активисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 09:53:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png активисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Уништена луксузна јахта вредна 300 милиони долари: Ја вандализирале климатски активисти на Ибица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-unishtena-luksuzna-jahta-vredna-300-milioni-dolari-ja-vandalizirale-klimatski-aktivisti-na-ibitsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-unishtena-luksuzna-jahta-vredna-300-milioni-dolari-ja-vandalizirale-klimatski-aktivisti-na-ibitsa/#respond Tue, 18 Jul 2023 09:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=857647

Активистите истакнале дека емисиите на јаглерод диоксид во целиот свет се најголеми меѓу најбогатите луѓе. Шпанските климатски активисти уништиле повеќемилионска јахта која била закотвена на Ибица во текот на викендот, покажува видеото на социјалните мрежи. Јахтата со име "Каос", вредна 300 милиони долари, наводно е во сопственост на милијардерката Ненси Лори, наследничка на „Wallmart“. Активистите од „Futuro Vegetal“, еколошка група која има за цел да се бори против климатските промени, го споделиле видеото на Твитер во неделата наутро, а на него се гледа како стојат пред јахтата и држат постер на кој пишува „Ти консумираш, другите патат“. Најмалку еден дел од надворешноста на бродот, оној најблиску до копното, е обоен со мешавина од црвена и црна боја во спреј. Членовите на групата истакнале дека емисијата на јаглерод диоксид е најголема меѓу најбогатите луѓе на светот, пишува „CBS News“. „Најбогатите 1 процент од светската популација загадуваат повеќе од 50 проценти од најсиромашните. Ја осудуваат нашата иднина на болка, беда и пустош. Тие ја уништуваат нашата планета, ја загрозуваат населивоста на Земјата за да го одржат животниот стандард кој ги надминува границите на разумот“, велат активистите на снимката. Двајца климатски активисти кои се појавуваат на снимката се приведени во неделата, а од групата на Твитер напишале дека парот најверојатно ќе биде ослободен. Според „Yacht Bible“, сајт за вести од индустријата кој вели дека го следи купувањето и сопственоста на јахти на глобално ниво, јахтата „Каос“ и припаѓа на Лори, внука на соосновачот на „Wallmart“ Бад Волтон. Лори го наследила уделот во „Wallmart“ од својот татко и добила доволно акции во компанијата кога тој починал во 1995-та година за да стане милијардерка, наведува „Forbes“. Го заземала 268. место на листата на милијардери во 2023-та година, а неjзината нето вредност е проценета на околу 8,7 милијарди долари според „Forbes“. Активистите за клима, климатските научници и светските лидери веќе со години ги повикуваат богатите да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид, бидејќи укажуваат на несразмерен придонес на гасови од богатите земји како САД и некои поединци. Обединетите нации во 2020-та година ги повикале најбогатите на светот да го намалат својот јаглероден отпечаток за околу 97 проценти за да се спречат климатските промени. Во извештајот на ОН се предупредува дека постои глобален јаз во емисијата, што значи разлика меѓу тоа каде ќе бидеме и каде треба да бидеме во климатската политика, а за тоа првенствено се одговорни богатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-unishtena-luksuzna-jahta-vredna-300-milioni-dolari-ja-vandalizirale-klimatski-aktivisti-na-ibitsa/feed/ 0
Крвнички претепан прилепчанец среде бел ден: Напаѓачите активисти на СДСМ кои купувале гласови – од МВР не реагираат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krvnichki-pretepan-prilepchanec-srede-bel-den-napagjachite-aktivisti-na-sdsm-koi-kupuvale-glasovi-od-mvr-ne-reagiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krvnichki-pretepan-prilepchanec-srede-bel-den-napagjachite-aktivisti-na-sdsm-koi-kupuvale-glasovi-od-mvr-ne-reagiraat/#respond Mon, 30 May 2022 19:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=683876

Крвава тепачка се случила во Прилеп, каде што прилепчнец среде бел ден физички бил нападнат, а главни протагонисти се луѓе коиим се добро познати на јавноста, односно активисти на СДСМ кои изминатите избори купуваа гласови во корист на партијата на власт. Имено, од она што кружи по социјалните мрежи станува збор за Александар Спирковски Џемо кој заедно со својата банда среде бел ден напаѓа и крвнички претепува среде бел ден во Прилеп, а од МВР нема никаква реакција -Александар Спирковски Џемо, човек кој купуваше гласови за СДСМ за време на изборите во Прилеп напаѓа со своја банда човек и крвнички претепува среде бел ден во Прилеп. МВР на Спасовски не реагира, кружи информацијата на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krvnichki-pretepan-prilepchanec-srede-bel-den-napagjachite-aktivisti-na-sdsm-koi-kupuvale-glasovi-od-mvr-ne-reagiraat/feed/ 0
Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/#respond Mon, 25 Apr 2022 12:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=667595

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација. Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка. Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај. Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“. Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина. – Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката. Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/feed/ 0
Во чест на починатите од коронавирус, активисти на ѕид во Лондон цртаат 150.000 срца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chest-na-pochinatite-od-koronavirus-aktivisti-na-dzid-vo-london-crtaat-150-000-srca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chest-na-pochinatite-od-koronavirus-aktivisti-na-dzid-vo-london-crtaat-150-000-srca/#respond Mon, 29 Mar 2021 18:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=489418

На ѕидот наспроти британскиот Парламент активисти почнаа да цртат 150.000 срца во спомен на умрените од Ковид-19, но и како своевидна помош за семејствата на жртвите од пандемијата на коронавирусот. Муралот треба да се протега стотици метри долж јужниот брег на реката Темза пред болницата Свети Тома, каде премиерот Борис Џонсон минатата година беше сместен на Одделението за интензивна нега кога сериозно се разболе од Ковид-19. Акцијата е организирана од групата „Covid-19 Bereaved Families For Justice UK“, која бара јавна истрага за пристапот на владата кон пандемијата. -Секое срце е насликано рачно и е уникатно, како и најблиските што ги изгубивме, изјави Мет Фаулер, еден од основачите на групата. Британската Влада вети дека кога пандемијата ќе заврши ќе изгради споменик за жртвите на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chest-na-pochinatite-od-koronavirus-aktivisti-na-dzid-vo-london-crtaat-150-000-srca/feed/ 0
Активистите за заштита на животни и животна средина бараат разрешување на директорката на ЈП Лајка – обвинуваат за незаконско работење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivistite-za-zashtita-na-zivotni-i-zivotna-sredina-baraat-razreshuvanje-na-direktorkata-na-jp-lajka-obvinuvaat-za-nezakonsko-rabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivistite-za-zashtita-na-zivotni-i-zivotna-sredina-baraat-razreshuvanje-na-direktorkata-na-jp-lajka-obvinuvaat-za-nezakonsko-rabotenje/#respond Tue, 09 Feb 2021 13:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=466268

Драгана Велковска активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје поднесе барање до градоначалникот на град Скопје за разрешување на директорката на ЈП Лајка, Тина Петрушевска. Таа исто така поднесе претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство за незаконско работење на претпријатието. Во прилог може да ги го погледнте барањето и претставката.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivistite-za-zashtita-na-zivotni-i-zivotna-sredina-baraat-razreshuvanje-na-direktorkata-na-jp-lajka-obvinuvaat-za-nezakonsko-rabotenje/feed/ 0
Активистите на „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ го блокираа пристапот на камионите со отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/#respond Sun, 02 Aug 2020 14:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=385227

Триесетина активисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ и граѓани од околните населби денеска го блокираа пристапот на камионите кои носат отпад на регионалната депонија. Тие со жив штит застанаа локалниот пат од Дона Бањица кон месноста Русино и најавија дека блокадата ќе трае наредните десеттина дена. Активистите по поставувањето на блокадата ги истакнаа и барањата кои доколку се исполнат ќе ги прекинат блокадите. Засега е неизвесно каде ќе се транспортираат околу 40 тони комунален отпад од гостиварската општина. – Со оглед дека локалната власт не ги зеде предвид нашите барања и по извесен период се решивме на овој чекор. Нашите барања се три: да се запре горењето на ѓубриштето Русино кое сè уште гори, тлее и чади; да се стават камери и обезбедување со што ќе се спречат или идентификуваат подметнувачи на пожарите и општината да побара помош до надлежните институции за санација и затворање на ѓубриштето Русино и одредување нова локација и изградба на регионална депонија согласно ЕУ стандардите, изјави Десо Матески од Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“. Во близина на рампата која е поставена од порано, активистите имаат направено мини-камп во кој ќе дежураат за да спречат поминување на камиони со отпад. Местото го обезбедува и полицијата. Матески се пожали дека врз него и други активисти, деновиве се вршеле притисоци за да се откажат од блокадите. Тој бил принуден, како што вели да го пријави во полиција директорот гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ по упатени закани. Од полицијата потврдија дека Исак Љазами директорот на ЈП Комуналец денеска е повикан на разговор во врска со пријава против него и за целосно расчистување на случајот. Тој ги негираше обвинувањата дека се заканувал и тоа го изјавил во разговорот во ОВР Гостивар. – Пријавата против мене е неоснована и не сум упатил никакви закани. Јас лично ја поддржувам иницијативата сакам овој проблем да се реши. Во разговор со одговорните во полиција побарав да преземат соодветни мерки и да овозможат поминување на камионите на претпријатието кон депонијата и да спречат евентуални инциденти, изјави Љазами по разговорот во ОВР Гостивар. Според него, блокадата на камионите со комунален смет може да предизвика проблеми, со оглед дека се работи за количина од околу 40 тони колку се собираат на дневно ниво. Неподигањето на сметот во летниот период претставува и дополнителн ризик по здравјето на луѓето. Состојбата со регионалната депонија Русино во последниве два месеци стана актуелна откако гореше отпадот и граѓаните се жалеа на загаден воздух и лоша миризба. Под притисок на јавноста, локалната власт организираше јавна дебата на која учествуваа и претставници на повеќе државни и локални институции. Повеќето од граѓаните во дискусиите ги критикуваа властите дека недоволно се грижат за здравјето на луѓето и дека наметнуваат решенија кои се штетни и неодржливи на подолг рок. Повеќето беа недвосмислени во барањето, депонијата да се затвори. Првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари кажа дека локалната власт веќе презела чекори. – По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад, рече Таравари. Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија. Еко активистите и поддржувачите на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ најавија доколку не дојде до промена и исполнување на нивните барања ќе ја продолжат блокадата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/feed/ 0
Судир меѓу активистите и градежниците на Водно: Легнавме пред багер, шефот му нареди на работникот да нѐ помине (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-megju-aktivistite-i-gradeznicite-na-vodno-legnavme-pred-bager-shefot-mu-naredi-na-rabotnikot-da-n-pomine-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-megju-aktivistite-i-gradeznicite-na-vodno-legnavme-pred-bager-shefot-mu-naredi-na-rabotnikot-da-n-pomine-video/#respond Wed, 29 Aug 2018 10:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=93550

Градежните активности на Водно за изградба на гасовод низ планината продолжуваат и покрај реакциите на голем дел од јавноста. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите. Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците. -Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук. -На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ. -Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил. Инаку, активистите од „Го сакам Водно“ веќе некое време ги повикуваат на јавна дебата директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање. Првиот Бајрам Реџепи за Курир кажа дека засега не ја прифаќа поканата, од кај градоначалникот Петре Шилегов само молк, додека заменик министерот Јани Макрадули кажа дека ја прифаќа поканата. Повеќе околу ова ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-megju-aktivistite-i-gradeznicite-na-vodno-legnavme-pred-bager-shefot-mu-naredi-na-rabotnikot-da-n-pomine-video/feed/ 0
Најмалку 207 активисти за заштита на човекова околина убиени во 2017 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-207-aktivisti-za-zashtita-na-chovekova-okolina-ubieni-vo-2017-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-207-aktivisti-za-zashtita-na-chovekova-okolina-ubieni-vo-2017-godina/#respond Tue, 24 Jul 2018 10:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=80397

Најмалку 207 лица се убиени во светот во 2017 година,  што е најлоша година за екологистите, бидејќи се спротивставувале на рударски, шумски или агроиндустриски планови, објави Глобал витнес. Податоците се, несомнено, многу под вистинските, вели британската НВО. Тие ги надминуваат оние од 2016 година, кога имаше најмалку 200 загинати. Жртвите се регистрирани во 22 земји, 60 отсто во Јужна Америка. Бразил ја доживеа најлошата година со 57 убиства. Мексико и Перу забележаа зголемување на убиствата од три на 15, односно од две на осум. Колумбија регистрира 24 жртви. Во Африка, на 19 убиства, 17 се поврзани со криволов или нелегални рударски активности. Четириесет и осум луѓе беа убиени само на Филипините, што се уште не е регистрирано во ниту една азиска земја, Вкупно четвртина од убиствата (најмалку 46, двојно повеќе отколку во 2016 година) се поврзани со  „агробизнис". Четириесет и четири лица се поврзуваат расправии во рудници (33 во 2016 година), 26 со сечење шуми и рекорден број од 23, особено африкански ренџери, беа убиени во обид да  заштитат животните од криволовци. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-207-aktivisti-za-zashtita-na-chovekova-okolina-ubieni-vo-2017-godina/feed/ 0