активист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 06:46:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png активист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Москва започна судењето на истакнат активист за наводна дискредитација на армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moskva-zapochna-sudeneto-na-istaknat-aktivist-za-navodna-diskreditatsija-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moskva-zapochna-sudeneto-na-istaknat-aktivist-za-navodna-diskreditatsija-na-armijata/#respond Fri, 09 Jun 2023 06:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=843871

Во Москва денеска почна судењето на Олег Орлов, еден од лидерите на невладината организација Меморијал, обвинет за „дискредитација“ на руската армија, за што му се заканува затворска казна до пет години. Орлов (70), позната личност на Меморијал, организација која доби Нобелови награди за мир и во неколку наврати ја критикуваше руската инвазија на Украина, ги отфрли сите обвинувања против него. „Се ќе биде добро. Јас сум бранител на човековите права, долги години се справувам со кршење на човековите права и стандардите на хуманитарното право во зоната на конфликтот. Ова е моја обврска“, изјави Орлов пред судењето. Тој додаде дека некој може да каже дека е подобро да се молчи. „Меѓутоа, целиот мој живот и мојата позиција секогаш ме обврзувале и ме обврзуваат да не молчам“, изјави Орлов. Меморијал, основан во 1989 година, собираше документи за злосторствата на СССР, организираше изложби и вршеше притисок врз државата да ја признае својата одговорност. На крајот на 2021 година, руското правосудство нареди распуштање на Меморијалот, додека властите на претседателот Владимир Путин ја интензивираа репресијата на критичките гласови, неколку недели пред почетокот на инвазијата на Украина. Во октомври, организацијата Меморијал ја доби Нобеловата награда за мир, заедно со Украинскиот центар за граѓански слободи и белоруската активистка Алеша Бељацки, која е во затвор во својата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moskva-zapochna-sudeneto-na-istaknat-aktivist-za-navodna-diskreditatsija-na-armijata/feed/ 0
Исчезнатиот белоруски активист пронајден обесен во парк во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischeznatiot-beloruski-aktivist-pronajden-obesen-vo-park-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischeznatiot-beloruski-aktivist-pronajden-obesen-vo-park-vo-kiev/#respond Tue, 03 Aug 2021 08:36:54 +0000 https://kurir.mk/?p=545511

Директорот на Белорускиот дом во Украина, Виталиј Шишов, излегол да трча во понеделникот, но не се вратил. Центарот за заштита на човековите права Весна, објави дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“. Директорот на невладината организација која им помага на луѓето кои избегаа од Белорусија, Виталиј Шишов, е пронајден обесен во парк во Киев, соопшти денеска полицијата, наведувајќи дека е отворена истрага за убиството. „Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна вчера во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, во близина на местото каде што живеел“, се вели во соопштението на полицијата. Шишов, директор на Белоруската куќа во Украина, излегол да трча вчера, но не се вратил. Многумина избегаа од Белорусија од репресија, главно во Украина, Полска и Литванија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischeznatiot-beloruski-aktivist-pronajden-obesen-vo-park-vo-kiev/feed/ 0
Oтишол да трча и не се вратил, активист од Белорусија исчезна во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otishol-da-trcha-i-ne-se-vratil-aktivist-od-belorusija-ischezna-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otishol-da-trcha-i-ne-se-vratil-aktivist-od-belorusija-ischezna-vo-kiev/#respond Tue, 03 Aug 2021 07:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=545461

Белоруски активист, шеф на невладина организација која им помага на сонародниците кои избегаа од Белорусија поради репресија, исчезна во Киев, објави неговата организација на Телеграм. Виталиј Шишов, шефот на организацијата „Белоруска куќа во Украина“, во понеделникот наутро отидош да трча, но не се вратил и не одговарал на телефонските повици. Центарот за заштита на човековите права „Весна“ соопшти дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“. Полицијата започна потрага по исчезнатиот. Шишов исчезна истиот ден кога на белоруската атлетичарка Кристина Цимануска и беше одобрена хуманитарна виза за Полска. Таа побара азил по обвинувањата дека претставници на Белорускиот олимписки комитет се обиделе насилно да ја вратат дома од Олимпијадата во Токио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otishol-da-trcha-i-ne-se-vratil-aktivist-od-belorusija-ischezna-vo-kiev/feed/ 0