акропол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 07:44:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png акропол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови правила од утре во Атина: Само 20.000 туристи ќе може да направат селфи кај Акропол https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-pravila-od-utre-vo-atina-samo-20-000-turisti-ke-mozhe-da-napravat-selfi-kaj-akropol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-pravila-od-utre-vo-atina-samo-20-000-turisti-ke-mozhe-da-napravat-selfi-kaj-akropol/#respond Thu, 03 Aug 2023 07:44:04 +0000 https://kurir.mk/?p=862848

Посетите на Акропол во Атина, најпопуларниот археолошки локалитет во Грција, од следниот месец ќе бидат ограничени на максимум 20.000 посетители дневно поради преголема гужва, најави грчката министерка за култура Лина Мендони. Планирано е да има и различни ограничувања на секој час. Локалитетот ќе биде отворен 12 часа, а посетителите ќе добиваат точен термин за посета. Новиот начин на посета на овој историски локалитет пробно ќе почне да се применува од утре. Мендони изјави дека е неопходно да се воведат регулативи за да се спречи создавање тесни грла и пренатрупаност на Акропол. Грција планира ваков начин на посета да воведе и на другите локалитети во Атина од април следната година. Според грчката статистика, минатата година Акропол го посетител повеќе од 3 милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-pravila-od-utre-vo-atina-samo-20-000-turisti-ke-mozhe-da-napravat-selfi-kaj-akropol/feed/ 0
Поради високите температури Акропол затворен од 12 до 17 часот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-visokite-temperaturi-akropol-zatvoren-od-12-do-17-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-visokite-temperaturi-akropol-zatvoren-od-12-do-17-chasot/#respond Fri, 14 Jul 2023 07:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=856528

Во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, поради високите температури најавени за денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да ги отвори портите во 17 часот. Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално. Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-visokite-temperaturi-akropol-zatvoren-od-12-do-17-chasot/feed/ 0
Историското рели Акропол се враќа на светскиот шампионат https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriskoto-reli-akropol-se-vrakja-na-svetskiot-shampionat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriskoto-reli-akropol-se-vrakja-na-svetskiot-shampionat/#respond Fri, 26 Mar 2021 15:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=488275

По осум години пауза историското рели Акропол се враќа на светскиот рели шампионат и ќе се одржи од 9 до 12 септември годинава, соопшти Генералниот секретаријат за спорт на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека пред 70 години Акропол беше во позадината на голема трка, која подоцна беше насловена како „Рели на боговите“, додека пак надлежниот министер за спорт на Грција истакна дека „светлата на светскиот мотоспорт повторно се насочени кон Грција“. Претседателот на ФИА Жан Тод потенцираше дека не се потребни препораки за релито Акропол затоа што станува збор за „легендарен настан, каде моторните спортови и технологијата се среќаваат со историјата, во земјата на боговите“. – Трката е позната по некои од најтешките специјални писти во светот и јас лично имам некои посебни спомени, бидејќи како совозач се натпреварував на пет рели Акропол, помеѓу 1970 и 1981 година. Среќен сум за неговото враќање на највисоко ниво, истакна Тод. За „Релито на боговите“ што ќе се одржи на местото на релито во Чиле веќе е формиран организациски комитет и пуштен и промотивен видеоспот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriskoto-reli-akropol-se-vrakja-na-svetskiot-shampionat/feed/ 0
Акропол добива ново осветлување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/akropol-dobiva-novo-osvetluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/akropol-dobiva-novo-osvetluvanje/#respond Wed, 30 Sep 2020 10:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=410546

Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирјакос Мицотакис, министерката за култура Лина Мендони и претседателот на Фондацијата „Оназис“, Андонис Пападимитриу вечерва ќе биде презентирано новото осветлување на Акропол,  јави дописничката на МИА од Атина. Со надграденото осветлување, донација од Фондацијата „Оназис“, опфатени се деветте точки кои и досега имаа осветлување, но и пет други споменици кои за првпат ќе бидат осветлени. Од Министерството за култура на Грција соопштуваат дека новото осветлување во бели нијанси ги потенцира архитектонски елементи на надворешните и внатрешните делови на спомениците, а паралелно ја намалува појавата на светлинско загадување. -Сликата на Акропол, нашиот најголем споменик, ја рефлектира и покажува сликата на земјата. Имавме среќа, нашата цел да биде усвоена од Фондацијата „Оназис“, која љубезно понуди да преземе значајно спонзорирање на низа проекти, рече министерката за култура на Грција Лина Мендони и додаде дека во период на пандемијата, многу е важно „Атина да може на своите жители и посетители, но и насекаде на планетата, да им понуди нова, надградена слика на Акропол“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/akropol-dobiva-novo-osvetluvanje/feed/ 0
Полесно повредени четири лица од удар на гром на Акропол https://arhiva.kurir.mk/svet/region/polesno-povredeni-chetiri-lica-od-udar-na-grom-na-akropol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/polesno-povredeni-chetiri-lica-od-udar-na-grom-na-akropol/#respond Wed, 17 Apr 2019 14:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=187770

Од удар на гром, веројатно во близина на билетарницата на влезот на Акропол во Атина, полесно се повредени четири лица и пренесени во болница, објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, двајца од повредените се вработени, најверојатно чувари на археолошкиот локалитет, додека пак другите две лица најверојатно се туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/polesno-povredeni-chetiri-lica-od-udar-na-grom-na-akropol/feed/ 0
Акропол „затворен“ поради штрајк https://arhiva.kurir.mk/svet/region/akropol-zatvoren-poradi-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/akropol-zatvoren-poradi-shtrajk/#respond Thu, 11 Oct 2018 09:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=113649

Најпосетениот антички споменик во светот, атинскиот Акропол, како и повеќе археолошки места во Грција се затворени за посетителите поради 24-часовниот штрајк, организиран од синдикатот на вработените во Министерството за култура. Десетици туристи, не знаејќи за штрајкот, пристигнаа денеска пред Акропол. Грчкиот синдикат, кој ги застапува вработените на древните локации во земјата и во државните музеи, тврди дека Владата не извршила попис на имотот во јавна сопственост, кој е предаден на Фондот за приватизација во текот на меѓународната програма за помош на Грција. Грчкото Министерство за култура ги отфрли како неосновани тврдењата на синдикатот дека местата од историско и археолошко значење се вклучени во имотот, кој е под контрола на Фондот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/akropol-zatvoren-poradi-shtrajk/feed/ 0