акихито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Mar 2020 07:09:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png акихито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот јапонски император Акихито го напушти царскиот дворец во Токио https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-japonski-imperator-akihito-go-napushti-carskiot-dvorec-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-japonski-imperator-akihito-go-napushti-carskiot-dvorec-vo-tokio/#respond Thu, 19 Mar 2020 07:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=318716

Поранешниот јапонски император Акихито и неговата сопруга Мичико засекогаш го напуштиле својот дворец во Токио. На дворецот му претстои реновирање за да биде подготвен за новите станари – актуелниот монарх Нарухито и неговата сопруга Масако. Дворецот во центаро на Токио беше официална резиденција на Акихито од 1993 година. Според агенцијата Кјодо, 86-годишниот Акихито и 85-годишната Мичико, кои сега се со титулата почесен император и императорка, ќе се преселат во вила на океанот, во градот Хајама, југозападно од Токио. Потоа извесно време ќе минат на  императорската фарма во селски регион на префектурата Точиги, во северозападниот дел од главниот јапонски остров Хоншу. Царската двојка на 31 март ќе се вратат во Токио и по 1,5 година  од промената на престолот  Акихито и неговиот 60-годишен син – актуелниот император Нарухито, ќе си ги разменат палатите. Нарухито ќе влезе во обновениот императорски дворец во центарот на Токио, а татко му ќе остане во блиската палата Акасака. Акихито доброволно абдицира од престолот на 30 април 2019 година поради својата напредната возраст. Тој е првиот јапонски монарх во последните 200 години кој го напуштил тронот предвреме. Пред да ја напушти палатата Акихито на музеите во земјата им подари околу 4.000 подароци, што ги добивал од високите странски гости.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-japonski-imperator-akihito-go-napushti-carskiot-dvorec-vo-tokio/feed/ 0
Акихито: Сакам новата ера да им донесе мир и среќа на луѓето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akihito-sakam-novata-era-da-im-donese-mir-i-srekja-na-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akihito-sakam-novata-era-da-im-donese-mir-i-srekja-na-lugjeto/#respond Tue, 30 Apr 2019 11:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=192580

Јапонскиот цар Акихито, во првата од низата церемонии после кои на полноќ официјално ќе абдицира, изрази желба новата ера на неговиот син, идниот цар Нарухито, да им донесе „мир и среќа на луѓето во Јапонија и ширум светот“. Акихито во последното обраќање кон народот, предавајќи му го Престолот на хризантемата на престолонаследникот Нарухито, изјави дека сака новата ера да биде стабилна и плодна, и оти „со целото срце се моли за мир и среќа за сите луѓе во Јапонија и ширум светот“. На свеченоста во палатата, Акихито му се заблагодари на својот народ на поддршката за време на неговото 30-годишно владеење. Тој додаде дека имал среќа што можел да ги исполни своите должности со целосна доверба и верба во својот народ. Акихито официјално ќе биде цар до полноќ по локално време кога ќе почне новото доба, во Јапонија наречено Реива, што во превод значи „убава хармонија“. Тој е првиот цар кој дојде на позицијата под новите Уставни прописи според кои царот нема никаква политичка моќ. Царот на Јапонија за време на Втората светска војна, Хирохито, имаше божествен статус, од кој се откажа по капитулацијата на Јапонија. Акихито во 2016 година изјави дека му е страв оти поради староста нема да може во целост да ги извршува своите должности. Тој денеска го завршува своето триесетгодишно владеење и е прв цар кој ќе абдицира во последните 200 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akihito-sakam-novata-era-da-im-donese-mir-i-srekja-na-lugjeto/feed/ 0
Јапонскиот император Акихито ги откажа официјалните средби поради болест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-imperator-akihito-gi-otkaza-oficijalnite-sredbi-poradi-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-imperator-akihito-gi-otkaza-oficijalnite-sredbi-poradi-bolest/#respond Tue, 03 Jul 2018 08:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=72352

Јапонскиот император Акихито веќе втор ден по ред ги откажа своите обврски, поради здравствени проблеми. Осумдесет и четиригодишниот император на Јапонија имал проблеми со недоволен доток на крв во главата, а се жалел и на болки во стомакот и вртоглавица. Императорката Мичико побарала лакерска помош во понеделникот кога забележала дека Акихито не се чувствува добро. Таа во следните денови ќе преземе некои од семејните обврски, што ги има императорот, како што е веридбата на нивната внука, принцезата Ајако. Акихито, кој е 125-иот император на Јапонија, е на престолот од јануари 1989 година, но најави дека ќе абдицира во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-imperator-akihito-gi-otkaza-oficijalnite-sredbi-poradi-bolest/feed/ 0