акредитиви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 11:28:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png акредитиви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvanite-ambasadori-na-mongolija-i-na-republika-gana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvanite-ambasadori-na-mongolija-i-na-republika-gana/#respond Fri, 27 May 2022 11:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=682424

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана во Република Македонија. На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новата амбасадорка на Монголија, со седиште во Софија, Сајана Лхагвасурен, претседателот Пендаровски истакна дека постојат можности за посеопфатна развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план особено за продлабочување на економските односи, како и за збогатување на соработката во доменот на културата, науката и образованието. Амбасадорката Лхагвасурен ја истакна целосната посветеност и давањето на највисок приоритет за промовирање на нови можности во билатералната соработка и унапредување на постоечките пријателски односи меѓу двете земји. На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Гана, со седиште во Прага, Џејмс Комла Ниасемби, претседателот Пендаровски изрази уверување дека со заеднички напори ќе се придонесе кон продлабочување и збогатување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес на двете земји и нивните граѓани. Амбасадорот Ниасемби изрази уверување дека ќе се работи на зајакнување на срдечните односи и соработка меѓу двете земји во контекст на подобрување на трговските, инвестициските и туристичките односи, како и соработката на билатерално и мултилатерално ниво за постигнување на глобален мир и начелата на одржливите развојни цели. Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Монголија, Сајана Лхагвасурен и на Република Гана, Џејмс Комла Ниасемби, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvanite-ambasadori-na-mongolija-i-na-republika-gana/feed/ 0
Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Велика Британија и Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-kje-gi-primi-akreditivite-od-ambasadorite-na-velika-britanija-i-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-kje-gi-primi-akreditivite-od-ambasadorite-na-velika-britanija-i-saudiska-arabija/#respond Thu, 26 Jul 2018 07:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=81204

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, акредитивните писма ќе ги прими од Рејчел Галовеј, новоименуван амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија и од Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новоименуван амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-kje-gi-primi-akreditivite-od-ambasadorite-na-velika-britanija-i-saudiska-arabija/feed/ 0