актуелно предупредување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Jan 2021 17:48:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png актуелно предупредување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ: Ова да го избегнувате вечерва, еве што следува во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-so-predupreduvanje-do-site-ova-da-go-izbegnuvate-vecherva-eve-shto-sleduva-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-so-predupreduvanje-do-site-ova-da-go-izbegnuvate-vecherva-eve-shto-sleduva-vo-makedonija/#respond Sun, 10 Jan 2021 17:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=453483

После синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а кај дел од нив има и значително високи водостои. Според најновите информации од хидролошките станици, зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). – Исто така зголемен е и водостојот на Пчиња кај Катлановска Бања и предупредуваме на можност од локални излевања на Пчиња, вклучително и на нејзините притоките (Кумановска и Крива) и суводолиците во тој слив. Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици. Константно е висок водостојот на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање, посочуваат од УХМР. Во вечерните часови и за време на ноќта се најавуваат нови врнежи. Можност од локални излевања, според УХМР, за време на ноќта има и во сливот на реката Црн Дрим, Кичевскиот регион, Тетовско-Гостиварскиот регион и Полошката котлина. Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-so-predupreduvanje-do-site-ova-da-go-izbegnuvate-vecherva-eve-shto-sleduva-vo-makedonija/feed/ 0