активни пожари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 10:07:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png активни пожари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Активни неколку пожари во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nekolku-pozari-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nekolku-pozari-vo-zemjava/#respond Thu, 03 Nov 2022 10:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=755063

Центарот за управување со кризи информира за пожарите кои се уште се активни во земјава. Пожарот во близина на селото Бачишта е ставен под контрола, но сеуште е активен. Утрово 5 вработени од ШС Лопушник и 5 лица од локалното население се спуштаат надолу по планината за да интервенираат да ја изгаснат останатата мала активна линија која гори. Пожарот во близина на селото Тајмиште е со намален интензитет, но е сеуште активен. Утрово 8 вработени од ШС Лопушник се излезени на терен го обиколуваат теренот и дејствуваат на негово локализирање. Се уште активен е и пожарот што започна на ден 30-ти октомври во 10 часот во атар на с.Ореовец м.в. Присој во oпштина Македонски Брод. Пожарот е префрлен во атар на с.Русјаци и с.Ижишта. Зафатено е ниско деградирана дабова шума и лисната постела. Во гаснење на пожарот денес интервенираат четири лица од ЈП Македонски шуми- подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 теренско возило позајмено од ЕЛС М.Брод. Пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод моментално интервенираат над селото Русјаци правеќи безбедносни појаси за пожарот да не се префрли во погустата шума во атарот на село Русјаци. Екипата од Македонски шуми е распоредена во атарот на с.Ореовец над Манастирот Св.Архангел Михаил. Од лицата кои што се на терен сме известени дека пожарот е многу повисоко на самиот срт на планината каде што гори претежно сува трева. ПО РЦУК Македонски Брод е во постојан контакт и координација со ЕЛС М.Брод, ТППЕ Македонски Брод и ЈП.Македонски шуми од Македонски Брод. ТППЕ Гостивар известува дека синоќа во 21:20 часот интервернирале над село Печково со едно возило и 4 пожарникари. Горело дабова шума. Пожарот е ставен под контрола. Од Национални Шуми подружница Гостивар, 5 вработени се на терен на шумскиот пожар над с.Печково, поточно на патот за Печково помеѓу селата Вруток и Речане.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nekolku-pozari-vo-zemjava/feed/ 0
Активни три пожари: На една локација ќе се монтира базен, активиран хеликоптер на МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-tri-pozari-na-edna-lokacija-kje-se-montira-bazen-aktiviran-helikopter-na-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-tri-pozari-na-edna-lokacija-kje-se-montira-bazen-aktiviran-helikopter-na-mvr/#respond Wed, 02 Nov 2022 07:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=754210

Три активни пожари во моментов има во земјава. Центарот за управување со кризи информира за актуелната состојба со пожарите. 1. Пожарот, што започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево, е се уште активен. На ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место. 2. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Општина Кичево, е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гаснењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од с.Бачишта. Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот. 3. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, е се уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот е зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 ПП возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР. Заради одалеченоста за полнење со вода на противпожарното ведро на хеликоптерот во текот на денот се излезе на терен за да се избере место - локација за монтирање на базен, што ќе биде соодветно за ниско слетување на хеликоптерот за полнење вода од монтажниот базен.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-tri-pozari-na-edna-lokacija-kje-se-montira-bazen-aktiviran-helikopter-na-mvr/feed/ 0
Се уште активен пожарот кај Фурка, на терен околу 50 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-aktiven-pozarot-kaj-furka-na-teren-okolu-50-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-aktiven-pozarot-kaj-furka-na-teren-okolu-50-lugje/#respond Mon, 08 Aug 2022 06:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=715447

Еден активен пожар и дванаесет изгаснати е билансот во последните 24 часа во земјава за состојбата со пожарите. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот кај селото Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. -Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе, велат од ЦУК. Пожарот е активен на кракот на западната страна на пожарот кон Богданци и мал крак кон Рибник Елита. Околу 5 часот утринава на терен се излезени и околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-aktiven-pozarot-kaj-furka-na-teren-okolu-50-lugje/feed/ 0
Активни четири пожари, кај Раовиќ, на планината Готен, во Прилепско и Кратовско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-chetiri-pozari-kaj-raovikj-na-planinata-goten-vo-prilepsko-i-kratovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-chetiri-pozari-kaj-raovikj-na-planinata-goten-vo-prilepsko-i-kratovsko/#respond Fri, 20 Aug 2021 11:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=553007

Активни се четири пожари во земјава. Се уште е активен пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на утринските часови не се гледа ни чад, ни оган на кракот кон селото Раовиќ кај антената на „Т-мобиле“. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, соопшти на денешната редовна прес-конференција Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Се уште е активен пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп е се уште активен, но засега нема опасност од проширување. Повторно е активиран пожарот на планината Готен кај село Нивичино, место викано Калинско. – Во моментов интервенираат лица од Шумско стопанство „Беласица“, а на истиот пожар, кој гори и од страна на беровска територија интервенираат лица од Шумско стопанство „Малешево“ од Берово и од Шумско стопанство „Равна река“, екипа на Територијалната противпожарна единица од Берово, лица од Дирекцијата за заштита и спасување, како и месното население од село Владимирово, изјави Вчкова. Се уште е активен пожарот во селата Куново, Којково и Луково во Кратовско. Гори шумска постелка и суви корења. Вчкова информира дека во моментов се прави проценка за опасност од проширување на овој пожар, по што ќе биде одлучено за понатамошниот тек за гаснење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-chetiri-pozari-kaj-raovikj-na-planinata-goten-vo-prilepsko-i-kratovsko/feed/ 0
Во Македонија сè уште има активни пожари – кај Раовиќ, Патишка река и Ракле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-se-ushte-ima-aktivni-pozari-kaj-raovikj-patishka-reka-i-rakle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-se-ushte-ima-aktivni-pozari-kaj-raovikj-patishka-reka-i-rakle/#respond Wed, 18 Aug 2021 09:54:16 +0000 https://kurir.mk/?p=552093

Покрај дождот кој зафати делови од земјава, се уште во моментов имаме три активни пожари – кај село Раовиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река во Општина Сопиште и во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, информира на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова. Пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај е се уште активен и тоа на недостапен терен, кон сртот на планината Осој. -Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, поради ветерот се разгори и се пренасочи кон правец на Матка. Се уште гори нискостеблеста, мешана и деградирана шума, изјави Вчкова. Пожарот лоциран на месноста викана Радак, над селото Патишка река во Општина Сопиште е активен. -Во текот на ноќните часови жители од село Соње, јавија дека се уште гори, но со намален интензитет и нема опасност од проширување и зафаќање одредени објекти. Утрово на ова место се упатени екипи на Националниот парк Јасен, изјави Вчкова. Пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп е со слаб интензитет и се приметува само чадење без пламен во високиот непристапен дел и нема опасност од проширување. -На терен е испратена екипа од Ј.П. Национални шуми – Прилеп за контрола на овој пожар, изјави Вчкова. Пожарот на планината Готен, кај село Нивичино, место викано Калинско е локализиран од страната на струмичкиот дел. -Се прават прески и расчистување на лисната маса, а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. Од страна на беровскиот дел се уште има чадење и во моментот нема опасност од проширување. На терен се екипи од Територијалната противпожарна единици од Струмица, МВР – Струмица, единиците на локална самоуправа од Василево, од Министерството за шумарство и водостопанство – Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување и Шумското стопанство Беласица, изјави Вчекова. Следната редовна прес-конференција за состојбата со пожарите на ЦУК е во 17 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-se-ushte-ima-aktivni-pozari-kaj-raovikj-patishka-reka-i-rakle/feed/ 0
Активни пожари во Буковиќ, Раовиќ, Горно Мелничани, Ракле, Никодин и Топлица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-pozari-vo-bukovikj-raovikj-gorno-melnichani-rakle-nikodin-i-toplica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-pozari-vo-bukovikj-raovikj-gorno-melnichani-rakle-nikodin-i-toplica/#respond Sun, 15 Aug 2021 09:15:59 +0000 https://kurir.mk/?p=550752

Се уште се активни пожарите кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај, кај селото Горно Мелничани во Центар Жупа, во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп, соопштија на редовната претпладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК) – Според денешните информации кои ги добивме од ситуациониот центар, пожарот кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај е се уште активен каде гори мешана шума. Во текот на вчерашниот ден беше извршена комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта, а како поддршка се приклучи и црногорскиот хеликоптер којшто со 12 налети испуштајќи голема количина на вода. Но, најверојатно се работи за спрецифично земјиште кое и покрај 17-те тона вода кои вчера беа фрлени врз овој пожар, не се супеа целосно да се изгаси, истакна на прес-конференција Надица В’чкова, портпарол на ЦУК. Пожарот помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија, каде гори нискостеблеста мешана шума е повторно активен и во текот на вчерашниот ден беше ставен под контрола. Утрово од 5 часот на терен интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Неготино, ШС Демир Капија, како и група од месното население. Повеќе информации околу состојбата со овој пожар од ЦУК најавија на попладневната прес-конференција. Состојбата со пожарот кај селото Горно Мелничани е се уште непроменета, односно пожарот е се уште активен. Во гаснењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во Општина Центар Жупа, како што јави дописничката на МИА од Дебар, од утрово вклучени се два хелкоптера, по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума. Пожарот, кој вчера беше ставен под контрола повторно се распламти на што влијаеше и ветерот, осебно во ноќните часови. – Во неговото гаснење се вклучени и над 100 лица, од противпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како вработени од општината, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица. В’чкова информира дека повторно е активен и пожарот во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп. Гори кракот од село Ракле спрема село Крстец, а рано утрово на терен се испратени едно противпожарно возило и четири пожарникари, како и пет вработени од ШС Црн бор од Прилеп. Пожарот е на тешко пристапен терен. Според ЦУК, ставени се веќе под контрола пожарите помеѓу селото Црвена вода и Планинарскиот дом Китка во Општина Студеничани, и пожарот на планината Кожув кај местото викано Круша, Гевгелиско, а утрово на терен е излезена екипа на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија и ШС Кожув.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-pozari-vo-bukovikj-raovikj-gorno-melnichani-rakle-nikodin-i-toplica/feed/ 0
Три активни пожари кај Сарај, Демир Капија и Дебар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-aktivni-pozari-kaj-saraj-demir-kapija-i-debar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-aktivni-pozari-kaj-saraj-demir-kapija-i-debar/#respond Sat, 14 Aug 2021 10:07:09 +0000 https://kurir.mk/?p=550388

Три пожари се активни на територија на цела држава и тоа кај селото Раовиќ и село Буковиќ кај Сарај, потоа меѓу селата Барово и Вешје во општина Демир Капија и во селото Горно Мелничани во Дебар. Портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова на претпладневната прес-конференција нагласи дека засега нема информации дека некој од пожарите претставуваат опасност за селата и објектите. Пожарот кај Сарај утрово има тенденција да се разгори и се простира од селото Буковиќ кон селото Чајлане и Матка. На терен се 50-тина припадници на Министерството за внатрешни работи и неколкумина француски експерти за гаснење на пожар. Пожарот меѓу селата Барово и Вешје е проширен кон висорамнината Витачево, односно кон село Страгово во општина Кавадарци каде гори нискостеблеста шума на тешко пристапен терен. – Пожарот се шири на повеќе краци, а во текот на ноќта интензитетот беше најјак во реонот на селото Барово, село Бесвица и во правец на село Вешје. Денеска од раните утрински часови, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, директно на терен координираше со активностите за гаснење на овој пожар на отворен пожар каде што огнен крак проширен и кон висорамнината Витачево. Директно од терен се одлучува и за методите и тактиките што  во моментов е можно да се применат до крајот на денот, а ако е потребно и ангажирање на хеликоптерскко противпожарно дејство. Денеска од утрово директорт на ЦУК Ангелов оствари куса координативна средба во Барово со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров, а и локалните сили и дел од месните жители, рече Вчкова. Интервенираат 60 припадници на МВР, 50 припадници на АРМ заедно со ангажираните сили од субјектите на системот за управување со кризи здружени од повеќе општини. Припадниците на полицијата што ноќеска дежураа над Барово се веќе повлечени, а вчера францускиот експертски тим дејствувал со контра пожар за создавање на безбедносна одбранбена линија над селото. Во пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа гори букова шума и од утринава испратени се на терен четири пожарникари од Дебар, 10 вработени од ШС „Стогово“ од Дебар, припадници на полиција од ПС-Дебар, градежна механизација и вработени од општина Центар Жупа. Според информациите од ЦУК, пожарот кој вчера избувна меѓу селото Црвена Вода и планинарскиот дом „Китка“ е ставен под контрола, иако на опожарените места се уште чади поради догорувањето на корењата и гранките. Локализиран е и пожарот на подрачјето на општина Кратово во местото викано Кормина близу селото Ерменица, а целосно изгаснати се пожарите во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, запалената депонија во Радовиш, како и пожарот кај селото Шипковица на планината Плачковица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-aktivni-pozari-kaj-saraj-demir-kapija-i-debar/feed/ 0
Македонија продолжува да гори: Активни пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Куманиовско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-prodolzuva-da-gori-aktivni-pozari-vo-maleshevijata-shtipsko-skopsko-prilepsko-veleshko-tetovsko-i-kumaniovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-prodolzuva-da-gori-aktivni-pozari-vo-maleshevijata-shtipsko-skopsko-prilepsko-veleshko-tetovsko-i-kumaniovsko/#respond Sun, 08 Aug 2021 13:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=548025

Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец. Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци. Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна. Пожар избувнал и во атарот на село Драгоево во Општина Штип, а според ЦУК, има сознанија и за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе. Огнената стихија на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата. Таму гори мешана шума на доста непристапен терен, па на место на пожарот нема ниту една екипа. Со воздухоплови е дејствувано кај пожарот во реонот на Катланово, односно на потегот меѓу селата Дивље и месноста Крушје. Пожарот сега се движи кон Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја. Пожар е регистриран на Преслап на Китка, кој со време губи на сила. На подрачјето на Прилеп се активни два пожари и тоа во атарите на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума, како кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско. Помали пожари се активни покрај патот Шипковица-Бродец во Тетовско, каде гори сува трева, како и во атарот на кумановското село Романовце, каде е опожарена сува трева. На територијата на Велес локализиран е пожарот од правец на Крушје кон селото Џидиминци и тој не се шири, додека огнот меѓу селата Иванковци и Мамутчево е изгаснат, откако се опожарени 8 хектари стрништа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-prodolzuva-da-gori-aktivni-pozari-vo-maleshevijata-shtipsko-skopsko-prilepsko-veleshko-tetovsko-i-kumaniovsko/feed/ 0
Во Русија активни 219 шумски пожари на 228.848 хектари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-aktivni-219-shumski-pozari-na-228-848-hektari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-aktivni-219-shumski-pozari-na-228-848-hektari/#respond Sat, 10 Aug 2019 11:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=228340

Во моментов има 219 шумски пожари во Русија на површина од 228.840 хектари, а службите за итни случаи и пожарникарите успеаја да изгаснат 41 во последните 24 часа на површина од 23.000 хектари, соопшти Службата за заштита на шумите од воздух. Најголем број пожари се регистрирани во Краснојарск, на површина од 92.215 хектари, во Иркутск на 128.482 хектари и во Хабаровск 1.397 хектари. Во гаснењето се вклучени 4.015 лица и 59 авиони. Вонредна состојба поради пожари е прогласена во Иркутск, Јакутија и Краснојарск, како и во две области во Бурјатија, пренесува ТАСС. ссм/ 2019-08-10 13:19:26, од Сања Костовска ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-aktivni-219-shumski-pozari-na-228-848-hektari/feed/ 0