи од 2008 година, се наведува во соопштението на партијата. Разликата е што во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ менаџираше со државата, а сега СДСМ. Тогаш државата не стави високи акцизи, а сега владата го краде сопствениот народ. Ова е уште една причина зошто СДСМ треба да си замина, предвремени избори се потребни час поскоро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-germanija-gi-namaluva-davachkite-za-gorivata-samo-kovachevski-i-sdsm-go-ograbuvaat-narodot-so-visoka-akciza/feed/ 0
Владата ги донесе одлуките со кои започнува примената на намалената акциза и ДДВ за енергенсите и за основните производи за исхрана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-donese-odlukite-so-koi-zapochnuva-primenata-na-namalenata-akciza-i-ddv-za-energensite-i-za-osnovnite-proizvodi-za-ishrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-donese-odlukite-so-koi-zapochnuva-primenata-na-namalenata-akciza-i-ddv-za-energensite-i-za-osnovnite-proizvodi-za-ishrana/#respond Sat, 12 Mar 2022 09:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=645860

Владата на 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи. На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност. Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови. Се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa. Овие одлуки стапуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“. Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок. Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата. Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите. По усвоените законски измени во Собранието и донесените одлуки на Владата, се очекува Регулаторната комисијаза енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесе одлика за нови пониски цени на горивата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-donese-odlukite-so-koi-zapochnuva-primenata-na-namalenata-akciza-i-ddv-za-energensite-i-za-osnovnite-proizvodi-za-ishrana/feed/ 0
Намалени ДДВ за основните прехранбени продукти и енергенсите и акцизите на горивата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-produkti-i-energensite-i-akcizite-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-produkti-i-energensite-i-akcizite-na-gorivata/#respond Sat, 12 Mar 2022 08:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=645825

Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите. Согласно донесените измени, за денеска е предвидено Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесе одлика за нови цени на горивата, кои ќе важат од утре. Министерот за финансии Фатмир Бесими, образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари. – Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими. Тој посочи дека со мерките се предвидуваат субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани од по 1.000 денари за 3 месеци и ќе служат за основни производи за исхрана, а ќе може да ги користат над 35.000 граѓани. – Пакетот на мерки ги опфаќа прехранбените производи, електричната енергија и горивата. Се намалува повластената стапка на ДДВ за основни производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 проценти, од април до јуни. Се намалува стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при промет на енергентите, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан и ќе важи до мај оваа година, со намалувањето се заштитува животниот стандард на граѓаните, а од друга страна се зголемува ликвидноста и солвентноста на компаниите, рече Бесими. Министерот истакна дека се намалува акцизата врз основа на берзанските цени. Тој посочи дека мерката се предлага со цел ублажување на влијанието на зголемените цени на енергенсите на светските берзи и со тоа заштита на куповната моќ на потрошувачите. Мерката ќе има директно влијание врз малопродажната цена на енергенсите. Заменик-министерот за финансии Филип Николовски, образложувајќи ја потребата од носење на измените и дополнувањата на овие два закони по скратена постапка, рече дека тие треба да се донесат поради брзиот скок на цените, со цел граѓаните и бизнис заедницата да се приспособат на новонастанатите услови. – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност има една и единствена цел, а таа е ублажување на последиците од енормниот раст на цените на енергенсите и на основите прехранбени производи на светските берзи, што се прелева и кај нас. Со тоа ќе го заштитиме животниот стандард на граѓаните, особено оние од ранливите категории, кај кои учеството на основните прехранбени производи е доминантно во потрошувачката кошница, рече Николовски. Тој информира дека изминатите 10 дена биле направени анализи во рамки на експертскиот тим на Владата, заедно со стопанските комори, бизнис заедницата, со цел да се дојде до најдобри решенија. Николовски апелираше што побрзо да се донесат предлог-законите за ДДВ и за акцизи. Претходно, и премиерот Димитар Ковачевски ги повика пратениците што побрзо да ги усвојат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за акцизи, за да се обезбеди брза имплементација на донесените мерки за заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите. Тој посочи дека со измените и дополнувањата на двата закона ќе се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати и ќе се ублажи ценовниот шок. – Овие Закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 проценти. Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 проценти при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, напиша Ковачевски на Фејсбук. Ковачевски потенцира дека со усвојувањето на предлог-законите ќе овозможи да се реализираат дел од планираните владини мерки од пакетот со 26 мерки кои Владата ги донесе неделава, со кои пред сè ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата. Од друга страна, Стопанската комора во писмено соопштение апелираше мерките за ублажување на последиците од кризата, да не го нарушат оперативното работење на компаниите. – Имајќи ги предвид усложнетите економски движења на глобално ниво, што воедно предизвикува и драстично зголемување на цените на нафтените деривати, во услови на несоодветната методологија за пресметка која се применува во Северна Македонија, компаниите членки на Комората од редот на трговците со нафта и нафтени деривати, апелираат за наоѓање на заедничко решение со Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи тие во овој момент работат со загуба, односно набавната цена е поголема од продажната, посочи Стопанска комора. Деловните субјекти од овој сектор ја поздравуваат одлуката за дневно регулирање на цените на нафтените деривати, но забележуваат на намалувањето на трговската маржа за 33 отсто, која од 4,5 денари сега изнесува три денари од литар, посочувајќи тека тоа ќе го наруши оперативно работење на компаниите, со што „би се довеле во прашање егзистенцијата и понатамошното функционирање на трговците како и целиот енергетски пазар, бидејќи со секој продаден литар гориво генерираат загуби“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-produkti-i-energensite-i-akcizite-na-gorivata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-dui-da-prifatat-namaluvanje-na-akcizata-za-gorivata-za-50-potrebni-se-realni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-dui-da-prifatat-namaluvanje-na-akcizata-za-gorivata-za-50-potrebni-se-realni-merki/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=645297

СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки, бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во законско решение во вторник ќе биде на дневен ред во собрание. Законското решение предвидува намалување на акцизата за горивата за 50%, што ќе биде реално намалување на вкупната цена на горивата. Цената на горивата со СДСМ во последните година ипол е зголемена и за над 100%. Во април 2020 година литар дизел се продавал по цена од 46 денари, додека сега се продава по цена од 97 денари. Иста е ситуацијата и со бензинот, во април 2020 година литар се продавал по цена од 48 денари, за сега да се продава по цена од 93 денари. Последната година ипол цените на горивата поскапеа како никогаш до сега. И сето тоа е во голема мерка и поради зголемената акциза. Владата е виновна за високата акциза, зошто веќе 5 години ја зголемуваат, што донесе до огромни загуби кај превозниците, транспортерите, земјоделците и граѓаните во целост. Владата да се ослободи од дневниот популизам, и да прифати мерка која е од корист за граѓаните. СДСМ и ДУИ 5 години ги ограбуваат граѓаните преку големата акциза, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-dui-da-prifatat-namaluvanje-na-akcizata-za-gorivata-za-50-potrebni-se-realni-merki/feed/ 0
Измените на законите за ДДВ и за акцизи пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonite-za-ddv-i-za-akcizi-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonite-za-ddv-i-za-akcizi-pred-pratenicite/#respond Fri, 11 Mar 2022 06:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=645231

Во 15 часот денеска треба да почне собраниската седница на чиј дневен ред единствени точки се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Измените и дополнувањата вчера беа доставени од Владата, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата. Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. -Овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, наведува Владата. Владата и премиерот Димитар Ковачевски упатија апел до пратениците веднаш да ги усвојат законските измени и дополнувања, за да се обезбеди брза имплементација на донесените мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonite-za-ddv-i-za-akcizi-pred-pratenicite/feed/ 0
Намалени акцизи, ДДВ и субвенции за справување со енергетската и ценовната криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-akcizi-ddv-i-subvencii-za-spravuvanje-so-energetskata-i-cenovnata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-akcizi-ddv-i-subvencii-za-spravuvanje-so-energetskata-i-cenovnata-kriza/#respond Thu, 10 Mar 2022 06:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=644478

Со 26 мерки за помош на граѓаните и компаниите, во вредност од 400 милиони евра, ќе се ублажуваат последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Со нив, како што објави вчера Владата, треба да се сочува животниот стандард на граѓаните и да се одржи ликвидноста на компаниите. За справување со енергетската и ценовната криза ќе се намалува цената на горивата преку намалени акцизи и ДДВ, а најранливите категории граѓани ќе добијат субвенции. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвинија Владата дека е одговорна за кризата, упатија критики за предложените мерки и побараа итен ребаланс на Буџетот. Итни мерки за помош побараа и асоцијаците на транспортните компании, а во меѓувреме Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за поскапување на нафтените деривати во просек за 6,88 проценти. – Предизвиците пред нас се огромни, во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година, но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција на која ги презентираше двате групи мерки. На граѓаните им порача дека има доволно количини на храна и енергенси во стоковите резерви и оти Буџетот е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски. Нема опасност ниту по стабилноста на денарот, тврди Ковачевски. Со најавените мерки се укинува ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата . Ќе се замрзнат и маржите за основните прехранбени производи и ќе укинат царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи. На 35 илјади граѓани од ранливите категории, пак, ќе им бидат дадени ваучери од по илјада денари во период од три месеци за набавка на основни прехранбени производи. Се продолжува и субвенционирањето на цената на електричната енергија на регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи до јуни годинава, се субвенционира цената на топлинска енергија, а се препорачува цените на горивата да се менуваат на дневна основа додека трае енергетската криза. Дел од мерките е и пролонгирањето на еколошката такса за енергенсите. Се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени. Ќе има и ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Владата препорачува и штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенсите, а дополнително задолжени се државните и јавните институции да предложат сет мерки за рационализација на трошоците по овие основи. За да се применат дел од мерките ќе се менуваат законите за акцизата и за ДДВ, а како што порача Ковачевски, сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните за да бидат изгласани. Измените на законите, според најавите од премиерот, уште денеска ќе се најдат пред пратениците. Од предвидените 400 милиони евра за мерките, 90 милиони евра се откажување од приходи, а околу 310 се директни фискални расходи. Покрај краткорочни, според министерот за финансии Фатмир Бесими, има и среднорочни мерки за подобрување на структурата на економијата и стопанството. -Со мобилизирање на капитал од приватниот сектор очекуваните ефекти од мерките се некаде 500 милиони евра во економијата, рече Бесими. Тој информираше дека се прават анализи кога би било најдобро да се издаде нова еврообврзница, потенцирајќи дека во Буџетот има доволна ликвидност и резерви пренесени од минатата година. -Приходите се реализираат согласно планот. Имаме подобра реализација на даноците во однос на 2020, 2021, во однос на 2019 година. Според планот, досега имаме реализација на сите приходи – даночни придонеси, увозни, така во тој дел од аспект на ликвидноста сите овие мерки што ги преземаме се изводливи во рамките на тоа што се потребите и рокот на имплементација на мерките, рече Бесими, повторувајќи дека е вообичаена пракса да има ребаланс во текот на годината, особено во услови на криза како сега. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата предложила комплициран модел кој не гарантира намалување на цените на горивата. -Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денеска предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата, рече на прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, дополни, намалувањето на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично, посочи Славевски, коментирајќи ги владините мерки. Славевски рече и дека е само делумно објаснувањето на Владата дека инфлацијата е поради надворешни фактори и влијанија и посочи дека 40 проценти од стапката на инфлација се објаснува и се должи исклучиво на домашни фактори. Побара итен ребаланс на државниот буџет и укажа дека со кратење на непродуктивни трошења може да се обезбедат средства за зголемување на платите и пензиите во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Паралелно со ова, предложи да се зголемат средствата за блок дотации и други трансфери кон единиците на локалната самоуправа за и тие да можат да ги зголемат платите на своите вработени и да ги покријат енормно зголемените трошоци за електрична енергија. Централната банка, порача Славевски, треба да се врати на нејзината основна цел, а тоа е ценовната стабилност и да преземе соодветни мерки за спречување на растечката инфлација. Во реакција на тврдењата на Славевски од СДСМ побараа ВМРО-ДПМНЕ да ги признае економските мерки и да ги гласа во Собранието. -Додека државата и светот се соочуваа со последиците од пандемијата на коронавирусот, Владата предводена од СДСМ донесе шест пакети економски мерки вредни над 1,1 милијарда евра со кои се спасија над 60.000 работни места а успешноста на мерките беше поздравена и од Меѓународниот монетарен фонд. И тогаш ВМРО-ДПМНЕ плашеше со црни сценарија и ги блокираше законите за да ја одолговлекува реализацијата на мерките. Овој пат ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација, порачаа од СДСМ. Во Србија денеска стапува во сила забраната за извоз на пченица, но како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, нема да важи за земјава. Нашите мелничари, тврди тој, ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини. Според Николовски, интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се, на праските, јаболката, тутунот и грозјето, а Владата во наредниот период ќе размислува и за други интервентни мерки во земјоделството. Нивните пресметки покажале дека на извозот во Русија и Украина отпаѓа многу мал процент од вкупниот извоз на земјава. Во меѓувреме, итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите побара Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Лефтер Андонов, управител на СИЗ „Македонија сообраќај” АМЕРИТ – Скопје, во отворено писмо до Владата предупреди дека поради големото учество на горивото во цената на транспортот и неизвесноста за транспортерите по најавата дека секојдневно ќе има нова цена, ќе бидат принудени да го прекинат превозот на стока и на патници, како и да ги повикаат своите членки на масовни протести до наоѓање решение. Комитет за финансиска стабилност на Народната банка, претходно оцени дека финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат. -Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт. Сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор, соопшти Комитетот, посочувајќи дека надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет. Досега, информираа од Народната банка, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор. Со одлука на РКЕ од полноќ цената на дизел горивото се зголеми за 8,5 денари за литар, а бензините поскапеа за 3,5 денари. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголеми малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапе за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,971 отсто и кај дизелот за 16,811 отсто, како и за околу 1,078 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. -Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33 отсто на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат, изјави синоќа претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи од РКЕ завчера најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-akcizi-ddv-i-subvencii-za-spravuvanje-so-energetskata-i-cenovnata-kriza/feed/ 0
OJO Велес со обвинение против тетовец за неплаќање акциза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-so-obvinenie-protiv-tetovec-za-neplakjanje-akciza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-so-obvinenie-protiv-tetovec-za-neplakjanje-akciza/#respond Wed, 09 Mar 2022 09:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=643854

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Oбвинителен акт против 48-годишен жител на Тетово за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека вo текот на 2019 година, како управител на фирма од Велес, чија приоритетна дејност е трговија со жито, тутун и семе, со намера правното лице да избегне целосно плаќање на акциза на што било обврзано со одредбите од членовите 8 и 10 од Законот за акцизи, ги испратил од акцизен склад и ги пуштил во промет акцизните добра без акцизна маркичка. Притоа било избегнато плаќање на акциза од голем износ, односно во висина од 62.658.750 денари. Имено, обвинетиот во име и за сметка на правното лице, во два наврати – на 02.10.2019 и на 24.10.2019 година, извршил увоз на вкупно 35.650 килограми бруто (32.550 килограми нето) сушен тутун во лист тип „вирџинија“. По негови напатствија дадени по телефон, тутунот со товарни возила бил изнесен од Царинската испостава Кавадарци и пренесен во магацинска просторија во Чаир, Скопје. Иако обвинетиот во име и за сметка на правното лице потпишал изјава дека тутунот кој се увезува ќе се доработува во просториите на правното лице, каде се наоѓаат машини за доработка на тутун, по што ќе биде сместен во магацините на правното лице, на наведените адреси на фирмата немало ниту машини за доработка ниту складиште. Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице поради постоење на околности кои го оправдуваат стравот дека доколку биде на слобода ќе се даде во бегство.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-so-obvinenie-protiv-tetovec-za-neplakjanje-akciza/feed/ 0
ТВ Телма: Владата ќе ја намали акцизата за горивата и ќе го укине ДДВ-то за храна, струја и парно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv-telma-vladata-kje-ja-namali-akcizata-za-gorivata-i-kje-go-ukine-ddv-to-za-hrana-struja-i-parno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv-telma-vladata-kje-ja-namali-akcizata-za-gorivata-i-kje-go-ukine-ddv-to-za-hrana-struja-i-parno/#respond Tue, 08 Mar 2022 19:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=643604

Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави ТВ Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20% ДДВ-то би се укинало за ограничена листа основни продукти Владата се подготвува утре да донесе две крупни мерки како одговор на ценовната криза, јави Телма ТВ во вечерашната емисија „Топ тема“. Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%. Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на ДДВ-то за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, за струјата и за парното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv-telma-vladata-kje-ja-namali-akcizata-za-gorivata-i-kje-go-ukine-ddv-to-za-hrana-struja-i-parno/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за намалување на акцизата на бензините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-podnese-predlog-za-namaluvanje-na-akcizata-na-benzinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-podnese-predlog-za-namaluvanje-na-akcizata-na-benzinite/#respond Mon, 28 Feb 2022 07:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=637717

ВМРО-ДПМНЕ на владата и предлага сет мерки кои директно ќе го заштитат стандардот на граѓаните во услови на вртоглавиот раст на цените. -ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така ќе бараме продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1-ви јули, како и ќе бараме намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%, се наведува во соопштението на партијата. Ортталу посочуваат дека дополнително се бара Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи. -Граѓаните за краток период се соочија со зголемување на трошоците за живот, цените на горивата пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Инфлацијата го јаде стандардот и платите веќе не стигаат, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-podnese-predlog-za-namaluvanje-na-akcizata-na-benzinite/feed/ 0