актор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Apr 2018 11:01:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png актор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните го плаќаат луксузот на Владата: Прослава и чочеци во тунел во услови кога државата секојдневно се задолжува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-plakjaat-luksuzot-na-vladata-proslava-i-chocheci-vo-tunel-vo-uslovi-koga-drzavata-sekojdnevno-se-zadolzuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-plakjaat-luksuzot-na-vladata-proslava-i-chocheci-vo-tunel-vo-uslovi-koga-drzavata-sekojdnevno-se-zadolzuva/#respond Tue, 24 Apr 2018 10:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=45278

Кетеринг агенција која била ангажирана од ЈП Улици и патишта се нарачатели на автобусот за прослава на отворањето автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Според порталот Лидер, ова покажува дека за автобусот пари дале даночните обврзници на Македонија. Со автобусот дојде и плех музика која ги забавуваше присутните.  Таа веројатно исто така е платена од кетеринг агенцијата која била ангажирана од ЈП улици и патишта. Овој луксуз доаѓа во моменти кога државата се задолжува за 55 милиони евра. Државните институции даваат пари за изнајмување автобуси и музика во услови кога државата нема пари за зголемување на социјалната помош. Симптоматично е тоа што Град Скопје вели дека кетеринг агенцијата била ангажирана од ЈП Улици и патишта, а Министерството за транспорт и врски дека ниту една државна институција не е организатор на забавата. Министерството се оградуваат од чочекот. - Сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски, ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава, се вели во дописот од ресорното министерство. Во однос на сите други информации, од таму ги упатуваат медиумите да се обратат до Изведувачот на проектот. -Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности, подвлекуваат од таму. Сепак, грчката компанија АКТОР која ја градеше делницата вели дека тие ја организирале прославата со жива музика и чочеци во тунелите. - Вчера АКТОР организираше прослава на отворањето на патот Демир Капија-Смоквица. Настанот започна во кампот во Демир Капија и во тунелот и траеше кратко време. Целиот настан беше организиран од АКТОР. Во него учествуваа вработените, супервизорите и добавувачите од земјата. Сите луѓе дојдоа со автобус организирани од АКТОР. Сите гости отидоа со автобус од кампот во тунелот и по кратко време се вратија назад во кампот за да продолжат. Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано, се вели во реакцијата од грчката компанија. Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот сајт пишува дека е огромна трагедијата на СДСМ бидејќи прави веселба на инвистиција која е реализирана од минатата влада на Никола Груевски. -За што е веселбата !? За што се баханалиите ? Која е улогата на СДСМ во отворањето на автопатот, имаат ли воопшто улога ?! А и зошто се веселат и трошат пари на настан кој е платен и преплатен од даночни обврзници, од сите нас, а и кога се знае дека секој петти Македонец во државава е сиромашен, според последните вчерашни податоци, пишува Јоци. -СДСМ, дали е ова е вашиот начин на владеење ? Ефтин, без поента и без никаква логика? Вие не сте никаква арија, вие сте СДСМ-шунд и турбо фолк. Дали трошите ваши пари или наши ? Дали сте свесни дека откога сте дојдени на власт не сте излезени од кафеани и од турбо фолк рамка ? Ништо не работите, ништо не градите, трошите за ваши луксузи ,,шаком и капом”, а и ве сликаат постојано во пози кои се недостоинствени за функционери. Вие сте едно големо промашување ! Едно големо ништо, неизживеани и мали луѓе, на кои сепак најдобро им беше во опозиција. Барем бевте мирни и не доаѓаа до израз вашите ниски страсти, пишува Јоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-plakjaat-luksuzot-na-vladata-proslava-i-chocheci-vo-tunel-vo-uslovi-koga-drzavata-sekojdnevno-se-zadolzuva/feed/ 0
“Република”: Заради политика и политички монтиран прогон отфрлени аргументите на ЕУ за случајот “Актор” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-zaradi-politika-i-politichki-montiran-progon-otfrleni-argumentite-na-eu-za-sluchajot-aktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-zaradi-politika-i-politichki-montiran-progon-otfrleni-argumentite-na-eu-za-sluchajot-aktor/#respond Thu, 22 Mar 2018 16:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=32274

Случајот „Актор“ кој вчера го отвори Специјалното Јавно Обвинителство, со кој сомничи функционери за перење на пари, местење на тендер и корупција е веќе оценет како целосно чист од страна на Европската Комисија и нејзините истражувачки тимови, покажуваат документите до кои стигна Република. На  вчерашната прес конференција СЈО соопшти дека ја отворило истрагата „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Десет физички и четири правни лица се сомничат за злоупотреби при доделување на тендерот за изградба на делницата долга 28,2 километри. Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески се сомничат дека ја фаворизирале грчката фирма „Актор СА“ на објавениот меѓународен тендер, и покрај тоа што италијанската компанија „Тото“ доставила најповолна понуда за изградба на автопатот. Грчката фирма, идентично како и италијанската „Тото“, според СЈО не го задоволувала критериумот како понудувач да имаат завршено еден проект во вредност од 250 милиони евра. -На тој начин, осомничените лица му овозможиле на „Актор СА“ да прибави значителна имотна корист во износ од 480.412.974 денари – изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетиа. Дополнително, СЈО во новоотворената истрага се сомнева и за перење пари што се спроведувало преку четири компании при самата изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица. Во повеќе наврати во периодот од 2012 до 2016 година биле исплатени износи од сметките на Актор АДТ Подружница Скопје кон сметките на правните лица Глобал Констракшн Компани, Топометрија и Инвикта во вкупен износ од 31.856.811 евра. Грчкото обвинителство уште во 2017 година ја започна постапката против фирмата „Актор“ за перење пари во висина од 50 милиони евра при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Тамошната постапка е покрената врз основа на спроведената истрага од Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ. Република ексклузивно стигна до истрагата на ОЛАФ, која потврдува дека тука нема никакво местење и перење на пари, документите ги објавуваме подолу во овој текст. -Нашите документи, изготвени за Европската Комисија, потврдуваат дека случајот е чист и целата постапка е потврдена од страна на истражувачите на ОЛАФ. Уште во почетокот целокупната постапка за избор на компанија но исто така и подготовката на целокупната тендерска документација била работена заедно со претставниците на европската делегација и банките. Во ваквите случаи корупција е практично невозможна, затоа што парите за изградба се кофинансирани од ЕУ, пишува порталот. Тендерското досие било подготвено од меѓународна компанија која била ангажирана согласно насоките на Европската комисија т.е Законот за јавни набавки кој е усогласен со регулативити и директивите на ЕУ кои се однесуваат на јавните набавки по пат на меѓународен отворена постапка. Во исто време, доколку одговараат осомничените, логиката вели дека треба да одговара и тогашниот Евроамбасадор во Скопје, Аиво Орав, затоа што тендерот бил мониториран и одобрен од страна на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија  на 16 август 2011 година. Во исто време, тендерот бил објавен на официјалната страница на ЕК на 15.2.2011 година. Додека траела целата процедура, одлуката дека најдобар понудувач е „Актор“, со издвоено мислење ја одобриле и набљудувачите од ДЕУ во Скопје, така и ЕИБ на 14.5.2012 година со допис го одобриле извештајот за спроведената евалуација и потврди дека целокупната спроведена постапка е во согласност со пропишаните правила на Европската комисија. Изворот кој на РЕПУБЛИКА потврдува дека целата процедура е одобрена од ЕУ, ни достави и документи од последната ревизија на проектот, нарачана од Европската Комисија. -Затоа што моите служби не идентификуваа нерегуларности во трошењето на пари, јас сум во позиција да ве информирам дека нема да се направи финсиска корекција како прплжение на гореспомената истрага на ОЛАФ. Според тоа истрагата се затвора – ја известува директорот на ОЛАФ, Марк Леметр, Европската Комисија, во документот пратен на 03.08.2017 за истрагата која е почната во 2014. Дали ова е доказ дека СЈО води политичка хајка, без притоа да го земе в предвид извештајот на телото на ЕК, ОЛАФ, прашува РЕПУБЛИКА. Во продолжение, истражителите на ОЛАФ на Европската Комисија преку Анекси на извештајот и кажуваат дека целата процедура околу изборот и финансиското работење на „Актор“. Целата документација погледнете ја на РЕПУБЛИКА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-zaradi-politika-i-politichki-montiran-progon-otfrleni-argumentite-na-eu-za-sluchajot-aktor/feed/ 0
„Попис“, „Моќник“ и „Актор“, нови истраги на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-mokjnik-i-aktor-novi-istragi-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-mokjnik-i-aktor-novi-istragi-na-sjo/#respond Wed, 21 Mar 2018 12:38:28 +0000 http://kurir.mk/?p=31803

Специјалното јавно обвинителство денеска  објави три нови истраги против 25 физички и четири правни лица за кривични дела злоуптореба на службена должност, измама и перење пари. Ова на денешната прес-конференција го истакна специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Првата истрага се води под името „Попис“ против претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети, кои се осомничени дека во октомври 2011 искористувајќи ги своите овластувања како претседатели на политички партии се договориле да го стопираат пописот на населението и да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението. Со цел да ја избегнат одговорноста, во јавноста било кажано дека Пописот е стопиран поради технички причини. „Моќник“ и „Актор“, нови истраги на СЈО Вториот случај за кој СЈО покрена истражна постапка е насловен „Моќник“ и се однесува за пратеник кој бил многу влијателен во времето кога се случил настанот, неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод. Како што истакна овбинителката Фатиме Фетаи, пратеникот го навел градоначалникот да го изманипулира Советот на општина Македонски Брод и на неговиот татко да му го продаде објекот во село Ижиште во кое била сместена општина Пласница и бил сопственик на Република Македонија. Тој ги изманипулирал советниците и им рекол дека му е даден на 30-годишна концесија на таткото на пратеникот и дека сака да отвори таму приватен бизнис. За продажба на објектот било организирано јавно наддавање кое градоначалникот не го објавил во Службен весник и единствено на него се јавил таткото на пратеникот кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето. Кога разбрал градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски дека е продаден објектот во кој е сместена општината побарал од Владата да ја испита ситуцијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата. За да му се одмазди на градоначалникот Јајовски, пратеникот му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а на судијата кој го судел случајот  го лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста. За ова дело вкупно се товарат 13 лица. Третиот случај е наречен „Актор“ и се однесува за фаворирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопат Демир Капија - Смоквица иако, како што кажа Фетаи, подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Тогашниот премиер му наложил на тогашниот министер за транспорт и врски да ја елиминира италијанската компанија бидејќи, како што рекол, неа во Македонија ја застапуваат  комуњари и да ја даде изведбата на автопатот на грчки „Актор“. Министерот за транспорт и врски наложил на членовите од комисијата кои вршеле евалуација да го изберат „Актор“ со што државата е оштетена со 7.811.593 евра. Покрај тоа во предметот „Актор“ има сомненија и за перење пари што се спроведувало преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати по што веднаш во Неготино биле претворани во евра и биле давани на рака на Грците. На овој начин се испрани 31 милион 856.811 евра во период од 2012 до 2016 година. Предмет на истрага ќе бидат десет физички лица и четири правни лица.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-mokjnik-i-aktor-novi-istragi-na-sjo/feed/ 0